Monday, November 27, 2017

Friendship; Другарство

It happened in Detroit, 2015




You taught me that I need to see things through the heart, not with my mouth. That day when we were walking around the city, on the way back home, I left my sunglasses in her car. The next day, when she brought them back to me, there was a message on a piece of paper that said: "the language of friendship is not words but meaning."
At the end of the day, she said to me: "Thank you for being my friend!"
O Lord, teach me to speak the language of the true friendship, the one that she spoke for it is real.
Teach me!


Ме научи дека нештата треба да ги гледам со срцето а не со устата. Денот кога шетавме низ град, на враќање ги заборавив наочарите во нејзиниот автомобил. Утредента, кога ми ги донесе, имаше порака на хартија на која што пишуваше: "the language of friendship is not words but meaning." [Јазикот на другарството не е во зборови, туку во значење]
На крајот од денот, таа ми рече: "Ти благодарам што си мој другар!"
Господи, научи ме да го зборувам јазикот на вистинското другарување...на оној на кој што таа го зборува зашто е вистински!

Научи ме!




Tuesday, November 7, 2017

Нема љубов без Твојата љубов


10.28.2017 Кармел




Страшно е да се биде далеку од Тебе. Тоа не е живот, не е цел ниту пак смисла. Зошто да барам да Те видам кога Те носам? Јас сум тој кој што бега од Тебе а Ти не ми даваш да побегнам. О, какво безумие во мене тече! Каква темнина ме покрива. Подобро нека се отворат горите овде и да ме проголтаат отколку јас да се оддалечам од Тебе. Ако Ти не ми беше светлината на мојот живот, одамна ќе потонев во калта. Не го одвраќај лицето Твое од мене. Нема живот без Тебе. Нема љубов без Твојата љубов. Кога Те имам Тебе, имам се. Ти си моето се!
Јас како едемист, имам желание да ја воспевам Твојата вечна убавина која почива во Тебе, а која истата Ти ја всади во тие непристапни предели во секое човечко тело. Ах, така силно жеднеам - апсириран по Светлината, да созерцавам за Тебе, Животворната и Неразделна Троица Света! Ако во водата се погребува гревот, тогаш со моите солзи очисти ме и во бањата на покајанието оддели го гревот од телото за да бидам бел како снег. Сонцето го знае својот запад, а јас катадневно го промашувам патот по кој што треба да чекорам за да останам чист пред Тебе. Просам од Тебе да ме направиш стремлив, посакувано битие кое е жедно да се обожува во Светлината која вечно свети. Зашто дури и во воздухот се чувствува присуството Твое. Низ секој здив срцето го топли со таа Светлина, а духот и телото како живи битија сведочат дека Ти ме создаде по Твојот образ и подобие.
Колку само посакувам целосно и чисто да го подарам моето срце на Тебе. Всушност, да се дадам себе си. Тоа само знае колку Те љуби и покрај сите пакости и прегрешенија, на крај пак кон Тебе ќе повика. Многупати посакувам да Те прегрнам. Говорам како човек. Но знам дека пред Твоето Лице јас сум Твое создание и сум во Твоите прегратки. Како човек, заробен во своите страсти не можам а да не копнеам по тоа. Ете, така Те чувствувам поблиску до себе. Ти го остави Крстот Твој за нас, за да не турка кон вечноста. Преку него ќе продолжам да се утешувам на своите гради.
И пак, не ја одземај Твојата љубов од мене! Нека остане, нека пребива во мене за осветен преку неа да продолжам во овој свет и во вечноста да Те љубам зашто нема љубов без Твојата љубов!

Friday, July 21, 2017

Слово на матурски ручек од матурантите - 42 генерација


Од личната архива



     Ова утро поминував низ своите архиви и дојдов до овој матурски текст од нашата генерација кога дипломиравме во 2010 год., во Македонската православна богословија во Скопје. Како спомен, решив да го споделам текстот како и неколку фотографии. Истиот текст го напишавме јас и мојот соученик Александар при што го запечативме со останатите соученици. Беше прочитан од нас на официјалниот матурски ручек.


Слово
      Бог е љубов. Благодарение на љубовта и архипастирските молитви на нашите епархиски архиереи, синаповото зрно-вера која беше во нас кога се запишавме во Богословијата израсна во дрво, под чија сенка ќе се засолнуваат сите души кои што ќе чекорат по спасоносниот пат.
Овде научивме да љубиме, да другаруваме, да се жртвуваме, да плачеме со расплаканите и да се радуваме со радосните. Ја видовме вистинската светлина, го примивме Духот небесен. Ја најдовме верата вистинска, на Неразделната Троица и се поклонуваме, зашто таа не спаси нас. Научивме Која е вистинската Светлина, Која никогаш не заоѓа – Троичниот Бог: Отецот, и Синот, и Светиот Дух.
Нема да ги заборавиме и светиите, по чии молитви се спасуваме. Читајќи ги житијата, од нивниот пример научивме како да бидеме силни во верата, да се бориме за неа од еретиците и да ја чуваме Црквата од разни напасти.
Ваше блаженство, со длабока метанија ја изразуваме нашата благодарност за Вашите молитви архипастирски. Како што Вие и Вашите браќа архиереи сте столбовите на Црквата наша Македонска, така ќе ја изразиме нашата благодарност кон Вас за сè што имате направено, така што ќе бидеме последователи на Светиклиментовото слово. Со науката која овде ја примивме полесно ќе се справуваме со искушенијата и бремето на нашата паства.
Нашиот отец, неговото високопреосвештенство г. Агатангел со многу жртви, поттикнати од неговата родителска љубов придонесе за непречено образување на нашата вера и за тоа ќе му бидеме секогаш благодарни.
Го поздравуваме и Наставничкиот совет при оваа духовно научна институција и кон нив искажуваме ГОЛЕМА благодараност за науката која ни ја предадоа.
Нашата благодарност ја искажуваме кон нашиот класен раководител, проф. Момчило Павловиќ, како и до пратеникот, Неговото високопреподобие г. Нектариј.
Но нашето дело не завршува овде. Ветуваме дека со нашите сили ќе се надоградуваме во спасоностаната наука и ќе се покажеме достојни служители пред престолот Христов, каде достојно ќе ги подигнеме Светите дарови и ќе благодариме од од сите и за сè!
Благодарејќи Му на Бога за сè што ни дал да Му се обратиме со оваа молитва:
Боже,
направи да бидеме едно семејство
што живее во едно срце,
со една љубов,
како еден човек,
по предвечната Твоја промисла за првородениот Адам!
и

никогаш да не заборавиме дека нашиот брат е нашиот живот!


Monday, July 17, 2017

До сите Вас, Возљубени!


Драги мои возљубени,


     Ви пишувам јас, Стојан кој што го познавате и кој што секогаш ќе остане истиот. Со една искрена молба од срце која што тлее во мене и ме гори и сакам да ја пренесам таа љубов зашта со неа ќе најдеме милост пред Бога. Како и да е, да не должам многу. Денес длабоко размислував како да го почнам овој текст, оваа моја прозба, и дојдов до заклучот дека најдобро е тоа да го сторам јавно. И онака многумина кои што ќе го читаат овој тект, ме познаваат, така да нека биде вака.
        Ќе се потрудам да бидам краток. За мене лично, прекрасно е чувството кога помагаме на оние на кои што им е потребна нашата помош. Да Му служиме на Бога и да им помагаме на бедните е радост, блаженство… Сакам со Ваша помош да основаме (нека почне со движење – movement) организација под името “Свети Јован Шангајски и Сан Франциски,” во која што ќе придонесуваме и помагаме на оние на кои што им е потребна помош. Подетално, се работи за следново: Јас веќе, според своите сили подржувам неколку семејства (заради нивната нужда се осмелувам да нагласам дека “јас” им помагам), но јас не сум во Македонија и лично не можам да учествувам. Заради тоа, сакам Вас да Ве поврзам во ова. Конкретно, сум фокусиран на неколку семејства со дечиња. Мојата идеја е, за почеток, некои од Вас да почнат да се грижат за тие дечиња и семејства. Како? Еднаш во месецот да се прошетаат, да ги однесат на ручек, одвреме-навреме да им купак некои работи, да ги носат на Божествена литургија и сл. Да бидам јасен: Јас од Вас НЕ барам материјални средства како пари и сл, туку како така јас ќе се снаоѓам да снабдувам за оваа намена. Од Вас она кое го просам е Вашето време, пожртвуваност, волја и љубов. Сакам некој да биде со тие деца и семејства, да ги прегрне, да им каже дека не се сами, да стојат зад нив, да плачат во тагата нивна и да се радуваат на нивната радост.
         Многумина знаете дека јас пораснав во дом. Ќе Ви кажам нешто: таму имавме се материјално, но сепак имаше празнина во нас. Личната љубов, дали од родител или ближен беше отсутна, а на децата всушност тоа најмногу им е потребно. Им треба љубов, за да се почувствуваат љубени, а ќе научат кога постарите ќе им покажат љубов. Таа љубов на многумина таму им недостигаше. 
Со ова кажано, сакам Вие, моите ближни (кој е во можност), да застанеме зад нив и да им покажеме колку ги љубиме. Неодамна размислував за Св. Јован Шангајски и Сан Францисцки како тој основа детски дом и се грижеше за сираците и напуштените. Имало настани кога наоѓал бебиња во отпад на улиците и ги зимал при себе. Домот толку се полнел со сираци што оние кои му помагале негодувале да тој престане да носи деца зашто не можат да ги прехранат. Што правел тој? Се качувал на вториот спрат во својата ќелија, и како што ми раскажа еднаш една жена која порасна таму, “слушавме неколку пати бум, бум… Се молеше на Бога со метании да помогне и утредента помош пристигнуваше.” Неколку од нив кои бев сподобен да ги запознаам, буквално пораснаа со Св. Јован и како што тие ми велеа, тој им бил мајка и татко. 
       Возљубени познаници, само Бог знае колкаво желание таам во себе за оваа намера, да навистина дадеме сè од себе и да им подариме љубов на оние на кои им недостига.
        На крај, уште еднаш ќе напишам, Ви се обраќам на сите но Вие ги знаете своите сили. Доколку не можете, барам од Вас да се молите да Бог отвори пат и да успееме оваа идеја да стане реалност. Оние кои што се спремни за ова дело, Ви се обраќам да ми пишете приватно на Facebook, или на email. Понатаму јас ќе создадам приватна група каде што оние кои ќе учествуваат во ова, да бидат членови во истата и таму ќе развиваме идеи и начини како да им помагаме и љубиме.
          Се надевам дека правилно ќе бидам разбран од сите Вас!
                 Со многу љубов од далечната Калифорнија,
                                           Стојан Андов
                                        Кармел, Јули 2017


Email: Stojance91@yahoo.com


Wednesday, June 28, 2017

Болка и исцеление!


О, човеку, речено ти е што е добро,
и што бара од тебе Господ;
да работиш правично,
да сакаш милосрдни дела
и смирено да врвиш пред твојот Бог.”
Михеј 6.8

Кармел, Калифорнија, Јуни 2017





Сите сме добри, само нашиот стремеж да чиниме зло и да се оддаваме на страстите, не прави да бидеме лоши, а честопати и непослушни. Господ стои веднаш до нас, на нашата страна, но ние му го вртиме грбот и одиме по друг - свој пат. Така одејќи, наликуваме, или со потешки слова, стануваме како избраниот народ во пустината. Зошто за влезот до Ветената Земја им беа потребни четириесет дена? Таа Земја буквално им беше пред “нос.” Заради неверноста, непослушноста и тврдоглавоста кон Бога, Он ги свртуваше на другата страна од пустината.
И пак, човекот не е лош по природа. Кога некој ќе ни попречи во нешто, во нашите замисли, инстинктивно како суштествени паднати битија почнуваме да го убиваме во помислите. Да не даде Бог, тоа во тело да се случи! “Убиваме” зашто избрзуваме. Некако или заради нешто, тоа избрзување ни е континуација при секој нов судир. Ќе се одвикнеме ли од ова? Тоа не знам, но знам дека доколку продреме во срцето на тоа битие, кристално ќе видиме дека истиот носи во себе доброта, но слабоста негова (а истата е и наша), го сопнува да падне и да биде запленет од “другарот на лошото.”
Зошто седнав ова да го пишувам? Всушност започнав да пишувам во телефон, во моите notes, но денес го завршувам. Дојдов со вакво размислување и донекаде заклучот денес (моите notes покажуваат дека го запишав на 11ти Април), додека зборував со еден другар. Ја споделуваше со мене тежината на животот. И јас, како битие со слабости и тежненија, му реков дека такви периоди не го досегнуваат само него, туку сите нас. Кога таква тежина ќе затропа на мојата врата, и јас размислувам како мојот другар: “зошто само мене ми се случува ова?” Но не, не е така. Прво, во животот не тече мед и млеко. Второ, подобро е и што не тече зашто инаку нема да научиме што е борба и како да се браниме. Без Голгота, нема Воскресение. Овие слова често ги изговарам, а и ги пишувам во своите текстови. И ќе продолжам зашто вистина е. Голготата е потребна за сите нас зашто само така ќе се спасиме. Крстот не е потежок од нас. Како луѓе “кукаме” дека е тежок ама не е потежок од нас. Издржлив е. Образецот на Издржителот на Голгота ја имаме сите. Треба истиот да го земеме и да почнеме да го имплементираме во нашиот живот. Знам, едноставно е да се напише ама не така лесно да се стори. Кога ќе почнеме со “baby steps,” ќе се постигне. Со други зборови, треба да го гледаме изворот, а не реката, почетокот, а не исходот.
Во врска со ова, старец Тадеј го има изустено ова: “Треба да се опуштиш. Не ги земај премногу грижите на овој свет на себе, туку чувај го својот мир и живеј со Бога. Нека оди како оди…”
Е па драг пријателе, немам многу години за да споделувам од својот живот но ќе ти го кажам следново: до сега, поминав низ неколку свои Голготи и кога крстот ми тежеше, тие солзи на тежина, таа омарнина, на Христос му ги принесував и барав Тој да ме утеши и знаеш што? Чувството на таа утеха е беспределно, блажено и чудесно. Кога ќе бидеш во тие тегоби, побарај го Него и ќе се одмориш од бремето.
И уште нешто за кое на почетокот не сакав да верувам дека е вистина, но е:  Да се живее во полнотата на Христос, треба да се страда. Тоа го вкуси Тој на овој свет и ни покажа како да го правиме секој чекор кон тоа страдање кое е украсено со Воскресение.
Господи, научи не да исцелуваме, а не да рануваме!



Monday, May 15, 2017

За во сите денови на мојот живот!

Кармел, Калифорнија
Мај, 2017


Господи, дај ми жива вода да пијам која ќе тече во живот вечен!

Господи, поливај ја засадената љубов Твоја во мене за да порасне и да го даде својот плод!

Господи, дај ми да пијам од словата Евангелски!

Господи, освежувај ме во океанот на Твојата вечна Оаза!

Господи, надградувај ме со усрдна молитва во горите.

Господи, преку песокта морска, потсетувај ме колку е голема Твојата милост.

Господи, научи ме да бидам вистински поклоник во дух и вистина, со срце и душа, зашто Отецот сака такви да бидеме!

Господи, научи ме да Ги препознавам Твоите слова, за кога ќе Те сретнам крај изворот, да Те слушнам: "Јас сум, кој зборува со Тебе."

Господи, стори чудо на моето огреховено телесно падение и подигни го!

Господи, дозволи ми со Тебе да умрам за со Тебе да живеам!

Господи, научи ме да го љубам својот ближен кој што денес го соблазнив со своите дела.

Господи, од детинтсвото свое се впуштив во Светите Писанија кои носат спасение, а Ти научи ме да пловам во нив.

Господи, научи ме добро да се борам, патот да го завршам и верата да ја запазам.

Господи, научи ме да расудувам со праведен суд.

Господи, научи ме повеќе да љубам отколку да бидам љубен.

Господи, научи ме да го познаам и барам патот на мудроста.

Господи, го барам Законот кој трае вечно зашто тоа е показател на Вечноста.

Господи, стори да не плаши моето срце, туку да верува во Тебе!

Господи, подржи ме да внимавам на Твоите повеленија додека уште ми е оставено верувањето за влегување во Твојот спокој!

Господи води не сите во Ветената земја на радоста, во светлината на Твојата слава, придружена со милост и правда.

Во далечината, зад таа планина, каде што аријата вдахновува, во утрото го видов изгревањето на сонцето. Тоа е издигање на небото!
Дојди, дојди Господи зашто запустува душата моја во овој свет. Облечи ме во костретот на молитвата за во сите денови на мојот живот да Те призовувам!



Friday, April 14, 2017

Unintentional mistakes during Easter (Pascha) that we Christians make!


April 13, 2017
Holy and Great Thursday


     This evening we finished the church service with the reading of the twelve Passion Gospels of our Lord Jesus Christ. He was crucified for us, to redeem us from the primordial sin and bestow us eternal life. This evening we begin the Great and Holy Friday, the day when Christ will be crucified, a day when the whole creation pauses in a struggle to understand the great mystery. For us, the Orthodox Christians it is a day of strict fasting, when we abstain from food and drink through the day, for as long as we can. We also abstain from work and any activities that take us away from the Cross.
     When we contemplate about the terrible sufferings followed by the Crucifixtion, we can get a bit of sense what He did for us and our salvation. I often think of that and every time I think about His sufferings, my heart troubles from the pain and anguish He had. And over all, that terrible pain for me and for every single human being. For God so loved the world that He gave His only begotten Son to die for us (John 3:15). What a love! What a great love of God towards us, the unobedient children. To die for this world, it means to put aside all concerns at the hands in the One Who holds the world with His Love. To die for this world, it means to revive for the sacrifice which shines from the eternity on daily bases – a Sacrifice that had been offered for everything created.
      There is something that made me write this journal this evening as I was not planning. However, contemplating this evening about the Passions of our sweet Lord Jesus Christ, I wanted to set down and express a sadness that happens every year. We Christians across the country celebrate Easter (Pascha). Have we truly understood its meaning and the essential of it (Easter)? A friend of mine today inspired me to write this down. I met him recently, a lovely young man, full with enthusiasm. From what he told me, he is not religious, but believes in God. Nothing new to me. To all honesty, I feel sorry for those who are not religious, but spiritual. It is like you are chasing your own shade throughout your life and you never get to touch it, neither experience it. Anyway, I will not go further with this one. Perhaps, at another occasion.
A few days ago, I texted him where I invited him to come for Easter at the church where I go to as well as for a Easter reception at my priest's house or the one In San Francisco (I wasn't sure yet which one I was going to) which takes place every year. He texted me back that he cannot come because he will be working until 2am. His response was that on Sunday he will be with his family.
     I took him as an example, but I see same situation among the Americans. Is Easter all about family gathering? What is even worse, we don't even know how to greet each other properly. Instead of saying “Christ is Risen,” we hear around “Happy Eater.” Easter is not about gathering with the family. Yes, family is part of it, but what is the most important part of the feast? We do not built a house from the roof and finish up with the foundations, but it's other way around. Easter is about celebrating the Glorious Resurrection of our Lord Jesus Christ. How can we celebrate this Feast of the Feast? We, as Christians, must attend Easter church service where after the announcing the Resurrection (Easter), we go home where we gather with our family and greet each other with “Christ is Risen.” What a joy to attend the Easter church service and then that joy to bring at home and greet others! There is something special that cannot be explained about the Easter service, indeed. Only those who have attended, would understand what I am talking about. The grace of the Resurrected Lord is immensely and there is nothing left except to rejoice and eat from the “food of the Feast.” Where else we are going to experience this? At home, while having lunch with our family on Easter and have fun? At work? At the club or by simply saying “Happy Easter?” For us, Christians, the church as the Body of Christ, the Easter church service is the place where we hear the glorious announcing “Christ is Risen.” That's where the Feast begins and from there we bring the festive grace in our home and we spread among our dear ones as one holy elder would say: If young people would taste the grace of God just once, it would take a crane to pull them out of His church.
      Our Lord Jesus Christ died for us and for our salvation, to redeem us from the sin. The salvation for the human race was sealed by His Resurrection. This is the essential. Therefore, let us not forget the true meaning and proper celebration of Easter. Many of us celebrate Easter as we were thought. Some of us are not educated enough in it. However, it is not mistake not to know. But when we know that is not proper and we continue to do things on our own way that's when a mistake becomes mistake. There is always time to correct ourselves and offer to Christ a pure and proper celebration for His Resurrection. Therefore, let us give our attention of celebrating His Resurrection properly as it should be for each of one of us Christians. We, Christians, express our faith in actions. Let those actions of ours tell our family, our friend, our neighbors, our beloved one and tell to the whole world “CHRIST IS RISEN!”

                Resurrect our fallen hearts, O Lord!
Andov S.














Saturday, April 8, 2017

Пасха! Easter!

The English version of the text is below the Macedonian


"На Пасха [Велигден], најважно е нашето заедништво со Воскреснатиот Христос кој што е манифестиран преку Светите Тајни на службата за кои што постојано се молиме на службите во Великиот Пост.
Заминувајќи од Велигденската служба, пред да заврши литургијата, е грев. Тоа е резултат на недостиг на неразбирање на службата. 
Ги повикувам сите да учествуваат целосно во Божествениот банкет на Воскреснатиот Христос - на Божествена Литургија, а потоа, по нејзиното завршување, да ја објават добрата вест за Христовото Воскресение и да се поздравете еден со друг со овој симбол на Воскресението."
Свети Јован Шангајски и Сан Франциски 

Значи драги мои, не одиме на Велигден во црква за само да "свртиме" три круга околу црквата, да се кршиме со јајце и да си одиме. Потребно е да останеме до крај на литургијата и по можност и да се причестиме. Така достојно како православни христијани ќе го прославиме Воскресението Христово. 


"What is most important on the holy day of Pascha is our communion with the Risen Christ, which is principally manifest in the reception of the Holy Mysteries at the holy service, for which we repeatedly pray in the service of Great Lent.
Leaving the Paschal service before the end of Liturgy is a sin - or the result of a lack of understanding of the church service.

I call upon all to fully participate in the Divine banquet of the Risen Christ - the Holy Liturgy, and then, at its conclusion, to announce the good news of Christ's Resurrection and greet one another with this symbol of the Resurrection."
Saint John of Shanghai and San Francisco

Well, dear ones, we do not go to church on Easter only for the procession around the church and to say to each other "Christ is Risen." We must stay to the end of the Liturgy and if possible, to receive Holy Communion. Only then, as Orthodox Christians, we will celebrate the Resurrection of Jesus Christ (Easter) as it should be.





Sunday, February 19, 2017

Болка до срце!


Декември, 2016
Со сите рани Свои за сè слатко рани ме,
за љубов кон Тебе!



      О, Господи, нема ли да ми дозволиш мене, на Твојот слуга, да се помолам пред Тебе да му дадеш на нашето срце семе, и на разумот наш очистување, за да даде плод, од кој би можел да живее секој распадлив, што ќе го носи името човек? 3 Ездра 8.6
      Во ноќта во која шумниот звук на океанот го надвишуваа моето молење, Тебе Ти зборувам. Крај овие брегови постои мир кој ублажува. Бучното шумење на брановите по малку ме плашат, но не затоа што се плашам по природа туку заради тоа што душата ми е мачно нажалена. Дали Си во Тивкиот ветар или во овој океански шум не знам, но Ти имаш Свој начин да ме слушнеш. Далеку сум од Тебе. Далеку сум од благолепието на Твојот дом. Далеку сум од себе. Воскреснуваат ли вечерва зборовите? Се распукува ли патот до срцето зашто многу го ранив, а неговите солзи мелат сé пред нив? Последните неколку денови се плашев да Ти се обратам со своите редовни моленија. Колку повеќе тоа го чинев, толку ја ранував душата. Вечерва, таа не издржа зашто се оддалечував од Тебе. Солзите течат, но овој пат и ќе печат зашто сето мое битие Те бара. Ти си Единствениот кого што најмногу го сакам. Ти си единствениот кого што од детинството свое Те љуби. Твоето отсуство за мене е болка до срце. Со своите дела, бурните години сакаат да ме оддалечат од Тебе. Борбата е тешка и често губам. Во оваа вечер, сакам да ти речам нешто: Те молам не заборавај дека многу Те сакам! Ти си ми сè! Ти си мојот сладок Исус со кого што ќе се фалам и оправдам. Знаеш дека не катадневно, ниту пак минутно, но во секоја секунда од моето битисување Те носам и мислам на Тебе.


       Имам толку многу да Ти кажам колку Те сакам, но не можам да го искажам. Љубовта невозможно е да се опише. Невозможно е да не Те љубам. Ако тагувам, по Тебе тагувам. Навистина едиствената личност на кого што вистински му имам кажано “те љубам,” си Ти. Знам дека го знаеш тоа, а мене пак ми е благо на душата уште еднаш тоа да Ти го кажам. Човек сум и одвреме-навреме имам потреба да ти ги искажам моите чувства. Кога размислувам за Тебе и за Твоето човекољубие, очите ми стануваат повесели од виното и забите побели од млеко (1 Мој 49.12). Милоста Твоја е голема зашто ми го спасуваш животот, ја чуваш душата да не се зацрни од прегрешенија. Видов колку и да го одложувам своето покајание, својата внатрешнина не дозволува за долго, туку се распукува и бара да Ти принесам чиста бескрвна жртва, како оваа: “прости ми, согрешив Оче!” Со тага во адот ќе појдам, но срцето и умот нема да ги дадам. Барам од Тебе во добрите дела да станам силен како Нимрода. Да бидам ловец на добри дела – ете, тоа ќе ме исполнува низ животот свој. Кој е добар ловец пред Бога како Нимрод? Која душа е блажена заради постојаната и чиста љубов кон Бога?
Секојдневно, во новите утра кога се будам, кога ги отварам очите и ја гледам светлината на денот, влегувам со насмевка во мојот нов почеток, во мојата нова пролет. Убаво е кога во утрото на моето будење Те поздравувам со “добро утро!” Пријатно е кога знам некој има покрај мене, Кој се грижи за мене, Кој ме љуби. Силата на животот тече во моите вени. Дури и кога нивното телесното течение ќе застане, по Твојот благослов, нека течат духовните. Кога тие ќе течат, тогаш душата моја ќе Ти воздава пофалба, па ако е можно и заедно со ангелите да ја пее Трисветата песна. Ме хранеше во пустињата, ме смируваше во скрбта своја. Пак и пак, со своите гревови влегувам во Египет, каде што станувам роб на тој народ, а Ти душата моја ја бараш за да ја изведеш оттаму и да ја населиш во ветената земја каде што тече мед и мледо. Таа е богата земја, со убави полиња и планини и чисти води. Колку е мизерно, Боже, тоа што Ти ме доведе до таа земја, а јас пак се враќам во онаа другата. По словата на Твојот угодник, старец Силуан, ако е невозможно да живеам потполно како христијанин, дозволи ми барем да издивнам како христијанин. Ќе и биде пријатно на душата ако ги запише Твоите заповеди над вратата на домот за катадневно да се потсетува и да ги исполнува Твоите повеленија. Победата и спасението се од Тебе. Големи води, бурни ветришта, ниту реките не можат да ја угаснат љубовта кон Тебе. Сè додека устата моја може да говори, ќе Те благословува. Не давај да претрпам бродолом во верата зашто преку неа се крепам, утврдувам, смирувам. Таа ме учи на надеж во Тебе, Кроткиот и Смирениот Син Божји.
Ти си богат во љубовта. Ти не избавуваш од гревот што доаѓа. Тој пуст грев, син на лошиот, не му дава одмор на моето тело. Ми се чини доколку би ги броел стрелите негови, не би ги избројал. А зошто се плашам? Зошто стравувам? Зар Ти не ја победи смртта? Нели ги сотре вратите на адот за кога солзите ќе се леат, да бидат оправдани пред Тебе? Да. Да. Да. Воскресна за да ми кажеш колку ме љубиш и дека тие ѓаволски стрели не се ни малку посилни од Твојата љубов, од Твојата закрила. Мислам дека постепено почнувам тоа да го разбирам. Животот во Тебе, во Црквата, ми покажува колку е блажено да се живее со Тебе, преку Тебе и во Тебе. Никогаш нема да престанам да Ти говорам колку Те љубам. Многупати Ти досадувам и лелекам, но на кого да ја кажам тагата своја ако не Тебе? Понекогаш знам да се надевам на синовите човечки и секој пат кога го чинев тоа, тагата ми стануваше двојна. Научи ме кога барам, да барам, но надежта да не ја полагам на нив. Срцето мое не мрази, но понекогаш има гнев кон ближните. Прости ми за тоа. Не сакам да бидам таков. Научи ме безусловно да љубам. Уште Те молам засили ја мојата вера во небесните ветувања и преку Пресветата, Преблагословена и Славна наша Владичица, Богородица, сочувај не додека туѓинуваме на земјата. (Бог.псалм 121, 124).
Воздигни ги душите на Твоите чеда кон возвишена љубов. Таму, таа љубов никогаш не згаснува зашто од Тебе извира и тој извор никогаш не пресушува. Ах каква чистота, какво бисер на љубов! Често размислувам: кога овде на земјата е убаво: јадеме вкусна храна од благата на земјата, ја гледаме природната убавина на овој свет и истата има сила да не опијани со нејзината убавина, радостите низ секојдневието, колку ли повеќе Боже е убав рајот? Те молам откриј ми ја таа убавина. Чудесен си! Убав е воздухот, но уште поубав е Твојот, божествениот...
Уште Те молам направи ме да бидам усовршен и совршено подготвен во секое добро дело, а кога ќе заминам, да заминам барем со еден плод во раката. Со една лампа во која огнот (на верата) кој го таам на земјата, да продолжи да гори и онаму.
      Верни се словата на мојата уста! Како човек запишував, но срцето ги создаваше. Прими ги љубовните слова и послушај! Приведи ме во небесната татковина на вечната љубов, зашто љубовта Твоја до болка пече!
       Душо, касни ја смислата и проголтај ја мудроста. 3 Ездра 8.4
                Чудесен си, Боже!
                                 Благослови!



Wednesday, January 25, 2017

Болеста на православието во наше време!


Од разговорите со отец Пантелејмон





За американскот празник, наречен Thanksgiving, или по наше "денот на благодарноста", заминав за соседната држава Мејн да го посетам отец Пантелејмон. Тој од неодамна доби рак, и е повлечен во скит каде што тихува сам. Неговиот манастир се наоѓа во градот Бостон и истите се старокалендарци. Кога одев да го посетам во манастирот немав многу време за да разговарам со него на некои духовни теми, од причини што или јас требаше да си одам, или пак тој беше зафатен, а некогаш се повлекуваше.
Отец Пантелејмон секогаш топло ме примаше и наоѓаше време за мене. Знаеше од колку далеку доаѓам од Џорданвил за да го посетам и ми покажуваше големо гостољубие. Она кое ми остана во сеќавање од нашиот разговор при една од моите посети е следново:
Седевме во неговиот скит, покрај океанот, и јас му спомнав дека денес има една болест во православието, позната во православниот свет како “болеста на филитизмот” (национализмот). Наместо да бидеме Христови, ние сме македонци, грци, бугари, срби, а на второ место Христови.
Отец Пантелејмон ми раскажа еден настан со отец Георги Флоровски, теолог кој што е доста познат во православиот свет. Истиот настан отец Георги му го раскажал на отец Пантелејмон во крајот на шеесетите. Тие лично се познавале и биле добри пријатели. Во почетокот на 60 тите дошол Митрополит Никодим од Лелинград, владика во Њу Делхи во Индија и за прв пат се сретнал и имал можност да се запознае со отец Георги Флоровски. Тогаш митрополитот му рекол дека сака да го праша нешто и му рекол: го ценам твоето теолошко познавање, ти си многу познат во светот, ние ги читаме твоите книги, голем теолог си и чест ми е што те запознав денес. Кажи ми, зар никогаш не чувствуваш носталгија дека не си во црквата во која беше крстен? Отец Георги Флоровски му одговорил: Јас бев крстен во Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква. Јас никогаш не се почувтсвував, не сум помислил дека сум надвор од Црквата од која бев крстен.
Тогаш митрополитот Никодим му рекол: “ Но ние сме руси. Со тоа сакал да му каже дека е под јурисдикцијата на Константинопол, а не под руската. Отец Георги Флоровски му одговорил: да, јас сум русин, но јас бев роден во Одеса, кој што истиот град во свое време беше под јурисдикција Константинопол. Всушност сета таа област во свое време била под Грузиска јурисдикција.
Понатаму, мојот разговор продолжи со отец Пантелејмон на тема проблемот со национализмот во наше време и тој ми рече: Има добар и лош патриотизам. Побарав од него да ми ги објасни “добриот” и “лош” патриотизам при што тој продолжи: Првото е верата - да бидеш православен, а потоа да ја сакаш својата земја. Кога си верник, тогаш прво имаш чист ум, а кога имаш лист ум, тогаш можеш да чекориш понатаму.
Низ своето животно време во САД, гледам дека национализмот навистина доминира како прв пред Христос. Многупати, кога ќе запознаам православни млади а некои од нив нови во православието (новокрстени), на моето прашање од каде се (по вера), ми одговараа: “грк-православен,” “србо-православен...” Повеќето од нив ги прекинував а со некои и спорев при што им говорев: “Не си грк, туку си Христов. Научи постојано да го ставаш Христос пред твојата земја. Ние сме Христови, а потоа љубители на својата земја.”
Господи, научи не да бидеме Твои!