Лични записи од Џорданвил
Еднаш во неделата, во среда, отец Лука организира духовно читање на англиски јазик од различни Св. Отци во монашката зграда. Денес, за прв пат отидов. Она кое се внегзи во мојата меморија и таму ќе остане беше следното: при крајот, отец Лука зборуваше за поучување, односно дека не секогаш е полесно да ги поучуваме другите. Патем продолжи дека има луѓе и монаси кои ќе сретнат луѓе и веднаш почнуваат со проповед. Така, кога тој дошол во манастир, да биде искушеник, очекувал од другите духовници да слушне некоја поука и во нив да види големи отшелници. Кога бил со некој од отците, тие зборувале за тоа какво било времето тој ден, дали дозреало класјето, требало да се молзат кравите и сл. “Јас тогаш си велев зошто зборуваат само за тоа,” - ни говореше отец Лука. “Наместо да поучуваат, размислував во себе дека овде нема духовност, а всушност се покажа обратно. Многу подоцна сватив дека не треба да му проповедаш на некој кој е нов, туку треба време за нештата да си дојдат на свое место. Секако, ако имав некое специфично прашање, ќе прашав и ќе ми кажеа, но за време на секојдневните работи немаше секогаш потреба да се зборува за други работи. На пример, кога правиш торта, фокусирај се на рецептот и работи, а не да проповедаш. Има време кога ќе треба да се проповеда. Во тој момент право го она кое треба да го правиш. (Do what you are supposed to do).
Или пак имаше еден настан кога времето надвор не беше убаво и јас истото му го реков на еден постар монах: вакво време, ми го расипува расположението, а тој ми одговори: “Монах не стаетсја настроенијами” Монахот не се спасува по какво ќе му е настроението. Расположението не прави никаква разлика кога се работи за спасението.”
No comments:
Post a Comment