6ти Октомври, 2014
Манастир Света Троица, Џорданвил
додека погребни песни, за отец Јован, пеевме...
Монах Јован се упокои во Господа!
Дојдете браќа, да му дадеме последен целив на упокоениот...
Monk John reposed in the Lord!
Fr John Campbell (known previously as Fr Lawrence Cambell ) reposed peacefully in the Lord just before midnight on Monday November 3, 2014. He spent much of his life preparing English-language texts of the Divine Services and private prayers, most notably the 4th edition of our Jordanville Prayer Book and the Unabbreviated Horologion. He was an English teacher in San Francisco in the 60's, an American born on Novemember 14, 1932, who became friends with Gleb Podmoshensky (Father Herman) and Seraphim Rose (Father Seraphim) in their little bookstore a few doors down from the Sobor on Greary Blvd in San Fransisco. He became Orthodox and had come to Jordanville during the summer months the year St John of San Francisco died. When Archbishop Averky, Metropolitan Laurus ( then Archimandrite ), along with Archbishop Leonty of Chile decided to travel by car for the funeral along with Fr. Victor Lochmatow, Lawrence asked if he could come along. That was in June of 1966. He ended up becoming a novice at St. Herman of Alaska Monastery in Platina CA in June 1966. He became a riassophor monk at Holy Trinity Monastery, Jordanville, in 1979 and on March 31 2012 was tonsured into the small schema and received the name of Saint John of Shanhai and San Fransisco.
May the Lord grant rest to his soul.A more complete biography will appear in the near future.
Source: http://www.jordanville.org/news_141104_2.html
Пред
две години, во петтата недела од великиот
пост, во петокот на похвалата на Пресвета
Богородица сите држевме свеќи во рацете.
Отец (тогаш) Лаврентиј, облечен во бела
риза чекореше кон иконостасот за да му
даде завет на Христа- да го прими
ангелскиот облик. Го замонашија. Ножиците,
кои што архимандритот Лука ги пушти на
земја, новозамонашениот ги зема и му ги
врати на игуменот во знак на лично
желание за монаштво. Понатаму, о. Лука
го потстрижа со зборовите: "се
потстрижува монах Јован..."
Се
сеќавам, на крајот ми пристапив, го
целивав и му реков: "биди слава на
ангелите и пропаст на демоните!"
Денес,
повторно со свеќи во рацете стоиме со
монасите и семинаристите за да го
испратиме о. Јован. Духот веќе не е помеѓу
нас, но овде е телото. Него го испраќаме.
Ги целиваме и почитуваме останките
зашто тоа тело од Бога беше создадено
и осветувано преку светите Христови
Тајни. Затоа им оддаваме таква почит на
новоупокоените.
Стоев
на горното место каде што о. Јован се
подвизуваше за време на службите.
Неговото место денес е празно, зашто
тој лежи во средината на храмот. Ликот
му е покриен со неговата пана-камилавка,
заради монашкиот образ кој што го прими.
Но рацете му стојат откриени каде што
го држи својот крст кој на секоја човечка
душа која изволува, му носи спасение, и
свеќата од неговото замонашување. Тој,
во својот живот се одрече од овој свет,
го зема крстот и тргна да го следи Христа.
Нашите
свеќи горат, но неговата денес не гори,
но ќе гори кога неговата душа ќе застане
пред Севишниот. Морам да изглаголам
дека секој мој поглед кон него, малку
ме нажалуваше, зашто по природа сум
таков, а нели и човечки е да тагуваме по
своите? Тагуваме зашто сме ги љубеле.
Малку тагував, а повеќе се радував.
Радоста надвладуваше зашто имав можност
да го познавам цели четири години и
половина. Имав исто послушание со него
две години во манстирската канцеларија,
а и во последните денови додека тој беше
во болница, бдеев над него цела ноќ.
Сега
нешто да кажам за таа ноќ додека бев со
него:
Пред
неколку недели отец Јован се разболе и
беше во болница. Всушност, неколку пати
му се влошуваше состојбата и секој пат
кога очекувавме да се упокои, тој
стануваше подобар. Денес, по погребот,
отец Лука ми кажа дека секој пат откако
о. Јован ќе ги примеше Светите Дарови,
се подобруваше. Неколку пати го причестија
во болница.
Од
манастирот решија со него да има некој
постојано. Се случи и јас да бидам таму
една вечер со него. Беше во свесна
состојба. Не секогаш можеше убаво да
зборува, но се разбираше. Се случи нешто
кое ќе го паметам додека сум помеѓу
живите: на неговото замонашување, името
“Јован” му беше дадено по големиот
чудотворец од нашите времиња, Шангајскиот
и Сан Франциски Архиепископ, свети
Јован. И јас многу го љубам, и сега
размислувам, можеби таа љубов ме доближи
да чувствувам блиска врска со о. Јован
додека беше жив. Додека бев во собата,
дојде и еден расофорен монах Јован и
јас го замолив дали тој ќе може да го
прочита акатистот на св. Јован Шангајски
на англсики. Отец Јован, беше американец
и полесно му беше да слуша на англиски,
а и мене англискиот не ми кој знае колку
добар за да читам богослужбени текстови.
Јас започнав со Трисветото, а пред тоа
го прашав: “отец Јован, може ли сега да
прочитаме акатист на св. Јован?” Ни
одговори со неговото познато и потврдно
“yes.”Имаше необиче тој на произнесување
кога ќе речеше “yes.” На почетокот, кога
го започнавме акатистот, тој беше буден,
а потоа заспа. Кога завршивме со читањето,
отец Јован се разбуди и додека јас го
пеев величанието на св. Јован, и тој
почна да пее со мене. Во тој момент
морници поминаа низ моето тело и многу
се радував, затоа што најмалку очекував
дека тој ќе почне да пее со мене, знајќи
ја неговата состојба во која се наоѓаше.
Ова засекогаш ќе го запечатам во своето
спомени од Џорданвил!
Тие
денови речиси воопшто не јадеше и малку
пиеше, па затоа често го прашував: “Отец,
сакаш ли вода?” “Yes”, потврдно ќе
одговореше и му давав со специјален
сунѓер во устата од каде што ја впиваше
водата. Кутриот, можеби не му беше лесно,
но беше силен со духот, навистина силен.
Еден ден
пред јас да отидам кај него, доцна во
вечерните часеви се случи еден настан
од кој што се потресов со духот кога го
слушнав. Всушност еден од џорданвилските
монаси, отец Кипријан кој што беше таа
вечер со него и ероѓаконот Серафим, ми
кажаа.
Таа
вечер, според сведоштвата на о. Кипријан,
отец Јован почнал да мафта со рацете
околу него како да сака да тргне нешто
од себе, додека јеромонахот почнал да
го чита канонот на Пресвета Богородица.
Многумина, во последните денови пред
нивното упокоение, кога душата се
приближува кон крајот, почнува да им се
отвара духовниот свет.
Додека
седев со него, долго размислував за
смртта, за тоа колку даваме значење на
земните работи, односно колку многу го
негуваме своето тело, без да помислиме
дека треба повеќе да твориме со духот.
Но такви сме, од земја создадени и кон
земното приврзани. Мислам дека овде
нема ништо лошо, туку кога премногу му
даваме значење на телото – тогаш се
раѓа проблемот.
Исто
така, пред две две недели, кога мироточивата
чудотворна Икона на Богородица,
Иверско-Хавајска ни дојде во Џорданвил,
во саботата вечер, по службата, јас и
уште еден монах, заедно со хранителот
на Иконата отидовме во болница за и тој
да ја целива Светата Икона. Таму не
очекуваше отец Кипријан. Брат Нектариј
(хранителот) ја дршеше Иконата во своите
раце, додека о. Кипријан отслужи краток
молебен кон Богородица. Отец Јован беше
буден и во свесна состојба. По молебниот,
Иконата ја поставија на перницата, до
главата на о. Јован и така стоеше неколку
минути. Беше доцна во ноќта, темно, тивко,
и Богородица го посети о. Јован со Својата
мироточива Света Икона. Радосно беше
да се гледа како Мајката наша беше на
овој начин живо-присутна кај отец Јован
во болница.
Додека
тој беше помеѓу нас живите, еден ден,
додека работевме заедно го прашав дали
ќе може, доколку има време, да ми раскаже
за старите упокоени монаси. Се согласи,
но јас, од многуте свои обврски, времето
не ми дозволуваше и постојано одложував.
Одложував и ете, отец Јован се упокои.
Уште
еден необичен настан кој се случи: Бог
го повика отец Јован во Своето Царство
на полноќ во понеделникот, на 3ти
Ноември, на празникот на Иконата на
Богородица – Казанска. Беше погребан
денес, кога Светата Црква го слави
празникот на Иконата на Богородица -
Радост на сите нажалени. Овој празник
беше и негов празник. Катедралната црква
во Сан Франциско, каде што се нетлените
мошти на св. Јован, е посветена на оваа
икона, а во шеесетите, овој храм беше
парохиска црква на отец Јован, и на
истиот празник Мајката Божја го зема
од овој свет.
Патем,
има уште една интересна работа која што
треба да се знае за о. Јован: кога тој
стана православен, беше крстен од отец
Серафим Роуз и истиот му беше кум. Исто
така отец Јован го познаваше св. Јован
Шангајски додека и двајцата беа во Сан
Франциско. Понатаму, кога се оформуваше
манастирот св. Герман во Платина, о.
Јован учествуваше во голем дел со свој
финансиски придонес. Двајца личности
беа клучни во неговиот живот: св. Јован
Шангајски и отец Серафим Роуз.
Неговото
отпевание (опело) наликуваше токму како
на неговото замонашување. Со изгаснати
светла, и во монашка атмосфера. Хорот
ги пееше псалмовите стихови: “Спаси
ме, зашто сум Твој! “ и уште “Во Царството
Твое спомни си Господи за твојот
новоупокоен монах Јован!”
Игуменот
на овој манастир, отец Лука, кој што со
децении го познаваше о. Јован и во 2012та
год.го замонаши, возглаголи слово, каде
говореше на подвизите на о. Јован и го
кажа следното:
Во
името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух,
драги
браќа и сестри, о. Јован беше возрасен
кога стана православен и член на Светата
Православна Црква. Големо влијание на
отец Јован беше отец Серафим Роуз и
примерот на големиот чудотворец, свети
Јован Шангајски и Сан Франциски. Отец
Серафим постана негов кум и отец Јован
влезе во братското на св. Герман Аљаскински
во Платина каде беше под духовно
раководство на отец Серафим. Подоцна,
о. Јован дојде во овој манастир, Света
Троица и стана расофорен монах. Тој
немаше некој посебен талант, како некој
многу учен и сл. Како и да е, тој ја виде
овде потребата од преведување, и со
благослов на игуменот, митрополит Лавр,
о. Јован почна да преведува многу
литургиски текстови, како и молитвеникот.
Како што реков, о. Јован не беше некој
посебно образован, но речиси исто како
и нашиот основач на овој манастир, отец
Пантелејмон, со тоа малку кое о. Јован
го имаше, со Божја помош го зголеми тој
талант кој што го имаше до пред да се
упокои. Тој почувствува дека е повикан
за да го земе овој подвиг, преведе
литургиски текстови на англиски и да
го пренесе ЗБОРОТ на православието на
оние кои не ги разбираа црковнословенскиот
или рускиот јазик. Ова е голем пример
за сите нас. Некои од нас имаат големи
таланти, а не ги користиме правилно, а
оние, како о. Пантелејмон и о. Јован немаа
многу како што имаат некои од нас, и пак
се трудеа за Бога. Ја видоа потребата
за ова и Господ ја благослови нивната
усилба и им ја преумножи.
Исто
така, сакам да истакнам дека многу
години о. Јован одложуваше за го прими
монашкиот потстриг и стане монах. Јас
му нудев неколку пати и тој, беше длабоко
побожен, гледајќи ја ситуацијата во
светот, ми рече: 'Се плашам за доколку
се појави гонење на Црквата и манатирот
се затвори, не сакам да бидам монах и да
живеам со светски луѓе. Тоа нема да биде
правилно.' И така тој продолжи да чека
и конечно, пред неколку години јас си
реков: 'што да сторам за да го убедам да
стане
монах?'
Веќе беше време за него да стане монах,
па така го повикав во мојот кабинет, ја
отворив темата за монаштво и му реков:
'брат Јован (тогаш се уште Лаврентиј),
веќе остаруваш во годините, боледуваш
од неколку болести, не знаеш уште колку
долго ќе живееш. Не мислам дека во
следните неколку недели, или месеци ќе
има прогон на Црквата.' Патем, на мисла
ми дојде името “Јован” во чест на св.
Јован Шангајски и Сан Франциски зашто
тој секогаш зборуваше за него и со големo
почитание. И си реков ова може да биде
“клучот” за да го убедам да се согласи
да стане монах. Размислувајќи вака, му
реков: “слушај, не е обичај да се кажува
името пред замонашување, но ќе се согласиш
ли да станеш монах, доколку ти го дадам
името “Јован” по св. Јован Шангајски?'
Тој ми рече: 'па..во тој случај да, се
согласувам да станам монах.' Така да,
слава на Бога, тој доби второ крштение,
се обнови и продолжи со своите монашки
подвизи. Колку што можеше беше активен
во англискиот текст на нашите списанија.
Додека беше добар со здравјето беше
предан на Бога во однос на учеството на
богослуженијата. Беше постојан на
службите, помагаше на певница и беше
пример за сите нас. И по Божја промисла,
отец Јован се упокои на празникот на
Казанската Икона на Богородица, и тој
секогаш се подготвуваше да се причести
на празникот на Иконата на Богородица
– Радост на сите нажалени, чиј празник
го славиме денес. Исто така Катедралната
црква во Сан Франциско, чие име на оваа
икона е посветен, беше неговата парохиска
црква. Еден ден пред овој празник, тој
ќе дојдеше кај мене за да благослов и
ќе ми речеше: 'утре е празник на Иконата
на Богородица – радост на сите нажалени,
и сакам да се подготвам за причест.' Уште
еднаш, овде имаме Божја промисла да
неговото опело и погреб бидат на празникот
на Богородица – Радост на сите нажалени.
Сите
ние треба да се молиме за неговата душа
затоа што како што сите знаете, никој
не е безгрешен и тоа што го започнуваме
на овој свет, продолжува во Царството
на Бога, ако сме се покајале. Ние се
надеваме, кога ќе се упокоиме да продолжиме
во идниот живот. Знаеме од сведоштвата
на светиите и од традицијата на Црквата
дека нашите молитви за упокоените се
многу значајни. Затоа, треба да си
спомнуваме за сите упокоени, во овој
случај за отец Јован кој го напушти овој
живот и да го молиме Бог да му подари
живот вечен. Амин! !
Пеејќи
ја Трисветата песна, го испративме о.
Јован до местото на неговата почивка
каде што ќе почива до Второто и Славно
Христово доаѓање.
На
вакви монаси треба да се уподобуваме
зашто има многу да се учи од нив. И дури
да не се зборува со нив често, доволно
е да ги набљудуваме и ќе се поучиме.
Не
стигнав да зборувам со тебе за твоето
искуство од Џорданвил, но затоа денес, оче Јоване
ти преку твојот живот ми покажа жив
монашки пример.
Ти
благодарам!
Ковчегот
ја допре земјата,
и
дождот почна да навалува..
По
спуштањето на телото во гроб,
игуменот
дванаесет пати изусти:
“Упокој
ја Господи душата на твојот слуга, МОНАХ
ЈОВАН!”.
Упокој
ја Господи...
No comments:
Post a Comment