Слушам како звукот од пристаништето
му дава знак на коработ да доплови до
копното. Гледајќи
го големиот океан, се
прашуваш дали ако запловиш по
него, ќе се вратиш?
Чинам, овој
воздух кој океанот го носи од далеку,
не навлегува само низ
белите дробови, туку и низ
крвта, а со неа низ вените.
А, по секое издишување
небаре нешто ново се
случува во мене.
Низ годините брановите од
океанот ја сечат
тишината, и се така, до
скончанието на светот ќе продолжат да
се брануваат!
Овде, звукот
на брановите никогаш не запира.
Посакувам во оваа
житејска гордост постојано да ме
потсетува на Оној кој ги создал
овие океански убавини.
Далечината во која не се гледа
крајот, плени со својата убавина.
Колку само боли оваа
убавина?!
Срцето копнее да се впушти кон океанската
далечина. Но,
расудувањето и созерцавањето за Бога
не се достигнува со следење на
далечината, туку со потребата
да се почувствува Воведението,
чистото воведение на
духот. Зашто,
духот го гледа почетокот,
кој од житејското преминува во духовното-
вечното!
Низ годините брановите од
океанот ја сечат
тишината, и се така, до
скончанието на светот ќе продолжат да
се брануваат!
Колку само боли оваа океанска убавина!
Овде, звукот
на брановите никогаш не запира.
Посакувам во оваа
житејска гордост постојано да ме
потсетува на Оној кој ги создал
овие океански убавини.
Далечината во која не се гледа
крајот, плени со својата убавина.
Кога би можел уште малку да останам и
да го слушам бранувањето...
Јануари, 12, 2013
Напишано во Сан Франциско,
No comments:
Post a Comment