Thursday, June 26, 2014

"Слобода" во многу светови

Јуни 7, 2014 по полноќ
Сан Франциско
Во знаење умувајќи согрешив, а не од незнаење!



 Денови во Сан Франциско, запис 2



I

Колку далеку човек треба да отиде за да се спознае себе си?
Оваа вечер, за прв пат имав можност да зборувам со една личност кој е во доцните четириесет години и е геј. 
Беше веќе полноќ кога се враќав дома. Додека чекорев по темниот булевар на Гери, едно прашање ми шеташе во глава: “Господи, што е овој свет?"
Мислам дека и илјада пати да си го поставувам ова прашање, одговор нема да најдам. Умувајќи што се се случува во овој свет, како луѓето живеат и колку го злоупотребуваат зборот “слобода”, буквално се губам. Ми треба време да разберам каде сум, односно во кој свет живеам. Па добро, светот во кој живееме е еден, но мене многу миликува како да се неколку - судејќи по секојдневниот живот на родот човечки во нивната “слобода”. Ми се чини дека ја изветоперија својата совест. 
 Навистина на многу прашања во животот нема одговор. Едноставно нема. 
     Овде, во Сан Франциско, запознав една жена која живее сама и кутрата... мака си мачи заради тоа што е сама. Едноставно очајанието не ја остава. Не знам веќе колку ли само обиди дадов за да ја успокојам, но безнадежно беше. Или пак ќе се охрабри, но тоа кратко траеше. Вечерва помислив во себе можеби и јас да бев на нејзино место, би бил во иста состојба. А за тортата да не остане без “ шлаг," нејзиниот син кој што живее во Санта Круз, град кој е оддалечен на час и половина од Сан Франциско, е определен на љубов кон исти пол. За тој четириесет годишен зборувам. Не би го сокривал името. Се вика Максим. За него прилично многу слушав од неговата мајка и така ја знаев неговата ситуација и живот. 
     Максим до пред една година имал дечко шпанец со кој бил во врска речиси полни девет години. Љубовната врска им одела што им одела, но дојде и крајот. Се разделиле. Како резлутат на таа разделба, Максим една година не можел глава на крене од депресија. Сето ова тој лично вечерва ми го раскажа. Тој верува во “ духовност," но не, како што ми рече тој, во “црква”. Згора на тоа, мајка му, постојано му зборува дека тоа тој што го прави е грозно и е против Бога и за тоа ќе гори во пеколот. Кога Максим го слуша сето ова, уште повеќе  зима добива сила за отпорност кон православната вера. Не е против, туку според неговите зборови "љубовта е во сите вери.” Така го разбира ова. 
     На почетокот ми беше непријатно да ја отворам оваа тема за неговата сексуална определеност, но некако од страна земав храброст да проговорам. Му реков: “ Максим, и си првата личност со ваква сексуална определеност и со кого имам прилика да разговарам. Доколку е ти пречи сакам повеќе да поразговарам со тебе околку ова.”
 За него тоа е љубов. Не знае зошто е геј, едноставно мисли дека тоа ми е определено во животот, односно дека таков треба да биде. Не бев изненаден од овој одговор затоа што мислам дека и кога би зборувал со некои други, определени на ваков живот, би ми го кажале истото: “таков се родив”. За Максим да биде со партнер од исти пол е љубов. Едноставно љубов. Сакав да одам подлабоко во разговорот за да ми ја објасни таа љубов, но не дојдов до некој експлицитен одговор од него. Ми покажа на YouTube едно видео каде двајца младичи од Лос Анѓелес биле во врска и многу се сакале. Се било така до 2011 год.кога неговиот партнер, фотографирајќи своја другарка од кровот на една една зграда, паднал и починал. Смртта на Том била толку тешка за неговиот партнер, што овој не можел воопшто да се помири. Понатаму истиот тој отворил кампања за да им се дадат права на оние кои се во љубов со луѓе од исти пол. Таму пишуваше: “Its not a gay thing, its not a straight thing,its a human thing”. А коментарите под тоа видео? Кој бил трогнат од нивната приказна, кој не можел да ги запре солзите и што уште не. Потаму сменија документарна емисија - филм која се вика “Bridegroom”. Одлучив да ја гледам. Не беше бесплатна, туку требаше да се вуку од интернет. И тоа го сторив за само да ја видам нивната историја на “љубов”. Доколку почнам овде да раскажувам, ќе се заборавам. Затоа тоа нема да го сторам. Само на кратко ќе кажам, личноста која му беше партнер на Том зборуваше со големи емоции. Емисијата беше навистина тажна, но кога ќе помислам за каква љубов се работи…затварам врати. Барем учев англиски зборчиња од таа емисија. За тоа вредеше да се гледа!
   Најдов е еден текст репорт од еден сајт од минатата години од геј парадата во Лос Анџелес каде ги имаше цитирано зборовите на еден лидер од епископалната црква. Еве што тој рече"We praise you for being who we are, who you created us to be — gay, trans, bi, lesbian, gender-queer and in so many other ways — with greater beautiful diversity than we can ever imagine," Ackley said in prayer.

 Превод на мак: "Те фалиме за тоа кои сме, кои не создаде за да бидеме -геј, транс БИ, лезбејка, интеродни и во многу други начини, со поголема разновидност отколку што некогаш може да се замисли," изјави Аклеј во неговата молитва.

 Безполезно е да се коментрира на ова. Уште додека Христос беше на земјата, не подготви за искушенија од ваков тип- дека "не секој кој што ми вели 'Господи, Господи, ќе влезе во Царствто Божјо'.

     Да го осудувам Максим за тој што е геј? Не можам, ниту пак имам право зашто Бог е судија на сите.  Да ја оправдувам неговата ориентација? Во никој случај. 
Е овие се едни од моите илјада прашања за кои немам одговор. Кога би зборувал и со некој друг  геј, не можеш да му кажеш само “тоа е грев! Ако не се отргнеш од ова, нема да влезеш во царството небесно” и низа ваква работи. 
Прво на оној кој е веќе определен на ова воопшто не му е грижа за тоа што зборувам. 
Второ, моите зборови сигурно нема да ја променат неговата ориентација. Не му реков на Максим дека ќе гори во пеколот заради тоа што е геј. Во никој случај, а и такво право го немам.Јас јас сум тој кој што ќе му суди? Бог е овде за тоа и Тој ги познава нашите срца. Се обидував некако наоколку да му кажам дека тој избор не е правилен. Не се согласи со мене, а ниту пак очекував да се согласи. Очигледно беше дека во никој случај тоа нема да го стори. За него тоа е љубов и точка.
Додека живеел со неговиот партнер, му било убаво, се чувствувал среќен, и бил решен сиот свој живот да го помине со него. Кога го прашав зошто барем еднаш не проба да биде врска со девојка па да види како е, тој ми одговори дека ми се згрозува да биде со девојка. Едноставно не чувствува никаква љубов, ниту пак потреба. 
Едно не разбирам, ниту пак мислам дека ќе разберам: какво е чувство на таа љубов за која Максим ми ракажуваше? Да зборувам за неа не можам, зашто не сум ја почувствувал, ниту пак имам желба. Од она кое го слушав од него за време на нашиот разговор беше откако Максим се раздели со партнерот (очигледно шпанецот го откачил и си нашол некој дру), речиси цела година не можел да се врати во реалноста од депресија. Како што ми рече тој, пред две недели се вратил во нормална форма, и тоа благодарение на некои си курсеви каде што одел на јога и на места каде што разговарал со луѓе кои биле духовни. “Господ да чуда и да брани” - си реков во себе. 
Инаку Максим е доста интелегентен. Има завршено Мастер и сега работи на својот докторат. Него сега за него се појави друг проблем од кој кутриот страда. Се уште не знае во животот што сака. Не зборувам за неговата сексуална определеност. Тој е веќе определен за тоа. Зборувам за неговите планови во животот. Она кое најмногу го интересирало во животот и на кое учеше Мастер, веќе не го интересира, а за неговиот докторат изгубил волја да го пишува. Не е сигурен во себе и се плаши од неизвесностите. Во една прилика мајка му ми кажа дека тој е научен да се потпира на останатите. Додека живеел со неговиот шпанец - партнер, не морал за ништо да се грижи зашто речиси сите обврски ги извршувал другиот. Едноставно Максим се чувствувал безбедно покрај него. А сега кога е сам, се чувствува изгубен и несигурен во својот живот. 
Бев со мисла да му кажам дека сето ова, според мое мислење, му се случува заради животот кој го избрал да го живее а особено заради тоа што се впушти во разговор и учество со разни “духовници”. Не се согласи со мене. Напротив, откако почнал да оди кај тие негови исцелители и на јога, животот почнал да му се менува на добро и излегол од депресија под која бил речиси една година. 
   Максим и мајка му се крајно различни по карактер. Константно се расправаат! Таа директно му зборува дека неговите акции во кои живее се одвратни и сето тоа е под контрола на лукавиот. Ова  Максим страшно го иритира. Ми рече дека заради тоа што неговата мајка му зборува дека тој со ова ќе си ја загуби душата и ќе оди во пеколот, чувствува одбивност кон православата вера, па така за него сите вери се исти зашто во сите има духовност. 
Му реков дека тоа што мајка му му зборува е персонално мислење. Црквата никогаш нема изнесено став дека таквите луѓе ќе горат во пеколот. Овде се работи за индивидуално тврдење врз лична основа. Другата тема која ја отворивме за црквата очигледно не носеше полза. Имавме два сосема различни ставови и не сакав да навлегувам во детали за да не почнам да го изговарам напразно името на Бога. Кога во таква ситуација нема решение, односно кога нкој оди контра, подобро е да се престане со објаснување зашто не вреди да се говори ниту пак име некаква полза. Се оправдуваше дека тој ја знаел добро историјата на црквата а и бил доста образован. Ајде, не велам не, учен е и има високо образование. Е токму од таквите “образовани” интелектуалци, во светот се појавија еретици, атеисти, будисти и уште какви веќе не.
     За време на повеќечасовниот разговор за неговата определеност, се оправдуваше со тоа што (според неговите изјави) немал нормално детство. Мајка му му завидувала што тој бил во поблиска врска со баба му и дедо му и така натаму. И овде одлучив да му го раскажам својот живот од детството за да слушне што значи "ненормално детство." Очигледно ние луѓето во животот си го чиниме она кое најмногу ни одговара. Слушаме со ушите, но си го "тераме нашето."
Не сум некој експерт за анализирање на луѓе, но можав нешто минимално да видам во Максим зашто во нашиот разговор му го видов карактарот. Во зборовите со него бев мек и претпазлив за да не му ги навредам чувствата. Кутрата негова мајка. Од време на време дофрлуваше по некој збор за него. Со Максим зборувавме на англиски. Мајка му слабо го владее англискиот, па не не разбираше. А и подобро што не. Инаку нервите ќе си ги “кинеше” и нова војна ќе започнеше. Па од една страна и ја разбирам. Таа му е мајка и се грижи. Тешко и е што синот нејзин и геј. Не се согласува со него, но мора да го прифати каков што е. 
Максим си “лета со мислите” многу високо. Јас не сум тој кој ќе го спушти долу. Сето она кое му го зборував, беше од моето лично искуство низ кое јас поминав до сега. Не очекував да ги прифати моите совети. Сметам дека е потребно време за ние луѓето да разбереме некои работи. Многупати е доцна, но барем си доаѓаме при себе. 
Господ сака сите да се спасат. Не не присилува да веруваме во него,туку сите имаме слободна волја.
“Максим,  а тоа што ни се случуваат лоши работи не е заради тоа што Бог не е со нас, туку заради тоа што ние не го повикуваме и не Му даваме простор да дојде во нашето срце” - му реков. 
Го молам Бога да не дозволи, заради нашите гревови, староста (ако ја дочекаме) да ни стане најголема болка со болка. 


II

   И следната вечер по всеночното бдение отидов кај Ирина. Имав потреба да средам некои лични работи на интернет. Во нејзината зграда има бежичен интернет. Додека си ги вршев своите работи, таа се подготуваше за следниот ден за причест. Ако не се лажам, мислам дека го читаше канонот кон причестување. Следниот ден беше голем празник-Педесетница. 
Од претходната вечер, кога разговарав со Максим, научив многу нешта. Морам да кажам дека долго размислував што значи вистинска љубов. Не дојдов до кој знае какви заклучоци, но воочив дека со убедување, или осудување нема да ги промениме луѓето. 
     Со љубов. Само со љубов.
 Кога некој е болен, зар треба да го отфрлиме, или пак да му кажеме: “Ти си болен, ти нема спас”. Што ќе направиме со тоа? Уште повеќе ќе го доведеме до очајание. Мислам дека исто ќе се случи и со оние изгубени души кои мислат дека се на правиот пат. Кога не можеме да ги смениме, барем да не им фрламе трње на патот за да им отвориме поголмеми рани. Покажувањето на вистинска љубов не треба да застане.
     И следната вечер останав до доцна кај Ирина. На заминување, некако почнавме да зборуваме за Максим. Јас и реков дека од вчерашната вечер многу работи научив од него и си одгатнав некое прашања. Не и го реков само тоа, туку навистина го мислев. Тој беше прв геј со кој имав можност да разговарам. И реков дека секој пат кога таа му зборува директно дека е грешник, ќе оди во пеколот и сл., наликува како со нож да го проодува во срце, а тоа него многу го боли. Мора да престане или пак да биде внимателна. Максим е емоционален и кога тој, од својата родена мајка, ги слуша сите овие прекорни зборови, го пече. Така тој нема да се излечи, или пак да се оттргне од тој порок. Нема. Но Ирина толку знае и умее. И таа губи нерви и честопати не може да се контролира. Додека зборувавме, солзи почнаа да и се собираат во нејзините очи. Мајка како мајка, ја боли до длабочината на срцето. Само таа си ја знае најдобро болката за своето чедо кое е изгубено во житејското море во овој свет. “Стојан, јас сум му мајка. Тоа што го прави, многу ме боли. Ти тоа не можеш да го разбереш зашто не си родител ниту пак имаш дете кое е со таква определеност” - со солзи ми рече Ирина. Да, во право беше. Тоа и го потврдив. И реков дека навистина е така но “со своите остри зборови кон него нема да го промениш. Веќе знаеш дека кога така постапуваш нема резлутат, туку полошо е. Мораш да престанеш така да му зборуваш” - и реков.
Бог е милостив и во Неговата љубов има место за секоја душа која е изгубена во овој свет. Кога Тој не го сокрива сонцето од грешните, зар ние ќе го криеме од нив? Зар ние сме тие кои, мислејќи дека сме многу “умни”, ќе им говориме дека ќе одат во пеколот? Многу често си го зимаме тоа право. За жал.
Понатаму и реков на Ирина: “ако ти го создаде Максим, т.е. му даде дух, или доколку ти ме создаде мене или некој друг, тогаш ти си таа која има право да одлучува за спасението на него, за мене…Но Бог е Оној кој сите не создаде и ни даде дух, така да ти не си таа која ќе одлучува за Максим. Остави го тоа на Бога зашто тој дава време на сите да се покајат и да се спасат. Подоцна или пак порано, ќе се случи.”  
          Долготрпеливоста Божја трча кон нив!

No comments:

Post a Comment