23 Ноември, 2013
Големи се Твоите дела, Господи!
Лични записи
Достоен!
Кој
би и го изменил текот на мојата внатрешна
река? Давај сè
што имаш. Изворот на љубовта не пресушува
со давање, туку
со чување. Колку повеќе даваш, толку
повеќе имаш. И да го имаш најубавиот
дијамант на светот, тој ништо не ти вреди
ако не можеш некому да му го покажеш.
Тоа би било само светкаво камче, затворено
во твојата соба. Така е и со љубовта. Таа
е драгоцена само ако се споделува. Ако
ја чуваш далеку од другите , заробена
во тебе, таа ја губи својата моќ. Дијамантот
станува обично безвредно стакленце.
Денес
доживеав нешто убаво, радосно и поучно.
Решив да не брзам веднаш со пишување,
туку да почекам зашто не е мудро да
донесуваме заклучоци,
или да оформуваме мислење за некого
кога сме возбудени, зашто може да биде
лажно. Доколку човека бил навистина
импресиониран од некого или од нешто,
истото нема да згасне со возбудата, но
ќе седи во срцето.
Свети
Кипријан Картагински вака пишува: “каде
што е присутен епископот, тоа е полнота
и цела црква.” Денес ги видов зборовите
на дело. Истото го доживуваме постојано
кога имаме епископ, само многу не мислиме
на тоа.
До
овој момент Му благодарам на Бога за
тоа што бев присутен на денешната
хиротонија на отец Јован. До сега таква
хиротонија немам видено, ниту пак
доживеано. Царско свештенство и свет
народ. Мудри се зборовите од Библијата.
Во моментот не можам да се сетам од која
книга беа истите, но само како брз ветрец
ми поминаа во умот од мисли. Како и да
е, сега да го составам она кое што го
видов денес:
Кога бугарин и македонец ќе се здружат...
Имам
еден духовен брат по име Борислав,
бугарин по националност, а по вера
Христов со кого што вчера заминавме за
Бафало, за да присуствуваме на рапологањето
на неговиот колега од семинаријата, во
чин свештеник. Јас него не го познавав,
но Борислав ме зема со него и прв пат го
запознав. Отец Јован има прекрасно
семејство: две мали дечиња на кои душата
им гори за да си играат. Сите мали се мои
браќа! Златни се.
Отец Јован заврши
богословија во хеленистичката семинарија
на Светиот Крст во Бостон, беше ракоположен
во чин ѓакон, а денес го прими царското
свештенство. Пред ова, се случи нешто
друго од кое што бев изненаден. Грчкиот
митрополит на Детроит, Николај беше
таму, кој што е надлежен архиереј а тој
дел. Како да го опишам, не знам. Необична
личност. Толку позитивен, екстравертен,
насмеан... Уште божествената литургија
не беше почната, а тој неколку пати
излезе од олтарот со полно облечение,
и разговараше со луѓето. Литургијата
започна, а по прочитаното неделно
Евангелие тој проповедаше. Таква проповед
до сега немам видено. Митрополит Николај
не само што проповедта ја составуваше
од својот ум, туку стоеше долу, кај
луѓето, и одеше од место на место. Неговиот
однос со лаиците импресионираше. Ќе
застанеше до тебе, ќе те гледаше во очи
и зборуваше. Не само тоа, едно време му
ја подадоа неговата ќеса од каде што
тој почна да вади подароци и да им дели
на најмалите. Отпрвин сета оваа слика
ме збуни, и по својата слабост си реков
во себе: “зошто вака прави и проповеда.
Малку е чудно ова.” Колку ниско паднав
со своето размислување.
Малиот Константин
-Што
се чудиш- се прашав себе си. Ти е чудно
затоа што не си видел владика да застане
на средина на храмот, да им проповеда
на луѓето и да дели подароци.
Денес,
Бог преку него ме научи што значи пастир
кој што ја полага душата своја за овците.
Нели должноста на владиката е да
проповеда, како апостолите? Затоа кога
се хиротонисува архиереј, тоа се прави
веднаш по малиот вход со Евангелие.
Епископот е наследник на апостолите и
задачата му е да проповеда, додека пак
презвитерот да принесува бескрвна
жртва. Да не бидам погрешно разбран, и
архиерејот пренесува бескрвна жртва,
но ако гледаме на нивните задолженија,
вака е. Се сеќавам говореше за Божик
каде што им рече на своите да размислуваат
кое е значењето на тој ден.
Патем, тој им објасни на верните што
значи хиротонија на свештеник, и зошто
тоа се случува по великиот вход. Меѓу
другото изусти интересни работи за отец
Јован кој што беше на пат да ја прими
оваа тајна. Еве што рече: Молете се
за него и љубете го. Љубете го како ваш
брат, љубете го како ваш татко, и на крај
љубете го како ваш свештеник.
Неговите зборови допираа до секое срце,
зашто со чистота и искреност ги зборуваше.
Понатаму, владиката сподели со сите нас
како бил импресиониран од отец
Јован од нивниот разговор кога му рекол:
“Сакам да го научам она кое не го знам.”
Од овие зборови дојдов до следниот
заклучок: Кога стануваш свештеник, ти
не даваш услови, од типот сакам вака,
како ќе го издржувам моето семејство и
сл., туку оставаш на Божјата волја. Кога
тоа ќе го сториш, тогаш Бог преку владиката
уште повеќе се грижи за тој свештеник
и му го дава она кое може да го носи на
својот грб и да се спасува себе си и
стадото.
Дојде
време и за чинот на ракополагањето. Пред
ова, митрополитот стори нешто, за мене
до сега невидено. Кандидатот за свештеник,
ѓаконот отец Јован, го прочита својот
дел - повелбата, свртен кон владиката.
Тој го ислуша и потоa почна да прашува
дали се согласуваат ѓакон Јован да го
прими свештеничкиот чин. Владиката не
пропушти некого, а да не праша. Започна
од свештениците, неговата сопруга,
прислужниците, сиот народ... пред да го
праша народот, пред сите во црква ми се
обрати мене со збровите:
-
Колку време го познаваш отец Јован?
-
Од вчера, му одговорив.
-
Дали имаш нешто против неговото
ракополагање?
-
Не.
-
Дали се согласуваш дека е достоен да
го прими овој чин?
-
Да.
Јас
буквално го запознав отец Јован вчера,
а владиката за да добие потврда од сите,
никого не изостави. Интересно беше и со
Борислав. Владиката, откако ме праша
мене, го повика и Борислав од олтар, да
излезе на амвонот и му го постави истото
прашање. Зар може човек да не трогнат
од овие постапки и методи на овој владика?
Денес, преку ова видов колку само е
страшна оваа тајна - свештеничката
служба на Бога. Се восхитував на неговата
мудрост од сето ова!
Заветот
кој што го дава кандидатот на Бога и
пред сите луѓе, е голем и тежок, и доколку
свештеникот не е внимателен, полн со
трезвеноумие, чистота и не го љуби
паството, може да стане камен за сопнување.
Господ да чува од ова!
По
сите овие испитувања од митрополитот
на новиот кандидат, со радост ја гледав
неговата хиротонија, зашто беше чиста
и искрена. Чиста и искрена од душата на
отец Јован, и искрена од сиот народ,
зашто тие го кажаа нивното “да,” односно
“достоен!”
Морам
да признаам, до сега не сум видел толку
дружељубив владика. Додека зимавме
нафора, самиот ме повика за да ме запознае
подобро, каде што ми рече дека додека
бил студент, навраќал во Џорданвил за
да се помоли во црквата. Ќе се потрудам
да ги парафразирам неговите зборови: “
- Значи ти студираш во Џорданвил.
- Да, – му одговорив.
- Додека бев студент, неколку пати одев таму и имам убави искуства. Ќе ти кажам нешто што мене ми се случи: Кога еднаш отидов таму, имаше еден монах, сега не се сеќавам на неговото име, кој што беше љубезен кон мене, ми ја отвори црквата, а патем ми кажа каде стои клучот за следен пат кога ќе дојдам, слободно да си отворам и да влезам. Секогаш кога застанував таму, ми беше убаво, Ќе влезев во храмот и ќе се помолев.”
Патем,
на нашето разделување, владиката Николај
ме прегрна и ме благослови.
Неговото Високопреосвештенство, Митрополит Николај.
Отец
Јован ќе го опишам само со една реченица:
радост, срце преполно со светлина,
топлина, љубов, благодарност...
Новоракоположениот, отец Јован.
Бог,
на нас, кои чекориме кон овој пат, за
еден ден и ние да ја принесуваме бескрвната
жртва, непрестано ни покажува колку е
свет овој подвиг, но и колку од сега
треба да се осветуваме (да бидеме чисти),
за еден ден достојно да го примиме ова
царско свештенство, зашто никој не е
достоен од оние кои се врзани со телесни
похоти и страсти, да приоѓа, или да се
приближи, или да Ти служи Тебе, Цару на
славата, зашто да Ти се служи Тебе е
нешто големо и страшно и за самите
небесни сили.
Слава
на Бога за сè!
No comments:
Post a Comment