Thursday, February 25, 2016

Крај со промена!





Август 23, 2015, Детроит,
завршено во Кармел, КАлифорнија,

Јануари 19, 2016





Колку што на животната селидба и нема крај, толку и помислите не запираат. Кога еднаш ќе се изгорам на некое искушение, ќе си речам: “сега веќе ја знам оваа стапица, и кога лукавиот повторно ќе ја постави, ќе ја прескокнам.” Ах, колку посакував да беше така, ама не е. Повторно паѓам во истата, во време кога најмалку очекувам. Но што да се чини, мора да се стане и да се продолжи. Еден школки семинарист, а сега веќе јеромонах, ми го кажа следново: “кога некои луѓе го запрашале свети Јован Златоуст што значи да се биде христијанин, тој им одговорил дека тоа е како некој кога оди по пат, ќе падне, и повторно ќе стане.” Паѓаме, а така јуначки да му се спротиставиме на лукавиот… Но како и да е, моето раносано тело ќе продолжи да паѓа зашто подложено е на младоста а таа пак, таа си ја носи својата бура на времето. 
Каде ќе ме однесе животот? Кој ќе бидам јас и дали ќе чекорам по истиот пат? По истиот веројатно не, но барем во тој правец. Често кога се молам, барам од Севишниот да во иднината, која што е непозната за мене, каде и да бидам, што и да бидам, никогаш да не го заборавам Оној кој не ме заборави мене кога ми беше најтешко и кога бев под облакот на искушенијата. Никогаш, да не даде Бог! Одамна го земав крстот на животот, но сега кога барем малку имам сенс на расуждение, гледам дека штотуку стигнав до почетокот. И така ова се повторува. Знам дека јас не сум оној кој ќе го промени светот зашто промената започнува од себе, од внатре. До сега немав научено дека оној кој што ме кара, тој и ме љуби, а јас пак си го терам своето. Еден црноризец кој што го виде патот на мојата изгубеност,  реши да ме врати назад. Ете уште една промисла на Милостивиот. Тој знае што е најдобро за мене и кога е време за промени. На почетокот како мало младенче се лутев и во помислите го осудував. Осудував кого? Оној кого ме учи да бидам совесен, одговорен, послушен…? Некаде го прочитав следното за помислите: “Не му ги кажувај на умот намерите кои ги тлееш зашто неговата лукавост ќе те изеде.” Јас до сега немав никого зад себе кој што за одредени нешта ќе ми кажува “не.” На некој начин имав полна автономија. Од сега работите се сменија. Време и за ваква дипсиплина и не само тоа, туку сега разбирам колку е важно потчинувањето, односно послушанието. Тоа се гледа кај малечките: кога нивните родители ќе им кажат за нешто “не,” и тоа е амин за нив. И за нас возрасните треба да биде така зашто само на тој начин ќе се научиме како да се бориме против гревот. А тој од каде доаѓа? Зар не од нашата слободна волја. Апсолутно. Се плашам да помислам кога светот би бил без дисциплина и безредие. Ова ме носи да размислувам за воплотувањето на Синот Божји. Кога Тој, како Бог беше послушен до крсна смрт на Отецот, зар јас ќе чинам во својот живот што сакам? Всушност, еден отец ми рече дека ова е една од најголемите итроштини на лукавиот против нас а од која и самиот тој отпадна од Бог. Тој посака да има полна слобода, падна и сега нам, слабите, не охрабрува со такви помисли, да го чиниме она кое го посакуваме. За ова, денес сведочи светот и безаконијата во него. 
За некој друг немам право да зборувам, но за себе ќе речам дека учам од своите грешки. Во великата и славна катедрална црква, света Софија во Константинопол, биле врежани зборовите: “Изми ги гревовите свои а не само лицето.” Кој и да влезел во таа црква, го читал овој натпис. Знам дека како што паѓав до денес, така ќе продолжам да паѓам и понатаму, но сполај Му на Бога што се уште сум способен сам да станам, а не мора да чекам некој да ме крене. Кога би дошол до тој степен, тогаш… раносан ќе издивнам. 
Време е да почнам да го гледам изворот, а не реката, почетокот, а не исходот!



1 comment:

  1. КОЖНА ЧЫТАЙЦЕ ГЭТАЯ ПРАВІЛЬНАСЦЬ НА ЯК Я Атрымаў маю пазыку ад легіту і даверанае Крэдытнае прадпрыемства Мяне клічуць Керсцін Ліс, я шукаў крэдыт, каб урэгуляваць свае даўгі, усе, каго я сустрэў, ашукалі і забралі свае грошы, пакуль я, нарэшце, не сустрэў містэра Бенджаміна Брэйл Лі. Ён мог мне даць крэдыт у памеры 450 000,00 рубляў. Ён таксама дапамог іншым маім калегам. Я размаўляю як самы шчаслівы чалавек ва ўсім свеце сёння, і я сказаў сабе, што любы крэдытор, які выратавае маю сям'ю ад нашага дрэннага становішча, я скажу імя на ўвесь шырокі свет, і я так рады сказаць, што мая сям'я вярнулася назаўжды, таму што мне патрэбна была пазыка, каб пачаць усё жыццё, бо я адзіная мама з трыма дзецьмі і ўвесь свет, здавалася, вісіць на мяне, пакуль я не меў на ўвазе, што Бог адправіў крэдытора, які змяніў маё жыццё і што ў маёй сям'і, БОГ баіцца крэдытора, г-н, Веніямін, ён быў Збаўцам, які Бог паслаў выратаваць маю сям'ю, і спачатку я думаў, што гэта не стане магчыма, пакуль я не атрымаю крэдыт, і я запрасіў яго да маёй сям'і. -Усе ўдзельнік, які ён не адмовіўся, і я параю любому, хто мае сапраўдную патрэбу ў пазыцы, звязацца са спадаром Бенджамінам Брэйлам Лі па электроннай пошце па адрасе: (Lfdsloans@outlook.com), таму што ён найбольш разуменны і добры сэрдэнцкі крэдытор I калі-небудзь сустракаўся з клапатлівым сэрцам. Ён не ведае, што я раблю гэта, распаўсюджваючы сваю добразычлівасць да мяне, але я адчуваю, што павінен падзяліцца гэтым з усімі вамі, каб вызваліць сябе ад ашуканцаў, калі ласка, будзьце асцярожныя і можна звязацца з кампаніяй, якая займаецца крэдытам, напішыце нам па электроннай пошце: Lfdsloans@outlook. com ці whatsapp + 1-989-394-3740. .

    ReplyDelete