Wednesday, December 24, 2014

Под будното Око!





        Гледам дека ништо нема едноставно во животот. Каде и да отидам, од проблемите сигурно нема да избегам. Во овој свет нема парче земја во која тече “мед и млеко”. Ако се беше така едноставно, и работите во животот ќе фукнционираа на ист мирен начин.
Денес повеќе уморен, утре помалку, но одморен не гледам дека постигнувам да бидам. Од проблемите, пак, никако не се бега зашто повеќето од нив самиот си ги креирам, а како нешто ќе причинам до крај ќе си го носам. Денес ќе речам “сега паднав, но за следен пат ја знам дупката и нема да паднам”, но не е така. Пак се лажам и си паѓам.
      Окото не е секогаш будно. Пожелував да беше! Но и тоа е дел од човековата слабост и жеднее да отдихне. И да пијам вино, намерен да ми биде полесно, не ќе помогне. Да, пробав во умерена граница. И мозокот за рамнотежа да се замати од “слаткото вино”, мислите нема да изчезнат, ниту пак да се избришат. Да беше така лесно со “ erase”, сите ќе си бришевме што сакавме. Меморијата и спомените се тие кои остануваат во главата. Таму се внездуваат.
А пак и сам да седам, изолиран на одредено време, не ќе најдам мир. Ех, не бадијала традицијата вели: “лукавиот ни ора, ниту кога”. Токму кога сум сам и против своја волја, оној лошиот “пеколен црвец” почнува со својата работа: да ми реди помисли со кои јас ќе почнам да ги осудувам останатите.
      А што сум направил? Се спуштив на ниво, на кое се помрачив почнувајќи од срцето до умот и станав борец против љубовта, зашто ако знаев да љубам, немаше да осудувам. А колку е само опасен богоборецот! Туку така волја за осудување на ближниот во умот не доаѓа или волја за чинење на грев. Прво ѕирка на сите страни во мене за да ја најде слабоста која како човек ја носам, а откако ќе ја најде засолниште си прави од каде ќе може да заповедува.
И јас “смотан” се оддавам и прилагодувам на тоа. Скокам пред да кажам “оп” и се горам. Фаталноста да биде уште поголема, на почетокот не боли толку силно колку на крајот од реакцијата. Колку боли, јас во себе знам.
       Понекогаш толку дозволувам да се изгорам од искушенијата, што се плашам да пријдам и да пристапам кон вечниот, кон Оној Агнец кој секогаш се дели и не се разделува туку постојано е даван за нас. Дури тогаш душата ми гори, копкајќи ме да пристапам, но гревовите не ми дозволуваат зашто телото не е очистено.
Ми се чини кога сум на мучение преку помислите, повеќе страдам отколку да се изгорам со оган. Огнот ќе ме изгоре, но некако со лекови ќе се залечи, но она првото е ужасно и лелечко. Кога темниот ќе се втурне во борба во мојот ум, во време кога спијам во ноќта...е тогаш само милоста Божја ме спасува. Да, во бројност ме спасувала токму таа милост, од Бога дадена. А пак Богородица? Ех, колкупати само Таа ќе ме разбуди за свесно да се борам против тие слуги на темнината. Често и ја губам војната. Тогаш многу страдам. На моменти чувствувам дека сум врзан духовно и битијно и буквално сум оставен на работ. Тие падови многу печат, а телото се срами од духот зашто и двете се создадени да му служат на Создателот.
Знам дека Бог допушта за јас да се смирувам. Ако така лесно се грабаше спасението, тогаш Христос без потреба немаше да се симне од висините и да се облече во човечко подобие за да ја вкуси киселата Голгота.
       Нема борба без сила, и нема спасение без солзи.
Ете го и значењето на солзите. Солени и горчливи капки се. Кога моето око сака така многу да се насладува со она што ќе го види, тогаш ќе треба и да вкуси од горчината.
Леглото веќе ми постана бојно поле на кое често војувам против кнезот на овој свет. Сполај Му на Бога што ми испраќа помош. Просто, понекогаш, насетувам дека ја губам битката, но не ме докрајчува тој лош кнез зашто над него има Поголем Кој е на мојата страна и тогаш секоја стрела уште во воздухот се крши.
     Ах, каква милост! Но како човечко битие се уште не можам тоа да го восприимам. Не стигнав се уште до степенот да сфатам дека скапо сум платен и со Жртва сум избавен.
Она кое ме докрајчува е гордоста и тоа отровно самољубие. А колку, пак, само јас бесвесно мислам дека се искачувам кон право место, а всушнот чекорам кон планината каде што нејзиниот врв завршува со отворен вулкан.
Во овој свет нема парче земја во која тече “мед и млеко” но затоа има красота која не се гледа а се чувствува, не се допира туку смирено се восприима. Во овој свет го имам Оној кој допушта да паднам за тоа паѓање да биде за мое спасение.

                                                        Под будното Око, на Триипостасниот, сум!  

Frankenstein

       Comparison of the Story Frankenstein with the Modern World


    With scientific and / or technological advancement, there are often drawbacks. For example, although the Internet provides means of speedy communication, it is dangerous for children to use without parental supervision. Discuss the advantages and disadvantages of one or more recent advances in either science or technology.


       Today, we live in a time where people are thirsty for freedom and the more is given to them the more they take advantage of it and abuse it. What kind of “freedom” does the contemporary man know about? People have lost the sense of livelihood and as a result, they do whatever they want. What is even worse, they reject God and His existence and some are trying to be above Him. What an absurdity! What a foolish human being they have become! Many times I think and I cannot understand why they strive for more and more? This is like when someone is trying to crash the wall with his head and he is even firm in his intention. I feel sorry for those souls. That's the only comment that I can make. I know that God takes care of all of us and on certain cases He allows things to happen. One of the great gifts the He had given to us is our free will, which means we are not forced to believe in God, but we know who is He and where our souls go after we leave this temporary earthly life. We have free will to choose if we are going to be WITH GOD or AGAINST GOD.
The “Frankenstein” story contains a deep message to those who want to step over the border. At one point I felt sorry for Victor, but he made the mistake, didn't even try to fix it and eventually had to pay the price. People want to prolong the life and make something new. The secret of the life is already discovered, i.e. we know enough about human life and there is no need of going further. However, this story could be related to various things that are happening today. Scientists are trying to go beyond natural things and create a living human. Specifically I am talking about artificial insemination and a manner of things related to this. According to the law of the nature in order to create a baby, you need the participation of two people: a man and a woman. We all know that. Now, in order to please people and to make money, the scientists came up with such thing that the take the seed, freeze it and sell it. What I mean by this, people who want to purchase the seed, they literally could choose what gender, what eye color, hair, etc. Also they came up with stem sell where they take from the fetus of aborted babies and use for someone who is sick. I wonder how those scientists understand what life is and don't they think how much they damage on the humanity. On the contrary, they think what they do is excellent and its huge success for the human generation.When someone turns away from love, from the real meaning of life and anything in general, that person become cold and does not care for any morality. That freedom encouraged many to change their sex, just because they feel better to be in the opposite. Likewise, that freedom tells people that their body is theirs and they can do whatever they want with it. I have to admit something: I few times while I prayed, I said to God: “Thank you for still being merciful to us! We have forgotten on You and turned away from your help and grace, but You still send us the sun to give the light, and the rain to water the earth.”
May God enlighten us to come to ourselves, understand that we can't go behind the curtain and protect our future generation of inflicting God's wrath.




Tuesday, December 23, 2014

Јас сум Твој, и сѐ мое е Твое!




         Честопати моите падови знаат да бидат страшни. Mачните мисли не престануваат, а стрaдањето е големо. Кога срцето ќе се огорчи, тешко е соочувањето со падот. Мојата внатрешната борба е многу силна. Гневот во срцето ме поведува, ми доаѓа да изустам колку ги пизма тие, оние, што ме рануваат. И сега. И пак. И сега, се соочувам со него, со тој зол земски владетел, и знам, морам да го победам.
Не кажувам ништо ново. Неправдата, таа јавна тајна, нема да запре. Кога една ќе заврши, друга ќе почне и така крајот не ѝ се гледа.
До кога јас ќе страдам од истите?
До кога душо моја ќе ги чиниш истите падови?
Зарем сѐ уште не се научив надежта да ја полагам на Бога?
Можеби затоа дозволував искушенијата да ми го бодат срцето, а некои од тие бодежи тешко се лечат, или.... Треба многу време.
Зар поболна и пострадална беше Твојата чаша на страданија?
Зар повеќе болат моите искушенија од шајките со кои што Те приковаа на Крстот?
Многу прашања го мачат ова кршливо битие, та зарем јас сум тој кој треба да го менува светот и луѓето?
Дури и возљубените Свети Отци одамна кажале и нѝ напишале дека ние сме тие кои треба да се менуваме. Мојата промена треба да почне од мене, а другите Бог нека ги средува и нека ги суди.
Избави ме Боже од оние кои ми чинат неправда. Знам дека и јас сум под власта на гревот. Знам дека морам да поминам низ овие искушенија. Штом не можам да ја избегнам чашата со страданија, со болно душевно страдање, научи ме да се смирувам.

Научи ме Тебе да Те славам, наместо да ги  проколкувам и мразам оние кои ми чинат зло, со прошка да им вратам.
Научи ме секое искушение со смирение да го примам.
Научи ме, со секој удар, со секој невидлив бран кој ја преплавува мојата душа, кој го руши моето срце, да станувам сѐ посилен. Тешки се искушенијата низ кои минувам, но со Твојата благодат ми се ублажуваат. Со смирението што ми го даваш, душава моја сѐ повеќе и повеќе жеднее кон Тебе, зашто Тебе Ти припаѓа.

Помилуј го Христе твоето создание,
избави ме од непријателот,
сочувај го чист мојот ум и срце од помисли,
а непријателот да се распрсне и да бега од Твоето создание.
 Јас сум Твој, и сѐ мое е Твое!









Thursday, December 18, 2014

Ќе има ли промена?




Март 3, 2014 

Не брзај чедо во твоите одлуки.

Остави ја младоста да си го тера своето,

а ти гледај срцето да ти биде чисто.

Господ ќе дојде и сè ќе уреди!







        Не го разбирам тоа што го правам; бидејќи не го правам она што сакам, туку она што го мразам тоа го правам.Нема дупка каде што би се сокрил од гревот, ниту пак жива бездна која би ме голтнала за да ме заштити.Што би бил, јас, без Божјото милосрдие? Каде ли ќе гниев сега доколку Царицата Небесна не ме покриваше со Нејзиниот Покров?
Како дрво со многу гранки себе си се гледам, а плод достоен се уште немам. А не знам дали и еден ден ќе имам. Младоста е убава, бурна, но во исто време знае да биде пресудувачка. Ја гледам со два правци. Прво се е рамно, нема грижи и лесно се чекори, но и таа рамнина има крај каде што одлуката за следниот чекор мора да се донесе.
       Мојата младост. На прагот кон друга стаза во животот. Не ја знам иднината. Малку влева страв, зар не?Сè и е оставена на слободната волја да таа одлучи за следниот чекор. Се уште гледам како во магла. Зар треба да се прашам себе си зошто? Не мора зашто знам. Непослушноста. Додека ја следам непослушноста и немам покајание, деновите indeed ќе ми наликуваат на магла.


Што ако ветувам дека ќе бидам послушен?
Што ако ветувам дека нема да грешам?
Што ако мислам дека сум бог по благодат?

Лажливец сум пред лицето на Бога. Нема вистина во мојата уста зашто со секој изговорен збор “ветувам Господи”, само осуда си навлекувам.Беден сум пред Оној Кој ме љуби и Кој ме повикува да се вратам во радоста на својот Отец.

II

    Оние кои живеат по тело, копнеат за телесното, а кои живеат по Дух - за духовното.Патувам низ овој свет за да најдам скончание. Се уште го носам телото со себе, но ќе дојде време кога ќе го оставам зашто на земјата и припаѓа.А тогаш што можам да земам со себе?Делата, на кои крајот им е безаконие. Ете, пак тие и само тие. Паднатиот човечки престап и со мене. Ме следи откако излегов од утробата ми мајкина зашто така бев зачнат. Како сенка ме следи во животот и до последното издихание ќе ме тегни надолу.Но ако. Јас се радувам. На што би наликувал мојот живот доколку немав тегоби? Така немаше да научам дека кнезот на овој свет не спие никогаш. Барем сега, со искушенијата знам. А еднаш кога знам, лесно бирам оружје со кое ќе се борам. Не можам да кажам дека се борам, зашто ќе бидам лажливец. Знам за тоа оружје, но не го чинам тоа со ревност..
Научив никогаш да не се сопнувам на лагата на умот кој ми вели “не мора денес, остави за утре”. А што, зар јас знам дали утре ќе бидам буден? Што ако не бидам? Ќе имам ли барем седум секунди за покајание? Е тогаш ќе биде плач и крцкање на заби. Дури тогаш како богатиот, ќе викнам од пеколот кон Авраам за да му каже на сиромавиот Лазар да го накваси прстот во вода и да ме разлади.Во моите тегоби научив уште нешто: силата Христова се покажува во нашите слабости. ЗатоаБлагословен е Христос, зашто преку трновиот венец ни покажа што е искупување,Преблагословен е Царот на Славата, зашто ни покажа дека без Голгота нема Воскресение иТриблагословен е Бог Кој со многу љубов не возљуби.
      Денес, во ова зимно утро сончевите зраци се пробиваа низ окното и завршуваа на престолот. Тоа ми зборуваше колку Создателот се грижи за мене. Не ме остави да загинам со моите безаконија, но со љубов и рече на душата: “ радувај се и на овој ден и не дозволувај сонцето да зајде во твојот гнев”.Додека се прашував себе си “ќе има ли промена во мене”, јеромонахот со издигнати раце почна да говори:Господи и Владико на мојот живот, дух на празност, униние, празнословие не ми давај…



       Понатаму оставам на срцето да говори, зашто во него има чистота. Тоа знае за промена!
      

Monday, December 15, 2014

Заробеност во слобода!

Јануари 24, 2014,
на полноќ
Извадок од личниот дневник!



        Во животот научив да се радувам, а во моменти на убост да се чувствувам како дете. Иако не знам зошто се уште го таам детинското во себе, сепак се чувствувам убаво и во плирома. Чудна е моќта на детето, а јас ги љубам тие мали благородни души! Сите малечки се мои браќа.
Ах таа нивна чистота! Таа нивна детска невиност!


Можеби поради нивната чистота и јас жеднеам да бидам подобен на нив, бидејќи тие не знаат за грев. Од нив учам да се радувам. Прават пакости омеѓени во нивната детска несвестност и без лоша намера. Доколку ги искараш, ќе се натажат и ќе се налутат, но без знаење да мразат, забораваат на својата лутина и продолжуваат да љубат.
Неретко се прашувам што значи да си дете на возрасни години, бидејќи знам како е да си возрасен на детски години.

И јас некогаш бев дете и во своите несвесни постапки “чепкав” на сите страни, не разликувајќи што е полезно, а што штетно. Се сеќавам правев грешки, бев искаран, мојот детски ум ѝ се налути на мама. А моето срце гореше од љубов кон неа. Крајот повторно беше ист секогаш, се вратив во нејзините прегратки. Во својата детска пргавост многу сакав да се галам, бев жеден за внимание и за љубов. Тоа ми остана до денес, детската љубов ме научи да бидам покомуникативен, екстравертен и поблизок со луѓето.
Имам потреба да проникнам во детското срце, кое гледа само убавина, чиста и отворена за секого, тоa е мое блаженство!
      На почетокот напишав дека сакам да се радувам. Од денот на моето раѓање, до сегашните дваесет и две години живеев и живеам во радоста на Бога кој преку Светиот Дух ме исполнуваше и учеше да се радувам. Така беше, а и имам желба така да остане и натаму. Наназад во годините не бев буден, ниту доволно зрел за да го спознаам ова чувство.
Печатот на дарот на Светиот Дух, кој ми беше даден на денот на крштението ми, стои во мене и сведочи за постојаната радост кон животот, воден од Бога.
Во животот потребно е време за духовно и душевно да пораснеме, да почнеме да размислуваме, чувствуваме, разликуваме, за да знаеме од каде и од кого доаѓаат нештата во животот. А од каде доаѓа радоста? Дали, од чистата љубов на една душа? Дали од љубовта од Бога, кон Бога, или самиот Бог, Кој е Љубов? Лотосот, тој чудесен цвет кој расте во кал и тиње плени со својата убавина. Што сакам да кажам со ова? Секаде, на секое место, покрај сите околности може да бидеш најубав – најубав во љубовта. А еднаш штом ќе постанеш НАЈУБАВ ВО ЉУБОВТА, останатите околу тебе ќе бидат опиени од таа љубовнорадосна убавина. Тогаш имаш цел, а целта е со тебе и другите да се преобразат во НАЈУБАВИ и НАЈЉУБЕНИ.
Колку и да посакував, јас не можам да бидам извор на чиста љубов од која извира радост. Дури сега знам дека колку што растам, низ годините, нешто ме сопира да се предавам кон совршената љубов. Чувството ме плаши. Ова. Бидејќи не сакам љубовта кон ближните да се намалува, туку напротив.
       Дали веќе станувам овоземно обземен. Гордоста, власта, земните блага, прв на пиедесталот... дали сето тоа како сидро ме влече во длабочините? А не сакам, се обидувам да опстојам на потребата од скромност и љубов. Можеби тоа е потребата да сум дете кое не знае за гордост, можеби.
       Што знае детето за лошотија?
Ако се скара со своето другарче за една количка, набрзо таа лутина ја снемува, играта продолжува.
     Што знаат возрасните за лошотија?
Да пишувам? Да и за нив ќе пишувам, зашто и јас мислам дека сум дел од нив. Ако Јован му зел нешто на Стефан. Почнува војна, готово е. Крајот, ниту можам да го насетам.
Кудејќи го другиот, треба прво да се свртиш кон себе, си велам. Човек треба да почне од себе, ми велеа, па затоа почнувам од себе. Доколку Димитриј ме навреди со нешто, гордоста не ми дозволува да му простам, а незнам зашто. И толку високо го “кревам носот”, што не сакам збор да проговорам со него. До кој степен се доведуваш - си велам!
Зарем и јас треба да се стопам во светот“ кој го поддржува макијавелистичкотоцелта ги оправдува средствата”. Ако на овој начин треба да рушиме пред себе и да уништуваме нечии животи, тогаш на што ќе наликуваме ние, луѓето?
       А Бог? Каде е Тој?
      Идејата на денешниот современ човек лежи само во една реченица Ах Бог, зошто Тој кога можам сам сè, кога можам да се справам со сè”. Го разбира ли, денес, човекот значењето на љубов, радост, почитување, сомилост, слобода? Не! Не! Не!
Веројатно сметам дека љубовта стана површна и користољубива, радоста – лицемерна, сомилоста – злоупотреба, а слободата?
Вредностите која оваа слобода денес светот ги промовира води во “ќор сокак” и до уништување на сето она кое Бог го создал по својот лик и подобие.
Но, ние денес не наликуваме на созданието, страотно наликуваме на ѕверови, кои се борат еден против друг.
      Во животот се однесувам како дете, зашто од децата учам вистински да љубам, да се радувам, да почитувам, да не бидам “човечки ѕвер”, туку да бидам мудар во својата слобода доделена од Бога.




Ипоѓакон Стојан Серафим Андов
Знам дека ова не е нешто ново кое го пишувам,
но ако не друго,
нека стои во мојата папка за кога одвреме навреме ќе го читам,
да ме потсетува кој треба да бидам.











Friday, December 12, 2014

Со љубов за дедо!

Декември 11ти, 2014
од личниот дневник


Во сеќавање,
Манаско Ѓоргиев
 1949 - 2014


      Блажен е патот по кој што денес врвиш душо, зашто таму ти е приготвена вечна почивка.
    Животот е полн со изненадувања. Ние луѓето треба за сè да бидеме подготвени. Кога ни е убаво, тогаш немаме грижи и се препуштаме на задоволствата. Во такви ситуации често забораваме на Бога и забораваме да Му благодараме за убавото и пријатното кое што го имаме. А пак, многумина од нас, кога ќе не снајде неволја, или некој од своите ќе ни се упокои, роптаме против Бога. Всушност овде се гледа нашата вера и тоа колку сме силни.
        По полноќ, во дванаесет и триесет, Господ посака да ја земе душата на дедо. Се упокои на шеесет и пет годишна возраст. Имаше проблеми со срцето. Се слушнавме пред недела ипол. Знаеше дека на крајот на овој месец ќе си дојдам во Македонија и ми рече: “ќе те чекам.” Од дома, не секогаш ми кажуваа за неговата состојба за да не ме полнат со грижа. Баба често ќе кажеше: “ти само учи, дедо ти е добар.” Оваа година состојбата на моите двајца дедовци им се влоши, и во срцето чувствував дека некој од нив ќе замине, а јас нема да бидам таму. Ете, денес тоа се случи со едниот од дедовците, на мојата мајка, татко. Не тагувам толку за неговата смрт колку што заради тоа што сум далеку. Далечината боли!
      Утрата, кога стануваме од постела често ни носат добро, но понекогаш истите знаат да ни донесат  и лоши вести. Беше празник на чудотворната икона на Мама, Курско–Коренска и се подготвував за света Причест. Ова утро, мајка ми ми напиша порака на интернет: “ Е сине, баба ти ми рече да ти кажам дека нема да го видиш дедо ти. Јас вечер имам авион и молам Бога да го видам жив, оти готов е.” На прво читање, овие зборови малку ме стресоа. Го оставив солзите да течат зашто човечки е да жалиме за љубените. Веднаш застанав до иконите и реков нека биде волјата на Бога, но барем да се причести. Слава на Бога, локалниот свештеник отиде во болница и го причести. Срцето ми се радува што и двајцата се причестивме на празникот на оваа чудотворна икона. Сè се случува со Божја промисла. Блажено е кога човек ќе се упокои причестен. Затоа се радувам за дедо!
        Вчера, додека се уште беше помеѓу живите и лежеше во постела, го видов преку интернет и малку зборував со него. Срцето ми се кинеше кога го гледав како се мачи, но беше силен. Мајка ми, која што дојде од Виена, и доцнеше авионот, но дедо издржа и чекаше да ја види, па да замине од овој свет. Колку само душите чувствуваат пред да се одделат од телото! Мистични се тие нешта за нас луѓето. Всушност, кога и ние ќе издивнеме, верувам и нашите души ќе го чувствуваат истото.
Денес, кога зборував со неговиот син, а мој вујко, ми кажа дека по нашиот краток разговор со дедо преку интернет, тој заплакал и рекол: “најкриво ќе ми биде што нема да можам да начекам да дипломира.”
       Повеќе тагував и плачев тогаш, отколку откако се упокои, зашто знам дека душата не умира, туку се враќа при Создателот.
Еден монах од овде, по повод неговото упокоение ми пиш вака: “држи го споменот твој од него во твоето срце.” Понатаму ги додаде и следните слова: “помини време со Богородица [пред Нејзината икона]. Таа ќе ти ги избрише солзите.” Благи се овие зборови за душата. Утехата е само во Христа и во Неговата Пречиста Мајка.
Околностите не ми дозволија да отидам во Македонија, но затоа решив да напишам неколку зборови за истите да бидат прочитани пред вечната почивка на дедо, пред да го спуштат неговото тело во гробот. Мојата намера му ја кажав на свештеникот кој што го отслужи опелото и истиот го стори тоа.
Еве го она кое го составив:


             “Возљубено мое семејство,
денес тагувате Вие, но тагувам и јас. Денес, се проштевате од дедо, но се проштевам и јас. Созлите Ваши се и мои. Далечината боли, зар не? Не тагувам толку колку што заради тоа што не сум таму, со Вас. Но ете, така сакал Бог и да не заборавиме дека без Него ништо во нашите животи ништо не се случува. Имајте на ум дека Бог нè зима пред време, туку во свое време. Од сите Вас очекувам да не тагувате многу, односно со мерка, зашто ако премногу тагуваме и лелекаме, тогаш и правиме полошо на душата. Не и помагаме, туку и одмагаме. Ние сме православни христијани и веруваме дека со смртта не завршува животот на земјата. Смртта не е страшна, туку таа е премин на душата од овој привремен свет во духовниот – вечниот. Животот на човекот не завршува со напуштањето на душата од овој свет, туку таа е премин од привременото во вечното. Еднаш, на едно место ги прочитав следните зборови: Темни манастирски ѕидови, налик на гроб во кој кога ќе легнеме во него, ни го отвара патот кон царството и не буди свртени кон Истокот, кон вечноста. Мислам дека го разбравте ова. Гробот ни го отвара патот за до Бога зашто никој не може да го види Бога во тело. Истокот е Царството Небесно. Ќе Ви кажам мал пример: за некој род да порасне,  прво мора семето да се посади во земја. Со други зборови за да порасне, треба да се закопа во земја. Истото го вели Христос за луѓето. Сите ние треба да ги оставиме своите тела во земја, за да воскреснеме на Второто и Славно Христово доаѓање. Телото е создадено од земја и во земја ќе се врати, но духот е тој кој што не умира. Сложете го ова во Вашите срца!
       Јас се радувам за дедо зашто тој се причести, а тоа е главната цел на еден православен христијанин. Нема поблажено од тоа човек да се упокои причестен, затоа благодарете Му на Бога за тоа. И уште нешто да Ви кажам: тој ден (среда) беше празник на една чудотворна икона на Пресвета Богородица, Курско-Коренска, Знамение, и воедно голем празник на Руската Црква каде што во моментот студирам. Големата икона кога Ви подарив пред две години, и сега виси на ѕидот во ходникот, е копија од таа чудотворна икона на Богородица. Има уште нешто за ова да Ви кажам: на тој ден се причестивме и двајцата, дедо и јас. Јас многу ја сакам и почитувам таа Чудотворна Икона, а ете, Мама (Богородица) сакаше и двајцата да ги примите Светите Тело и Крв Христови. Нажалена бабо, вујче и мајко, нема ништо случајно, зар не?
Сите сме гости на овој свет. Колку повеќе растам, со своето искуство во верата, учам да не тагувам многу зашто знам дека овде се е привремено. Зар треба да дозволиме да го изгубиме рајот заради земните работи? Зар треба да се препуштам на земните наслади, уживања и чинење на лоши работи, а да го изгубам животот вечен? Не. Не мили мои. Можеби е тешко ова да го разберете, но еве, малку ќе ги упростам зборовите: знајте дека овој свет е привремен и сите ние треба да се стремиме кон Царството Небесно, каде што постојано ќе бидеме со Бога. При зачнувањето на детето, уште од утробата Бог му дава душа. Значи душата ни е од Бога дадена и при Бога се враќа. Ние, како луѓе нормално е да тагуваме. Тагуваме од љубов. Тагуваме зашто сме ги љубеле ближните, но да не дозволиме таа наша тага да не однесе во очајание. Што сакам да Ви кажам со ова: кај нашиот народ има лош обичај кога некој ќе се упокои, сите почнуваат да плачат со зборовите: “зошто отиде, врати се, каде ќе одиш...” и што уште не. Од овие работи треба да се чуваме и така да не правиме, зашто ако го чиниме тоа, и наштетуваме на душата на умрениот. Тагувајте, но умерено. Верувам сите ме разбравте што сакав да Ви кажам со ова. На душата на дедо, а и на сите новоупокоени, не им треба плач, туку им требаат молитви. Сега сите треба да се молиме за душата на дедо со зборовите: “Господи Исусе Христе, упокој ја душата на Манаско.” Вака сите треба да правиме. 
    Затоа, сега, во овој момент Ве замолувам кога ќе фрлите земја, речете вака: “Господи Исусе Христе, упокој ја душата на Манаско.” Истите зборови кажувајте ги секоја вечер до 40тиот ден, а ако можете и понатаму. Бабо, вујче, мајко, Тане, вујно и сите роднини, ова не го заборавајте. Ако вака се молите, ќе бидете од голема полза за душата на дедо. Сега ова најмногу му треба. Немојте да си терате свој неправилен обичај или како што велат кај нас: “сите така прават, па и ние” Прават зашто не знаат. Треба да ја слушаат Црквата, свештеникот. Послушајте ме и правете го тоа.

       Драг дедо, дозволи ми и тебе да ти се обратам и да изустам неколку слова:
Очекував дека ќе те видам кога ќе се вратам во Македонија за две недели, но тоа не се случи. Имав чувство дека еден од вас дедовците ќе замине додека јас сум во САД. Но не тагувам многу зашто знам дека во другиот живот ќе се видиме. Таму е блаженството. Таму е радоста. Бог сака таму сите да се населиме.
Кога се упокои, веста за твојата смрт ја споделив на интернет и една моја духовна сестра Андријана која што ја запозна кога беше дома, го напиша следното: “Стојанче, ти со своите дела направи дедо Манаско да биде горд и среќен човек. Го видов тоа и го почувствував во црквата Св. Ѓорѓи во Кочани во летото 2013 кога ги донесе Светите Мошти. Кога ќе те погледнеше, неодолива насмевка блескаше од неговото лице. Биди среќен поради тоа. Далечината боли, но ти моли се за неговата душа...” Се надевам дека барем нешто малку направив за да се радуваш на мене. Верувам во нејзините зборови, зашто знам колку ти се радуваше на мене и, ќе се осмелам да се пофалам, на моите успеси кои што само со Божја помош ги чинам. Морам да признаам дека ти секогаш го разбираше мојот начин на живеење и учење. Останатите наоколу, не навистина го гледаа тоа што го учам како начин на живеење, туку како професија. Бог ми даде многу радости. Ти го знаеше тоа. Без Неговата промисла и помош, немаше да бидам тоа што сум денес, но сакам да ти кажам нешто: срцето постојано ми плаче кога никој од нашите не оди на литургија секоја недела, и не се воцрковува. Не велам дека се неверни, туку не сакам да бидат традиционални верници, туку сакам да бидат живи верници, како што Господ ни заповеда. Но Бог е милостив и Тој сака сите да се спасат.
Ти во твојот живот имаше на многу да се радуваш. Прво, на внуците, како што и самиот често ќе ми речеше. Сите ние треба од тебе и од баба да учиме за како се живее сложно, и покрај животните искушенија и проблеми, да се подржувате меѓу себе и да се љубите. Денес, живееме во време кога се губат вистинските вредности на вистинскиот брак. Денес, малкумина се таквите кои до својата смрт остануваат верни еден на друг. Но што да се прави, на луѓето им е помило да лудуваат, уживаат и да се не грижат за моралните вредности.
Мислам дека многу зборував. Сега легни во гробот, во местото на твојата почивка и спиј до Второто Доаѓање Христово. Јас постојано ќе се молам за твојата душа, а се надевам дека кога ќе го напуштам овој живот, Бог ќе ме удостои да станам наследник на Неговото Царство, па да се видиме кај Бога.
       Вечен ти спомен, драг дедо...
        Господи Исусе Христе, Сине Божји, упокои ја душата на твојот новопретставен слуга, Манаско! Упокој ја, Господи! Амин! “

  Дедо, немав можност да бидам присутен на твојот погреб, но затоа го напишав овој текст за преку него да ти кажам дека секогаш ќе те сакам!






Thursday, December 11, 2014

A Royal Monastery

November 20th, 2014
Monastery of St. Sabbas the Sanctified
Black monastery's walls, alike a tomb in which
when we will lay down in it, it opens the path
to the Kingdom and it wakes us turned toward the East.



(spiritual rest for the soul)



       What is that, that we call loneliness? It can not simply only be the absence of the others, for a men could be alone, and may not be lonely, and likewise someone can be among people, and he still can be lonely. What is that?
For many things in our lives we are seeking for an answer from God? We pray to Him, we beg of Him, and yet we don't get it. He knows what is the best for us, and He gives us an answer in His own time. Almost a week I was at St. Sabbas the Sanctified's Monastery in Detroit, where the Abbot is Father Pachomy – a monk who has an artistic heart. The monastery, what should I say about the monastery? When you are there, it seems like you have gone back to the royal tsardom of Russia. Father Pachomy has been working hard, and when someone gives everything from himself, even from his sweat that wets the earth, something will begin to grow up. A couple days ago, he was telling me how Metropolitan Hilarion was admired when he visited the monastery and told Fr. Pachomy: “this monastery would be excellent place for monks who excel with extreme talant: with music, theology, iconography, embroidery, woodcarving...”


      Father Pachomy is an interesting and hospitable person. On a building he would build even more, a stone he would coat with gold, the temple of God he would adorn, but the human eye, which is ever envious, wants to dismantle where he did labor. And this monk also is surrounded by these types of problems. He was telling me how a couple years ago, some clergy were forbidding parishioners from visiting this monastery. But these, God's people “weren't born yesterday,” and said to themselves: “let's go there and see what's going on.” So they came, saw the monastery and the Godly culture surrounding it, and never went back to their parish churches, but instead began to attend the services in this monastery.
We, who are so greatly impassioned, who are so corrupt and opposed to God's will. The envy that we bear in ourselves, we don't wish to be rid of it, but instead find pleasure in it. Blessed are those who have overcome this! Yes, such creatures exist on the earth, glory be to God. May the Lord help us in the battle against this passion.
      The other day, while we were having lunch, speaking about various topics. Fr. Pachomy emphasized one negligence of which he encouraged me to think. This reflection was about the veneration of the Holy Apostles, where this monk said that when there is a feast of some local saint (or national one), such as St. Sergius in Russia, or St. Sabbas of Serbia, The country of the saint turn it into a big deal, while when there is a feast of some of the Holy Apostles, they barely serve festal (polieleos) service, instead they serve only simple services. His point was very truthful. There shouldn't be a devision of the Saints, and he was correct when he spoke of how in some countries people celebrate greatly their local saints, but for the Holy Apostles is barely served a great service. After Christ's Ascension, the Holy Apostles were those who sowed the seeds of the Gospel. It seems to me we have forgotten, in some ways, their memory. And I, myself, am among those who often forget this.


        Currently, at the monastery there are two monks and one novice. Brother Romanos, who is the novice, has had a complete musical education, and can captivate with his voice. The other monk, Father Zosima, likewise has left an strong impression on me. The cell where I was staying, was the next one to Fr. Zosima's. Several times the two of us made and drank a Russian tea named “Russian Royalty.” Until Fr, Zosima introduced it to me, I didn't know that a tea with such a name existed. However, I found that this tea tasted very good. I am not a big favorite of tea because I do not enjoy hot beverages. When I drink it, I begin to sweat profusely. In the winter period I do drink hot drinks such as tea, but in the summer... I cannot even think of drinking it. So when we drank and we talked, I would always wait for it to cool off before emptying my cup of delicious tea.


   By earthly descent, Fr. Zosima is an american, as for the heavenly, I think no words are necessary, because it is exceedingly clear he is of Christ. In my conversations with this elder monk, I discovered proof that I've been seeking from God. For what exactly I am talking about? I am in my last years of studying in college and I often find myself thinking of where should I enroll further. I went so far with my thoughts that what first came into my mind were Oxford, Cambridge... This is what what fallen man first thinks of, always to be the best and to have the highest decrees from the, according to today's world, most well known and renowned educational institutions. Ah, how fallen we are!
Now let me go back to the conversation with Fr. Zosimas. He told me he had worked in Harvard for twenty six years, and I immediately asked him how is the system there because following the world standards, Harvard is one of the best. Father Zosima's answer opened my mind and revealed to me a wise and rational way of thinking and considering such topics. His first words were “it is worthless.” Further on, he said when at the beginning students enroll and first attend such institutions, they often become self-important and often even arrogant. They study there for a few years and at the end they get the diploma in their hands, and become even more so steeped in these same passions: self-importance and arrogance. After taking their diploma, they get a job where the companies want to hire individuals with diplomas from these universities. Not because they worked harder then others, but just so that the company could boast about having such prestigious employees, and not look as much into the individual character of the person. Certainly, this doesn't apply to everyone who graduated there, but generally speaking, this is happening in those universities. Some might contradict these monks' words, but Fr. Zosima had worked for twenty six years in such an institution, and has seen many things first hand, thus he spoke about it. Even if this point of view is not completely true, the message is clear and obviously very wise.


       Today, as every Sunday, Fr. Pachomy served the Divine Liturgy. He delivered a sermon right after the reading of the Gospel. The tone with which he spoke was rather high and strict. At the beginning that scene puzzled me and I was wondering why he spoke with such high and strict tone. There was a reason for it and here is why: last Thursday was Thanksgiving, a day when families get together for lunch and they thank God for everything. On that day, at the monastery Fr. Pachomy served Thanksgiving Moleben. Only a few people came, while the rest who Fr. Pachomy knew, did not come. So today, besides speaking for the actual day, the Father began to talk about Thanksgiving and for how much we thank God. From other things, he said the following: “How many of you came on Thursday to thank God for everything?” At the beginning I was scandalized by the way he spoke, but there was a reason for his harsh words. After the Liturgy finished, I told him of my concerns, he smiled and said to me: “Maybe people in Russia or in Macedonia would understand you if you speak with a normal voice, but not here in America. Here it must be done in this way or otherwise they will become lazy in the faith. Here, the society makes them to be such.” For someone like me, who haven't heard a priest to preach that loud, would start judging, or say to himself: “what's happening with him?” but there in nothing wrong with it. After this, I remembered St. John Chrysostom's sermons. I recalled how his sermons were much louder and stricter, not unlike Fr. Pachomy was in his sermon. Today, if we want to be a real pastors, and also a real Orthodox Christians, we should not be afraid of speaking up for the truth, but we have to be fearless for Christ's sake. 





       At the end of the Divine Liturgy, Fr. Pachomy shared something with the people where his sermon words were confirmed. Here is what he said:
Six months ago Michael, one of our most devout parishioners suffered a massive stroke which paralyzed the left side of his body. He has been in bed trying to recover with physical therapy and he prayed if he could walk again, and not to be bed ridden for the rest of his life. He wanted to come to church! The therapist got him to the point where he could walk with a walker which was a shock. In the first place he could walk with the therapist from the bed a couple steps in his bedroom, and once he did, he said he would like to be put in the car and see if he could walk from the car to the church. He wanted to give thanks to God for having ability returned, that he could walk again.
I think none of those present stayed indifferent, including myself. What faith do we see in these souls! Their heart is full of love for Christ. Blessed are those! With zeal Michael served God, helped in the altar, cleaned etc., and now God returns according to his faith. After all, today I heard the Lord's words being fulfilled: let it be to you according to your faith and well done, good and faithful servant! You have been faithful with a few things, I will put you in charge of many things. There is no word written in the Gospel that is not constantly fulfilled in our lives. As I grow up through the years, by reading that Truth, I realize how vivid (alive) those words are and likewise whatever we read from the New Testament, it's happening in our lives. Therefore it is said that the Gospel is a live Truth.



     God gave me the opportunity to visit and spend some days in many monasteries that have their own Typikon (monastery rules). I often hear people, and how they subdivide the monasteries and say: “here is like a paradise.” Other say: “in this monastery they don't serve Matins,” and there are also some who say “this monastery is the best.” Let us understand one important thing: every monastery has its own beauty, customs, and rules. God does not give more grace to this or the another monastery. He gives His grace equally, but it's up to the monks to what extent they will keep it. Each monastery has their own characteristic. You come to Jordanville and see one type of monastery life and style. Here, in St. Sabbas, you see another monastery life with it's own spirit. In St. Anthony, in Arizona, their main focus in on the Jesus Prayer. St. Herman monastery in Platina is contemplating up in the heart of the mountains. In Bigorsky, Lesnovo or Zrze' Monasteries in Macedonia follow another rules. The grace is one because God is One. There is no devisions of the monasteries because when we do that, we subdivide Christ. I've heard many times people say: “he is Jordanville's, St. Anthony's, St. Herman's...,” and here you can see competition and fight among the faithful about whose monastery is better. This is a trap of the evil one for he wants divisions. God gathers and the evil one divides. Thus, this crafty devil turned Adam and Eve away from God and from the Eden's harmony. We really need to be watchful and careful from this!
Any of us who go to a monastery with the intention of finding Christ and saveing his soul, will find that pearl of great price, and a person who goes there to seek only beauty, an expensive and golden icons, marble floors or grandiose iconostasis, will not find a peace for his soul, but on the contrary, that person will be blown from the Southeastern wind.
Today, I've learned that a monastery is a monastery, and each mountain has its own height and beauty. Consequently, every monastery is adorned by various podvigi (struggles) that the monks are bearing. Let's not forget that, and not divide the monasteries into good and bad.
We go in those holy places to search for spiritual rest and to pick spiritual fruits, for the fruits of these trees are not seasonal, but perennial, even unto eternity.














Monday, December 8, 2014

Отецот кој кој ги сака бедните од њујоршките улици





      Њујорк! Голем град. Чиниш мравјалник од луѓе. Ги анализирам, ги гледам луѓето кои чекорат угоре и удолу по улиците брзајќи. Кој по бизнис, кој на работа, кој само шета, а многумина со торби на грбот чепкаат од канта во канта за да најдат некое парче леб. Или, некој друг остаток од храна кој некој „среќен“ го фрлил. Има и такви кои напишале на хамер дека немаат дом и просат милост од луѓето. Но, луѓето богато облечени и најадени, катадневно поминуваат покрај бедните без да ги забележат.
Вакво е секојдневието по њујоршките улици. Оние кои не биле да го видат овој град, заради некоја си причина, копнеат да го видат. Меѓу тие и јас така го перцепирав.
Многумина кога ќе стапнат во „големото јаболко“ некако се разочаруваат од неговиот трулеж, зашто очекувале да го видат во поинаква благодатна светлина. Реалноста е сурова.
За среќа има добри луѓе кои ќе фрлат по некоја “ситна железна паричка за тие души, а некој и со оброк ги нагостува. За бедните тоа е празник. А пак, Бог, Тој не ги остава.
      Отец Мартин Краус. Овој отец е свештеник под Американската православна црква и служи во Њујорк. Секој четврток, отец Мартин оди на посебна локација и им дели супа и сендвич на бедните.
Неодамна тој одржа предавање во Теолошката Академија (Факлутет) “Свети Владимир” во Њујорк на тема „Храната како средство на благодатта,” каде што го сподели своето мисионерско искуство со студентите.
Отец Мартин израснал во неправославно семејство. Тој ни раскажа дека кога со своите другари бил излезен често “налетувал” на некој сиромав, но не можел да разбере зошто има бедни луѓе. Кога се запишал на колеџ се запознал со својата идна матушка (попадија) која била православен верник. Во една прилика тој отишол со неа на Божествена литургија во Руската црква каде што таа одела. Ја почувствувал благодатта и посакал да стане дел од православата црква. Се покрстил, а потоа и се запишал на Теолошки факлутет, кој што одлично го завршил.
Потоа, отец Мартин бил ракоположен за свештеник, а денес е парохиски свештеник во храмот Света Троица во Long Island, една од населбите во Њујорк. Претходниот свештеник при тој храм, отец Давид Кирк имал основано организација за храна на бедните која се викала Emmaus House. Откако тој починал, отец Мартин го следел примерот на овој ревносен свештеник.
Прво, отец Мартин инсистирал да направи мала кујна во црквата каде што ќе може да се готви. Разбирање нашол помеѓу своите парохјани кои го поддржуваат финансиски за ова богоугодно дело. Така, овој отец со неколку волонтери готват супа и прават сендвичи, а секој четврток со мини комбе одат на Менхетен и делат супа и сендвичи на бедни луѓе кои живеат на улица.
Голем и благословен е овој подвиг! Овој кој што нахранува сиромав, го нахранува Христа.
Отец Мартин во своето предавање објасни подробно што значи да помагаш на сиромаси. Тој ни рече дека треба да се молиме за сиромасите, но ако само се молиме, а не им помагаме не правиме ништо. Храна на сите ни треба, особено на оние кои живеат на улица. Всушност тоа е она што најмногу им треба. Не можеме на таквите да им го проповедаме Евангелието на збор, туку само на дело, а тоа е преку храната зашто храната во овој случај е средство на благодатта со која ќе им се приближиме и помогнеме на овие луѓе. За сиромасите, храната е вратата преку која оној кој помага може да влезе во нивниот живот.
Отец Мартин, од свое искуство, ни рече дека таквите луѓе се чувствуваат како невидливи за општеството, а ние сме тие кои треба од “невидливи” да ги направиме “видливи”. Неговите зборови одекнуваа: Кога ним им даваш храна, потруди се да бидеш како еден од нив, па доколку треба и јади со нив”. Потоа ни раскажа еден настан кој тој го доживеал со една жена која живеела на улица. Кога тој и пристапил, таа ладно му одговарала, но по некое време таа го прашала дали ќе се моли за неа. Отец Мартин и одговорил дека “секако ќе се молам за вакво убаво човечко создание Божјо”. Таа го праша: “навистина сум убава?”- на што тој и рекол секако дека е убава. Потоа, таа му раскажала како била силувана од својот татко како мала и неможејќи да го издржи сиот притисок дома, избегала и веќе неколку години улиците се нејзин дом. На крајот таа му рекла: “ Кога ќе отидеш дома, кажи им на твоите деца колку ги сакаш и кажи им дека вечерва запозна жена која не и беше дадена вистинска љубов од своите родители”. Ова се само неколку настани кои отец Мартин ги сподели. Уверен сум дека во неговото искуство се бројни.
       Голем и благословен е овој подвиг! Овој кој што нахранува сиромав, го нахранува Христа.
Денес, ретки се таквите кои го прават овој подвиг. Но, слава на Бога што се уште ги има. Ние од страна ги гледаме бедните, но кога ќе почнеме да разговараме со нив, заклучуваме дека многумина од нив имаат чисти срца, но животните врвици ги оставиле на улица.
Она кое јас го видов во очите на отец Мартин е големата љубов со која зборуваше за бедните луѓе, а очите на неколку пати му се полнеа со солзи.

      Вака јас го доживеав отец Мартин Краус, свештеникот кој секој четврток оди на Менхетен и им дели супа и сендвичи на луѓето кои живеат на улица.