Честопати
моите падови знаат да бидат страшни.
Mачните мисли не престануваат, а стрaдањето
е големо. Кога срцето ќе
се огорчи, тешко е
соочувањето со падот.
Мојата внатрешната борба е многу
силна. Гневот
во срцето ме поведува, ми
доаѓа да изустам колку ги пизма тие,
оние, што ме рануваат.
И сега. И пак. И сега, се
соочувам со него, со тој
зол земски
владетел, и знам, морам
да го победам.
Не
кажувам ништо ново. Неправдата, таа
јавна тајна, нема да запре. Кога една
ќе заврши, друга ќе почне
и така крајот не ѝ се
гледа.
До
кога јас ќе страдам од истите?
До
кога душо моја ќе ги чиниш истите падови?
Зарем
сѐ уште не се научив надежта да ја
полагам на Бога?
Можеби затоа дозволував искушенијата
да ми го бодат срцето, а
некои од тие бодежи тешко
се лечат, или.... Треба
многу време.
Зар
поболна и пострадална беше Твојата чаша
на страданија?
Зар повеќе болат моите
искушенија од шајките со кои што
Те приковаа на Крстот?
Многу
прашања го мачат ова кршливо битие, та
зарем јас сум тој кој треба
да го менува светот и луѓето?
Дури и возљубените
Свети Отци одамна кажале
и нѝ напишале дека ние
сме тие кои треба да
се менуваме. Мојата
промена треба да почне од мене, а
другите Бог нека ги средува
и нека ги суди.
Избави ме Боже од оние кои ми чинат
неправда. Знам дека и јас сум под власта
на гревот. Знам дека морам да поминам
низ овие искушенија. Штом
не можам да ја избегнам чашата
со страданија, со
болно душевно страдање,
научи ме да се смирувам.
Научи
ме Тебе да Те славам,
наместо да ги проколкувам
и мразам оние кои ми чинат зло,
со прошка да им вратам.
Научи ме секое искушение со
смирение да го примам.
Научи ме, со секој удар,
со секој невидлив бран кој ја преплавува
мојата душа, кој го руши
моето срце, да
станувам сѐ
посилен.
Тешки се искушенијата низ кои минувам,
но со Твојата благодат ми се ублажуваат.
Со смирението што ми го даваш, душава
моја сѐ повеќе и повеќе
жеднее кон Тебе, зашто
Тебе Ти припаѓа.
Помилуј го Христе твоето создание,
избави ме од непријателот,
сочувај го чист мојот ум и срце од
помисли,
а непријателот да се распрсне и да бега
од Твоето создание.
No comments:
Post a Comment