3ти
Март, 2015
Денес,
на часот по Пастирско Богословие, ја
опфаќавме темата за крштение на деца,
вклучувајќи го и чинот на егзорцизам
(одрекување од сатаната) и соединување
со Христа. Во тој чин има три молитви
кои што се читаат кај детето а и над било
која возраст на кандидатот. Тоа се
молитви со длабоко значење. Всушност
на некој начин истите се егзорцистички
молитви или со други зборови, истерување
на сатаната и подготовка да се прими
Христа. Како што го дискутиравме
овој чин, отец Григориј ни раскажа еден
настан кој што го слушнал од постарите
Џорданвилски монаси. Имено, отец и
архимандрит Сергеј, сега упокоен, бил
професор во Светотроитската Семинарија
во Џорданвил и предавал по предметот
литургика. На еден од часовите, на своите
студенти и семинаристи им го раскажал
еден настан. Истиот му го кажал отец
Пантелејмон, основателот на манастирот.
Еве што се случило.
Во Владимирово имало некое дете кое кога по крштението го носеле во црква на литургија или пак да се причести, реагирало како да бил опседнат. Едноставно детето се вознемирувало, потресувало, на што било необично за неговите години. Отец Пантелејмон, кој што тогаш се уште бил таму, го набљудувал сето тоа и решил да иследува и да дознае зошто така се однесувало детето. Тоа го сторил и го открил проблемот зошто тоа дете кога неговите родители го носеле во црква, наликувало како демоноопседнато. Во што било работата? Кога тоа дете било крстено, свештеникот не ги прочитал сите три молитви за егзорцизам. Како последица, кога го носеле во црква, тоа почнувало да беснее. По ова, отецот рекол веднаш да му се прочитаат молитвите кои, тој свештеник не ги прочитал и нападите на тоа дете престанале.

Очигледно,
од овој вистинит настан во Владимирово,
гледаме колку е важно да не се прескокнуваат
ниедни молитви на извршувањето на
светите тајни. Често, некои свештеници
се оправдуваат дека немаат време, некои
од молитвите не се толку важни или пак
една е доволна. Тоа е погрешно. Светите
Отци за ова поучуваат дека за секое
кратење на службите, молитвите, ангелите
го дополнуваат (заради неодговорноста
на свештеникот), а тој за тоа виновен ќе
биде на Страшниот Суд и ќе одговара за
таа душа. Заради тоа, светите претходници,
кои со Вселенски Собори и со потврда од
Светиот Дух ги утврдувале овие свети
Тајни и богослуженија. Та ние ли ќе се
правиме умни, ставаме на нивно место или на местото на Бога, и ќе менуваме или
прескокнуваме? Мораме да бидеме внимателни
и да не дозволиме некое Божјо создание,
заради нашата невнимателност, дојде до
состојба каква што било тоа (невино) детенце од
Владимирово.
No comments:
Post a Comment