Март
2ри, 2016
Кармел,
Калифорнија
Прв
дел
Кој
е проклет, живите суштества или мртвите?
Кој кого проколнува: луѓето природата,
или земјата небото? Додека бев дете, не
можев на ова да размислувам, ниту пак
да одговорам, но сега, кога сум во бурните
години, можам и уште повеќе, го гледам.
Го гледам во себе, во оние околу мене,
во злочинците. Глупави и проклети сме
ние луѓето и за тоа никој друг не е
виновен, освен ние и нашите идиотски
постапки. Него подобро е да престанам
да зборувам за другите зашто уште поголем
идиот ќе станам. И онака веќе сум, па не
ми треба уште една папка со осуди за
која што ќе треба да одам на суд и да
бидам суден за тоа.
Гневот
до коските ми стигна. Ги трие, на маки
ги става и одмор не им дава. Јарост ја
гриза душата моја и да бегам од тоа не
можам, зашто вистината е таа, омарнина
го покри моето битие. Знам дека низ
годините нужно е да минувам низ агонија
на болка и нежност, но реалноста во која
треба да бидам борбен и да не се
разочарувам, понекогаш повеќе тежи од
своите сили. Кога на светот му го даваш
најдоброто, тој ти враќа со удари. Во
него нема место за чистите по срце.
Безбожниците и богоборници често велат
ако Бог го создаде светот, тогаш зошто
создал пустина во која никој не може а
живее? Таквите секогаш ќе бараат изговор
за да спорат, но во моето срце нема сомнеж
со зборовите “зошто?” Ако не беше овој
океан пред мене и сета оваа природа зад
мене, не знам дали толку многу би се
задлабочувал во соцерзание за дивните
дела на Создателот. Всушност би зашто
знам дека ако барaм, ќе најдам, ако тропам,
ќе ми се отвори. Ја барав океанската
природа, и ми се даде, тропнав во неа и
ми отвори. Пред мене е, околу мене е, јас
со неа сум и таа со мене...
Внимаваме
на деновите, месеците, времињата,
годините, а на гревовите? Што ќе чинам
со нив? Ги бројам ли, или секој ден додавам
нови? Кога овој океан само би ме облил
и би ми ги измил согрешенијата? Но тоа
е само лично желание а во реалноста не
постои. Како и да е, тој нема да ми ги
измие гревовите но барем неговите силни
и бучни бранови ме советуваат да почнам
со срцето и со умот. Со такво чистење
треба да почнам а останатото знае што
да донесе.
Христос
стана како мене за јас да станам како
Него. Животот катадневно ова ми го
покажува, неговата света икона на
страданија, сè
околу мене говори за тоа а јас, и покрај
отворените ми очи, се правам како да сум
слеп. Како резултат на тоа, честопати
наидувам на слепи кои уште повеќе ме
заслепуваат.
Не
знам кога ќе дојде тој ден кога ќе се
научам да го презирам искушението на
моето тело. Го чекам тој ден, но ми се
чини тој нема да дојде додека јас
суштествувам на овој свет зашто злото
одамна влезе во него. За таа радост ќе
чекам во вечниот, доколку промислата
на Бога изволи да бидам дел од тоа. Пред
да влезам целосно да живеам во светот,
еден црноризец кај кого што се зајакнував
и челичев, пред да заминам ми рече:
“Слушај да ти кажам нешто кое што еден
јеромонах и мене ми кажа кога бев на
твои години, дури и помлад: Немој воопшто
да ја отвораш вратата на искушението
зашто еднаш кога ќе ја отвориш, цел живот
ќе се бориш и нема да успееш да ја
затвориш. Држи ја затворена и не ја
отварај!” Со ова сакаше да ми каже дека
ако еднаш се впушнам на некое искушене,
истото повторно ќе дојде и ќе доаѓа.
Колку
ли само пати сум во недоумица со себе:
нештата за кои знам дека не се благоугодни,
ги чинам и ги чинам. На кого ќе му робувам,
на Агара или на слободната? Се родив во
ропство, но се ослободив преку крштението
за да бидам слободен и еден ден во горниот
Ерусалим кој што е мајка на сите нас. Го
барам тоа, да бидам како Исак-чедо на
ветувањето. Што значи да се биде чедо
на посинување?
No comments:
Post a Comment