Гледам
дека ништо нема едноставно во животот.
Каде и да отидам, од проблемите сигурно
нема да избегам. Во овој свет нема парче
земја во која тече “мед и млеко”. Ако
се беше така едноставно, и работите во
животот ќе фукнционираа на ист мирен
начин.
Денес
повеќе уморен, утре помалку, но одморен
не гледам дека постигнувам да бидам. Од
проблемите, пак, никако не се бега зашто
повеќето од нив самиот си ги креирам, а
како нешто ќе причинам до крај ќе си го
носам. Денес ќе речам “сега паднав, но
за следен пат ја знам дупката и нема да
паднам”, но не е така. Пак се лажам и си
паѓам.
Окото
не е секогаш будно. Пожелував да беше!
Но и тоа е дел од човековата слабост и
жеднее да отдихне. И да пијам вино,
намерен да ми биде полесно, не ќе помогне.
Да, пробав во умерена граница. И мозокот
за рамнотежа да се замати од “слаткото
вино”, мислите нема да изчезнат, ниту
пак да се избришат. Да беше така лесно
со “ erase”, сите ќе си бришевме што
сакавме. Меморијата и спомените се тие
кои остануваат во главата. Таму се
внездуваат.
А
пак и сам да седам, изолиран на одредено
време, не ќе најдам мир. Ех, не бадијала
традицијата вели: “лукавиот ни ора,
ниту кога”. Токму кога сум сам и против
своја волја, оној лошиот “пеколен црвец”
почнува со својата работа: да ми реди
помисли со кои јас ќе почнам да ги
осудувам останатите.
А
што сум направил? Се спуштив на ниво, на
кое се помрачив почнувајќи од срцето
до умот и станав борец против љубовта,
зашто ако знаев да љубам, немаше да
осудувам. А колку е само опасен богоборецот!
Туку така волја за осудување на ближниот
во умот не доаѓа или волја за чинење на
грев. Прво ѕирка на сите страни во мене
за да ја најде слабоста која како човек
ја носам, а откако ќе ја најде засолниште
си прави од каде ќе може да заповедува.
И
јас “смотан” се оддавам и прилагодувам
на тоа. Скокам пред да кажам “оп” и се
горам. Фаталноста да биде уште поголема,
на почетокот не боли толку силно колку
на крајот од реакцијата. Колку боли, јас
во себе знам.
Понекогаш
толку дозволувам да се изгорам од
искушенијата, што се плашам да пријдам
и да пристапам кон вечниот, кон Оној
Агнец кој секогаш се дели и не се разделува
туку постојано е даван за нас. Дури тогаш
душата ми гори, копкајќи ме да пристапам,
но гревовите не ми дозволуваат зашто
телото не е очистено.
Ми
се чини кога сум на мучение преку
помислите, повеќе страдам отколку да
се изгорам со оган. Огнот ќе ме изгоре,
но некако со лекови ќе се залечи, но она
првото е ужасно и лелечко. Кога темниот
ќе се втурне во борба во мојот ум, во
време кога спијам во ноќта...е тогаш само
милоста Божја ме
спасува. Да, во бројност ме спасувала
токму таа милост, од Бога дадена. А пак
Богородица? Ех, колкупати само Таа ќе
ме разбуди за свесно да се борам против
тие слуги на темнината. Често и ја губам
војната. Тогаш многу страдам. На моменти
чувствувам дека сум врзан духовно и
битијно и буквално сум оставен на работ.
Тие падови многу печат, а телото се срами
од духот зашто и двете се создадени да
му служат на Создателот.
Знам
дека Бог допушта за јас да се смирувам.
Ако така лесно се грабаше спасението,
тогаш Христос без потреба немаше да се
симне од висините и да се облече во
човечко подобие за да ја вкуси киселата
Голгота.
Нема
борба без сила, и нема спасение без
солзи.
Ете
го и значењето на солзите. Солени и
горчливи капки се. Кога моето око сака
така многу да се насладува со она што
ќе го види, тогаш ќе треба и да вкуси од
горчината.
Леглото
веќе ми постана бојно поле на кое често
војувам против кнезот на овој свет.
Сполај Му на Бога што ми испраќа помош.
Просто, понекогаш, насетувам дека ја
губам битката, но не ме докрајчува тој
лош кнез зашто над него има Поголем Кој
е на мојата страна и тогаш секоја стрела
уште во воздухот се крши.
Ах,
каква милост! Но како човечко битие се
уште не можам тоа да го восприимам. Не
стигнав се уште до степенот да сфатам
дека скапо сум платен и со Жртва сум
избавен.
Она
кое ме докрајчува е гордоста и тоа
отровно самољубие. А колку, пак, само
јас бесвесно мислам дека се искачувам
кон право место, а всушнот чекорам кон
планината каде што нејзиниот врв завршува
со отворен вулкан.
Во
овој свет нема парче земја во која тече
“мед и млеко” но затоа има красота која
не се гледа а се чувствува, не се допира
туку смирено се восприима. Во овој свет
го имам Оној кој допушта да паднам за
тоа паѓање да биде за мое спасение.
Под
будното Око, на Триипостасниот, сум!
No comments:
Post a Comment