Септември
27, 2014
на
Крстовден
Величај
го душо моја пречесниот Крст Господов
Имаме
многу причини за да се радуваме на
животот. Преку телото и отвараме пат на
душата за да го бара она кое е полезно - спасително. Да го бара спасението. Тогаш
ќе се радуваме на денот, на природата,
на луѓето...Едноставно на сè.
Колку
повеќе се оддалечував од Бога, се потивко
и потивко го слушав звукот ѕвоното кое
ја повикува секоја душа за да влезе и
да вечера со Господарот. На таква вечера
сме повикани. Таму се јаде, но не се
огладнува. Се пие, но не се ожеднува. Се
оддалечив зашто претходно често се
причестував, а сега... му давав зелено светло на лошиот за
да ме напаѓа и да ме искушува. Тука самиот
сум си виновен. Јас дозволив, никој друг.
А милостивиот... Колку пак Тој беше
трпелив и смирен кон мене. Ја виде мојата
пргавост и ме остави да види до каде ќе
стигнам. Стигнав до ќор сокак. До таму
стигнав. Но, Му благодарам Нему што ми
ги отвори очите за да ја видам раната
која што беше на својот пат на проширување,
па реагирав. Зборувам за Телото и Крвта
Христови. Денес, на празникот Воздигнување
на Честниот Крст Господов, го примив
Христа. Дури сега видов дека ова ми
негостигаше. Ова рана требаше уште
одамна да почнам да ја лечам. Во своето
искуство на животните бури сум имал
слично искушение. Доколку на одредено
време не се причестев или пак на неколку
недели, почнуваа големите искушенија.
Да, сите имаме искушенија, но за себе ќе
речам дека ова беше некој друг вид на
искушение, односно искушенија.
Кога
не се причестував, на божествената
литургија, свештеникот ќе го изнесеше
светиот путир, изустувајќи со
страв Божји, вера и љубов пристапете.
Каде
да пристапам јас. Даровите ќе ме изгорат.
Тоа е меч со две острици. Погибелната
страна на мечот немаше да ми избега.
Срцето ми се разделуваше од болка што
не можев да пристапам. Тие моменти болеа. Навистина не можеме да му служиме
на Бога и на Мамона. Ако ни е помило
вечното, тогаш сиот живот на Христа
треба да Му го предадам. Ако пак го љубам
земното, повеќе од духовното, тогаш роб
сум на Мамона.
Твоето
слово е вистина, Господи. Бескрајно
Ти благодарам за денешната
Литургиско-Евхаристичка радост! Не
престанувај да излеваш милост кон мене.
Ми требаш!
No comments:
Post a Comment