Sunday, March 6, 2016

Четвртина век!!



4-ти Март, 2016
една четвртина век од раѓањето по тело.
Кармел, Калифорнија





    Во мисла сум. Дали животот е кус, како полски крин кој денес е тука, а утре го нема? Или пак долг како постојаното струење на ветерот? 
    Блажено е славењето на животот со природата, зашто таа не учи уште повеќе да го златосуваме животот.
    Често размислувам што се добиваме од природата, а така лесно го поминуваме? Еве признавам, го сакам сонцето зашто неговата топлина ме грее. Го сакам дождот зашто ми помага да си го спомнам прочистувањето на душата. Те сакам Тебе, зашто Ти си мојот сладок Исус. Ти си мојот Создател и во Тебе јас ќе се оправдам.
    
    Кога бевме мали секогаш постарите ни велеа пред да ги дувнеме роденденските свеќи, да си замислиме желба. Јас, денес, во оваа четвртина од век живеење го просам ова желание: Упати ги моите чекори по Твоите слова и чувај ме од секакво безаконие. Ти исполни ја мојата уста со пофалби кон Тебе, а јас додека телото свое го носам да не престанам да те воспевам и благодарам! Ти позволи нов крин да изникне, а јас понизно барам од Тебе не престанувај го да полеваш го Твојата благодат зашто ако престанеш, тој ќе овене!
       Се ли исчезнува во ноќта кога се умира? 
    Јас умирам секој ден во тага и во страдање, но се радувам зашто верата се уште стои во мене. Таа ме одржува! Чудо е каде не носи промислата Божја. Мене срцето ми е исполнето со љубов и синовско благодарение.

                                                      Ти благодарам за ова четвртина век живеење!
                                                                                                              Благослови!










No comments:

Post a Comment