Април
12, 2015
на
празникот над празниците,
ВОСКРЕСЕНИЕ
ХРИСТОВО!
Во денот на Воскресението, нема делови од светот што не се озарени од светлина, туку сè, без исклучок, е исполнето со духовна светлина на Христовото Воскресение (Св. Никодим Светогорски).
Браќа и сестри, роднини по крв и роднини по дух, кумашинчиња, духовни мајки, млади и старци и сите Вие кои ме љубите, а и оние кои зло ми чинат,
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!
Душата ми жеднеше да седнам и да нанижам неколку слова за деновите кога милиот Христос страдаше, или за Неговото славно воскресение, но ништо не ми доаѓаше во умот. Денес, во овој голем ден, самото утро ми кажа што да пишувам и решив да творам.
Ден на воскресение, ден на радост кога не само човекот, туку и природата сведочи дека навистина Христос воскресна. Чудо над чудата, таинство Божествено, радост неопишлива...
Во овој ден сè е радосно. Многу го сакам Пасхалното утро. Пред неколку години, еден од духовниците во Светотроитскиот манастир во Џорданвил ми кажа дека на Пасха, кога изгрева сонцето, игра, или со други зборови, трепери - се радува на Воскресението Христово. Во мојот живот ова започна пред три години. Горев од желба да го видам тоа чудо. Во меѓувреме, во Џорданвил ја донесоа мироточивата икона на Богородица – Омекнување на злите срца (Седумстрелнаја). Истата беше кај нас до втор ден Велигден. Таа година се запознав со хранителот на мироточивата икона, брат Сергеј со кого што изградив силно и искрено пријателство кои, сполај Му на Бога, трае до денес. Му реков дека слушнав од еден монах дека сонцето на Пасха игра. Се договоривме да одиме на ридчето каде што се гробиштата и да видиме. Пасхалната литургија заврши кон четири и триесет наутро. Еден час одмориве и во шест, двајцата заминавме на брдото за да го дочекаме изгревањето на сонцето. Дојде и тој момент кога сонцето почна да се појавува. Полека почна да се појавува неговата форма. Тоа беше треперливо изгревање. Играше! Трепереше! Се радуваше! Сега, додека пишувам, морници ми го поминуваат телото, а додека го гледав тоа... да не зборувам колку. Двајцата со брат Сергеј се чудевме и благодарно се крстевме и пеевме “Христос Воскресе,” за она кое Бог не удостои да го видиме. Додека го гледавме неговото треперење, му кажав на брат Сергеј како јас го гледам и заклучивме дека и двајцата го гледаме играњето на сонцето на ист начин. Навистина е тешко да се опише овде. Тоа само се доживува. Сето трепереше, а во него имаше нешто уште посветло кое разиграно се движеше. Јас толку можам да напишам. Истиот ден, брат Сергеј му раскажа на нашиот игумен на Светотроитскиот манастир, отец Лука за овој настан. Игуменот му одговорил дека Господ ги удостојува православните да го видат ова чудо, особено оние кои преку целата година често се причестуваат. Згора
на тоа тој ги додал следните зборови:
“Владика Аверки со неколку семинаристи
секоја година одеше да го гледа изгревањето
на сонцето и велеше: гледаш
како сонцето игра на денот на воскресението
на нашиот Господ?”
Втората година, кога брат Сергеј дојде со мироточивата икона во Џорданвил, отидовме повторно на ридчето за да се радуваме со сонцето. И оваа трета година, Господ не удостои да го видиме треперењето (играњето) на сонцето. Пред да продолжам понатаму, сакам нешто друго да напишам. Оваа година, имавме многу долга и студена зима. За време на Велигденскиот пост беше сончево само два дена и тоа со облачност и студ. Сега, на Велики Петок, кога имавме литија околу црквата, дуваше силен ветар и почна да врне снег. Си реков во себе: “ќе го видам ли играњето на сонцето и оваа година? Со вакво време, мислам дека тоа нема да се случи.” Патем, неколку дена пред Пасха, зборувавме со брат Сергеј за ова и се договаравме да одиме. Јас му реков дека оваа година ќе ни биде трета по ред да го гледаме тоа чудо, а тој ми одговори: “нема ништо случајно. Бог љубит Троица.”
Во саботата цел ден беше облачно. Сонце немаше и беше студено. Вечерта, пред да отидам во црква и да го дочекам Воскресението Христово, застанав пред својот иконостас и реков: “Господи, те молам сподоби не и оваа година да го видиме чудото со изгревањето на сонцето!”
Ова благословево Пасхално утро, традиционално, по трети пат брат Сергеј и јас отидовме да се насладуваме од радоста на треперливото изгревање на сонцето. Трета година по ред, тоа трепери на ист начин како и претходните две. Забележавме со брат Сергеј дека оваа година, поубаво и поголемо се гледаше сонцето додека изгреваше. Двајцата стоевме на крајот на гробиштата, на ридчето. Додека сонцето изгреваше, разновидните птици и канадските гуски го будеа Пасхалното утро.
Мислам
дека треба и ова да го запишам кое штотуку
го видов. Во моментот патувам за Канада,
која што е западно од Џорданвил. Денот
веќе привршува. Седум навечер е. Автобусот
се движи кон страната каде што заоѓа
сонцето. Седејќи, се загледав во сонцето
и тоа се уште трепери. Истото се гледа
во оста форма како и ова утро, само сега
е по светло. Еве го. Трепери. Овој пат
неговото треперење и такво што каква
што е неговата целосна светлина, во него
има уште посветла линија која што се
движи наоколу. Можеби за некого ќе звучам
налудничав со сето ова кое го пишувам,
но јас го запишувам она кое што го видов
денес. Виновен и себичен ќе се чувствувам
доколку сето ова го задржам за себе. Ако
радоста за Воскресението Христово е за
целиот род човечки, тогаш и ова треперење
и играње на сонцето во текот на овој ден
е за сведоштво за неверните дека Христос
навистина Воскресна, а за нас православните
утврдување во верата. Простете им на
моете чувства, но јас навистина е можев
да престанам да се восхитувам на оваа
радост, особено кога и токму сега, кога
тоа заоѓа, се уште трепери и човечкото
око може цело да го види. Го гледам и
посакувам да не престане оваа радост!
Нека трае зашто душата моја се радува,
а очите мои јасно гледаат нешто кое утре
нема да го видат, туку само на следната
Пасха, доколку се удостојам да бидам
помеѓу живите.
И
ова утро брат Сергеј и јас го видовме
треперењето и играњето на сонцето и
сведочиме за истото! Колку е силно
Воскресението! И природата Му воздава
похвала на Воскреснатиот Христос.
НАВИСТИНА
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!
Радувајте
се!
Зајдисонце на Пасха!
Nice info
ReplyDeleteJasa Pembuatan Booth Pameran
Kontraktor Booth Pameran
Vendor Booth Pameran