Friday, March 6, 2015

Болка за океанот!




      Колку само мудро си создал сè, Господи. Сè мудро стои на свое место.
Ги гледаш ли душо овие бранови?
Ако ветерот, која ја носи солта од океанот, го чисти телото, колку ли само Христос ја чисти душата?
Доволен беше погледот за да го опијани мојот ум, а јас, пак, како мало дете, кое на сè се радува, трча низ карпите кон океанот. Како дете се радувам на звукот, кој брановите ги носи.
Кога би можел, би го прегрнал целиот океан, би останал да живеам покрај него зашто кога бев покрај него, ми говореше во срцето дека овде нема потреба за ништо да се грижам, тој се ќе направи за мене.
Кога ветерот, со брановите, го создаваше звукот, старецот од исихијата ме гледаше и благо се смееше на мојата детска радост.
Во тој момент ми се загреа помислата за децата: “од устата на младенците Ти си проготвил пофалба.”
Очите мои не можат да го видат крајот. Гледаат само вода и сино небо, украсено со летот на птиците.
До срцето боли оваа океанска убавина!



Напишано во 2012то Лето Господово на 20 Октомври


во државата Меин ...покрај океанот!







No comments:

Post a Comment