Sunday, June 1, 2014

Нашиот застапник! втор дел


Сега кажи ми што имаш да ми кажеш, а не во олтар!



Овде, во Семинаријата, игуменот отец Лука ни раскажа еден настан поврзан со свети Јован Шангајски и Сан Франциски и блаженоупокоениот Митрополит на Руската Задгранична Црква, г. Лавр1. Свети Јован Шангајски неколку пати го посетил Светотроитскиот манстир во Џорданвил. Во една прилика кога бил овде, служел Божествена Литургија е еден од неговите ипоѓакони на литургијата бил владиката Лавр, тогаш студент и послушник2.



Понатаму, отец Лука продолжи да ни раскажува дека свети Јован воопшто не дозволувал да се зборува во олтар и ги додаде зборовите на свети Серафим Саровски кој вели дека олтарот е место каде што самиот Христос е присутен со ангелите, и дека треба со стравопочит да се влегува во него.Литургијата завршила и двајцата ипоѓакони стоеле покрај светиот владика Јован и му помагале да ги соблече своите архиерејски одежди. Додека му помагале, владика Лавр го прашал свети Јован: „Можам некако да Ви помогнам?”, на што свети Јован ништо не му одговорил. Младиот послушник го прашал по втор пат, и свети Јован повторно ништо не му одговорил. Кога го направил тоа и по трет пат, свети Јован го фатил за рака и го однел на клиросот3 и му рекол: „Во олтар не се зборува, сега кажи ми што имаш да ми кажеш.”
Во овој манастир, а и во останатите руски храмови во САД, кога свештникот, ѓаконот или прислужникот4 влегуваат во олтарот од понеделник до сабота наутро, прават три големи поклони – метании. Тоа се прави кога се влегува и кога се излегува, а престолот освен оние кои се во чин како архиереј, свештеник, ѓакон и ипоѓакон, никој друг не смее да го допира.


1 Митрополит Лавр се укокои на 2008, за време на Великиот Пост во неделата на Православието.

2 Искушеник

3 Клирос е местото за певците – Певница. Во руските храмови певницата е веднаш до иконостасот, е дел од него

4 Чтец, ипоѓакон или благоговеен лаик 

No comments:

Post a Comment