Пастирот
на мегацрква, преоблечен во бездомник,
ја посетил својата црква.
(Извадок
од руски сајт)
Пасторот
Јеремија, кој што требал за отиде во
својата нова црква се преоблекол во
бездомник. Тој, облечен како бездомник,
отишол во црквата 30 мин.порано. Таму
имало над 1000 луѓе кои подготвувале
посебна церемонија за пречек на новиот
пастор. "Бездомникот" Јеремија
влегол во црквата и речиси сите го
избегнувале. Тој побарал од неколкумина
железни пари за да купи оброк, но никој
не му дал, дури му рекле да отиде на
задните места, гледајќи на него со
потсмев.
Главниот,
кој ја водел церемонијата, отишол на
бината и го објавил на сите името на
новиот пастор Јеремија Степека. Сите
со радост го очекувале. Тогаш "бездомникот"
станал од своето последно место и отишол
на бината. Сите го свртеле вниманието
кон него. Го земал микрофонот, ја отворил
Библијата и почнал да ги чита следните
стихови:
"Тогаш
Царот ќе им рече на оние од десната
страна: ‘Дојдете, благословени од Мојот
Татко, и примете го во наследство
Царството, кое ви е приготвено од
создавањето на светот!
Зашто
огладнев и Ми дадовте да јадам; ожеднев
и Ме напоивте; бев странец и Ме примивте;
бев
гол и Ме облековте; бев болен и Ме
посетивте; бев во темница и дојдовте
при Мене.’
Тогаш
праведниците ќе Му одговорат и речат:
‘Господи, кога Те видовме гладен и Те
нахранивме; или жеден и Те напоивме?
Кога
Те видовме како странец и Те примивме?
Или гол и Те облековме?
Кога
те видовме болен или во темница и дојдовме
при Тебе?
А
Царот ќе им одговори: ‘Вистина ви велам,
доколку му направивте на еден од овие
Мои најмали браќа, Мене Ми направивте.’
Тогаш
ќе им рече и на оние од левата страна:
‘Одете си од Мене, проклети, во вечниот
оган, приготвен за ѓаволот и за неговите
ангели!
Зашто
огладнев и не ми дадовте да јадам; ожеднев
и не Ми дадовте да пијам,
бев
странец и не Ме примивте; бев гол и не
Ме облековте; бев болен и во темница и
не Ме посетивте.’
Тогаш
тие ќе одговорат и речат: ‘Господи, кога
Те видовме гладен, или жеден или како
странец, или гол или болен или во темница,
и не Те послуживме?’
Тогаш
ќе им одговори: ‘Вистина ви велам,
доколку не му направивте на еден од овие
најмали, ни Мене не Ми направивте!’
И
овие ќе отидат во вечна мака, а праведниците
во вечен живот.”
Откако
го прочитал ова, тој погледнал на паствата
и им раскажал што се во тоа утро тој
испитал...Многумина почнале да плачат,
други ги наведнале своите глави и се
молеле. Тогаш тој им кажал: " ДЕНЕС
ЈАС ГЛЕДАМ СОБРАНИЕ НА ЛУЃЕ, А НЕ ЦРКВА
НА ИСУСА ХРИСТА. ВО СВЕТОТ ИМА ДОВОЛНО
ЛУЃЕ, НО НЕДОВОЛНО УЧЕНИЦИ...КОГА ВИЕ ЌЕ
СЕ РЕШИТЕ ДА СТАНЕТЕ УЧЕНИЦИ? По ова тој
го распуштол собранието до следната
недела.
Да
се биде христијанин - е повеќе од она
што го велат. Ова е она што го живееме и
делиме со другите!
No comments:
Post a Comment