06. 06. 12
И пак знам дека безаконијата ја надвишија главата моја и од тешкото бреме ме притиснаа. Но, јас нема да бегам. Повторно, и повторно ќе доаѓам. Со наведната глава, понизно ќе застанам пред Твојот Крст, без смелост да Те погледнам! Сепак, веќе го сторив тоа.. Иако немав смелост да Те погледнам, со загадочно чувство дали сé уште не знам правилно да се молам?
Понизно барам, понекогаш да ми дозволиш овде сé да ти кажам. Моето срце сака овде, преку зборовите на хартијата да Ти проговори и да ти каже колку Те љуби.
Во него навистина нема место за ништо друго, освен Тебе. Чистотата на срцето се уште ја чувам и се надевам ќе остане само за Тебе, Единствениот кој поседува Сé.
Доколку знаев што сакав од Тебе, до сега ќе побарав и ќе добиев, но се уште не знам. И Светите Отци, во книгите, ми говореа својата волја да ти ја предадам Тебе.
Сепак, кога би ти ја предал Тебе, тогаш Ти и Пречистата би ми биле сé! Како срната која жеднее по вода, јас копнеам по живот во светлината тивка.
Бројни се утрата, во кои додека сонцето изгрева , го гледам небото како се осветува, Те замислувам Тебе, како Цар на славата, замислувам или чувствувам, но Ти доаѓаш. Изгрејсонцето навистина наликува на твое доаѓање! Прости ми ги и избриши ми ги моите безаконија, Милостив.
На Крстот Твој се поклонувам!
No comments:
Post a Comment