Monday, June 8, 2015

Јас сум најсреќниот човек на светот!


25 Мај, 2015
крај на едно достигнување во животот


Е па драги мои, со многу радост и возбуда Ве известувам дека вчера, по пет годишно школување во Семинаријата "Св. Троица," во Џорданвил, на 24 Мај, 2015, на празникот Св. Кирил и Методиј, дипломирав. Навистината се уште не можам да поверувам дека ја држев во свои раце дипломата. Многу сум радосен, но и малку тажен заради разделбата од овде.
Радувајте се со мене!




Не знам од каде да започнам и со каква експресија да ја опишам радоста која се случи вчера. Зад превезот на зборовите се криеше вистината, оној чист бисер кој што долго стоеше во срцето, а денес ја покажа својата убавина. Да покажувам надменост, немам намера, но морам нешто да нанижам и да ја исполнам оваа празна белина која што чекаше пет години за да се пополни со слова. Од денес, чувствувам дека невидливите крилја, кои низ овие пет години на бура и дожд, на сонце и ветар, ја избркаа омарнината, или по едноставно речено, ми потврдија дека дојдов до едно достигнување во својот живот. Ова достигнување, не ми е со интенција за да се вообразувам, туку уште повеќе смирувам и ревнувам за Оној на Кого решив да Му служам. Навистина зборот “благодарам” не е доволен за да Му се оддаде признателност кон Бога, особено за овие пет години додека учев факлутет. Денес, морам да признаам, дека се чувствувам дражест кај Добриот зашто многу радости излеваше на мене. Живот медномислен, сладок живот, живот во кој духовно пораснав, преминав од детското во возрасен и каде што, научив ако паднам, треба веднаш да станам. Нели така малечките учат да одат?
Потребата за знаење не престанува во животот. Кога една индивидуа доаѓа во туѓа земја, помеѓу народ со друга традиција, непозната за него, истата се чуствува како fish out of water (како риба надвор од водата). Таков бев и јас. Бев странец во непозната земја со непознати и задгранични луѓе, но сепак имавме нешто заедничко. Тоа беше Бога, Црквата, верата. Јас бев еден од неколкумината во историјата на Семинаријата “Света Троица,” кој што дојде без познавање на англискиот. Доаѓајќи зад границите и преку Атланскиот океан, на друга почва, без познавањето на домашниот јазик, си реков во себе:
  • Ќе стигнеш ли до петта година? Мислам дека тоа се случи, зар не?
    Навистински, блажен е оној кој се принудува себе си  и до крај го чекори патот од каде што започнал, бидејќи еден ден духовно ќе се гордее на плодовите. Животот ме научи храбро да се борам и да не се плашам од неизвесностите. Следствено на тоа, во 2010то Лето Господово се качив во авион од Скопје и дојдов во Њујорк. Патував во автобус од тој град, мравјалник од луѓе, за Сираќуз, каде што отец Бранко (наш македонски свештеник) ме пречека. Некое неопишливо чувство помина низ моето тело. Зјапајќи преку прозорецот на автобусот во природата, се прашував: “Какво е во Џорданвил?” Денес, по пет поминати години таму, ниту самиот не знам како ја издржав таа прва година. Кога бев во американската амбасада во Скопје на интервју за виза, бев одбиен во образложение дека не зборувам англиски. Ќе се вратам малку назад во историјата од својот живот: Англиски учев со години во Македонија, но едноставно не бев заинтересиран и го учев само колку за да добијам оценка и тоа беше се. Да го зборувам? Ма никако. Тоа не доаѓаше во обзир. И така додека бев студент во средно богословија, си реков:
  • Стојан, бесмислено е за тебе да учиш англиски. Ти си глупав за тоа. Ти никогаш нема да го научиш англискиот.
    Ги прифатив овие мисли како реалност, како едно помирување на нештата во животот и така продолжив да го живеам својот живот. Но, нешто кое сите го знаеме е Господ промислува за сите нас. Јас никогаш не се надевав, нику пак сум предвидувал дека еден ден ќе отидам во САД, а уште повеќе да се образовам во колеџ каде што предавањата се на англиски. Чудесни се патиштата на Бога! Непознати се за нас, земните. Вака започна мојот почеток овде, или со други зборови, мојата адолесценција од едно скалило на друго.

    Во животот сакам да се радувам, смеам а и да ги задевам моите блиски. Каков би бил животот без насмевка и благодарење? Во својот живот, сакам да патувам, да запознавам нови места и нови пријатели. Мислам дека многу е важно да се поседува дарот на создавање вистински пријатели, да се има шарм во зборувањето. Дел од своите детски и тинејџерски години ги поминав во дом, и мислам дека причината за мојата екстравертност е резултат на тоа. Му благодарам на Бога за можноста да бидам таков. Убаво е и ме исполнува. Кога дојдов овде, не очекував да тече мед и млеко. Без свесен дека ќе наидам на разни искушенија со кои што ќе треба да војувам. Сега се присетувам на мојата прва средба со мојот исповедник и игумен на Светотроитскиот манастир и Ректор на Семинаријата, отец Лука. Еден ден, при крајот од месецот август, во 2010 год., тргнав да се прошетам до гробиштата, недалеку од манастирот. На враќање, отец Лука помина со својот автомобил. Застана на патот, ми даде една јаболка и круша и ми се насмевна. Веројатно знаеше дека јас не зборував англиски и немаше потреба нешто посебно да ми зборува. До денес, немав обиди да го протолкувам тој негов гест а и нема потреба од тоа. Најважно за мене беше што тој негов гест на татковска љубов остана во моето срце. На нашата прва средба со него како ректор, отец Лука ни рече од сите искушенија во Џорданвил, најмногу а потребно да се чуваме и бидеме трезвени од едно: тоа е од ѓаволот на клеветата. Овие зборови ги задржав во својот ум и како што минуваа годините, се покажа дека навистина имаше многу искушенија од овој вид.
    Дефинитивно, оваа Семинаријата се разликува многу од останатите затоа што е дел од манастирот и ние студентите, на некој начин живееме манастирски живот. Не секој може да се адаптира на ваков живот. Не е лесно, но е благословено. Јас уживав во ова. Пред да дојдам овде, имав мал страв во себе, но знаејќи дека одам во манастир, се охрабрував. Знаев дека доколку би имал искушенија, во секое време би отишол во црква и плачејќи би го молел Бога да ме избави. Згора на тоа, кога бев прва година, моето послушание беше да ја чистам црквата. Прекрасно беше. Секој ден по два часа го чистиш восокот на земја, ги бришеш иконите на светителите, го чистиш светиот олтар...
     Во оваа Светотроитска Семинарија и манастир научив многу. Начив што значи манастирски живот, но повеќе за мене важно е тоа што научив да се смирувам. Исто така, барем малку научив да барам прошка од останатите зашто порано бев полош. Кога родителите го прекоруваат и го караат своето чедо, тој им се лути не согледувајќи дека тоа му го чинат од љубов. Таков на почетокот бев и јас. Кога ме караа, се лутев, но како што поминуваа годините и јас растев, почнав да согледувам дека тоа ми го чинеа од љубов, за да ме научат да бидам добар православен христијанин и богослов. Реагирав бујно затоа што бев горд, себичен, егоистичен… И знаете што? Од сега натаму јас пак ќе бидам горд, себичен и егоистичен, но барем со своето живеење и студирање овде, научив како да се борам против овие страсти. Овде, во оваа Семинарија, покрај тоа што учев, растев под духовното раководство на отец Лука. Често, кога ќе ме видеше, наместо да ме прашеше “како си?” тој вака говореше: “Как спасаешсја?” (како се спасуваш?). Слатки беа да се слушнат тие негови зборови.

     Вчера, по петгодишно школување во оваа семинарија ја примив во свои раце дипломата. Се уште ми е чудно дека ова се случи. Невозможно беше да се сокрие возбудата. Тоа утро, се разбудив многу рано и никако не можев да заспијам. Во седум решив да излезам и да прошетам нив шумата, додека мојот другар Борислав се уште спиеше. Сакав да бидам малку сам и да контемплирам за Бога и за “што понатаму?” Кога се вратив назад, Борислав ме поздрави со зборовите: “Good morning, graduate!” (добро утро за момчето кое што ќе дипломира). Неговите зборови уште еднаш ме потсетија и потврдија дека јас навистина дипломирам и за неколку часа ќе ја држам во рака дипломата. Во девет и триесет започна Божествената Литургија на која чиноначалствуваше поранешниот поглавар на Американската православна црква, господин Јона. На крајот од литургијата, митрополитот произнесе проповед за тоа како да го познаеме и искусиме Бога. Тој рече дека вечниот живот започнува овде и сега, со доживување на љубовта Божја овде на земјата. Единственото место за да се најдеме вистински себе си и да бидеме надвор од нашето его е да учествуваме во живиот опит на Неговата благодат. Понатаму, тој ги повика лаиците да постанат садови на Светиот Дух и да ја шират љубовта која што може да биде најдена само во православната црква.
Официјално во два часот попладне, церемонијата со дипломирањето на 67та генерација започна со литија составена од сите професори и студенти од манастирскиот конак во храмот. Таму се одржа Благодарствен Молебен на кој молитвено зедоа учество професорите, студентите и гостите. По молебниот, повторно со литија сите заминавме во салата на семинаријата каде што се одржа целата церемонија на дипломирање. Ректорот, Отец Лука, со свое кратко слово ја прогласи за отворена 67та церемонија на дипломирање за оваа 2015 год. Митрополитот Јона произнесе свое слово во кое што нагласи колку е важно да се стекне Божјата благодат и да се работи на своето спасение. На нам, новите дипломци, ни порача да секогаш го читаме Светото Писмо и секогаш кога ќе се појавуваат проблеми во Црквата и ние како идни пастири кога ќе треба да ги решаваме, да се повикуваме на Светите Отци на Црквата.
Сега сакам да напишам неколку детали додека учев. Нешто, кое што не го сакав беше пишување на есеи. Додека не дојдов да студирам овде, немав пишувано, а згора на тоа има премногу правила. Да, американскиот стил на пишување есеи содржи многу правила кои мора да се следат, но кога еднаш ќе се научат, понатаму ќе биде лесно. Како и да е, не бев оставен сам на себе. Оваа семинарија има добри професори кои што ќе потрошат некое време со студентите за да им помогнат да научат. Еден од нив беше отец Андреј. Тој не само што ми помагаше, туку неколку пати ми рече да дојдам во неговата куќа со своите материјали за да ми го објасни она кое ми беше тешко да го разберам. Да одиш во домот на својот професор за да учиш? Тоа е навистина грижа за своите студенти! Имам неколку карактеристики по кои што засекогаш ќе ја паметам оваа Семинарија:
  • Практичните работи кои што ги научив: литургика со тоа што активно бев инволвиран на црковните богослуженија.
  • Разните послушанија кои што ги работев и истите ми помогнаа да стекнам црковна дисциплина работејќи со монасите, да изградам пријателство со нив.
  • Честите исповеди кои што ми помогнаа да пораснам духовно.
  • Пастирските часеви на отец Григориј, каде што тој често ни раскажуваше примери од своето лично искуство како свештеник.
  • Часевите на отец Лука на кои ни предаваше Патрологија. Ах, колку само ќе ми недостигаат неговите предавања!
Додека работев и го пишував својот дипломски труд, на тема “Жива историја,” еден од отците ми го кажа следново:
Земи го сето она кое ти е дадено, храни го она кое веќе го имаш. Ќе можеш ли повторно да се вратиш овде? Она кое го прими и научи овде, кој знае дали ќе го добиеш на други места. Јас го гледам ова место и да, не е исто како порано што беше - тие луѓе тогаш беа вистински аскети, молитвеници и работници - ова исто така го имаме и денес овде. Јас ја чувствувам благодатта, ја добијам на литургијата. Овде е, дури ме грабнува понекогаш. Ние мораме да живееме со Бога и да веруваме во Него. Верувам дека Тој се грижи за сѐ. Не го губи срцето. Зошто страдаше Господ? Згора на тоа Тој беше Бог. Тој не се откажа. Не ги уништи со вода и со оган оние кои што го распнаа. Затоа биде силен. Сиот твој труд те прави да бидеш силен. Господ ќе го награди твојот труд. Без Него ни домот Божји не го напуштај.


    Заради големата дистанца на оддалеченост, мојот владика не можеше да биде на моето дипломирање за кое што многу сакав, но затоа по своја должност ќе наредам неколку слова и на него. Пред да дојдам да студирам овде, тој ми рече:
  • Стојан, теологијата е нешто кое што се учи низ целиот твој живот. Во Џорданвил посвети повеќе внимание на јазиците зашто подоцна, во твојот живот ќе ти бидат потребни.
    Не можам, а да не пишувам и за отец Кипријан, кој што е декан и воспитувач на студентите. Тој беше со нас буквално 24/7. Секогаш кога ќе се разболев, ќе затропав на неговата врата и тој ме снабдуваше со медицина. По потекло е грк, но јас, во овие пет години, еден проблем со тоа немав со него. Ниту еден. Отец Кипријан е прекрасна личност, монах, и за нас студентите татко и брат. Таквите, со срце отворено за сите, се ретки.
Уште пред да дипломирам, мојот дедо ми вети дека кога ќе се вратам назад, ќе направи скара за мене и ќе се радуваме на моето дипломирање. Тоа не се случи зашто тој се упокои неколку месеци пред денот на моето дипломирање. Уверен сум дека тој вчера се радуваше на врачувањето на мојата диплома.

Низ годините научив, барем малку, да бидам прозрачен во своите животни расужденија и да прозрам низ ансамблот на животните игри кои катадневно го менуваа ритамот на играњето. Јас, немајќи избор, морав да се прилагодувам, без обзир на тоа колку бев зачмаен со животните грижи. Честопати без обојуван со духовна борба каде што имаше периоди кога мислев дека ќе потонам во понорот на земјата. Со лаги сугуби многупати се залажував, но тоа ми помогна да научам дека без Бога не можам ништо да направам. Навистина ништо. Еднаш некаде напишав, и сега пак ќе го сторам тоа: словата на еден мој љубен монах “Во младоста живееме од подвизи, а во староста од спомените,” ми покажуваат да размислувам дека за се во животот треба пот и труд. Лебот треба да се заработи за да се јаде. И уште нешто. Каков живот му принесувам на Бога?
       Го молам Бога за да ми даде Божествено созерцание зашто само така ќе растам во верата и ќе се уподобувам на Него. Понекогаш, потребно е ние луѓето да принесуваме покајание како Ниневјаните, за безаконијата да ни бидат избришани.
Морам да признаам дека многу солзи се лееја по своето лице тој ден, за време на божествената литургија. Без радосен и Му благодарев на Бога за тоа што ме удостои да дојдам до крајот на своето школување. Јас навистина сум најсреќниот човек на светот зашто го имам Бога. Го имам Оној Кој во почетокот беше Словото, и Словото беше во Бога и Словото беше Бог.

     До тука го напишав она низ кои поминував овие пет години. Од денес го започнувам животот на една скала погоре. Таа ќе биде потешка, но се додека го имам Бога, истата ќе сјае со неимерно блаженство.

      Патот кој води во живот без тага... таму насочувај ме, мил мој Христе!



















































































































5 comments:

  1. Нека ти е честито, брате.

    ReplyDelete
  2. Јас се викам Пол Смит, јас би сакал да го дадам своето сведочење на сите луѓе на овој форум затоа што никогаш не мислев дека ќе го вратам мојот хуби како што ми значи толку многу. Девојчето со кое сакав да се омажам, ме остави 4 недели на нашата венчавка за друг маж, кога ја повикав дека никогаш не одговорила на моите повици, а исто така ме избриша на Фејсбук. Кога отидов на нејзиното работно место, таа веќе I реков на нејзиниот менаџер и на сите во нејзината канцеларија дека никогаш не сака да ме види повторно. Ја изгубив работата како резултат на ова заради депресија и тага, го свртев животот горе-долу и сè се смени во најлошото. Пробав сè што не можев да ја вратам назад, заради loveубовта што ја имав за неа, но сите не успеаја додека не запознав еден човек на моето патување во Азија за некои деловни можности, неговото име е професор Пелар што јас негував неколку години назад Ми се чинеше убав човек, па се отворив и му го кажав мојот проблем и сè што поминав обидувајќи се да ја вратам theубовта на мојот живот и како ја изгубив работата. тој ми рече дека ќе ми помогне, и иако ми се чинеше невозможно да имам малку по вера, сето тоа благодарение на очајот што престојуваше во мојата душа. Тој се заколна дека ќе ми помогне и ќе ме убеди кажувајќи ми ја причината за мојата Моја девојка ме остави со некои скриени тајни во мојот живот. Се изненадив кога го слушнав од него. Тој рече дека ќе фрли магија за мене и резултатот ќе го видам во следните неколку дена. Се вратив во САД еден ден подоцна, му се јавив кога се вратив дома и Тој рече дека ги купил сите материјали потребни за магии и беше зафатен со кастинг, тој рече дека ќе гледам позитивни резултати во наредните 2 дена. Како часовници во четвртокот попладне, мојот хуби ме повика точно 12:35 извинувајќи се за сè што направи, таа рече дека никогаш не знае што направила и нејзиното ненадејно однесување не е намерно и вети дека нема да го сторам тоа повторно, ако јас само прифатам нејзиниот грб Ви ветувам дека беше како еден сон да го слушнам од неа. Кога го завршивме повикот, му се јавив на мажот и му реков дека жена ми се јавила, но тој рече дека сè уште не сум видел,
    Тој рече дека ќе ја вратам работата за 2 дена, а во саботата, многу очекувано, ме повикаа во мојата екс-канцеларија дека сакаат да продолжам со работа во понеделник и дека ќе ми бидат компензирани за тоа време потрошено помина дома не правејќи ништо. Lifeивотот ми се врати во форма, ја вратив работата и ја вратив сопругата, која патем, среќно сум во брак до ден денес со децата. За мене, овој човек е навистина моќен, ако само да имавме повеќе луѓе тој беше на светот навистина ќе беше подобро место. Тој исто така им помогна на некои од моите пријатели да решат многу од нивните лични проблеми што ги оставија среќни и среќни со животот. Објави го ова на форумот за секој кој е заинтересиран да го контактира човекот за помош. Може да му испратите порака преку е-пошта drpellar@gmail.com
    Не можам да го дадам неговиот број затоа што тој рече дека не сака да биде биде вознемирен од толку многу луѓе, но тој вели дека неговата е-пошта е сигурен начин да го достигнеме и ќе одговори на сите е-пошта што е можно поскоро. Се надевам дека ќе ви помогне за …… Имајте верба и среќа! контактирајте го професорот Пелар преку неговата е-пошта; drpellar@gmail.com

    ReplyDelete
  3. Јас се викам Аго, од Албанија. Likeе сакам да го споделам моето искуство за тоа како ја опоравувам мојата убава девојка од сопругата грабнувач
    Ја изгубив мојата чиста и убава девојка од некој друг. Бев тажен и сакав таа повторно да се врати лошо. Порано се јавував на д-р Санго за читања и совети и сфатив дека ќе ми помогне. Неговиот магија на помирување ја врати мојата прекрасна девојка кај мене. таа целосно го заборави другиот човек и ми се врати отворена и lovingубезна како никогаш порано. Сега контактирајте го докторот, д-р Санго, ако треба да советувате за вашата врска или какви било проблеми на неговата е-пошта. spellspecialistcaster937@gmail.com

    ReplyDelete
  4. Бев на работ да ја изгубам својата шестгодишна сопруга затоа што таа рече дека повеќе не ја интересира нашиот брак, што воспитува прекрасна ќерка бидејќи како возач на камион секогаш одам на пат, но навистина ја сакам и се грижам мојата жена. Ги прашав неа и ќерка ми што е проблемот, но таа не даде разумно образложение, велејќи и ’е досадно од нашиот сојуз, ми беше чудно затоа што мојата сопруга беше womanубовна жена, одеднаш сè едноставно се менува. и нејзиниот став кон мене не беше добар, знаев дека некаде е во ред, па му објаснив работи на мојот добар пријател Михаил, кој ми го претстави името на писателот на магии д-р Пелар, му ја објаснив мојата ситуација на писателот, тоа го направи сфаќам дека поранешен overубовник ја манипулираше сопругата да ме остави, но ми рече да не се грижам. Ги следев сите упатства и сопругата се врати во вообичаената благосостојба и навистина сум благодарна за тоа што асистентот на Dr.Pelllar го направи за мене, па затоа ги споделувам моите сведоштва ако се соочите со некој проблем во животот и ви треба решение за да контактирате лекар во д-р Пелар на неговата е-пошта drpelar@gmail.com

    ReplyDelete