Од личната архива
Ова
утро поминував низ своите архиви и
дојдов до овој матурски текст од нашата
генерација кога дипломиравме во 2010
год.,
во Македонската православна богословија
во Скопје. Како спомен, решив да го
споделам текстот како и неколку
фотографии. Истиот текст го напишавме
јас и мојот соученик Александар при што
го запечативме со останатите соученици.
Беше прочитан од нас на официјалниот
матурски ручек.
Слово
Бог
е љубов. Благодарение на љубовта и
архипастирските молитви на нашите
епархиски архиереи, синаповото зрно-вера
која беше во нас кога се запишавме во
Богословијата израсна во дрво, под чија
сенка ќе се засолнуваат сите души кои
што ќе чекорат по спасоносниот пат.
Овде
научивме да љубиме, да другаруваме, да
се жртвуваме, да плачеме со расплаканите
и да се радуваме со радосните. Ја
видовме вистинската светлина, го примивме
Духот небесен. Ја најдовме верата
вистинска, на Неразделната Троица и се
поклонуваме, зашто таа не спаси
нас. Научивме
Која е вистинската Светлина, Која никогаш
не заоѓа – Троичниот Бог: Отецот, и
Синот, и Светиот Дух.
Нема
да ги заборавиме и светиите, по чии
молитви се спасуваме. Читајќи ги житијата,
од нивниот пример научивме како да
бидеме силни во верата, да се бориме за
неа од еретиците и да ја чуваме Црквата
од разни напасти.
Ваше
блаженство, со длабока метанија ја
изразуваме нашата благодарност за
Вашите молитви архипастирски. Како што
Вие и Вашите браќа архиереи сте столбовите
на Црквата наша Македонска, така ќе ја
изразиме нашата благодарност кон Вас
за сè што имате направено, така што ќе
бидеме последователи на Светиклиментовото
слово. Со науката која овде ја примивме
полесно ќе се справуваме со искушенијата
и бремето на нашата паства.
Нашиот
отец, неговото високопреосвештенство
г. Агатангел со многу жртви, поттикнати
од неговата родителска љубов придонесе
за непречено образување на нашата вера
и за тоа ќе му бидеме секогаш благодарни.
Го
поздравуваме и Наставничкиот совет при
оваа духовно научна институција и кон
нив искажуваме ГОЛЕМА благодараност
за науката која ни ја предадоа.
Нашата
благодарност ја искажуваме кон нашиот
класен раководител, проф. Момчило
Павловиќ, како и до пратеникот, Неговото
високопреподобие г. Нектариј.
Но
нашето дело не завршува овде. Ветуваме
дека со нашите сили ќе се надоградуваме
во спасоностаната наука и ќе се покажеме
достојни служители пред престолот
Христов, каде достојно ќе ги подигнеме
Светите дарови и ќе благодариме од од
сите и за сè!
Благодарејќи
Му на Бога за сè што ни дал да Му се
обратиме со оваа молитва:
Боже,
направи
да бидеме едно семејство
што
живее во едно срце,
со
една љубов,
како
еден човек,
по
предвечната Твоја промисла за првородениот
Адам!
и
никогаш
да не заборавиме дека нашиот брат е
нашиот живот!
No comments:
Post a Comment