26 Октомври, 2014, недела
Запис од личниот дневник!
From my personal diary!
October 26, 2014, Sunday
I miss the Icon!
From my personal diary!
October 26, 2014, Sunday
I miss the Icon!
Многу радост!
Lots of joy!
The English version of this text is written under each Macedonian paragraph. It's bolded!
Недела е, а вчера беше сабота. Голем викенд, долг ден кој што наликуваше на краток. Велат, "слатките моменти кратко траат." Често и тие кратки моменти се доволни за духовен мелем на душата зашто несејкодневни се. Згора на тоа, денес низ многу искушенија минуваме, и нешто малку духовно да почувствуваме, или вкусиме, ќе ни биде доволно зашто истото ја лекува душата.
Еден владика, откако беше хиротонисан и излезе од манастирот каде што монахуваше, го рече следново: "Додека живеев во манастир, често ќе дојдеа луѓе и ќе ми речеа: 'дојдовме на неколку дена да ги наполниме батериите, па се враќаме во светот.' Тогаш не ги разбирав зошто тоа постојано го зборуваа тоа. Сега јас, откако повеќе не живеам во манастир, дојде време да одам во својот манастир, за духовно да си ги наполнам батериите."
Џорданвил. Манастир свет каде што секојдневно литургиски химни на Светата, Едносушна и Неразделна Троица се принесуваат. Овој викенд нешто чудно се случуваше! Ми се чинеше како река од радости течеше во душите на душите на луѓето, а пак за солзите да не зборувам. Овој викенд разбрав што значи духовното, она неопипливото, кое го чувствуваш, многу се радуваш и посакуваш таа радост да трае за веки веков.
Не посети Мама со Својата Мироточива и Чудотворна Икона Иверско- Хавајска. Џорданвил наликуваше на Пасха. Во саботата, смирениот и на богоддан слуга на Богородица, иконофорот (хранителот) на Иконата, брат Нектариј, смирено, со иконата на себе, излезе од автобусот и зачекори по патеката. Во тој момент, кога пристигна Иконата, помислата дека голема светиња се приближува кон тебе, почнуваш да трепериш со сето тело и душа. Патем, првите мисли кои ти доаѓаат во умот се: "Ќе имам ли смелост да пристапам кон оваа Мироточива Икона? Се плашам, треперам, полн сум во гревови... " Веднаш по овие помисли, помислуваш на Богородица, некое топло и благодатно чувство те облива и пак велиш: " па таа е моја Мама! Зар да не пристапам и да се поклонам пред Нејзината Мироточива Икона? Ех, колку само таа не љуби! " Додека Иконата поминуваше, веќе благоухание се чувствуваше.
Сè торжествуваше, сè се радуваше.... Благоуханието од Иконата низ сиот храм се ширеше. Ми негостига тој мирис од вчера и денес! Едно од своите денешни вооприимања ќе Ви кажам: Се осветуваа Даровите, односно на делот кога привршуваше хорот "И молимтисја Боже нас..." и пред Митрополитот Јона да возгласи "Особено за Пресветата, Пречиста, Преблагословена....," струја од силно благоухание помина низ моите ноздри. А Иконата? Да не зборувам колку мироточеше зашто точни зборови на опишување не ми доаѓаат. Просто не се опишува. Сета Икона беше мокра. Оние кои што беа овде, видоа, посведочија, и нивното сведоштво е вистинско. Вистинско е!
Во една прилика, овој викенд, брат Нектариј, ми раскажуваше неколку чуда од Иконата. Еден романски владика, овде во САД, кога ја примил иконата во своите раце, и држејќи ја до храмот, не престанал да плаче. Тогаш, брат Нектариј го прашал зошто толку многу плаче на што владиката му одговорил дека додека ја држел иконата, почувствувал дека од болеста која ја имал, бил излекуван. Подоцна, со испитувањата, навистина се покажало дека владиката потполно е здрав.
Потаму, за време на разговорот, тој ми говореше за изобилната милост на Царицата Небесна, Пресвета Богородица, за тоа колку Таа, преку овие свети Икони, не љуби, и покрај тоа што човекот си тера по свое во својата непослушност.
Also, during our conversation, he was talking about the abundance mercy of the Queen of the Heaven, the Mother of God, how much She loves us through these Holy Icons, despite the man staying in his disobedience.
Во саботата вечер, пред бдението, богомудриот џорданвилски игумен и архимандрит, отец Лука, ја донесе Светата Икона во храмот каде што беше торжествено и достојно беше пречекана од двајцата Митрополити, возљубениот Иларион и поранешниот Митрополотит на АПЦ (Американка Православна Црква), Јона со бројни монаси, свештеници, студенти и верници. Пеевме сите, а биеја и манастирските ѕвона.
Во годините наназад, кога некој ваков духовен настан ќе се случеше во Џорданвил, о. Лука само ќе ми речеше: "радост, многу радост насекаде!"
Како да ја држам устата своја затворена и да не кажам дека денес, моите очи, повторно го видоа стаклото на Иконата, облеано со миро?
Зар да не изустам за вчудоневидената благодат која не покриваше сите? Таа се изливаше, во срцата и лицата на верните се одразуваше со радост, а кај кого со солзи, кај кого со запрепастување од фактот што со своите очи гледаат колку мироточи Иконата.
Shouldn't I speak about a grace who covered us all? That grace was spilling out, and it was reflecting in the people's faces with joy, to some with tears, and to some it was astonishing from the fact that they are seeing with their own eyes how much does the Icon stream.
Денес повторно видов дека и покрај тоа што забораваме да благодариме на Нејзиниот Син за сите богати добрини кои што ги чини кон нас, и на Пречистата, Мама нè не заборава, туку, мајчински, Својата љубов катадневно ни ја излива.
"Ќе те возвишувам, возљубена Мајко на Синот Божји, и секој ден ќе Ти пеам пофалба" (Пс. 144).
О Блажена,
О Благословена,
О Препрославена,
О Врато Небесна,
О Кадило благоухано,
помагај ни, зашто друга надеж во Бога, освен Тебе, немаме!
Ти помагај ни!
" I will dignify You, O beloved Mother of the Son of God, and I will sing to you magnification every day" (Ps. 144).
O Venerable One,
O Blessed One,
O the most Glorified,
O the doors of Heaven,
O Censer of Fragrance,
help us, for we have no other hope besides Thee!
You help us!
Спомнувајќи ја Пресветата, Пречиста, Преблагословена, Славна Владичица наша Богородица и секогаш Дева Марија...
П.С. Иконата замина, но до остатокот на денот сè што беше допрено до оваа светиња, мирисаше на миро! Собата сè уште продолжува да мириса...
P. S. The Icon left, but until the end of the day everything that has been touched to this holiness, had smelled on the myrrh! It's still continues to smell...
Насладувајте се од фотографиите!
Enjoy these beautiful photographs!
Многу чисто може се види капката миро која капнува врз книжната иконка.
Почесна од Херувимите и неспоредливо пославна од Серафимите....Тебе, Вистинсата Богородива, те величаме!
More honorable than the Cherubim, and beyond compete more glorious than the Seraphim... the very Theotokos, thee do we magnify!
Радувајте
се Вие, кој се поклонивте на оваа Икона!
Rejoice you all who has venerated the Icon!
No comments:
Post a Comment