За веселиот празник
на тиквите
Од православна христијанска гледна
точка, овде можеме да видиме многу
ѓаволски верувања и практики поврзани
со овој празник кои се задржале до
денес. Во пресрет на новогодишниот
фестивал, Друитите1,
кои што биле жреци на келтичкиот култ,
им давале упатства на својот народ да
ги изгаснат сите огништа и светла.
Вечерта, на фестивалот, палеле огромен
логорски оган од дабови гранки (дабот
бил сметан од страна на Келтите како
свето дрво). На овој оган биле принесувани
жртви, со цел да се смири и ублажи Самајн,
принцот на смртта. Тие, исто така, верувале
дека Самајн се задоволувал со жртвите,
и им овозможувал на душите на мртвите
да се вратат во своите домови за свечената
посета на овој ден. Од ова верување
произлегло одењето во црни облеки и
костуми на духови, вештерки, гоблини,
самовили и други слични. На таков начин
верувале дека живите ќе комуницираат
со мртвите, преку ритуалот на имитирање
преку костими и талкање во темнините
на ноќта, како што би талкале и мртвите
души.
Такво е вистинското значење на овој
пагански празник.
Тогаш е очигледно дека за православниот христијанин невозможно е, неприфатливо и идолско е ова празнување, преставувајќи
вистинско предавство на Бога и на нашата
Света Црква. Ако учествуваме во овие
ритуали, имитирајќи мртовец и талкајќи
во ноќта барајќи милостиња или нудејќи
им на децата, тогаш своеволно бараме
дружење со мртвите, чиј што господар не
е Самјан, туку сатаната. Тогаш таа
милостиња се нуди на сатана, а не на
децата.
Постојат и други обичаи поврзани со
оваа паганскиа ноќ- “Ноќта на вештерките”
од кои ние треба да стаиме настрана,
како што се магии, врачарење, игри на
среќа, гатање и резањето на грдото лице
на тиква а потоа вметнувањето на запалена
свеќа, како онаа на злогласниот кој го
носи името “Jack O'Lantern” (лампата на Џек)
или како што е познато кај нас тиквен
фенер. Ние не треба да земеме никакво
учество во ова.
Тиквите (во старо време биле користени
други зеленчуци) биле резани од Келтите
како имитација на смртта и била користена
за пренесување на нов оган (од светиот
дабов оган) во домовите каде што тиквениот
фенер светел цела ноќ.
Овој “свет фенер,” горејќи цела ноќ,
е ѓаволско извртување на светото кандило,
кое што гори пред иконата на Христос и
на светиите. Дури и користењето и
поставувањето на Џековата ламба
(тиквениот фенер) ја симболизира смртта
на овој фестивал, кој што е во чест на
сатаната.
Светите Отци на ранохристијанска Црква,
во првиот милениум ( во времето кога
Црквата беше строго Православна), се
борела против овој многубожечко -
келтички празник и во тој ден вовела да се празнува празникот на Сите Светии2.
Од овде терминот Halloween или “Ноќта на
Вештерките”, почнал да се развива. Вака
е настанат терминот Halloween (“Ноќта на
вештерките”).
Корените на зборовите Halloween (Ноќ на
вештерките) се од староанглискиот All
Hallow E'en – вечер посветена на сите што се
свети. Зборот All Hallow'Even “сите
оние кои беа свети - Сите Светии,”
кое што низ времето се скратило до Hallow
E'En (осветени).
За жал зборот “Halloween” (Ноќта на Вештерките)
доби погрешно значење или од незнаење
или од не многу разбирање на суштината.
Така келтските пагани го слават овој
фестивал на исти ден кога Христијаните
го празнуваат празникот на Сите Светии
(во западното христијанство), станало познато како Halloween (Ноќта на Вештерките).
Луѓето кои останале пагани а воедно и
анти-христијаните реагирале за да ја
потиснат Црквата со популаризирање на
својот фестивал во оваа вечер. Многу од
овие ритуали вклучуваат сквернавење и
исмејување на почитувањето на Светите
Мошти. Светите садови, како што се
крстовите и Светите Дарови, биле крадени,
сквернавени и перверзно злоупотребувани.
Оваа практика на почетокот станало начин
за прогон и малтретирање на христијаните
кои според нивното убедување не сакале
да учествуваат на било кој начин на
служење на богот на смртта.
Во современото западно општество може
да се забележи дека не успеал обидот на
Римокатоличката Црква да го замени овој
многубожечки и пагански фестивал во
христијанско празнување. Како тогаш
нешто толку очигледно, контрадикторно
на Светата православна вера, добива
такво прифаќање меѓу христијанскиот
народ? Одговорот е духовна апатија и
рамнодушност кои што се духовни корени
на безбожие, атеизам и дистанцирање од
Бога. Денешното општество ги подржува
празнувањата на “Ноќта на вештерките”
и слични фестивали , без одлед на нивното
паганско и идолско потекло, претставувајки
ги како безопасни и без последици. Ако
ги анализираме одблиску овие пагански
празници, ќе забележиме дека тие се
извор на уништување на било каков вид
на духовна основа и водат кон неверување
и целосен атеизам.
Славењето “Ноќта на Вештерките”
(Halloween), ја поткопува основата на Црквата
која што била формирана на крвта на
мачениците кои што одбија, со давањето
на нивните животи (маченички беа убивани
од тие пагани), да земат учество во било
каква форма на идолопоклонство.
Светата Црква мора да заземе строг став
во справувањето на вакви пагански
настани. Христос ни говореше дека Господ
Бог е судија на сите наши активности и
верувања кои ги
чиниме, и дека сме или ЗА БОГА или ПРОТИВ
БОГА. Не постои неутралност или средина
во пристапот.
Денес сме сведоци на заживување на
сатанистичките култови; слушаме за
сатански ритуали спроведени на Ноќта
на вештерките. Мали деца се киднапирани
од сатанистите и ги убиваат за нивните
ритуални жртвувања. А истите сатанисти
почнаа да прават и ритуали со убивање
на Православни свештеници како што не
еднаш се има случено во Калифорнија.
Насекаде сатаната достигнува да улови
колку што може повеќе невини луѓе.
Продавниците каде што се продаваат
весници се полни со материјали за
спиритизам, натприродени феномени,
сеанси3,
пророкувања и сите видови на демонско
– инспиративни дела. Сите овие дела се
во служба на сатаната, бидејќи тие не
се плод на Светиот Дух, но се плод на
духот од овој свет.
Кирил, Архиепископ Западно – Американски
и Сан Франциски
Превел: ипоѓакон Стојанче Андов
Сите права се задржани од преведувачот. Без негова согласност, не е дозволено никакво копирање или писмено објавување на оваа статија.
1Древноирландски
или галски жреци.
2Во
православната Црква, празникот на Сите
Светии се слави, исто така, во првата
недела по Педесетница.
3Спиритистички
средби.
Калифорнија е најлиберална членка на Америка, затоа пропаѓа, и никој не може да ја спречи.
ReplyDelete