2013то Лето Господово
Collections, evidences and experiences of the Holy Relics
who were brought in Macedonia in the year of 2013
ВЕ ВЕЛИЧАМЕ ВАС, СВЕТИ ОТЦИ ПАНТЕЛЕЈМОНЕ,
СЕРАФИМЕ, ТЕОФАНЕ, ДИМИТРИЕ И ЈОВАНЕ,
СЕРАФИМЕ, ТЕОФАНЕ, ДИМИТРИЕ И ЈОВАНЕ,
И ВАШИОТ СВЕТ СПОМЕН ГО СЛАВИМЕ.
ВИЕ КОИ СЕ МОЛИТЕ ЗА НАС НА ХРИСТА, НАШИОТ БОГ!
Репортажа:
Дочек на мошти на Св.Пантелејмон, Св. Серафим Саровски, Св.Јован Шангајски, Св. Дмитриј Ростовски, Св. Теофан Затвореник како и Честица на Чесниот Крст, во црквата Св.Кирил и Методиј - Параклис, Прилеп, Република Македонија.
https://www.youtube.com/watch?v=eO9BFJdU6UI&feature=youtu.be
Репортажа:
Дочек на мошти на Св.Пантелејмон, Св. Серафим Саровски, Св.Јован Шангајски, Св. Дмитриј Ростовски, Св. Теофан Затвореник како и Честица на Чесниот Крст, во црквата Св.Кирил и Методиј - Параклис, Прилеп, Република Македонија.
https://www.youtube.com/watch?v=eO9BFJdU6UI&feature=youtu.be
1ви дел
“Дојдете
кон богодаруваните садови на благодатта
и вкусете од непресушливиот извор на
Божјата милост!"
Помина речиси година ипол од оние радосни и благодатни три месеци со радоста на светите мошти. Во моето срце таа радост се уште трае, и истата ќе остане зашто тогаш благодатта покриваше сѐ.
Помина речиси година ипол од оние радосни и благодатни три месеци со радоста на светите мошти. Во моето срце таа радост се уште трае, и истата ќе остане зашто тогаш благодатта покриваше сѐ.
Чиниш,
настаните како “вчера” да се случија.
Често размислував да напишам збор два
за сето она кое се случуваше, но времето
не ми дозволуаше. Можеби и мудро беше
што чекав, зашто, ако нештата се од Бога,
нема да згаснат, а ако не се, тогаш ќе
знаснат. До денес настаните од тоа лето
се живо сведоштво кои што се паметат од поклониците. Навистина многумина од
нив до денес ми говорат за тоа и полни
се со желание за истите настани да се
повторат.
На
почетокот од академската 2013-2014 год.,
овде во Џорданвил, и раскажав на
професорката по англиски за сѐ
она кое се случуваше со моштите. Таа
очигледно, се запамтила и кога ќе
отворевме некоја тема на час за духовност,
ќе ми напоменеше за настаните од светите
мошти, зашто и раскажував за истото, и
ќе додадеше: “зошто не седнеш и не ги
напишеш твоите искуства со моштите?
Напиши нешто за и другите да прочитаат. Ова кое што ми го раскажа, навистина било прекрасно и треба да се запише.” Што
е уште радосно, истата професорка оваа
година влезе во семејството на
православието. Беше крстена и стана
православна.
Она кое денес го гледам, кај мнозина таа радост со светите мошти се уште е присутна. Трае. Не запира. Се вратив во САД за да продолжам со своите студии и некои од благоверните лаици ми пишуваат и прашуваат: “кога пак ќе ни дојдеш во Македонија со моштите?” Да беше се до мене...
Она кое денес го гледам, кај мнозина таа радост со светите мошти се уште е присутна. Трае. Не запира. Се вратив во САД за да продолжам со своите студии и некои од благоверните лаици ми пишуваат и прашуваат: “кога пак ќе ни дојдеш во Македонија со моштите?” Да беше се до мене...
Не знам дали да пишувам и објаснувам што се тоа мошти. Ајде, и тоа ќе го сторам овде, односно ќе го цитирам текстот кој што беше ставен на разгледниците кои се испечатија во чест на пристигнувањето на светите мошти во Македонија, а истиот беше напишан од еден ревносен и благодаруван свештеник. Еве ги зборовите:
Бог
ги прославува Своите светии, со тоа што
телото им останува нераспадливо, или,
пак, од нивните мошти се излева скапоцено
миро, па затоа безброј исцелувања и чуда
се случуваат за слава на Бога и спасение
на луѓето Негови; сепак, тоа е само плод
на нивниот свет живот во Христа. Пред
се, чудата се случуваат за неверните,
односно - за оние кои не веруваат да
поверуваат, а верните - да се утврдат во
верата.”
Текстот на
разгледниците беше двојазичен: македонски
и англиски.
Ние
не ги знаеме Божјите патишта. Дивна е
Неговата Промисла. Бог е Тој кој што
благословува за работите да се случуваат. Можеме колку сакаме, да
си го чините своето, но ако Тој смета
дека тоа нема да е спасоносно за нас,
нема да се случи. Тврдоглави сме и си го
чиниме своето, но Бог со љубов не учи и
отргнува од своите намеренија.
Тоа 2013-то лето Господово сè се случи по Божја промисла. Кога на луѓето ќе им се возгласи за свети мошти, веднаш се крева “духовна прашина”, или уште може да се нарече “духовна еуфорија”. Блажени се ваквите “еуфории,” зар не? Камо само такви “прашини” да се креваат помеѓу луѓето, а не скандалозни и жални. На нашиот народ му треба духовни настани, како литии, чудотворни икони, свети мошти...така се добива утеха за нас, кои страдаме во овој свет, и утврдување на верата во маловерните, и уште поголема ревност кај верните.
Тоа 2013-то лето Господово сè се случи по Божја промисла. Кога на луѓето ќе им се возгласи за свети мошти, веднаш се крева “духовна прашина”, или уште може да се нарече “духовна еуфорија”. Блажени се ваквите “еуфории,” зар не? Камо само такви “прашини” да се креваат помеѓу луѓето, а не скандалозни и жални. На нашиот народ му треба духовни настани, како литии, чудотворни икони, свети мошти...така се добива утеха за нас, кои страдаме во овој свет, и утврдување на верата во маловерните, и уште поголема ревност кај верните.
Светите
Честици или мошти, кои беа донесени од
мојата маленкост беа од: честица од
Чесниот Крст Господов, светиот Серафим
Саровски, светиот великомаченик
Пантелејмон, светиот Димитриј Ростовски,
светиот Теофан Затворник, како и честица
од одеждата на свети Јован Шангајски и
Сан Франциски со Нов Завет каде што е
неговиот потпис.
Многумина прашуваа од каде ги добив и како. Пред медиумите не сакав многу да се експонирам зашто колку беше радосна веста за моштите, за некои беше и соблазна. Во светот, па и помеѓу нас православните христијани, аголен камен за сопнување секогаш има.
Во овој мој запис и само за слава на Бога, а за мое смирение, ќе се осмелам да ја опишам историјата на истите и ќе кажам работи кои не на секого му ги говорев, во однос на светите честици.
Многумина прашуваа од каде ги добив и како. Пред медиумите не сакав многу да се експонирам зашто колку беше радосна веста за моштите, за некои беше и соблазна. Во светот, па и помеѓу нас православните христијани, аголен камен за сопнување секогаш има.
Во овој мој запис и само за слава на Бога, а за мое смирение, ќе се осмелам да ја опишам историјата на истите и ќе кажам работи кои не на секого му ги говорев, во однос на светите честици.
Честицата од Чесниот Крст ја добив од Митрополитот на Руската Задгранична Црква, Иларион. Кога доаѓаше во Џорданвил, местото каде што учам, често разговарав со него на духовни теми. Животот во САД не е едноставен. Има многу искушенија. Почетоците овде ми беа малку тешки и повеќе страдав во своите подвизи, па разговорите со овој владика ме охрабруваа. Тој веќе ме знаеше, го познаваше мојот карактер, мојата слабост... Пред две години бев кај него на гости, во Њујорк, на неколку дена. Таму, од продавницата купив за себе еден крст со средна големина. Всушност тој сребрен крст беше дизајниран и направен со простор за свети мошти. Јас тоа не го забележав. Вечерта му го покажав на Митрополитот и тој ми рече: “О, ова е крст за свети мошти. Имаш мошти?” Јас му реков дека не знаев и дека немам свети мошти, на што тој ми рече: “имам честица од Чесниот Крст која ми ја даде едно грчко семејство, но во Австралија е. Кога ќе дојдам оттаму, ќе ти ја донесам.” Јас, нормално, се израдував и му се заблагодарив. Сите овие настани се случија во месец август. Во септември тој замина за Австралија и се врати во Ноември. Јас во меѓувреме си реков себе си: “ах, тој сигурно ќе заборави. Зар на мене ќе мисли да ми донесе честица.” Во ноември, дојде во манастирот и ми рече дека ми ја донел честицата. Истата вечер отидов во неговата ќелија, тој ми ја даде и ми рече: “Нека ти биде за утеха во искушенијата, во твојот живот и помош во твоите студии.” Каква благодат и милост од Бога беше тоа! Не се опишува. Од една страна се плашев и треперев од фактот дека имам дел од Светиот и Чесен Кртс Господов, но од друга страна се радував зашто ќе ми биде утеха и помош во своите подвизи. Тој владика секогаш ми посветуваше и посветува внимание. Восприемав дека тој ги чувствува диховните нужди на лаиците. Истата честица ја ставив во металниот крст кој што го купив пред три месеци.
Останатите четири честици ги добив од еден студент од Русија кој студираше во Џорданвил. Неговиот татко беше свештеник. Јас го прашав доколку може да го праша дали ќе може да благослови да ми даде свети мошти од св. Серафим Саровски. Истиот светител го славам како мој заштитник и многу го љубам. Побарав само од св. Серафим, а братот студент, ми донесе и други три честици од другите светители чии имиња ги напишав погоре. Многу се израдував! Му заблагодарив на Бога и му реков на студентот дека истите ќе ги однесам во Македонија за мојот народ.
Остана уште да кажам како го добив Новиот Завет со потписот на св. Јован Шангајски и Сан Францисци. Моштите на овој светител се наоѓаат во Сан Франциско и истите се нетлени.
Едно јулско утро, имав послушание на манастирските гробишта во Џорданвил. Додека работев, дојде една жена чиј брат беше починал и се служеше панихида за него. Кога заврши панихидата, жената ми пристапи и започна разговор со мене. Ме праша од каде сум и дали сум студент во Џорданвилската Семинарија. Ми кажа дека таа е од Калифорнија и тоа спонтано не доведе до разговорот за свети Јован Шангајски и Сан Франциски. Жената ми кажа дека неколку пати се беше поклонила на неговите нетлени мошти, а јас и реков дека и самиот имам голема желба да го сторам тоа и дека имам намера да одам во Сан Франциско во ноември, за време на нашиот неколкудневен распуст. И така ни заврши разговорот. Се разделивме, односно таа замина, а јас останав да си го извршувам своето послушание. По половина час истата жена се враќа назад кон мене и ме прашува кога точно планирам да одам на поклонение на нетлените мошти на светителот. И одговорив дека сакам да одам за време на американскиот празник "Thanksgiving", а таа ми рече дека планира да ми ја даде својата слободна неискористена повратна авионска карта за да отидам кај Светиот Јован! Не знаев како да реагирам. Просто, се наежив. Како наеднаш жена која не ја познавам ми доаѓа и ми вели дека ќе добијам авионска карта за онаму каде што толку посакував да отидам - да се поклонам на моштите на светиот Јован! Навистина, свети Јован си направи чудо и ме удостои да бидам негов гостин, просто кажано, на негова сметка.
Чудата и радоста
ги споделив со сите не за мое издигнување,
но за слава на Бога и свети Јован, за да
се увериме колку е силен овој Божји
угодник, кој во свое време чекореше и
во нашата земја, во Битола!
Ете, во краток
текст се осмелив, јас, најмалку достојниот,
да ја опишам историјата со светите мошти
и Новиот Завет.
2ри
дел
Она што ме
наговори да пишувам за сето ова е заради
тоа што, за жал, се појавија и “такви”
кои зборуваа дека “тој студент” си
прави промоција со моштите, профитира
и што уште не. Факт е дека на лукавиот
многу му пречи делањето на богоугодни
дела и како резлутат почнува да растура
и сее немир.
Вакви
искушенија очекував! Истите
ги прифаќав како удари. Болеа, но што
можев да направам? Зар требаше да се
бранам и докажувам? Оној кој сака да
“фрла камења” ќе фрла. Јас надежта ја
оставив на Бога. Тој ги знае сите човечки
помисли и знаеше дали итав кон земното,
да си чинам персонална промоција или
сето тоа беше еден мал плод, фиданка, за
Отечката љубов.
Бев
под јаремот на искушенија. Не сакам да
кажам “големи,” зашто Бог не ни дава
да носиме товар потежок од нашите сили.
Еден
млад владика изусти во медиумите дека
јас со тоа си чинам промоција. Но што,
пак, да речам. Не си го давам правото да
го осудувам, или роптам против него. Зар
јас сум тој кој ќе докажува и суди?
Многу пати велев “доста е со моштите”, но како да престанев кога луѓето постојано ми се јавуваа и прашуваа “каде ќе бидат моштите следната недела?”. Лаиците ми даваа сила да продолжам, како и нивната вера и побожност која ја гледав кон светите мошти.
Многу пати велев “доста е со моштите”, но како да престанев кога луѓето постојано ми се јавуваа и прашуваа “каде ќе бидат моштите следната недела?”. Лаиците ми даваа сила да продолжам, како и нивната вера и побожност која ја гледав кон светите мошти.
Тоа благословено 2013то лето дојдов во Македонија, и со
никаков план не бев во умот за светите
мошти да бидат носени во разни храмови
на поклонение, ниту пак помислив на
истото. Само му кажав на еден ревносен
свештеник дека донесов свети честици
од неколку светители, на што тој веднаш
ми предложи да го однесеме во храмот
каде што тој богосложи. Се согласив и
со благослов на нашиот Архиепископ, тоа
се случи. За жал некои медиуми оваа вест ја
пренесоа со погрешна насока, и кај
неколкумина се создаде погрешно гледиште на сето ова. Во друите градови [надвор од Скопје], гостоприимството на овие светии
беше неопишливо. На пример митрополит
Петар, го даде својот пастирски благослов за честиците да бидат однесени во Прилеп во
црквата св. Кирил и Методиј или уште
позната “Стара Црква.” Богољубивиот
свештеник, о.Веле даде се од себе за да
им принесе достојно добредојде на
светиите. И така навистина се случи, но,
нека ми прости Бог што вака пишувам,
некои волци во овчја кожа гледаа од
страна, крцкаа со забите зошто моштите
дојдоа во таа црква а не кај нив зашто
ако дојдеа кај нив, тогаш тие “ќе се
наполнеа со пари.” Вакво беше размислувањето
на добропознатиот, на лик смирен и добар
о. Златко. Мислам дека болката, која едно
време ја носев во себе заради ваквата
постапка на овој свештеник, само Бог ја
знае. Малку патев со духот и се прашував
зошто ова се случува?
Делата, кои што
ги чиниме, не треба јавно да ги откриваме,
но овде тоа ќе го сторам, заради вистината.
Еден ден, пред да ги однесам светите
мошти во Прилеп, разговарав по телефон
со директорката на домот за деца без
родители “11ти Октомври,” каде што и
реков дали им треба некаква помош на
децата. Патем, за оние кои не знаат, во
свое време јас бев штитеник на овој дом
– живеев таму од 12 год.
Директорката
ми рече дека следниот месец, децата
треба да одат во Дојран на одмор, а
министерството до тогаш не може да им
даде финансиски средства за се купи
крпи, костуми за капење и апостолки на дечињата. И реков дека јас тоа ќе го сторам за
децата, односно, таа помош ќе биде од
светиите и од народот од Прилеп. Отпрвин,
таа не сакаше да прифати, оправдувајќи
се дека јас сум студент, но јас и реков
дека тие пари не се мои, и затоа јас ги собирам, за да им ги дадам на оние кои
им се потребни. Еден ден, отидов кај мојот надлежен архиереј, архиепископот Стефан и му го реков следното: "Ваше блаженство, имам неколку луѓе кои што не бедни, заради тоа дали ќе благословете средствата [парите] кои што ќе ги оставаат верните на моштите, да ги соберам, за да можам да им помогнам?" Да, го имаш мојот благослов - ми одговори.
И така, со благослов на
светиите и помош на верниот народ од
Прилеп, купивме педесет и три крпи, костуми за капење и апостолки. Бог да си спомне за
народот кој што им помогна на овие
деца!
Некои ќе речат дека моштите се мои, но тоа не е вистина зашто светите мошти не припаѓаат на индивидуални личности, туку истите и припаѓаат на Црквата. Да, јас бев тој кој што ги донесе во Македонија, но никогаш не се осмелив да кажам некому “овие мошти се мои и крај”. Истите ги поседував јас и беа носени на поклонение со благослов на мојот надлежен архиереј.
Како што напишав
погоре, медиумите пишуват секој по свое
или како што слушнал а не дослушнал и
тоа создаваше дополнителни искушенија
за мене.
Кога некој од верните ќе ме запрашаше каде ќе бидат моштите
следната недела, како да им речев “нема
никаде да бидат?” Само Бог знае дека
нивната вера ми даваше сила да чекорам
и се трудев да ги игнорирам роптањата
не неколкумината.
Солзите на
луѓето не можеа да се сокријат додека
ги целиваа моштите, ниту пак радоста.
Токму тие солзи и таа нивна радост ме
охабруваа!
Еден
монах во Џорданвил еднаш ми кажа вака:
“Стојан, доколку тебе совеста ти е
чиста, тогаш оние кои зборуваат против
тебе е нивен проблем. Тие имаат проблем
во себе, а не ти.” Овие зборови ги имав
пред себе како мала утеха.
Да не се заборави
дека сите настани со моштите беа со
благослов на надлежниот владика, а тоа
беше архиепископот Стефан. Тоа лето
видов дека нашиот архипастир ја виде
сплотеноста на луѓето заради светите
мошти и во ниедна прилика не подлегна
на искушенијата на оние од црковниот
круг. Не беа многумина, но ги имаше. Во
Црквата послушанието е многу важно и
без благослов не сакав ништо да чинам. Мислам дека се создадоа
дополнителни искушенија заради тоа што
веста која ја пренесоа медиумите беше
“млад студент од САД” и оп, моето име.
Но кој очекуваше дека токму во тој правец
ќе отидат работите? Зар мене ми беше
важно името? Но нечие име мораше да стои.
Пред
моштите да бидат однесени во некој храм,
секогаш во известував неговото блаженство,
односно прво ќе му речев дека верниците
од тој храм бараат светите мошти да се
однесат таму, како и со знаење на свештеникот тој храмот.
Во Скопје за прв пат беа однесени на поклонение во параклисот св. Никола на 9.6.2013.
Се зарадуваа и срцата наши денес стоејќи во домот Господов, славејки го Бога во Светиите Негови. Секој од нас молитвено се соедини со светоста нивна, поклонувајќи се и молејки тие да се застапуваат со своите молитви за нас пред насиот милостив и човекољубив Бог.
Река од народ помина во параклисот, и секој со благослов и неизмерна радост си заминуваше. Параклисот денес беше премал но преголем, но, како што рече о. Бобан Митевски: Нека е црквата мала, но, верата да ни е голема! И навистина, не постојат ѕидови и врати кои можат да ја затворат и да ја сопрат Божјата неизмерност во Славата Негова со која Он не дарува и благословува. Во проповедта на отецот се поучивме за Светителите и нивните мошти и дека секој од нас е повикан да биде свет, како што не повикува нашиот Спасител; “Јас сум Свет и вие бидете Свети”. Секој од нас има можност да живее според Божјите заповеди и со својот богоугден живот и дела да ја достигне светоста, која не треба да биде тежнеена за да и ние бидеме прославувани, туку да го стекнеме спасението и наградата со вечното живеење во радоста на Царството Божјо!
Благодариме
за прекрасната можност да имаме време
да притекнеме и ние кои не успеавме да
дојдеме вчера, на самиот пречек на
Светиите. Ни се стоплија душите гледајќи
со колку љубов се собравте таму. Знаеме
дека со Божја помош ќе го победиме
искушението на беспарицата и ќе ги
надминеме растојанијата од разни градови
на нашата земја, за да бидеме удостоени
со најубавиот благослов на Царството
Небесно уште еднаш. За да видиме колку
е прекрасен Бог во Неговите Светии…
ПРЕКРАСЕН ДЕН ИСПОЛНЕТ СО РАДОСТ И БОЖЈИ БЛАГОСЛОВ.
ПРЕКРАСЕН ДЕН ИСПОЛНЕТ СО РАДОСТ И БОЖЈИ БЛАГОСЛОВ.
Просто доаѓаа луѓе од сите страни. Едни од нив прв пат слушнаа за свети мошти, други од ревност, луѓе болни од рак, едно 12 годишно слепо девојче... Сето ова јас го доживеав како голема одговорност пред Бога и луѓето. Срцето ми трепереше која ја гледав ревноста на лаиците, а уште повеќе на болните и нивната пожртвуваност за овој подвиг...
Освен
во Скопје, светите мошти беа во неколку
други градови во Македонија: во Крушево,
Прилеп, Кавадарци, Калишта, на бдение
во Успенскиот Богородичен манастир во
Јанковец и Кочани.
Не може да се опише колку радосно беше во Прилеп. И што да кажам? Чудо беше во Прилеп. Кога пристигнавме со светите мошти, се збунив кога видов толку многу верници. Имаше река од луѓе. Свештеникот кој со сета љубов организираше за светите мошти да бидат донесени во тој храм стори сè во доменот на своите сили за истите достојно да бидат дочекани.
Не може да се опише колку радосно беше во Прилеп. И што да кажам? Чудо беше во Прилеп. Кога пристигнавме со светите мошти, се збунив кога видов толку многу верници. Имаше река од луѓе. Свештеникот кој со сета љубов организираше за светите мошти да бидат донесени во тој храм стори сè во доменот на своите сили за истите достојно да бидат дочекани.
Пристигнувањето на Светите Мошти во Прилеп
Сите светии, молете го Бога за нас!
Спаси ги Господи Твоите луѓе!
Пречекот
наликуваше токму како што прават во
Русија кога пристига некоја чудотворна
икона. Младите фрлаа цвеќиња од двете
страни, сите го пееја тропарот на Чесниот
Крст, а црквата беше мала да ги собере
сите верни. Да не претерам, но преку три
илјади прилепчани дојдоа да се поклонат
на светите мошти. Тој ден Прилеп наликуваше
на празник. Имаше неколку болни луѓе
кои не можеа да дојдат затоа што беа
неподвижни, па ние ги однесовте моштите
во нивните домови. Тие нивни солзи
никогаш нема да ги заборавам. Мислам
дека не секој може да го издржи тој
подвиг, да ги гледа болните и нивните страданија. Некои од нив денес се упокоени. Упокој ги нивните души, Господи!
Еден од браќата кој ме придружуваше
не можеше да издржи кога отидовме во
куќата кај една болна сестра, и не сакаше
да влезе. Премногу беше за него. На
неколку места и јас се потресував од
состојбата која ја гледав, но во тој
момент многу го молев Бога да ми даде
сила да издржам, барем да не покажувам
слабост пред нив, туку да
најдат утеха преку моштите. Многу, многу
беа потресни некои моменти со болните
луѓе, но во исто време Му благодарев и
се уште Му благодарам на Бога што ме
удостои да поминав низ тоа и да сострадувам
со нив. Нема ништо поблажено од тоа
душата своја да ја положиме за своите
браќа и да сострадуваме со нивната
болка. Болката
нивна да биде наша болка - тоа е
христијанска љубов која сите треба да
се трудиме да ја исполнуваме.
До денес се радувам што се поклонија на
светите мошти.
Од радоста на овие души да се поучуваме...
Светите мошти беа однесени
на поклонение и во историското Крушево.
Коментарите
на крушевчани беа: никогаш
вакво нешто не сме доживеале во Крушево.
И таму крушевчани ја покажаа својата
вера. Доаѓаа, допираа бројаници до
моштите, блузи…секој на свој начин на
искажуваше својата вера.
Во храмот "Св. Никола" - Крушево
Си спомувам и за големата радост со светите мошти во манастирот Рождество на Пресвета Богородица, во Калишта. Пристигавме таму пред крајот на утрената и сиот народ излезе да ги пречека истите. Свештеникот ги зема во своите раце и со литија околку храмот беа внесени внатре. На таа литургија имаше луѓе од секаде, вклучувајќи и една група од Русија.
Светите Мошти пристигнуваат во манастирот
"Рождество на Пресвета Богородица," Калишта
По љубовта се познаваат Христовите!
Зошто јас?
Имаше и коментари од типот на зошто јас, обичен мирјанин да ги носам светите мошти. Овде ќе објаснам. Ние, македонците немаме таква традиција со носење на свети мошти на поклонение како на пример во Русија или овде во САД. За во Русија не можам многу да зборувам зашто не сум видел лично, но овде во САД видов и искусив. Конкретко со мироточивите икони. Една од нив, Иверско-Хавајска, која е мироточива, чувар и хранител е обичен мирјанин [чтец], и овде нема ништо лошо во тоа. Кога тој доаѓа, иконата ја дава на свештеник и тој да внесува во храмот. Истото се случуваше и со светите мошти. Свештениците беа оние кои ги внесуваа во црква. Јас како хранител на истите стоев до нив од заштитни причини.
Имаше и коментари од типот на зошто јас, обичен мирјанин да ги носам светите мошти. Овде ќе објаснам. Ние, македонците немаме таква традиција со носење на свети мошти на поклонение како на пример во Русија или овде во САД. За во Русија не можам многу да зборувам зашто не сум видел лично, но овде во САД видов и искусив. Конкретко со мироточивите икони. Една од нив, Иверско-Хавајска, која е мироточива, чувар и хранител е обичен мирјанин [чтец], и овде нема ништо лошо во тоа. Кога тој доаѓа, иконата ја дава на свештеник и тој да внесува во храмот. Истото се случуваше и со светите мошти. Свештениците беа оние кои ги внесуваа во црква. Јас како хранител на истите стоев до нив од заштитни причини.
Во манастирот "Успение на Пресвета Богородица" - Матка, со
многувозљубената игуманија, мати Перпетуа.
Живите сведоци и нивните коментари
нека говорат повеќе:
“Треба
почесто да има такви работи за да можат
луѓето да ја почувствуваат вистинската
жива православна вера како што го правата
тоа во многу православни земји.”
“Ова
е благослов за нашата земја.”
“Голема
радост е ова што се случува. Колку повеќе
ги почитуваме, толку поголем благослов
ќе добиеме и тие ќе се застапуваат за
нас пред Бога, а тоа му е потребно за
македонскиот народ во овие времиња.”
“Ова
го доживувам како благослов за Македонија,
како навестување дека нешто добро ќе
ни се случи. Исто како што Витлеемската
ѕвезда го најави раѓањето на Исус
Христос. Ова е едно големо зголемување
на нашето духовно наследство.
“Ако
можеш, уште еднаш донеси ги!”
“Ми
беше посебно убаво, благодатно, сите
тие дена. Се чувствував поблсику до
Бога. Исто така се имам чувствувано во
Острог, кога бев на св. Василиј острошки.
Многу се радував и уште се радувам”
Една од сестрите
во Христа се согласи да не носи во некои
од градовите каде што бевме со светите
мошти. И таа беше сведок на многу настани
и еве што истата напиша:
„Скопе,лето
господово 2013-то,Свети мошти пристигнаа
во Македонија,заедно со Стојанче Андов
студент при теолошката семинарија во
Џорданвил ,Руска Задгранична Црква во
САД.
По
Божја промисла,со благослов на неговите
руски професори и со благослов на
Неговото Блаженство,Архиепископот
Охридски и Македонски г.г.Стефан,светите
честици од:
Чесниот Крст Господов,Светиот Серафим
Саровски,Светиот Великомаченик
Пантелејмон,Свети Димитриј Ростовски,Свети
Теофан Затворник како и честица од
одеждата на Свети Јован Шангајски и Сан
Франциски со неговиот Нов Завет,беа дел
од многу литургии,вечерни
богослужби,бденија...кои тоа лето се
одржаа во Македонија.
Благоверните
посветено доаѓаа и се поклонуваа на
моштите,со вера ,со надеж ,со
љубов...тихуваа,побожно ги почитуваа,и
молитвено ги повикуваа светиите на
помош.
Моштите
мироточеа,благоухаа,ширеа утеха ,надеж
за помош во немоќ...
Младиот студент
Стојанче облечен во стихира,благоверно
ревнуваше раскажувајќи на верните за
моштите,поучувајќи ги дека посмртните
останки од светителите се чуваат и
почитуваат како претстојувалишта на
Божјата Благодат.По телесната смрт на
светителите и според премудрото
благоволение на Бога кој твори чуда
од нив и преку нив,и тие чуда кои се
случуваат,сведочат дека нивното побожно
почитување од страна на луѓето, му е
угодно на Бога.
Стоев
во редот со останатие поклоници во
преполниот храм Св.Петар и Павле во
црковната парохија во Ѓорче Петров,во
Скопје,слушајќи го размислував:…”какви
ли за нас умни непознанија ,премудриот
има изкреирано…
,
материјата на човечкото тело , мозокот
и срцето човечко,сето изткаено во
небо-земни тајни ,а душата човечка
најзагадочна и најкомплексан
креација...Нишките со кои телесната
материја и душата се сврзани и битисуваат
заедно, најголема тајна, која во многу
мал дел му е достапна на човековото
сетилно- разумно спознание....”
Доаѓа
и мојот ред,се поклонувам,чувствувам
несекојдневна радост,лесно благоухание
од кое целата внатрешност како да ми се
возобнови,пријатен трепет ми помина по
телото,...”допрев
делче од тело,во кое делче од тело ,од
Божјото (Небо) Царство битисувала душа
Светителова...допрев делче од животворниот
крст,на кој било распнато телото
Господово...незнам кој кого допре, јас
нив или тие мене...и денес со солзи на
очите се сеќавам на ова.
Тоа лето сите
заедничаревме,се дружевме,помагавме,секој
на свој начин,да даде допринос, да допрат
моштите до што поголем број на верници....
......сестра Сузана
и сестра Х...,со студентот Стојанче ги
однесоа моштите во Крушево во...и во
домот на Тоше Проевски,потоа во Прилеп
каде верните поредени на тротоарите од
улицата која водеше до црквата.... со
латици од цветови послаа цветен ќилим
славејќи го доаѓањето на светите мошти
во нивниот град,по литургијата реки
верници до попладневните часови се
слеваа на поклонение...
....сестра Тереза
и брат Томче ги носеа моштите во Државниот
Клинички центар во одделот за онкологија
каде се лекуваат болните од рак,за малата
Штипјанка....за жал тоа беше и последна
овоземска радост...моштите патуваа во
Штип во.....
.....Брат Антонио
, брат Гоце и јас ги однесовме моштите
во Ресенско, Јанковец во .....кај мајка
Параскева,каде тамошните свештеници
во текот на бдението ги внесоа моштите
во олтарот,прекрасно бдение и прекрасен
Ресенски Хор.
.....Со брат
Антонио,брат Стојанче и гостинот од
Укранина ги однесовме моштите на Марков
Манастир во Храмот на Св.Димитрија на
поклонение кај сестра Илијана,во Љубанци
во храмот на Св.Николај Чудотворец кај
сестрите,каде по пеење на тропари и
други Богоугодни песни игуменијата
сестра Евпраксија не миропомаза....
.....Со сестра
Дара, брат Драган ,брат Антонио , брат
Стојанче , и хорот од црквата Св.Петар
и Павле од црковната парохија во Ѓорче
Петров,ги однесовме моштите на поклонение
кај сестрите во манастирот во Матка во
црквата Успение на Пресвета Богородица,се
поклонија сестрите,се поклонија
верници,отпеавме тропари,имавме трпеза
на љубовта на која брат Стојанче ,подели
дел од себе со нас ,раскажувајќи за тоа
како моштите ,по Божја промисла, пристигнаа
во Македонија...
.....Со
брат Сојанче и со брат Антонио ,бевме
во Струшко во Калишта,на прекрасна
невообичаено свечена литургија која
ја одржа професорот и свештеник отец
Стефан Санџаковски,и извонредна Струшка
певница или како што милуваше професорот
да каже на шега :…”олтарот
ми е Руски”-
таму беше неговиот син Калистрат кој
студирал во Русија ,”а
певницата е Грчка”-
,неговиот помал син Теофан се спремаше
да замине во Солун на теолошки студии,
се беше збогатено и со еден Руски дечји
хор,чии диригент и воспитувачи по посебна
радост не придружија во чествувањето
на моштите.
...Моштите
повеќепати беа изложувани за поклонение
на верниците во црквите Св.Никола во
Аеродром,потоа беа изложени во соборниот
храм Св.Климент во центарот на Скопје,во
црквата Св.Петка во Кисела Вода...Боби
четириесет и едногодишен инвалид во
количка користејќи го градскиот превоз
неуспеа да се поклони,кога тој пристигна
во Св.Петка ,моштите веќе беа
повлечени....тежина го исполни срцето
на младиот човек,со тага им вртеше на
мобилен на пријателите распрашувајќи
се за тоа каде ќе бидат изложени
моштите,надевајќи се дека ќе успее да
стигне и да се поклони, ...Дени инвалид
во количка болен од артериосклероза во
напреден стадиум ( поради користење на
наркотици) тоа лето имаше тежок тремор
и тој ,не
успеа да отиде на поклонение на моштите,
старата баба ...од геријатрискиот центар
Елисавета во населбата Карпош 4,поради
мозочниот удар небеше се добро опоравила
и не беше во состојба да дојде и да се
поклони.....”Слава
на Бога оние кои вистински го љубат и
тој нив ги љуби”,верници
ги однесоа моштите во домот на Боби,тој
тивко внатрешно се радуваше,а очите му
се полнеа со солзи,не му се веруваше на
глетката,моштите допатуваа и во трошната
куќичка во која Дени и мајка му скромно
живееја под кирија ,Дени видно се израдува
штом ги осети моштите на прагот од
неговата трошна куќичка,но во тој момент
од возбуда доби силен напад на тремор,го
чекавме да се смири,а потоа ги доближивме
да го допреме, Баба ....во геријатрискиот
центар Елисавета, неможеше да станува
ги целиваше моштите и замоли да ги
допреме и до нејзината цимерка...
.....Водно,црква
на Покров на Пресвета Богородица,на
прагот од црковната врата се судривме
со група Романки кои летото господово
2013 тргнале на поклоничко патување во
Македонија,само за наивните ова беше
случајна средба и случајно познанство
,кога дознаа за моштите изразија желба
да се поклонат,на брат Стојанче не му
недостасуваше ревност веднаш се понуди
да ги однесе кај моштите.Најстарата од
нив Ирина со својата побелена коса
неколкупати ја допираше земјата правејќи
длабоки поклони на вратата од црквата
и Славејќи го Бога....а брат Стојанче
покажувајќи го на дело човекољубието,
грижливоста и гостопримството им го
изорганизира остатокот од престојот
во Македонија со посета на машкиот
Манастир Св.Јован Бигорски и неговиот
метох женскиот Манастир Св.Ѓоргија во
Рајчица....
.....На Водно во
црквата Св.Пантелејмон тоа лето беше
одржано едно од најдолгите и најубавите
бденија на кое Богослужеше отец Бобан,
ѓакон Зоран и хорот Хармасини,потоа
имаше агапе трпеза,вистинска агапе
трпеза,се чувствуваше љубовта и
сплотеноста на верните ,сите се дружеа,се
сакаа,помагаа...
....Тоа лето
Господово 2013 на сите ќе ни остане во
мили спомени,душите на сите ни беа
збогатени со нови неоткриени духовни
дарови ,неискажливи душевни убавини
,божествени филиграни....
Моштите ја
посведочија големината на Божјата сила
да обединат, да не оживеат духовно, да
не воскреснат,да посведочат дека Бог
не е Бог на мртвите,туку Бог на живите,а
се што се случува е едно премудро
Богочовечко домостроителство за спас
на Светот. „
Биљана Зврлевска
Скопје 26.05.2014
"Благодарна
сум на Бога што ме избра да ги пренесам
моштите до омиленото мое Крушево, до
родителите на нашиот Тоше, до драгите
и богољубиви крушевчани, кои со сите
почести ги пречекаа моштите. Два дена
во непрестани колони течеше поклонението,
проследено со вечерна и наредниот ден
со утрена и литургија. Нешто невидено
за овие краишта.
Светите
мошти беа изложени во храмот Успение
на Пресвета Богородица и во храмот Св.
Никола, во Крушево.
Третиот
ден во Прилеп, патот кон параклосот Св.
Кирил и Методиј, беше послан по латици
од рози и цвеќиња, во огромен број на
посетители, кои со љубов чекаа да се
поклонат на светињата. Наредниот ден
во света литургија беше одржано
поклонувањето, кои непрекидно течеше
до доцните попладневни часови.
Светите
мошти нека ни се на здравје и спасение.
Благословот Божји нека е секогаш со
нас. На многајалета! Амин!"
Сузана Стојковска
"Му
благодарам на Бога, на Мајката Божја и
на светиот великомаченик и целебник
Пантелејмон, што ланското лето кога
нашата ординација посветена на Св.
Пантелејмон, точно на денот кога го
славевме празникот, а воедно ни беше и
5 годишен јубилеј од работата на
ординацијата, Бог не удостои со мојот
сопруг Бранко да ги дочекаме кај нас
моштите и да се поклониме на нив.
Се
уште тоа радосно чувство го носам во
срцево и ме облива огромна топлина и
благодат Божја кога ќе се сетам на тој
ден. Тоа не се опишува со зборови, тоа
треба да се почуствува длабоко во срцето.
Секогаш ќе Му благодарам на Бога и ќе
го славам за сè
што прави за сите нас.”
Доктор Славица Костоска-Пешевска
Неодамна двајца млади сопружници, по повод светите мошти кои што беа донесени во Македонија, порачаа икона со сите петмина светители и како запис го напишаа следново:
Славица
Тоа беше период кога се молев многу на Бога и се присетував на зборовите: "Барајте го најнапред царството на Бога и Неговата правда, и сè друго ќе ви се придаде" (Матеј 6). Мојата душа страдаше многу, а јас бев постојано во немир, па мојата молитва интензивираше. По неколку дена, како резултат на Божјата милост, братот Стојан го израдува моето срце кога ми кажа дека тој ќе донесе парче на Светиот крст и моштите на овие светители во нашиот дом. Почувствував веднаш, длабоко во душата, исцелителна моќ кога се поклонив и ги целивав.
Болката во мојата душа исчезна веднаш. Почувствував здравје и мир во душата. По неколку дена, Бог ми даде една убава работа каква што никогаш не сум имала до тогаш. Никогаш нема да заборавам како сите ние читавме Акатист во нашиот дом, заблагодарувајќи и славејќи го Бога и Неговите светии. Благодарен сум на Бога, и никогаш нема да заборавам на посетата на овие свети мошти во нашиот дом.
Нектариј
Беше голема чест да ги имаме овие свети мошти од светителите и парче од Чесниот Крст во нашиот автомобил и нашиот дом. Нашиот автомобил е доста стар и не е во најдобра состојба, но ние не сакавме да го продадеме, бидејќи светите мошти беа внатре, и на некој начин, знаејќи дека овие Божји светители беа со нас во нашиот автомобил, не натераа нас да се чувствуваме поврзани - не направи да автомобилот изгледа како не обичен автомобил.
Светите мошти, исто така, не удостоија со посета на нашиот дом. Се чувствувавме недостојни за да ги имаме со нас, но бевме полни со радост и благодарност. Дури и сега, по толку месеци подоцна, ние го почувствувавме благословот на нивните молитви за нас.
За да ги почитуваме, од благодарност кон нив за посетата во нашиот дом, порачавме икона, насликана со сите пет светители. Тоа беше благослов да се види и да се поклониме на нивните свети образи како што се молиме.
Иконата беше насликата од Zlatko Trajkov
Slavica
It was period when I had been praying to God a lot and remembering the words, “Seek first the kingdom of God and his righteousness, and all these things will be granted to you” (St. Matthew 6). My soul had been suffering greatly, and I was constantly restless, so my prayer intensified. After some days, as a result of God’s mercy, brother Stojan rejoiced my heart by telling me that he would bring a piece of Holy Cross and the holy relics of these saints into our home. I felt instantly, deep in my soul, the healing power when I venerated and kissed them. The pain in my soul disappeared immediately. I felt health and peace in my soul. After some days, God granted me a beautiful job like I had never had before. I will never forget how we were all reading the Akathist in our home thanking and glorifying God and his saints. I am grateful to God, and I will never forget the visit of these holy relics in our home.
Nektarij
It was a great honor to have relics from these holy saints and a piece of the true cross in our car and our home. Our car was quite old and not in the best condition, but we didn’t want to sell it because the holy relics had been inside, and somehow, knowing that these holy saints of God had been with us in our car made us feel connected--made the car seem like no ordinary car.
The holy relics also honored us by visiting our home. We were quite humbled and felt unworthy to have them with us but full of joy and thanksgiving. Even now, so many months later, we sense the blessing of their prayers for us.
To honor them, out of gratitude to them for visiting our home, we had an icon painted with all five saints. It has been a blessing to see and to venerate their holy images as we pray.
Зборови на еден ѓакон:
Брате во Христа Стојанче. Го читам текстот за моштите и плачам.Ама навистина плачам. Јас секоја недела ги гледам моштите, а и преку недела кога имаме служба, во Св.Георги-К.Дол. Навистина не знам што да кажам.Секогаш кога О.Горан ке ги изложи на поклонение од нив излегува благоухание,барем тебе не треба тоа да ти кажувам ,ти тоа подобро го знаеш од мене.
Еве чуствувам потрба да ти се заблагодарам за тоа што ете си ни ги донел овде во Македонија, а и нам на поклонение.Голема благодарност брате. Не знам што повеке да ти напишам едно големо ФАЛА
Со почит ѓакон И.
Има уште многу,
многу настани кои што можат да се опишат,
но просто толку работи се случуваа тоа
благословено лето, што ќе биде премногу
ако сè се запише. Мислам дека овие
сведоштва се доволни и доволно сведочат
за сè она кое се случуваше.
Милостивиот Бог неизмерно не љуби!
Непрестано им благодарам на нашите архиереи, на ревносните ереи, и на богољубите православни браќа и сестри кои со многу љубов учествуваа и помагаа во носењето на светите мошти низ храмовите!
И за нив те молам Господи... спомни ги во Твоето Царство!
Запишано во Манастир Света Троица, Џорданвил, Њујорк.
Довршено во вечерта на 21 Ноември, 2014, на
празникот на Св. Архангел Михаил.
СЛАВА НА ТРОИЧНИОТ БОГ ЗА Сè!
No comments:
Post a Comment