Monday, June 2, 2014

Аризона, 2012 Таков го запознав и таков ќе го паметам! Arizona, 2012 This was the way how I've met him and that is how I shall remember him!





The English text is below the Macedonian


Кога дојдов во овој манастир, првата мисла и прашање кое ми дојде, беше: "Како е можно на среде пустина, да има манастир?"

     Ова е манастирот свети Антониј кој беше изграден по молитвите и потта монашка на старец Ефрем.
Не ја знам точната година, но тој дојде во 90тите во САД со пет монаси. Барајќи место каде што ќе можат да тихуваат, дојдоа во Аризона. Е таа Аризона е пустина. Наоколу гледаш само кактуси и камења. Какви што видов кактуси таму, ми се чини такви на друго место не постојат. Гигантски се. Високи се како едно дрво.

       Пред да почнат да го градат манастирот, барале вода. Толку многу пати копаа, што веќе изгубиле надеж. Вода нема.
Монасите му рекле на старец Ефрем дека овде е невозможно да изградат манастир зашто нема вода (до тогаш живееја во приколки) и го убедувале да заминат од таму.
Старец Ефрем само благо се насмеал и им рекол да не се грижат. Следниот ден, тој ја земал иконата на Пресвета Богородица, дошле до едно место, го благослови, и им рекол таму да копаат. Вода почна да течи!

        Денес тој манастир е како градина. Просто, не можеш да им веруваш на своите очи дека си во пустина, во манастир каде што какви веќе не врски на палми се издигаат високо, разновидни цвеќиња, маслинки, разни плантажи и што уште не.
Во овој манастир се наоѓа главата на старец Јосиф Исихаст. Познато е дека старец Ефрем беше еде од неговите ученици кој долги години живееше со него на Света Гора.
Богослуженијата (литургија) почнуваат по полноќ, во еден. Тогаш старец Ефрем доаѓа на служба и оние кои сакаат да земат благослов, пристапуваат на местото каде што тој стои и тој ги благословува.

Немав прилика лично да разговарам со него, но од ова кое го видов, необична личност е. Секогаш е насмеан. Таков го запознав и таков ќе го паметам.
Луѓе доаѓаа од секаде за да дојдат некако во личен контакт со него. Сакав и јас, но кога видов дека редици луѓе чекаат со многу поголеми проблеми и искушенија од мене, си реков нека одат тие, за мене ќе ќе даде Бог. Па и доволно беше што секој ден ја целивав неговата десница.

       Во Новиот Завет вака пишува: царството небесно се "граба на сила". Е па тогаш и јас по малку го "грабав". Старецот секој ден, на пладне во 13:15 доаѓање во една соба која беше во црквата од местото каде што живееше и ги примаше напатените.  Јас имав послушание во близина од каде што тој доаѓаше. Со еден збор го научив патот од каде старец Ефрем доаѓаше сам. Па така секој ден, пет минуту пред тој да помине од таму, јас се "вртев" наоколку, претендирајќи дека нешто работам, за да го видам старец Ефрем. И така тој ќе поминеше сам. Ќе му земев благослов, но за беља не зборувам грчки, па неможев ништо да му кажав. Ако не друго, барем го добивав неговиот благослов, а тој...со насмевка ми одговараше.
   Е таа насмевка нема да ја заборавам!





      When I first came to this monastery, my first thought that came to my head was: "How is it possible to have a monastery in the middle of the desert?"
This monastery was founded by the prayers and monastic sweat of elder Ephraim. I do not know the exact year, but he came to the USA with five monks. Looking for e place where they could constantly pray and contemplate, they came to Arizona. As, that Arizona. A large desert. You see around only cactuses and stones. I've never seen that kind of giants cactuses. hey are really big, just like a tree.

     Before they started to build the monastery, they were looking for water. They've tried so many times and it was hopeless. They lost their hope of finding any water. No, there wasn't water at all. Some of the monks told elder Ephraim that on that place it is impossible to build a monastery, and they've been trying to convince the elder to leave from there.
Elder Ephraim only smiled and told them not to worry about it. The next day, he took the icon of the Mother of God, came to a certain spot, blessed the place with the icon and told the monks to start digging. The water came to flow!
   While I was there, I felt I was in some kind of flowers garden. 
         Everything there is beautiful!


                      Let the picture talk about that beauty...


Кога би го научиле јазикот на фотографиите, тогаш многу нешта ќе кажат од овој манастир, изграден во среде пустина.






































Главата на старец Јосиф Исихаст!





































No comments:

Post a Comment