Господ ги чува сите коски нивни;
ниедна од нив нема да се строши
(Псалм 33:20)
Во името на Отецот и Синот и Светиот
Дух.
Во 1993 год. од Рождеството
по Плод на нашиот Господ Исус Христос,
на празникот св. Харитон исповедник, 29
септември (11ти октомври нов стил),
Семилостивиот Господ ни откри на нас
грешните голема милост преку откривањето
на светите и многуцелебни мошти на
Иерархот и Чудотворец Јован, архиепископ
Шангајски и Сан Франциски, кои почиваат
во прекрасната, исполнета со молитва и
благоукрасена усипалница1,
недопрени дваесет и седум години по
погребувањето под Катедралната црква
на Мајката Божја “Радост на сите
Нажалени.”
Тој понеделник беше
строг пост за сите оние кои зедоа учество
во ова свето послушание во Црквата.
Многумина се подготвуваа со тоа што
служеа Божествена Литургија и исто така
и преку исповед. Вечерта, по вечерната
богослужба која се служеше на олтарот
на свети Јован Кронштадски и чудотворец
на цела Русија (на неговото прославување
учествуваше и присноспоменатиот
владика Јован),
земаа благослов од надлежниот архиереј
на Западно- Американската епархија,
архиепископот Антониј: свештеникот
Георги Куртов, свештеникот Александар
Красовски, протоѓаконот Николај
Поршников, ѓаконот Алексеј Котар и
чтецот Владимир Красовски. Околу осум
часот вечерта, по земањето благослов,
учесниците влегоа во светата усипалница
за да подготват сè
што беше потребно, а кои што истите веќе
беа благословени од неговото
високопреосвештенство, надлежниот
архиереј. Во усипалницата, Борис
Михајлович кој што беше хранител, чекаше
и веќе работеше внатре.
Беше подготвена долга маса на која
подоцна привремено беше ставен ковчег,
направен од борово дрво. Беа донесени
хебла, чекан и други потребни инструменти.
Сите свеќници, цвеќиња и аналои беа
тргнати настрана за да се направи повеќе
место за работа. Свеќите гореа на
свеќниците и сета усипалница беше
осветлена.
Откако почетните
подготовки за работа беа завршени, по
возгласот Благословен е нашиот
Бог и по почетните
молитви, над гробот почнаа да читаат
Евангелие од св. Јован: Во почетокот
беше Словото. Околу
девет часот вечерта, за време на читањето
на Светото Евангелие, надлежниот архиереј
на Западно-Американската епархија,
владика Антониј, архиепископот Троитско
– Сираќуски, Лавр, еписко Сиетелски
Кирил, протоиереј Стефан Павлено,
протоиереј Петар Перекрестов, иереј
Сергеј Котар, иеромонах Петар (Лукијанов),
иереј Павел Ивашевич и јероѓаконот
Андроник (Таратухин) пристигнаа во
светата усипалница. Вкупно беа на број
петнаесет луѓе: три архиереи, седум
свештеници, три ѓакони, еден чтец и еден
мирјанин. Сите тројца владици, како и
свештениците, читаа од Светото Евангелие.
Околу девет часот и седум минути, по
читањето на Евангелието, владиците
почнаа да служат панихида, со пеење на
целиот клир. Истата заврши околу 9:45
навечер. Пред да се испее “вечен спомен”,
беше прочитана молитвата пред почеток
на секоја добра работа. Потоа, владиката
се обрати кон сите присутни со следните
зборови: “Преосвештени архиереи, отци
и браќа. Господ ни испрати свето послушание
во нашата Црква, да ги прегледаме светите
останки на нашиот драг наставник,
архипастир и отец владика Јован. Да
пристапиме кон оваа света работа со
љубов еден кон друг... со една уста
и со едно срце. По
овие зборови, владика Антониј побара
прошка од сите присутни и потоа направи
метанија, која што беше повторена од
сите со зборовите Господ да ти
прости, прости ни и нас. Помоли се за
нас, владико свети.
Протоѓаконот провозгласи вечен
спомен.
Новиот привремен
боров ковчег беше внесен внатре.
Внатрешната страна на ковчегот беше
тапацирана со бел мазен сатен. Одозгора
на ковчегот имаше крст. Внатре во ковчегот
имаше ставено бел чаршав. Ковчегот беше
осветен. Сите свештени предмети и
ткаенини беа извадени од светиот ковчег.
На сите кои беа присутни им беше објаснето
во врска со претходното испитување,
кое што се случи во ноќна на 17/30 септемри
– на празникот на светите маченички
Вера, Надеж и Љубов со нејзината мајка
Софија. Понатаму пристапивме кон отварање
на бетонскиот капак од саркофагот, кој
што тежеше четиристотини пауни. Ова
отварање се случи додека се пееше
умилителниот тропар Помилуј нè
Господи, помилуј нè.
Капакот беше изнесен
надвор, до усипалницата. Оние кои не беа
присутни на иницијалното (почетното)
отварање, сега видоа дека мандијата со
која што беше покриен ковчегот беше
како нова.
Имајќи обѕир на тоа
што почетното испитување покажа дека
ковчегот беше доста многу р'ѓосан, сите
присутни пристапија да го спојат ковчегот
од четирите страни затоа што не се знаеше
во каква положба беше долната странат.
За време на пеењето на икосот Сам
Един еси Бесмертниј2
светите останки на
владика Јован беа подигнати од ковчегот
со големо внимание, прво високо за да
се провери долната страна. Од долната
страна беа ставени штици и ковчегот
беше ставен врз саркофагот. За време на
проверувањето на ковчегот, беше забележано
дека истиот беше сериозно изгниен и на
неколку места од изгниеното имаше дупки.
Ковчегот, кој што за време на погребението
беше сребрено-сива боја, сега имаше
златна боја од пожолтениот лакиран
метал кој што беше избледен. Потоа
владика Антониј му благослови на
јеромонахот Петар (Лукијанов), од
манастирот Света Троица, да го отвори
ковчегот. По затварањето на ковчегот
на погребението, како спомен отец Петар
го чуваше клучот. По неколку обиди да
се отвори ковчегот, очигледно беше дека
резето (бравата) беше р'ѓосана. Без оглед
на тоа што беше внимателен при обидот
да го отвори, не се отвараше. Со претходна
молитва, на крај протоѓаконот го скрши
резете. Мораше да се користа хебла,
шрафцигер и клешта за да се оддели
горниот дел од ковчегот. Пред нашите
очи ковчегот почна да се распаѓа, крши
и разделува на делови. Повикувајќи ја
на помош Пречистата Мајка Божја, почнавме
да пееме: Друга помош немаме, освен
Тебе, Пречиста Дево, Помогни ни... На
крајот, по приближно дваесет минути
работа, горниор дел од ковчегот се
оддели. Тешко е со зборови да се опише
трепетната состојба, која сите не обзеде.
За време на пеењето на Вратите на
милосрдието отвори ни ги Богородице,
владика Антониј ја
подигна горната половина од ковчегот
и се открија светите мошти на Владика
Јован.
Во тој момент завладеа
голема тишина и спокојство. Оние кои
беа присутни, јасно го видоа телото од
починатиот, облечен во пасхални одежди
со свилена ткаенина, кои од влагата
станале зелени. На главата на Владика
имаше бела митра со рачно нацртани
(изработени) икони. Лицето негово беше
покриено со воздух на кој што беа
изобразени Серафими. Под десната рака
лежеше дрвената патерица. Останките
беа посипани со голема количина на
земја. Авторот на овие редови (кој што
за време на погребалната служба, како
желзодржец на вечноспомнуваниот владика
Едмонтски, Сава), се сеќава дека пред
затварањето на ковчегот, неговото
преосвештенство, владиката Сава посипа
земја врз телото на Владика Јован од
голем сад. Во исто време, друг владика
( вечноспомнуваниот
архиепикоп
на Чиле, Леонтиј), посипа масло од светото
Елеосвештение на телото.
Сувите нетлени раце на Владика Јован
беа подигнати од телото, како да висеа
во воздух, додека долниот дел од рацете
беа исушени. Можевме да ја видиме кожата
и ноктите на рацете. Бројаницата која
што беше на неговата лева рака беше
изгниена. Дрвениот крст од Ерусалим на
кој што беше прицврстен лист со
разрешителна молитва беа се уште зачувани
во рацете на Владика. Исто така неговиот
архиерејски крст и панагиа беа запазени.
Мало Евангелие од Киев, со кожени корици
беше се уште цело и неоштетено и покрај
тоа што внатрешноста на корицата беше
дезинтегрирана и распадната на парчиња.
Во ковчегот имаше уште еден крст покрај
левото рамо кој што се распадна за време
на проверувањето. Мала икона од свети
Архангел Михаил ( чие што беше световното
име беше на Владиката пред да се замонаши),
веќе се беше распаднала. Сите овие свети
предмети беа извадени од ковчегот и
ставени настрана. Се знаеше дека за
време на погребот, внатрешната облога
во ковчегот беше светло плава, а сега
заради мувлата и влагата станала зелена.
Владиката Антониј
се прекрсти додека го читаше гласно
педесетиот псалм Помилуј ме Боже
поради големата Твоја милост, и
со трепет и голема внимателност го
подигна воздухот од лицето на починатиот
Владика Јован. Веќе се откри чесниот
лик. Во душите на сите присутни се
чувствуваше полно спокојство, длабоко
чувство со Божјо благоговение. Никој
не беше изненаден, ниту се восхитуваа,
туку со големо умиление и страв Божји
гледавме на лицето на упокоениот Владика.
Кожата на лицето беше светла, речиси
бела. Косата на главата и брадата како
и веѓите беа сиви, зачувани и недопрени
(неоштетени) на лицето. Дури и веѓите
беа сочувани. Устата на Владика беше
малку отворена и се гледаа забите.
Митрата на главата и иконите на неа беа
зачувани, и покрај тоа што иконата на
св. Јован Крстител која што стоеше од
левата страна на митрата беше падната
и лежеше врз перницата. Беше донесен
чист воздух3
за да се покрие лицето на Владика. Потоа
пристапивме кон отварање на вториот
дел од ковчегот, кој што беше многу
р'ѓосан. Повторно мораше да се користи
хебла и шрафцигер за да се оддели. Кога
тој дел беше отворен, сите присутни
видоа дека долниот дел од одеждите
целосно беа зачувани. Кожените сандали
на нозете на Владика беа видливи, и беше
забележано дел од левата пета истлеала
до неговата коска. Самите нозе, колку
што можеше да се види беа темни, а кожата
на нозете беше нераспадната. Одлучено
беше моштите да не останат во стариот
речиси распаднат ковчег, туку ќе треба
да се положат во новиот. Почнавме да
пееме ирмоси од Великиот и покајнички Канон
на св. Андреј Критски: Помошник и
Покровител на спасението ми стана...
Чујте небеса и ќе прозборам...Погледнете,
погледнете дека Јас сум Бог... За
време на овие песнопенија, светите мошти
се подготвуваа за да се пренесат во
новиот ковчег. Масата со новиот ковчег,
која што стоеше до фреската на Покров
на Пресвета Богородица беше поместена
поблиску, до предниот дел на стариот
ковчег. Додека се пееше На
непоколебливиот камен на заповедите
Твои, Христе... - со
нашите раце ги подигнавме светите мошти
и ги пренесовме. За време на пеењето на
тропарот Помилуј нè
Господи, помилуј нè,
светите мошти беа
спуштени во новиот ковчег. Пред
положувањето во новиот ковчег, прво ги
исчистивме од земјата и од рѓосаниот
прав.
Како што сите видоа
и почувствуваа, светите мошти беа цели
и нераспадливи. Тетивата помеѓу коските
беа зачувани. Моштите беа многу бели.
Сите присутни видоа дека одеждите од
долната страна на светите мошти не неа
изгниени. По чистењето на прашината,
светите мошти беа положени во нов ковчег
и завиткани во нов чаршав. Додека се
пееше кондакот Душу моја, душо
моја, разбуди се, зошто спиеш, стариот
ковчег беше изнесен од усипалницата и
поставен со соседната соба. Миризбата
на влага и рѓата изчезнаа и сите
почувствуваа дека од светите мошти не
се чувствуваше никаков мирис на тлеење.
За време на ова, недалеку од усипалницата
чекаше свештеникот Јарослав Беликов
со својот двегодишен син. Неговиот син
Всеволод страдаше од болест на бубрезите
и го донесоа во усипалницата за да се
приложи4
на нетлените раце на владика Јован.
Потоа сите пристапија
кон чистење на бетонската гробница во
која што имаше многу рѓосана земја. За
време на пењето на деветата песна од
Великиот какон Од бессемено
зачнување, ковчегот
со светите мошти беше поставен над
бетонската гробница. Предметите кои
што беа во стариот ковчег беа ставени
во плико и положени во новиот ковчег.
Потоа ковчегот со моштите беше спуштен во
гробницата5
и беше затворен со капакот. Владика Лавр
со заврза ковчегот со врвка и владика
Антониј го запечати со епархискиот
печат и одозгора беше ставена мандијата.
За време на пеењето
Од бессемено зачнување
бетонскиот капак беше вратен назад на
гробницата и покриен со брокат6.
На плочата сите предмети како (митрата,
икони, рипиди, трикири и дикири) беа
вратени на своето место каде што и
претходно стоеја. По сета ова работа,
беше отслужена заупокоена литија7
и сите присутни беа помазани од
неугасливата (секогашзапалената)
лампада8
која стои на гробот. Следејќи го примерот
на патријархот српски Павле кој што го
посети храмот минатата година, сиот
клир го испеа светителскиот тропар
Православија наставниче9.
Потоа владика Антониј се заблагодари
на сите за дадениот труд и ревност. Во
11:15 сите си заминаа во своите домови со
молитвен трепет, благодарејќи му на
Бога за испратената милост, утешение и
духовната радост. Амин!
Дивен е Бог во Своите светии! Светителу
отче Јоване, моли го Бога за нас. Крај и
слава на Бога!
Истиот беше прочитан и одобрен од
архиепископ Антониј (Медведев)
и митрополит Лавр (Шкурлој).
Сите права се задржани од преведувачот.
Без негова согласност, не е дозволено
никакво копирање или писмено објавување
на оваа статија.
1Усипалница
е просторија под Катедралниот храм во
Сан Франциско, каде што Св. Јован беше
погребан. Со наши зборови – гробница.
Таму почиваа неговите нетлени мошти
се до 1993. Денес, истата усипалница е
Параклис.
2Само
Ти единствен си бесмртен.
3Воздух
е платното со кое се покриваат Путирот
и Дискосот.
4Поклони.
5Саркофагот.
6Спесифично
ткаење, проткаено со златни или сребрени
нишки.
7Кратка
Панихида.
8Кандило.
9Наставнику
на православните. ..
No comments:
Post a Comment