Март
12, 2016
Кармел,
Калифорнија
“Ете,
младоженецот доаѓа на полноќ
и
блажен е оној раб што ќе го најде буден!”
Синоќа, пред да си легнам размислував зошто сé нешто ни недостига во животот? Растејќи низ годините ова го видов и уште повеќе го гледам: тажни сме зашто го немаме Бога во нашите животи. Во очајание сме зашто го немаме Бога. Говориме "досадно ни е," зашто го немаме Бога. И на крајот на краиштата, во многу ситуации Он ни е виновен за нашите постапки и за тоа што животот не ни е среден? НИКОЈ, освен самите себе, не ни е виновен за тоа што сакаме да седиме на две столици. Имаме време сé светско да чиниме, а за Него си велиме “има време за тоа.” Да не дојде тоа време кога ќе плачеме и нема да се утешиме. Да не даде Бог!
Чашата
на трпението почнува да се излива а кога
ќе се излие сета...се плашам да размислувам.
Навистина
ние луѓето сме за жалење а и чудо е што
Бог се уште не трпи!
Нека
ни прости на нашата глупавост. Прво на
себе!
No comments:
Post a Comment