напишано
од Тамара Н. Захарек и Лидија Н. Јонин
(посветено
на децата во светот)
( Сите права се задржани од преведувачот.
Без негова дозвола, не смее да се копира или објавува овој текст на друго место! )
Свети
Јован беше роден во 1896 во село Адамовка,
Харковкса провинција, во Русија од
познато благородно семејство Максимовичи.
Тој беше крстен со името Михаил. Како
момче, ја сакаше Црквата. Често останатите
студенти го прашуваа Михаил да се моли
за нив. Кога Михаил порасна, заврши воено
училиште во Полтава. Потоа, учеше за да
биде адвокат, но неговото срце не беше
во тоа. Тој, навистина, повеќе сакаше да
биде поблиску до Бога, Кого што Го љубеше.
И така, се запиша богословија и своето
слободно време го поминуваше во читање
на житијата на светиите.
Во
1929 до 1934, јеромонах Јован предаваше во
богословијата во Битола каде што помеѓу
луѓето беше познат како голем аскет и
свет човек. Во 1934, јеромонах Јован беше
хиротонисан во епископ и беше испратен
во Шангај, Кина. Таму, тој го посвети
сиот свој живот на неговото паство кои
што емигрираа заради комунинистите во
Русија. Во Шангај, Владика Јован основа
детски дом – дом за деца без родители
– каде што раснеа деца од Русија и Кина.
Тој
беше подвижник неговиот живот не беше
лесен зашто постојано постеше, се молеше
и никогаш не спиеше на кревет. Ова го
чинеше за време на сиот негов живот,
откако стана монах. Креветот на Владика
Јован беше покриен со писма од разни
луѓе, барајќи од него помош и да се моли
за нив.
Имаше
периоди кога немаше доволно храна за
децата во домот и ситуацијата беше
застрашувачка. За сите тие гладни усти
нужно беше да бидат нахранети, а јадење
немаше! Оние кои што помагаа во домот
се прашуваа што да прават.
Еден
ден, една од жените која што помагаше и
се грижеше за децата, се осмели да му
рече на Владика: “ Зошто носиш уште
повеќе деца од улиците во домот кога и
за овие немаме доволно храна за да ги
нахраниме?” Владика Јован не и одговори
ниту еден збор, туку отиде во неговата
ќелија, падна на нозе и почна да се моли
на Бога долго време. Го молеше Бога да
им помогне и да им прати пченица и каша
за гладните деца. Слава на Бога, уште
следниот ден некој силно затропа на
вратата од домот. Еден човек донесе
многу брашно и житарници и ги донираше
за децата во домот. Јадење имаше за сите
деца. Чудо!
Доколку
беше дете од домот, твојот именден (чии
име на некој одреден светител го носиш),
ќе беше многу голем и извонреден ден.
На денот на твојот именден, по Божествената
Литургија, ќе отидеш во ќелијата на
Владика. Пред да влезеш, ќе ја кажеш
молитвата: “Господи Исусе Христе,
помилуј ме грешниот!” (Сите деца од
домот му се обраќаа на свети Јован со
зборот “Владика”). Откако Владика ќе
одговореше “Амин,” тогаш можеше да
влезеш. Во неговата ќелија ќе видеше
икони насекаде по ѕидот, запалено кандило
и фотографии од луѓе. Исто така, во
неговата ќелија ќе видеше цели полици
со книги и писма. Често, кога ќе влезеше
кај Владика, ќе требаше да седнеш тивко,
зашто тој одговараше на телефонски
повици. Понекогаш, Владика беше толку
многу уморен, што телефонот ќе му паднеше
од рака, ќе ја наведнеше главата и
заспиваше. Но од сето тоа, се уште некако
продолжуваше со разговорот на телефон.
Потоа, ќе седнеше со тебе на земја со
такво внимание и љубов и ќе ти посветеше
посебно гостољубие. Ќе тргнеше настрана
тегла со слатко, само за тебе! Откако ќе
те нагостеше, ќе имаше убав разговор со
тебе, а ти: ќе го слушаш и уживаш во
неговото гостоприимство, додека пак
Владика работеше во својата ќелија.
Кога
беше именденот на Владика Јован, сите
деца од домот му пееја:
Многу
поздрави Владика,
на
денот на твојот именден.
Господ
да ти помогне за да ги издржиш сите твои
товари,
со
смирено и тивко срце.
Многу
сме ти благодарни за твојата грижа кон
нас,
бедните
деца.
О,
Владико! Твојот благословен лик ќе биде
засекогаш
во
нашите срца.
(Напишано
на руски од мајка Серафима, 1937)
Наскоро,
дојдоа комунистите и во Кина. Владика
Јован требаше да ги премести децата од
домот на друго место за да ги заштити.
Така, тој одлучи да ги пресели на
Филипинските острови. Во 1949, штитениците
од домот, заедно до околу пет илјади
руски бегалци, побегнаа на островот
Самар на Филипините. Животот на островот
беше многу тежок. Живеејќи во шатори
или во бараки, сите требаше да чекаат
во долг ред за да добијат храна. Храната
беше скудна. Сонцето беше многу силно,
со силни дождови и ветрови и постојано
имаше закана од тајфуни. Змии, огромни
гуштери и големи мравки, имаше насекаде.
Секоја вечер, свети Јован се молеше на
Господ Исус Христос и го прекрстуваше
островот со знакот на Крстот од сите
четири страни: Север, Југ, Запад и Исток.
Островот не беше зафатен од невремиња,
но после заминувањето на луѓето во
Америка, голем тајфун го погоди тој мал
остров.
По речиси две години живеење на островот,
некои од бегалците заминаа во Австралија,
а некои во Јужна Америка. Останатите,
конечно можеа да одат во Америка со
свети Јован. Во Сан Франциско, Калифорнија,
едни љубезни луѓе купија убава куќа за
децата од домот. Овој нов дестки дом се
нарекуваше дом “Свети Тихон Задонски.”
Многу деца, кои што Владика ги донесе
со него од Самарскиот остров, живееја
во домот Свети Тихон. Таму имаа храна,
облека, љубов и духовно раководство.
Владика ги знаеше силите и слабостите
на сите деца. Тој знаеше за секое дете
колку може да носи на себе и не очекуваше
многу од нив. Наскоро откако домот се
основа во Сан Франциско, свети Јован
мораше да замине далеку од Америка. Во
1951 стана Архиепископ Бриселски и Западно
Европски. Во Европа, Владика ја засилуваше
верата на луѓето. Помогна за да се
изградат училишта и домови на многумина
кои беа бегалци во таа област. Владика
Јован служеше во Европа многу години.
Понатаму, во 1963, Владика Јован беше
назначен за Архиепископ на Сан Франциско.
Тој дојде и живееше со децата во домот,
во свети Тихон. На децата им беше многу
мило да бидат повторно со Владика.
Во
тоа време, Владика имаше гулаб, начечен
Гуља. Гуља живееше зад прозорецот на
кујната во домот “Свети Тихон.” Владика
јадеше еднаш во денот и тоа пред полноќ.
Тој јадеше во кујна, користејќи иста
лажица за супа и за десерт. По јадењето,
Владика седеше на маса, додека пак Марија
Александровна Шахматова ја чистеше
масата и ги миеше садовите. Таа беше
како мајка на сите деца во домот “Свети
Тихон” и,
исто така помагаше во раководењето на
домот. Гуља ќа застанеше на рамото на
Владика и стоеше така, гледајќи го. По
јадењето, Владика се повлекуваше во
својата ќелија. Истата беше една мала
соба каде што тој се молеше, одговараше
на секое писмо кои му го праќаа. Гуља ќе
долеташе покрај прозорецот од неговата
ќелија и го гледаше. Владика секогаш
стануваше рано наутро и Гуља го дочекуваше.
Владика пешачеше до Катедралната црква
на улицата Гери, каде што служеше
Божествена Литургија. Како што Владика
одеше, Гуља леташе над него и така го
придружуваше до црквата. Гуља беше негов
другар.
Често, Архиепископ Јован остануваше
во домот свети Тихон, каде што служеше
литургија, пееше, читаше и служеше.
Понекогаш луѓето гледаа блескава
светлина над главата на свети Јован
додека служеше. По службата, Владика
често одеше по болници, затвори, гробишта,
по руските училишта, по домови, каде што
секогаш беше добредојден со радост.
Владика љубеше да ги посетува болните.
Доколку некој човек боледуваше тешко,
тој ќе отидеше кај него во секое време
од денот или вечерта и се молеше покрај
неговиот кревет. Имаше случаеви која
некои пациенти ќе почнеа да викаат по
Владика Јован во средината на ноќта од
болничкиот кревет и од другата страна
на градот, Владика ќе дојдеше. Многу
чуда се случуваа по молитвите на Владика.
Луѓе кои живееја на сите страни на светот
кои имаа сериозни болести, беа излекувани.
Кога докторите не можеа да ги излекуваат
болните, пријателите на болните ќе се
јавеа или пак ќе напишеа писмо на свети
Јован, барајќи од него да ги излекува.
Тој секогаш одговараше. Понекогаш тој
се појавуваше како личност, иако се
знаеше дека беше далеку од тоа место.
На чудесен начин, многумина оздравуваа.
Со помош и по молитвите на свети Јован,
луѓето успееја да изградат голема и
прекрасна катедрална црква. Еден ден,
многу луѓе се собраа околку катедралната
црква за да земат учество при
благословувањето на новите куполи.
Синото небо цел ден беше покриено со
густи облаци, недозволуваќи им на
сончевите зраци да ја топлат земјата.
Само што куполите беа осветени од Владика
Јован, небото се отвори над црквата од
густите облаци и сончевите зраци се
појавија на земјата. Кога луѓето погледнаа
нагоре, видоа како еден гулаб кружеше
над куполите на црквата. Тоа беше
прекрасен знак.
Во последниот ден на Владика во Сан
Франциско, во шест часот наутро, тој
служеше Божествена Литургија во домот
свети Тихон. Служеше сам и како и обично,
босоног, носејќи го на себе белиот шал
кој што негопвата мајка му го дала многу
години наназад. По службата, владика
Нектариј дојде за да го земе и вози
Владика во Сиетл, Вашингтон. Со себе ја
носеа чудотворната икона на Мајката
Божја, Курско-Коренска во Сиетл за
благослов на верниците кои што живееја
таму. Кога Владика излезе од домот, пред
да влезе во кола, наеднаш се врати
повторно во домот. Ја најде иконата на
свети апостол Јуда и ја постави на
средината на аналојот. Владика повторно
ги благослови штитениците и замина за
Сиетл. Таму, во Сиетл, тој ја служеше
последната Божествена Литургија на
земјата и се упокои молејќи се пред
чудотворната Курско-Коренска икона.
Кога Владика ја постави иконата од свети
апостол Јуда на аналојот, тој го претскажа
денот на своето упокоение. Се упокои на
денот на свети апостол Јуда (19ти Јуни/2ри
Јули, 1966).
Кога Владика Јован се упокои во Сиетл,
неговиот гулаб Гуља леташе насекаде во
домот свети Тихон во Сан Франциско.
Леташе нагоре – надолу во ходникот каде
што е ќелијата на Владика. Свети Јован
имаше посебна особина со која ги
привлекуваше луѓето при себе. Секој
сакаше да биде во близина на овој свет
човек. По тој ден, Гуља одлета и никогаш
повеќе не се врати.
Архиепископ Јован се уште прави чува,
дури секој ден. Свети Јован беше
канонизиран за светител од Руската
Задгранична Црква на 19/2ри Јули, 1994.
Неговите нетлени мошти се во Катедралната
црква на улицата Гери, во Сан Франциско.
Светителу
оче Јоване, моли го Бога за нас!
No comments:
Post a Comment