Wednesday, January 25, 2017

Болеста на православието во наше време!


Од разговорите со отец Пантелејмон





За американскот празник, наречен Thanksgiving, или по наше "денот на благодарноста", заминав за соседната држава Мејн да го посетам отец Пантелејмон. Тој од неодамна доби рак, и е повлечен во скит каде што тихува сам. Неговиот манастир се наоѓа во градот Бостон и истите се старокалендарци. Кога одев да го посетам во манастирот немав многу време за да разговарам со него на некои духовни теми, од причини што или јас требаше да си одам, или пак тој беше зафатен, а некогаш се повлекуваше.
Отец Пантелејмон секогаш топло ме примаше и наоѓаше време за мене. Знаеше од колку далеку доаѓам од Џорданвил за да го посетам и ми покажуваше големо гостољубие. Она кое ми остана во сеќавање од нашиот разговор при една од моите посети е следново:
Седевме во неговиот скит, покрај океанот, и јас му спомнав дека денес има една болест во православието, позната во православниот свет како “болеста на филитизмот” (национализмот). Наместо да бидеме Христови, ние сме македонци, грци, бугари, срби, а на второ место Христови.
Отец Пантелејмон ми раскажа еден настан со отец Георги Флоровски, теолог кој што е доста познат во православиот свет. Истиот настан отец Георги му го раскажал на отец Пантелејмон во крајот на шеесетите. Тие лично се познавале и биле добри пријатели. Во почетокот на 60 тите дошол Митрополит Никодим од Лелинград, владика во Њу Делхи во Индија и за прв пат се сретнал и имал можност да се запознае со отец Георги Флоровски. Тогаш митрополитот му рекол дека сака да го праша нешто и му рекол: го ценам твоето теолошко познавање, ти си многу познат во светот, ние ги читаме твоите книги, голем теолог си и чест ми е што те запознав денес. Кажи ми, зар никогаш не чувствуваш носталгија дека не си во црквата во која беше крстен? Отец Георги Флоровски му одговорил: Јас бев крстен во Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква. Јас никогаш не се почувтсвував, не сум помислил дека сум надвор од Црквата од која бев крстен.
Тогаш митрополитот Никодим му рекол: “ Но ние сме руси. Со тоа сакал да му каже дека е под јурисдикцијата на Константинопол, а не под руската. Отец Георги Флоровски му одговорил: да, јас сум русин, но јас бев роден во Одеса, кој што истиот град во свое време беше под јурисдикција Константинопол. Всушност сета таа област во свое време била под Грузиска јурисдикција.
Понатаму, мојот разговор продолжи со отец Пантелејмон на тема проблемот со национализмот во наше време и тој ми рече: Има добар и лош патриотизам. Побарав од него да ми ги објасни “добриот” и “лош” патриотизам при што тој продолжи: Првото е верата - да бидеш православен, а потоа да ја сакаш својата земја. Кога си верник, тогаш прво имаш чист ум, а кога имаш лист ум, тогаш можеш да чекориш понатаму.
Низ своето животно време во САД, гледам дека национализмот навистина доминира како прв пред Христос. Многупати, кога ќе запознаам православни млади а некои од нив нови во православието (новокрстени), на моето прашање од каде се (по вера), ми одговараа: “грк-православен,” “србо-православен...” Повеќето од нив ги прекинував а со некои и спорев при што им говорев: “Не си грк, туку си Христов. Научи постојано да го ставаш Христос пред твојата земја. Ние сме Христови, а потоа љубители на својата земја.”
Господи, научи не да бидеме Твои!

No comments:

Post a Comment