Wednesday, April 27, 2016

Passion Week: Great Wednesday

A Homily delivered at St. John the Baptist,
Greek Orthodox Church,
Carmel, CA
April 27th, 2016



      Dear Orthodox Christians, and those who are going to be baptized,
Here we are, in the third day of the Holy Week

      We just had the Pre-sanctified Liturgy for the last time for this Lenten period and from tomorrow on we will star focusing and meditating on Christ's Passions.
Before we take a trip with our vehicle, we need to make a stop to put some gas, otherwise, we will be left on the middle on the road stranded. This is exactly the same thing with attending church services. How we will understand the Lord's Sufferings if we choose not to attend church and get understanding of the word? It is imperative to listen the reading of the Gospels, and the chanting of the beautiful hymns. Our souls thirst for the living God. It is essential that we are filled with the grace of God. We will lose out on many blessings that God have to offer, if we choose to stay home or go to church occasionally.
I will share something with you: one of my favorite topics that I would like to discuss and to think about is the Sufferings of our Lord Jesus Christ. Many times when I think what He had endured for us, how much He was beaten, and at the end Crucified, I say to myself: It is time to surrender myself onto the Lord. He had done so much for me and without Him I am nothing.

      Yesterday, at the reading of the Gospel from the matins, the following words were read: “He who rejects Me, and does not receive My words, has that which judges him – the word that I have spoken will judge him in the last day.” John 12: 48. Today don't we reject Christ by our evil actions and darkened thoughts? We see His miracles every day and still we keep our ayes closed as the Jews did.
How many of us confess Christ publicly? Since we are all currently living in the United States, I'll be talking particularly about this country. Today, we don't experience such persecutions (on this land), and yet many are ashamed to cross themselves when they are in public. Our sweet Lord, Jesus Christ came down to earth, became Incarnate, allowed Himself to be humiliated, mocked, beaten by the hands of man, suffered and was crucified for you, me and for every single human being, and this is how we thank Him: many of us are ashamed of His name and fail to make God a priority in our lives. For the sake of the reality, we have to acknowledge that this is the truth today.
      St. John Chrysostom writes the following: “We live on the earth, but we are citizens of the heaven.” The Holy Saints of the Church had this in mind, and bravely, without fear gave up their lifes for Christ. Which of us human beings will stay on this earth forever? None of us. We serve either God or Mammon. We are FOR GOD or AGAINST GOD.
Now let's say a few words about today's Gospel reading: Holy and Great Wednesday: the time of Christ betrayal has come. He already knew that He was going to be Crucified and betrayed by one of His disciples. A woman came to Him wish alabaster jar of very expensive ointment and poured on His head. The actions, the events and the words that Christ spoke to His disciples and to the people vividly testified about His sufferings, Crucifixion and burial, but their spiritual eyes were closed and they could not understand.
If someone is a disciple to a great teacher, that person would be proud to be his follower for he might receive great benefits such as money, respect etc. People do not think of the spiritual things, of the wealth that never gets rust, but on the contrary, the material things that would satisfy the body. Judas, who was one of twelve disciples of Christ, followed Him for the time the Lord Preached the Gospel. He saw so many miracles and still, could not realize Who really Jesus Christ was. The teaching of the Orthodox Church tells us that Judas thought that Christ was a Messiah who very soon will rule with the world and Who will have great power. As time was passing, he became bored of following Christ and felt he was not getting anything out of the deal, so he decided to find another way of rewarding himself: we went to the chef priests and agreed to betray his Master for thirty pieces of silver.
     Beloved brothers and sisters, let us stay away from the Judas of this world and strengthened our Orthodox faith for “our faith is not simply inner matter; it always reflects the times we life as Christians.” Let us have more zeal in this Passion Week and throughout the year. “The zeal also preserves us from sin. Many of the Fathers say that zeal is like a pot boiling on the stove: no fly or any domestic animal comes near to pollute the food that is meant for man only, because of the heat of the stove. But as soon as the fire goes out and the food cools down, the flies approach and leave their impurities in it. The same applies to man's heart: if it burns with zeal for God, it will never be pillaged by thoughts arising from the passion.”
As we approach to Pacsha, let as reflect of sufferings of our sweet Lord Jesus Christ Who endured horrible sufferings for all mankind and for our salvation.
      Beloved, Christ, the Lord is our First Love, therefore REMEMBER THY FIRST LOVE! Amen!  




Stoyan Andov


Monday, April 18, 2016

Од ропство до Очистување во слобода - втор дел

Март 2ри, 2016
Кармел, Калифорнија



Втор дел







Ајде уште нешто да дополнам, да си ја отворам душичката зашто потребно и е тоа. Јас, разделбата од овој свет, ја гледам како општа чаша која мора да се испие, па и доколку би бил против тоа. Течноста во неа дали ќе биде горчлива или пак блага, тоа зависи од мојата животна река. Секој човек си има по некоја бубачка во себе - демон, и никој не може да биде одминат од него. Тешка е таа борба, но победителна е. Често знам да бидам брз и недомислив во постапките свои. Тоа ти е кога старите ни велеа “не скокај како магаре.” Веќе го поминав патот на детството и на прагот сум да го поминам истиот како маж. Каков ли е патот на маж во младоста негова? Без самоувереност во себе, се уште со остатоци од она детинското, понекогаш неодговорен... Оној Слаткиот најубаво ја знае мојата непромисленост, моето слепило и безполезност, но ги знае и страданијата на мојата душа. Затоа Ти крени ме мене, неподвижниот, од гревови и со моленијата на старец Софрониј, “и до последното издихание мое не оставај ме да заскитам од светлината на Твоите повеленија.” Велат, понекогаш зад превезот на зборовите се крие вистината. Точно ли е? Јас ќе речам да зашто пишувањето за одредени маки кои ме мачат ми носи ослободување. Знам и да бидам неразбирлив во некои текстови, барем така ми рече мојата драга пријателка кога ми ги прегледува истите. Кога омарница ќе го опфати моето тело, односно повеќе недопирливото - душата, тогаш знам да бидам таков и барам начин да се плиснам.


Каде е сега радоста? Среќен сум Севишни зашто Те имам и како што многупати Те молев пак ќе побарам од тебе: не ми давај да се оддалечам од Тебе, и покрај тоа колку пати Те нажалувам. Тешко е да се живее во светот без Тебе. Јас без Тебе не можам и ако Ти ме заборавиш, се плашам да помислам што ќе бидам. Сега се исповедам на Тебе и пред овој ширни океан. Неговиот силен звук не дозволува никој друг да ме слушне, освен Ти! Научи ме уште повеќе да ревнувам. Ме сакаш и ваков каков што сум: грешен и ме трпиш.
 Измамен сум од својата горделива ревност и затоа нека течат горчливите солзи од топлото срце за да се очисти во слобода!



Friday, April 15, 2016

Похвала на Пресвета Богородица!

Проповед,
беседена во храмот Свети Јован Крстител
(Руска Загранична Црква),
во Вашингтон, САД.
Март 26, 2015
Наслов на оригиналот: “Laudation of the Mother of God”









Во името на Отецот и Синот и на Светиот Дух!
 Друга помош немаме, друга надеж немаме, освен Тебе, Пречиста Дево, помогни ни, на Тебе се надеваме и со Тебе се фалиме, зашто Твои слуги сме, да не се засрамиме.

Драги браќа и сестри,
Во овој период од Великиот Пост, Православната Црква го установи овој ден да биде Похвала на Пресвета Богородица. Ја молиме Нејзе да Таа ги утеши нашите души и да ни даде радост за време на нашите подвизи во Великиот Пост. Вчера вечер и пеевме Акатист на Пресветата. И пеевме “Радувај се...” зашто во таа благословена вечер, Царицата Небесна, нашата Мајка, ги прегрна Своите чеда. Ништо не е ново за мајка да ги земе своите деца во нејзините раце и да ги прегрне со љубов мајчинска. Каква голема милост од Царицата Небесна!
Традицијата на Православната Црква ни го кажува следното: некој свет отец имал видение. Бил однесен од ангел во рајските населби. Таму, тој ги видел сите светии. Истиот отец се радувал што се удостоил да ги види, но не ја видел Најсветата од Светите и го запрашал ангелот: “ Ги видов речиси сите светии, но не ја видов Богородица. Каде е Таа?” Ангелот му одговорил: Повеќе од времето Таа е долу на земјата, помагајќи им на луѓето.” Зар не е ова потврда дека Мајката Божја нè не остава и навистина постојано се застапува за нас? Честопати не сме свесни колку многу таа ни помага.
Сега да кажеме неколку слова за потеклото на овој празник кој што со славиме на овој ден. Во седмиот век, Византиската Империја поминувала низ периоди кога често била напаѓана од свооите непријатели од сите страни. Било речиси безнадежно и ситуацијата на Константинопол била неизвесна. Така, патријархот Сергеј благословил да има литија околу градот кој што бил опколен од непријателите. Тој самиот со останатите ја земале чудотворната икона на Богородица -Одигитрија на литија низ градот. Заедно со Иконата и Нејзиниот Појас бил земен на литија. Што се случило следно? Кога литијата дошла до водите на Босфорот, свештенството ја допрело водата со светите реликвии, се случило чудо. Морето, кое што било тивко, наеднаш се разбранило и ги голтнало сите непријатели. По застапништвото на Мајката Божја, градот бил спасен. После ова, луѓето и оддале благодарност на Царицата небесна во Влахернската црква со сеноќно бдение. Понатаму, име и уште неколку слични настани на чудесно избавување на градот од Богородица. Заради тоа, Православната Црква, востановила Похвала на Пресвета Богородица за Нејзиното постојано застапништво за Христијанскиот род.
Вчера, беше отслужен Акатист на Пресветата. Да побараме од Неа да не ги презре нашите скромни песнопенија (похвали), туку да ги прими како наша благодарност кон Неа.
Мајката Божја има повисоко место дури и од Серафимите и од Херувимите. Таа по Својата слободна волја прифати да го роди Спасителот на светот, нашиот Господ Исус Христос. Заради тоа, Таа има особено величание меѓу ангелскиот свет и светиите. Доколку Таа не го родеше нашиот Спасител, не би се исполнило избавувањето на паднатиот човек и нашите животи би биле ништожни. Преку раѓањето на Нејзиниот Син и наш Бог, Таа ги отвори вратите на спасението за секоја душа која што има желание да се спаси. Дури и по Нејзиното Успение, Таа остана поврзана со луѓето како што пееме во празничниот Успенски тропар: и по Своето Успение не го остави светот, Богородице...и по Твоите молитви, избави ги од смрт нашите души.
Овие зборови ни говорат дека Таа е секогаш со нас. Еден од современите Светогорски Отци, преподобниот Силуан напиша: доколку не беше заради Мајката Божја, јас би загинал во своите гревови. Овие зборови можат да се разберат и протолкуваат на два начина. Едниот е преку Нејзиното раѓање на Христа, спасението дојде во светот, и вториот, Таа е наша посредничка пред Нејзиниот Син за Тој да биде милостив кон нас.
Која е Мајката Божја според Светите Отци и како тие ја гледааат како Богородица? Свети Дионисиј Аеропагитски, епископ Атински ја посетил мајката Божја и му напишал на свети апостол Павле: Невозможно е за човечкиот ум да сфати што видов со очите на мојата душа, но исто така и со моите телесни очи. Со своите очи ја видов најубавата и света Мајка на Нашиот Господ Исус Христос… Тоа време за мене беше време на највозвишена [ненадмината] радост. Му благодарам на Севишниот и Многумилостивиот Господ и на Светата Дева.
Свети Игнатиј Богоносец, ученикот на свети апостол Јован Богослов напиша:
Ако е возможно, со намера сум да дојдам кај тебе за да ги видам верните во Ерусалим, а особено Мајката на Исус: велат за Неа дека е чесна, љубезна, и буди чудо во сите и сите сакаат да ја видат. Но кој не би посакал да ја види Пресветата, која што го роди вистинскиот Бог и да разговара со Неа? Таа е прославувана со нас како Мајка Божја и Чиста Дева која е полна со благодат и добродетели. За Неа велат дека за време на искушенија и прогонства Таа е радосна, не жали во беда и не само што не се лути на оние кои ја повредуваат, туку на истите им чини добро и повеќе од тоа. Сите кои што ќе ја видат, се воодушевуваат.
Драги мои, Мајката Божја, преку Нејзиното послушание ја исправи непослушноста на Ева. Речено е: Христос е новиот Адам и Богородица е новата Ева, со чие што послушно подчинување на волјата на Бога ја урамнотежи Евината непослушост во рајот.

Сакам да споделам нешто со Вас кое го слушнав пред неколку години. Беше во периодот на Богородичниот пост. Во еден манастир, игуменот на метохот им рече на монахињите дека ќе имаат сеноќно бдение на Успенскиот празник на Богородица. Овие бденија траат речиси дванаесет часа. Монахињите беа радосни за ова и рекоа: “ќе имаме сеноќно бдение на Мама.” Возљубени мои, зар не звучи ова слатко на нашите уши? Овие зборови допираат дури до дното на нашите срца. Јас лично бев трогнат кога ги слушнав овие зборови и до ден денес кога размисувам на некој од празниците на Богородица кои се ближат, говорам: “Ќе го прануваме празникот на Мама.”
Кога се молиме во нашата тајна соба, убаво е кога се молиме на Пресветата, да и се обратиме со зборовите “Мама,” зашто Таа навситина е Мајка на сите нас.
Мајки, молете се на Богородица зашто Таа е мајка на Христос Господ. Таа знае што е мајчинска жртва и мајчинска болка. Побарајте од Неа да ги заштити Вашите деца од мрежите на овој свет.
Татковци, клекнете на колена на молитва кон Богородица и барајте од Неа да го благослови Вашето семејство за Таа да се моли на Бога за Вашите деца за да бидат добри православни христијани и цврсто да се држат до она кое е добро, благоугодно, и да живеат како вистински поборници во доблестите.
Деца и млади, кога имате искушенија или сте нажалени заради нешто, побарајте во молитва од Царицата Небесна да Ве избави од лукавиот и да Ве покрие со Нејзиниот Омофор. Вие сте млади и во многу ситуации не знаете што да одберете или каде да чекорите низ животот. Молете и се Нејзе да Ви помогне. Ако побарате од Неа, Таа ќе ја слушне Вашата прозба и ќе Ве води.
Денес и преку сиот наш живот да и воздаваме пофалба на нашата Пресвета Царица Небесна, Мајката Божја за Нејзината мајчинска љубов кон нас и за Нејзиното застапништво кон оние кои го љубат Бога.
Мили браќа и сестри, јас многу ја сакам Богородица а верувам и Вие исто така. Таа е наша Мама, која што никогаш нè не остава. Ние сме нејзини мали деца кои што сме под Нејзината заштита. По Христа, Таа е светлина на нашите темни души. Таа е наша надеж, застапништво, засолниште, утешение и наша радост.
Заради тоа, сите да повикаме кон Неа со зборовите: Сета моја надеж ја полагам на Тебе, Мајко Божја. Чувај ме под Твојота покрив.
 Пресвета Богородице спасе нè!




Sunday, April 10, 2016

Од ропство до Очистување во слобода

Март 2ри, 2016
Кармел, Калифорнија




Прв дел



Кој е проклет, живите суштества или мртвите? Кој кого проколнува: луѓето природата, или земјата небото? Додека бев дете, не можев на ова да размислувам, ниту пак да одговорам, но сега, кога сум во бурните години, можам и уште повеќе, го гледам. Го гледам во себе, во оние околу мене, во злочинците. Глупави и проклети сме ние луѓето и за тоа никој друг не е виновен, освен ние и нашите идиотски постапки. Него подобро е да престанам да зборувам за другите зашто уште поголем идиот ќе станам. И онака веќе сум, па не ми треба уште една папка со осуди за која што ќе треба да одам на суд и да бидам суден за тоа.
Гневот до коските ми стигна. Ги трие, на маки ги става и одмор не им дава. Јарост ја гриза душата моја и да бегам од тоа не можам, зашто вистината е таа, омарнина го покри моето битие. Знам дека низ годините нужно е да минувам низ агонија на болка и нежност, но реалноста во која треба да бидам борбен и да не се разочарувам, понекогаш повеќе тежи од своите сили. Кога на светот му го даваш најдоброто, тој ти враќа со удари. Во него нема место за чистите по срце. Безбожниците и богоборници често велат ако Бог го создаде светот, тогаш зошто создал пустина во која никој не може а живее? Таквите секогаш ќе бараат изговор за да спорат, но во моето срце нема сомнеж со зборовите “зошто?” Ако не беше овој океан пред мене и сета оваа природа зад мене, не знам дали толку многу би се задлабочувал во соцерзание за дивните дела на Создателот. Всушност би зашто знам дека ако барaм, ќе најдам, ако тропам, ќе ми се отвори. Ја барав океанската природа, и ми се даде, тропнав во неа и ми отвори. Пред мене е, околу мене е, јас со неа сум и таа со мене...



Внимаваме на деновите, месеците, времињата, годините, а на гревовите? Што ќе чинам со нив? Ги бројам ли, или секој ден додавам нови? Кога овој океан само би ме облил и би ми ги измил согрешенијата? Но тоа е само лично желание а во реалноста не постои. Како и да е, тој нема да ми ги измие гревовите но барем неговите силни и бучни бранови ме советуваат да почнам со срцето и со умот. Со такво чистење треба да почнам а останатото знае што да донесе.
Христос стана како мене за јас да станам како Него. Животот катадневно ова ми го покажува, неговата света икона на страданија, сè околу мене говори за тоа а јас, и покрај отворените ми очи, се правам како да сум слеп. Како резултат на тоа, честопати наидувам на слепи кои уште повеќе ме заслепуваат.
Не знам кога ќе дојде тој ден кога ќе се научам да го презирам искушението на моето тело. Го чекам тој ден, но ми се чини тој нема да дојде додека јас суштествувам на овој свет зашто злото одамна влезе во него. За таа радост ќе чекам во вечниот, доколку промислата на Бога изволи да бидам дел од тоа. Пред да влезам целосно да живеам во светот, еден црноризец кај кого што се зајакнував и челичев, пред да заминам ми рече: “Слушај да ти кажам нешто кое што еден јеромонах и мене ми кажа кога бев на твои години, дури и помлад: Немој воопшто да ја отвораш вратата на искушението зашто еднаш кога ќе ја отвориш, цел живот ќе се бориш и нема да успееш да ја затвориш. Држи ја затворена и не ја отварај!” Со ова сакаше да ми каже дека ако еднаш се впушнам на некое искушене, истото повторно ќе дојде и ќе доаѓа.

Колку ли само пати сум во недоумица со себе: нештата за кои знам дека не се благоугодни, ги чинам и ги чинам. На кого ќе му робувам, на Агара или на слободната? Се родив во ропство, но се ослободив преку крштението за да бидам слободен и еден ден во горниот Ерусалим кој што е мајка на сите нас. Го барам тоа, да бидам како Исак-чедо на ветувањето. Што значи да се биде чедо на посинување?