Тишината, која тивкиот ветер многупати ја прекинува, останува ноќта, а и јас во неа. Денес го изгубив чувството да созерцавам. Срцето спие, не сака да расудува. Јас денес ќе бидам “безумен” поет, кој не знае што пишува, туку само ги запишува зборовите кој ветерот ги носи од далечниот Ерусалим.
Во еден момент си реков: “Дали во светлоста на срцето ќе творам добри дела, или душетлено ќе талкам на земјата, без да творам нешто?”
Сега Тебе Ти се обраќам: вечерва, доколку преку усната молитва лукавиот ми го заматува умот, можам овде да ти кажам: Возобнови го моето паднато тело во гревови! Од Тебе барам да ме направиш созерцател на страдањата Твои. Она, кое многупати го барам од Тебе, го барам и сега затоа што знам доколку ми го дадеш тоа, духот мој ќе му нареди на телото да не греши.
Ах таа голема и неискажлива соестетственост Твоја!
Твоите рани го печат телото мое, умот го отвара, срцето го стоплува,а духов го спасува.
No comments:
Post a Comment