Friday, April 15, 2016

Похвала на Пресвета Богородица!

Проповед,
беседена во храмот Свети Јован Крстител
(Руска Загранична Црква),
во Вашингтон, САД.
Март 26, 2015
Наслов на оригиналот: “Laudation of the Mother of God”









Во името на Отецот и Синот и на Светиот Дух!
 Друга помош немаме, друга надеж немаме, освен Тебе, Пречиста Дево, помогни ни, на Тебе се надеваме и со Тебе се фалиме, зашто Твои слуги сме, да не се засрамиме.

Драги браќа и сестри,
Во овој период од Великиот Пост, Православната Црква го установи овој ден да биде Похвала на Пресвета Богородица. Ја молиме Нејзе да Таа ги утеши нашите души и да ни даде радост за време на нашите подвизи во Великиот Пост. Вчера вечер и пеевме Акатист на Пресветата. И пеевме “Радувај се...” зашто во таа благословена вечер, Царицата Небесна, нашата Мајка, ги прегрна Своите чеда. Ништо не е ново за мајка да ги земе своите деца во нејзините раце и да ги прегрне со љубов мајчинска. Каква голема милост од Царицата Небесна!
Традицијата на Православната Црква ни го кажува следното: некој свет отец имал видение. Бил однесен од ангел во рајските населби. Таму, тој ги видел сите светии. Истиот отец се радувал што се удостоил да ги види, но не ја видел Најсветата од Светите и го запрашал ангелот: “ Ги видов речиси сите светии, но не ја видов Богородица. Каде е Таа?” Ангелот му одговорил: Повеќе од времето Таа е долу на земјата, помагајќи им на луѓето.” Зар не е ова потврда дека Мајката Божја нè не остава и навистина постојано се застапува за нас? Честопати не сме свесни колку многу таа ни помага.
Сега да кажеме неколку слова за потеклото на овој празник кој што со славиме на овој ден. Во седмиот век, Византиската Империја поминувала низ периоди кога често била напаѓана од свооите непријатели од сите страни. Било речиси безнадежно и ситуацијата на Константинопол била неизвесна. Така, патријархот Сергеј благословил да има литија околу градот кој што бил опколен од непријателите. Тој самиот со останатите ја земале чудотворната икона на Богородица -Одигитрија на литија низ градот. Заедно со Иконата и Нејзиниот Појас бил земен на литија. Што се случило следно? Кога литијата дошла до водите на Босфорот, свештенството ја допрело водата со светите реликвии, се случило чудо. Морето, кое што било тивко, наеднаш се разбранило и ги голтнало сите непријатели. По застапништвото на Мајката Божја, градот бил спасен. После ова, луѓето и оддале благодарност на Царицата небесна во Влахернската црква со сеноќно бдение. Понатаму, име и уште неколку слични настани на чудесно избавување на градот од Богородица. Заради тоа, Православната Црква, востановила Похвала на Пресвета Богородица за Нејзиното постојано застапништво за Христијанскиот род.
Вчера, беше отслужен Акатист на Пресветата. Да побараме од Неа да не ги презре нашите скромни песнопенија (похвали), туку да ги прими како наша благодарност кон Неа.
Мајката Божја има повисоко место дури и од Серафимите и од Херувимите. Таа по Својата слободна волја прифати да го роди Спасителот на светот, нашиот Господ Исус Христос. Заради тоа, Таа има особено величание меѓу ангелскиот свет и светиите. Доколку Таа не го родеше нашиот Спасител, не би се исполнило избавувањето на паднатиот човек и нашите животи би биле ништожни. Преку раѓањето на Нејзиниот Син и наш Бог, Таа ги отвори вратите на спасението за секоја душа која што има желание да се спаси. Дури и по Нејзиното Успение, Таа остана поврзана со луѓето како што пееме во празничниот Успенски тропар: и по Своето Успение не го остави светот, Богородице...и по Твоите молитви, избави ги од смрт нашите души.
Овие зборови ни говорат дека Таа е секогаш со нас. Еден од современите Светогорски Отци, преподобниот Силуан напиша: доколку не беше заради Мајката Божја, јас би загинал во своите гревови. Овие зборови можат да се разберат и протолкуваат на два начина. Едниот е преку Нејзиното раѓање на Христа, спасението дојде во светот, и вториот, Таа е наша посредничка пред Нејзиниот Син за Тој да биде милостив кон нас.
Која е Мајката Божја според Светите Отци и како тие ја гледааат како Богородица? Свети Дионисиј Аеропагитски, епископ Атински ја посетил мајката Божја и му напишал на свети апостол Павле: Невозможно е за човечкиот ум да сфати што видов со очите на мојата душа, но исто така и со моите телесни очи. Со своите очи ја видов најубавата и света Мајка на Нашиот Господ Исус Христос… Тоа време за мене беше време на највозвишена [ненадмината] радост. Му благодарам на Севишниот и Многумилостивиот Господ и на Светата Дева.
Свети Игнатиј Богоносец, ученикот на свети апостол Јован Богослов напиша:
Ако е возможно, со намера сум да дојдам кај тебе за да ги видам верните во Ерусалим, а особено Мајката на Исус: велат за Неа дека е чесна, љубезна, и буди чудо во сите и сите сакаат да ја видат. Но кој не би посакал да ја види Пресветата, која што го роди вистинскиот Бог и да разговара со Неа? Таа е прославувана со нас како Мајка Божја и Чиста Дева која е полна со благодат и добродетели. За Неа велат дека за време на искушенија и прогонства Таа е радосна, не жали во беда и не само што не се лути на оние кои ја повредуваат, туку на истите им чини добро и повеќе од тоа. Сите кои што ќе ја видат, се воодушевуваат.
Драги мои, Мајката Божја, преку Нејзиното послушание ја исправи непослушноста на Ева. Речено е: Христос е новиот Адам и Богородица е новата Ева, со чие што послушно подчинување на волјата на Бога ја урамнотежи Евината непослушост во рајот.

Сакам да споделам нешто со Вас кое го слушнав пред неколку години. Беше во периодот на Богородичниот пост. Во еден манастир, игуменот на метохот им рече на монахињите дека ќе имаат сеноќно бдение на Успенскиот празник на Богородица. Овие бденија траат речиси дванаесет часа. Монахињите беа радосни за ова и рекоа: “ќе имаме сеноќно бдение на Мама.” Возљубени мои, зар не звучи ова слатко на нашите уши? Овие зборови допираат дури до дното на нашите срца. Јас лично бев трогнат кога ги слушнав овие зборови и до ден денес кога размисувам на некој од празниците на Богородица кои се ближат, говорам: “Ќе го прануваме празникот на Мама.”
Кога се молиме во нашата тајна соба, убаво е кога се молиме на Пресветата, да и се обратиме со зборовите “Мама,” зашто Таа навситина е Мајка на сите нас.
Мајки, молете се на Богородица зашто Таа е мајка на Христос Господ. Таа знае што е мајчинска жртва и мајчинска болка. Побарајте од Неа да ги заштити Вашите деца од мрежите на овој свет.
Татковци, клекнете на колена на молитва кон Богородица и барајте од Неа да го благослови Вашето семејство за Таа да се моли на Бога за Вашите деца за да бидат добри православни христијани и цврсто да се држат до она кое е добро, благоугодно, и да живеат како вистински поборници во доблестите.
Деца и млади, кога имате искушенија или сте нажалени заради нешто, побарајте во молитва од Царицата Небесна да Ве избави од лукавиот и да Ве покрие со Нејзиниот Омофор. Вие сте млади и во многу ситуации не знаете што да одберете или каде да чекорите низ животот. Молете и се Нејзе да Ви помогне. Ако побарате од Неа, Таа ќе ја слушне Вашата прозба и ќе Ве води.
Денес и преку сиот наш живот да и воздаваме пофалба на нашата Пресвета Царица Небесна, Мајката Божја за Нејзината мајчинска љубов кон нас и за Нејзиното застапништво кон оние кои го љубат Бога.
Мили браќа и сестри, јас многу ја сакам Богородица а верувам и Вие исто така. Таа е наша Мама, која што никогаш нè не остава. Ние сме нејзини мали деца кои што сме под Нејзината заштита. По Христа, Таа е светлина на нашите темни души. Таа е наша надеж, застапништво, засолниште, утешение и наша радост.
Заради тоа, сите да повикаме кон Неа со зборовите: Сета моја надеж ја полагам на Тебе, Мајко Божја. Чувај ме под Твојота покрив.
 Пресвета Богородице спасе нè!




No comments:

Post a Comment