Кармел, Калифорнија
Мај, 2017
Господи,
дај ми жива вода да пијам која ќе тече
во живот вечен!
Господи,
поливај ја засадената љубов Твоја во
мене за да порасне и да го даде својот
плод!
Господи,
дај ми да пијам од словата Евангелски!
Господи,
освежувај ме во океанот на Твојата вечна
Оаза!
Господи,
надградувај ме со усрдна молитва во
горите.
Господи,
преку песокта морска, потсетувај ме
колку е голема Твојата милост.
Господи,
научи ме да бидам вистински поклоник
во дух и вистина, со срце и душа, зашто
Отецот сака такви да бидеме!
Господи,
научи ме да Ги препознавам Твоите слова,
за кога ќе Те сретнам крај изворот, да
Те слушнам: "Јас сум, кој зборува со
Тебе."
Господи,
стори чудо на моето огреховено телесно
падение и подигни го!
Господи,
дозволи ми со Тебе да умрам за со Тебе
да живеам!
Господи,
научи ме да го љубам својот ближен кој
што денес го соблазнив со своите дела.
Господи,
од детинтсвото свое се впуштив во Светите
Писанија кои носат спасение, а Ти научи
ме да пловам во нив.
Господи,
научи ме добро да се борам, патот да го
завршам и верата да ја запазам.
Господи,
научи ме да расудувам со праведен суд.
Господи,
научи ме повеќе да љубам отколку да
бидам љубен.
Господи,
научи ме да го познаам и барам
патот на мудроста.
Господи,
го барам Законот кој трае вечно зашто
тоа е показател на Вечноста.
Господи, стори да не плаши моето срце, туку да верува
во Тебе!
Господи,
подржи ме да внимавам на Твоите повеленија
додека уште ми е оставено верувањето
за влегување во Твојот спокој!
Господи
води не сите во Ветената земја на радоста,
во светлината на Твојата слава, придружена
со милост и правда.
Во
далечината, зад таа планина, каде што
аријата вдахновува, во утрото го видов
изгревањето на сонцето. Тоа е издигање
на небото!
Дојди,
дојди Господи зашто запустува душата
моја во овој свет. Облечи ме во костретот
на молитвата за во сите денови на мојот
живот да Те призовувам!
No comments:
Post a Comment