Tuesday, March 22, 2016

Жеден сум!




21ви Март, 2016
Напишано и преведено на
островот Оаху, Хаваи

Овој текст и фотографии не смеат да се копираат ниту пак објавуваат на друго место без дозвола на авторот и преведувачот!


Оваа статија покрај текстот, содржи фотографии и видеа



         Започна првата недела од Великиот Пост. Милостивиот не удостои да бидеме на Хаваи. Радоста беше голема да поминеме некое време и да се поклониме на мироточивата чудотворна икона на Богородица, Иверско-Хавајска. Истата пребива овде, во градот Ханалулу. Во среда вечерта, во шест и петнаесет отидовме во црква на служба каде што се читаше Великиот и покаен канон на свети Андреј Критски. Таму беше и мироточивата икона. Како и последниот пат кога ја видов, така и овој, сета беше облеана со миро. Штом ќе влезеш во малата црква, истото благоухание те пречекува и ти говори да се подготвиш да ја поздравиш Царицата Небесна. На крајот, кога заврши службата, хранителот на иконата, брат Нектариј отишол во една од болниците овде со мироточивата икона кај човек кој што бил во кома, римокатолик по религија. Таа вечер, среда 16ти март се случи чудо. Брат Нектариј, со благослов на неговиот духовен отец го сподели тоа со парохјаните од Хаваи. Јас го замолив истото да го споделам и помеѓу нашиот народ македонски за нивна (наша) радост и утеха од Пречистата. Еве што се случи и напиша брат Нектариј:

        “Драго парохиско семејство,
Откако зборував со мојот духовен отец, пред неколку минути, добив негов благослов да споделам чудо со нашата мироточива и чудотворна Иверско-Хавајска икона, кое се случи вчера на нашиот остров. Се надевам дека истото ќе Ви донесе утешение.
Вчера, по завршувањето на службата на Великиот Канон, бев замолен да посетам еден пациент во кома кој што се вика Дука во болницата во Каиула. Бев поканет од католичко семејство кои што истите имаат дојдено во нашиот храм да се поклонат пред Светата Икона. Всушност, еден од нивното семејство кој што имаше рак беше изцелен откако беше помазан со миро од Иверско-Хавајската Икона.
      Со службата на Великиот Канон завршивме пред осум вечер и јас пристигнав во болницата околу осум и дваесет. Неколку семејства трпеливо ја чекаа Пресвета Богородица за да не однесат до одделот на интезивна нега кај што беше пациентот. Тие не чекаа речиси два часа. Обезбедувањето ни дозволи да влеземе и зачекоривме на вториот спрат.
Забележав дека владика Јован Фредерик беше таму. Владика Јован е Халдејско – (Сириски) католички владика кој што живее овде на островот. Има мала парохија во Ваипаху. Истиот има дојдено во нашата црква неколку пати за да се поклони пред Светата Икона. Тој е високо почитуван од локалното католично население.
Иверско-Хавајската икона беше однесена во одделот на интезивна нега. Сите ние моравме да носиме маски, ракавици и сл., за да не некој од нас пренесе бактерија однадвор, стандарна процедура во болниците. Јас се приближив од младиот пациент, кој што беше во неговите четириесет години и забележав тој беше опколен и приврзан со многу апарати, цевка за дишење и сл. Ја извадив Светата Икона од нејзината футрола и ја ставив иконата на болничкиот кревет, до неговата глава. Потоа го помажав во Свето Миро.
        Неговото семејство ме замоли да прочитам општа молитва за болни според православната традиција. Мене ми беше мило да го сторам тоа за него.
Испеав неколку основни молитви; Трисветото, псалми и на крајот молитва кон Пресвета Богородица која што обично ја читам кога посетувам болни со Светата Икона низ државата. Оваа молитва ја читам кога посетувам било кого кои се болни и на оние кои не се православни христијани.
       Кога дојдовме до делот од молитвата каде бараме од Пресвета Богородица да го положи Својот Покров на својот слуга, болниот во кома, Дука, ја грабна мојата рака, ги отвори своите очи и рече: “Жеден сум.” Сите бевме во шок и никој од нас не го очекуваше ова. Јас едвај ја завршив молитвата. Беше многу емоционално. Застапништвото на Пресвета Богородица навистина е брзо. Зборовите “Жеден сум” се отсликување (рефлекција) на Христовите зборови на крстот.
      По сето ова, неговото семејство му зборуваше цел ден (пред да дојде светата икона) за да видат дали тој го слуша или не и му кажуваа дека Мајката Божја ќе дојде да го посети тој ден. Таа тоа го стори на многу начини…
Ве молам да се молите за Дука и за неговото семејство. Денес ми известија дека после ова, докторите му направија неколку испитувања и не можеа да најдат никаков менингитис во неговото тело. И по Божја волја и по испитвањата, тој ќе биде отпуштен од болницата. Тој е разбуден и јаде. Слава на Бога!
      Многу чуда се имаат случено од Мајката Божја пред нејзината мала Света Икона, но ова е најново кое се случи и сакав да го споделам овој чудесен настан со Вас за да Ви даде поткрепа во овој посен период. Се надевам ќе Ви даде!
Овој период од годината е исполнет до огромни искушенија. Сите ние сме опфатени од тоа. Запомнете дека низ ова време, Господ е со нас и овде на Хаваи, Мајката Божја има особено учество во нашита благосостојба. Таа не љуби и сака да постигнеме успех во нашиот пат кон Христос, нашиот Господ.
             Пресвета Богородица да не чува сите и да не заштититува со Нејзиниот Омофор.
                             Со љубов во Христа,

                                           грешен ипоѓакон Нектариј."




Достоен пречек на истата и почеток на Божествената литургија.
Сиот свет непрестајно го прославува Бога со служби. 

Радувајте се!
The meeting is the Holy Icon in Hawaii! 







   Не можам да ја сокријам од Вас мојата радост. Ќе бидам себичен ако го сторам тоа.
Една од многуте причини за мојата љубов кон Хаваи е мироточивата Света Икона, Иверско-Хавајска. Бог не удостои да се поклониме пред нејзиниот свет лик и  поминавме цел ден со неа, во црква, дома а згора на тоа, ја имав со себе со својата соба на неколку часа. Ја искористив можноста да си спомнам за Вас кои ми кажавте да се помолам.  Таа нека Ви ги услиша молитвите.
Седиштето на истата е овде, на островот Оаху, во Ханалулу, скоро на средината на Пацификот, каде што почна да мироточи во 2008 год. Впрочем, оваа среда во една больница овде во Хаваи се случи чудо кое во следна прилика ќе го споделам.
Кога Ви пишувам колку се радувам на Неа, ќе ме разберат само оние кои исто така ја љубат Пресветата.
Бараме чуда? Зар ова не е едно од многуте? Стоиш пред светата икона и со своите очи гледаш колку мироточи. Ете колку не љуби Мама!
Сето ова во споделувам со вас не за да се гордеам туку преку сета оваа благодата и Вие да се радувате и знам дека ќе се радувате зашто ја љубите Небесната Царица, како и јас.
Многумина од Вас се поклонија на копија од неа минатата година и бевте помазани со свето миро од неа. Истата икона ја добив подарок од хранителот на мироточивата икона која што тој ја направил. 
Знајте дека секогаш кога ја целивам, ја молам ни го чува народот и нашата држава. Ве спомнувам сите кои барате од мене да Ве спомнам. Често имиња ќе заборавам, но Таа Ве знае сите.
Простете ми на преголемата искреност! Кога станува збор за Бога, за Пресветата или за Неговите светии, јас не можам да ги сокријам емоциите и радоста.
Многу Ве поздравувам и насладувајте се од фотографиите.
                 Ве сакам сите!



Синоќа, по вечерната, хранителот на Светата Мироточива икона ја отвори отвори истата. И самите можете да видите колку е влажна од мирото.
Пресвета Богородице спаси не!

The moment when the Holy Icon was opened.
















Воедно, во далечната 2008 кога протече иконата на Богородица, и на овој крст се појавија капки миро и истиот повремено мироточи.










No comments:

Post a Comment