Tuesday, June 3, 2014

NYC, 2010

Што е многу, многу е. Убав е Њујорк да се види, да се прошета, но да се живее во него...хм не би рекол, ниту би посакал. Тој е таква џунгла од луѓе, автомобили, згради...
Додека шетав низ градот, ги набљудував луѓето, кои беа од разни страни од светот, и се прашував: "зошто одат толку брзо? Зар си дозволија животот да им стане механички?" Немам право да ги осудувам зашто доколку јас живеев таму, можеби (дефинитивно) ќе бев еден од нив кој ќе чекореше брзо за да стигне на работа или сл. Но и покрај тој, ако човек посвети внимание на духовноста, мислам дека и покрај неговите "брзи чекори", ќе најде време. А тоа време кое ќе го посвети на Бога, на себе ќе му биде од огромна полза во вакви големи градови каде што секој ќош е исполнет со цемент.

Патем, сега, шетајќи низ фотографиите, го гледам она 19годишно македонче кое никогаш не ни помисли дека еден ден ќе дојде да студира во САД. Згора на тоа дојде без да зборува англиски. Како ги поминуваше почетоците, само тој си знаеше:)


What is too much it too much. Indeed New York is good to be seen, to walk around, but to live in...hm I wouldn't say so, neither I'll wish for myself. This city is such of jungle of people, cars, buildings...
While I was walking though the city, I observed all kind of different people from different sides of the world and wondered: "Why they walk of fast? Have they allowed life to become mechanic for themselves? " I have no right to judge because if I lived there, maybe (definitely) I would have been one of them, walking fast to get to work or similar. But despite that, if one one them pay attention to spirituality, I think that no matter how "fast" they walk (how busy they are), they still could find time for it. And that time, that they will devote to God and themselves, would be of immense benefit in such large cities where every corner is filled with cement.



By the way, now, going through the photos, I see that 19 years old young Macedonian who never ever   thought that one day he will come to study in the USA. On top of that he came without speaking English at all. The difficulties of the beginning, he could only know :)






























No comments:

Post a Comment