Кој од нашите читатели не доживеал
нешто слично на следново? Влегуваш во
обична продавница за да купиш леб. Пред
вас во редот на касата стои средовечен
човек со мајца без ракави. Неговите
раце, а веројатно и други делови од
телото се покриени со најживописните
бои и разновидни тетоважи. Ќе се обидеш
да не зјапаш пред оваа “уметност”
бидејќи истата ќе те згрози Човекот ќе
плати и ќе излезе. Нареден си ти на ред
да платиш и пред тебе пријатна млада
жена. Погледнуваш во неа и забележуваш
дека и таа е “украсена” со различни
пирсови на носот, ушите, па дури и на
нејзините клепки. Болно е да гледате во
нејзе. Плаќаш за лебот, не гледајќи во
нејзе и излегуваш набрзина и си правиш
забелешка во мислите за друг пат да
купуваш леб од друго место.
Живееме во слободно опшество. Секој
еден има право да чини што сака со
сопственото тело, нагрдувајќи го на
било кој начин тој сака. Но дали тоа е
во ред? Дозволено ли е за православниот
христијанин, тој или таа да става пирсинг
или да го обојува телото со тетоважи?
Нашето чувство во стомакот, она што го
имавме во продавницата пред касата, ни
вели не. Но зошто? Можеме ли да ја зајакнеме
нашата внатрешна вродена одвратност
на такво физичко нагрдување со некое
рационално објаснување и аргументи?
Излегува дека можеме.
Пред се, постои директна и јасна забрана
за ова во Светото Писмо. Во третата книга
од Библијата, Левит, можеме да го прочитаме
следното: Не цртајте букви по телото
свое. Јас сум Господ, вашиот Бог (19:
28).
Понатаму, ако погледнеме во историјата
за тетоважите и пирсингот, може јасно
да се види дека постои директна врска
со паганството. Еве што Тери Ваткинс,
интернет истражувач, има да каже за ова
во својата статија под наслов “Тетоважа...
Да обожувам да но не знам на што”: Низ
историјата на тетоважите се носи знакот
на паганството, демонизмот, обожувањето
на Баал, шаманизмот, мистицизмот,
незнабоштвото, канибализмот и секое
друго паганско верување. Тетовирањети
НИКОГАШ не било поврзано со Библиските
верувања. И кога и каде и да се појавува
христијанството низ историјата –
тетовирањето изчезнува. Единствен
исклучок – во 20 век се младите,
незаинтерисирани [рамнодушни] и непослушни
христијани. Раѓањето на тетоважите
секогаш го носел плодот на паганската
религија и мистицизмот. Без исклучоц,
истражување по истражување, студија по
студија, книга по книга, корените на
тетоважа никогаш не се менуваат. Секогаш
го носи во себе паганскиот корен.
Пирсовите и тетоважите не се без
медицински опасности. Високиот ризик
на пренос на крвните болести како што
се хепатитис (жолтица) Б и С, тетанус, и
ХИВ за време на овие процедури се јасно
дефинирани и опширно документирани од
СДС (Center for Disease Control and Prevention). Еден добар
пример за ова е кога во 1961 хепатитис Б
се појави (епидемија) во градот Њујорк,
по што тетоважите беа забранети до 1997,
кога повторно беа легализирани. Се до
денес, организацијата на Црвен Крст во
Америка не дозволува на некого да донира
крв до 12 мецеси од денот кога си продупчил
пирс на своето тело или се тетовирал.
Голем е ризикот за истиот да пренесе
хепатитис или ХИВ на примачот на крв.

Знам дека оваа забелешка ќе биде
прочитана од страна на некои религиозни
луѓе кои во одреден момент од својот
живот, можеби после неколку пијалоци,
потикнати во моментот, одлучиле да
стават тетоважа или пирсинг. Господ е
милостив. Нема грев, за кој доколку
вистински се покаеме, Господ да не ни
даде простување. Ако некој има тетоважа
која може да се острани без да го ризикува
своето здравје, треба да се отстрани.
Доколку некој ги има оние пирсови или
иглички на некој дел од своето тело,
истите треба да се отстранат веднаш.
Потоа таа личност би требало да оди кај
духовниот отец (обично во неговата
парохиска црква) и преку исповедта да
побара простување од Бога за тој грев
и Бог ќе му прости, зашто Он е милостив.
И некои од нас кои што размислуваат за
тетовирање на името на нашата девојка
или дечко на грбот, предниот дел од
своето тело, или пак да прободува пирсови
на носот, ајде да сфатиме дека тоа не е
толку добра идеја.
Јереј Григориј Науменко,
свештеник во Руската Задгранична Црква
во градот Рочестар, Њујорк
и професор по Пастирско Богословие и
Омилитика во
Светотроитската Семинарија во Џорданвил.
Сите права се задржани од преведувачот.
Без негова согласност, не е дозволено
никако копирање или писмено објавување
на оваа статија.
No comments:
Post a Comment