Wednesday, October 15, 2014

Свети Јован Шангајски и Сан Франциски и неговата просфора




         Денес, на часот по Пастирско Богословие дискутиравме за чинот на ракополагање на свештеник и ѓакон. Патем, јас љубејќи го свети Јован Шангајски, се сетив на неговата пастирско-архиерејска служба и на професорот отец Григориј Науменко му поставив прашање поврзано со светителот. Кога ми кажа дека тој имал прилика да земе благослов од свети Јован, јас, полн со радост, веднаш го замолив да ни го раскаже своето искуство со свети Јован на што тој со задоволство се согласи. Точните зборови не можам во целост да ги запазам, но ќе го парафразирам она кое тој ни го раскажа: “ Мојот татко, исто така, беше свештеник. Кога јас имав девет години, отидовме заедно во манастирот Ново Дивеево1 во Њу Џерси. Во тој период таму беше дојден свети Јован Шангаски и Сан Франциски. Тој служеше литургија секој ден. Кога отидовме таму, литургијата беше завршена и мојот татко ми рече да одиме во неговата ќелија, каде што тој се наоѓаше за да земеме благослов.” Пред да почне да раскажува отец Григориј, му реков: “Свети Јован, обично, по литургијата не практикуваше да зборува со некој на одредени теми, или да одговори на некои прашања зашто заради причеста и благодатта на литургијата, не сакаше да биде вознемируван од други работи.” Тој ми потврди и рече: “ Да, тоа е точно, но ние немавме нешто да го прашаме, туку отидовме само да земеме благослов на што не благослови и ништо пособено не ни рече зашто не го ни прашавме. Она кое сакам да го кажам и она што до денес ми остана во сеќавање беше: кога влеговме кај него, свети Јован ја јадеше просфората од литургијата2 и беше толку внимателен што не дозволи ниту трошка од просфората да падне на земја и сите трошки кои беа на салфетката ги изеде и внимателно ја исчисти за да не остане ништо на неа. Гледајте колку само тој беше внимателен со една просфора. Денес кога служам во мојот храм, гледам малите деца јадат и насекаде во црквата има трошки од просфори. Затоа неколку пати на проподед им реков на родителите да внимаваат кога им даваат просфори на своите деца за да не ронат на земја, зашто е осветена. Патем, ние кога го чистиме храмот со правосмукалка, тој отпад го фрламе во посебно место, каде што подоцна го палиме”.
      Вистинскиот настан кој ни го раскажа отец Григориј со свети Јован а и неговото искуство во храмот, ми се врежа во глава. Патем си реков: “Ако, еден ден, јас бидам свештеник, ова мора да го имам во предвид и да внимавам со просфорите.





19 Ноември, 2013то Лето Господово
Светотроитска Семинарија, Џорднвил Њујорк
1Ново Дивеево е женски манастир во државата Њу Џерси, триесет мин.оддалечено од градот Њујорк. Истиот е под јурисдикција на Руската Задгранична Црква.

2Во Руската Црква просфорите се многу помала за разлика од нашите.

No comments:

Post a Comment