Воспоим свјатитеља и чудотворца Иоана...
Свети Јован Шангајски, Сан Франциски и Битолски,
брз помошник во бедите!
Голем е Бог во своите светии!
Свети
Јован Шангајски и Сан Франциски…Светител
кој пред неповеќе од 40 години чекореше
на земјата, низ улиците на Битола, Париз,
Шангај, Сан Франциско... Наоѓаше бебиња
фрлени во ѓубре и ги земаше, спасувајќи
им ги животите. Постојано беше во
болниците, причестувајќи ги и утешувајќи
болните. Светител кој што никогаш не си дозволи да потчине на легло. Наутро служеше литурија,
потоа посетуваше болни, разговараше со
луѓе, а навечер кога сите потонуваа во сонот, тој
одговараше на писма, се молеше и само
доколку имаше време ќе "дремнеше" неколку часа на својата фотелја.
Неизбројни се неговите богоугодни дела. Не можат да се избројат.
Денес во
Катедралниот храм на Задапната епархија
на Америка се наоѓаат неговите нетлени
мошти од кои постојано се случуваат
чуда.
Едно јулско утро, имав послушание на манастирските гробишта во Џорданвил. Додека работев, дојде една благотворителна сестра, чиј брат почиваша таму и се служеше панихида за него. Кога заврши панихидата, жената ми пристапи и започна разговор со мене. Ме праша од каде сум и дали сум студент во Џорданвилскиот манастир. Отворивме конверзација. Ми кажа дека таа е од Калифорнија и тоа спонтано не доведе до разговорот за свети Јован Шангајски и Сан Франциски. Жената ми кажа дека неколку пати се поклонила на неговите нетлени мошти, а јас и реков дека и самиот имам голема желба да го сторам тоа и дека планирав да одам во Сан Франциско во ноември, за време на нашиот неколкудневен распуст. И така ни заврши разговорот. Се разделивме, односно таа замина, а јас останав да си го извршувам своето послушание.
По
половина час истата жена се враќа назад
кон мене и ме прашува кога точно планирам
да одам на поклонение на нетлените мошти
на светителот. И одговорив дека сакам
да одам за време на американскиот празник
"Thanksgiving", а таа ми рече дека планира
да ми ја даде својата слободна неискористена
повратна авионска карта за да отидам
кај Светиот Јован! Не знаев како да
реагирам. Просто, се наежив. Како наеднаш
жена, која не ја познавам ми доаѓа и ми
вели дека ќе добијам авионска карта за
онаму каде што толку посакував да отидам
- да се поклонам на моштите на светиот
Јован! Навистина, свети Јован си направи
чудо и ме удостои да бидам негов гостин,
просто кажано, на негова сметка.
Уште додека летав кон Сан Франциско постојано размислував во себе како само ќе се појавам во тој храм, како ќе застанам пред нетлените мошти на Свети Јован!?
Дојде
мигот кога и тоа се случи. Се најдов пред
соборниот храм посветен на Мајката
Божја „На сите нажалени радост“ кој
самиот свети Јован го изгради. Влегувам
внатре и од десната страна го гледам
велелепниот кивот на светителот. И што
понатаму… чекорам кон него. Колку повеќе
се приближувам, срцето ми трепери. Трепери и трепери...
Сепак
дојде и тој момент да застанам пред
свети Јован, пред светиот Владика на
нашите времиња. Понатаму не можам да
говорам затоа што чувствата не се
опишуваат, туку се чувствуваат!
Прекрасно и блажено е да се биде покрај свети Јован, покрај неговите нетлени мошти! Таа благодат ја гореше мојата душа која истата како да почна да се губи во просторот. Ми требаше време за да разберам дека сум кај св. Јован.
Прекрасно и блажено е да се биде покрај свети Јован, покрај неговите нетлени мошти! Таа благодат ја гореше мојата душа која истата како да почна да се губи во просторот. Ми требаше време за да разберам дека сум кај св. Јован.
"Иако умрев, сепак сум жив" (Свети Јован Шангајски)
Храмот е
прекрасен и огромен со три олтари.
Св. Јован:Тој знае што ни треба. И тој беше помеѓу
нас, страдаше со луѓето. И денес е со
нас и ги знае нашите тегоби кои житејското море ни ги носи. Додека
беше жив, во свое време, за него немаше
одмор. Активно работеше на духовниот
раст на своето стадо, говорејќи им да
се причестуваат и да живеат достоен
христијански живот. Денес, овде во Сан
Франциско и пошироко, живеат луѓе кои
многу убаво се сеќаваат за свети Јован
и со радост и солзи говорат за него, за
неговата љубов кон луѓето и како тој на
сите им помагаше и се молеше.
Второто чудо, се случи на 19 Ноември 2011. Веднаш на вториот ден од мојот престој таму, додека читав Акатист пред нетлените мошти на свети Јован, пред мене се појавува семејство кое зборува на јазик што многу добо го препознавам. Наши, Македонци! Семејството беше од Лос Анѓелес, а беа дошле дошле да се поклонат и да просат милост од свети Јован. Нашата средба се случи токму пред кивотот на Санфранцискиот и Битолски чудотворец Јован! Набргу потоа следуваше третото чудо со Новиот Завет, кога јас и моите македонски пријатели заедно отидовме во куќата каде што живеел свети Јован за да ја видиме неговата ќелија. Се нажаливме што беше заклучено, но само што тргнавме да заминуваме со колата, видовме како една жена се упатува кон вратата и ја отклучува. И ете, со помошта на светиот Јован, сепак успеавме да влеземе во неговиот дом! Инаку, жената што ни отвори своевремено била едно од дечињата во сиропиталиштето кое што го основал светиот Јован во Шангај. Името и е Лидија.
Влеговме
внатре и истата Лидија ни ја покажа
ќелијата на св. Јован. Додека другите македонци се прибираа во светијовановиот дом, јас прв влегов во неговата ќелија заедно со Лидија. Потоа таа замина и по неколку минути ми пристапи со Нов Завет во рацете
и ми вели: "Знам и гледам дека многу
го сакаш свети Јован, затоа он сака овој
Нов Завет да биде твој. Порано му припаѓаше
на еден мој другар кој што неодамна
почина. Му беше подарок од свети Јован,
еве, овде можеш да го видиш и неговиот
потпис. Помоли се некогаш за мене!"
Јас навистина веќе не знаев како да
реагирам и што да правам. Просто, премногу
се збунив и почнав да плачам. Свети Јован
навистина многу помага и ги радува оние
што го сакаат!
Радост, радост, радост...
Кога му се молиме и просиме
помош од него, за многу брзо време сето
тоа се остварува. Во четвртокот, на 24
Ноември 2011, направивме Молебен пред
нетлените мошти на свети Јован. Се
помоливме за целиот наш Македонски
народ и нашиот црковен клир, а пооделно
ги спомнавме и сите имиња кои ми беа
дадени пред моето заминување за Сан
Франциско. По молитвите на светиот
Јован, Бог да не помилува! Чудата и
радоста ги споделив со сите не за мое
издигнување, но за слава на Бога и свети
Јован, за да се увериме колку е силен
овој Божји угодник, кој во свое време
чекореше и во нашата земја, во Битола!
Јас посебно го доживувам св. Јован, т.е. навистина од длабочината на своето срце го љубам. Досега а и се уште, ми беше утеха во моите тешкотии во САД. Кога имам искушенија, често помислувам на св. Јован и што него му правеа оние кои не го сакаа.
Јас посебно го доживувам св. Јован, т.е. навистина од длабочината на своето срце го љубам. Досега а и се уште, ми беше утеха во моите тешкотии во САД. Кога имам искушенија, често помислувам на св. Јован и што него му правеа оние кои не го сакаа.
По молитвите на големиот Шангајски и Сан Францисцки Чудотворец!
No comments:
Post a Comment