Оваа икона е на synthronon (на горно место, зад престолот) од престолот и традицијата со оваа икона е следна:
Во 10 век за време на наездата на Арабите кои дошле да го нападнат манастирот Ватопед, монахот и јероѓакон Сава, кој бил sacristan (vimataris), успеал да ја сокрие иконата во ѕидовите на светилиштето (во олтарот) со Константиновиот крст и запалил кандило. Манастирот бил ограбен од Арабите, а монахот Сава бил одведен во ропство на Крит каде што бил 70 години. По 70 години, кога добил слобода, се вратил во манастирот. Младите монаси, кои ништо не знаеле за тоа скриено духовно богатство, го отвориле местото каде што било сокриено и ја нашле иконата со крстот во исправена форма на водата и кандилото горело.
Оваа икона, исто така, е наречена Ктиториса (од зборот ктитор) и потекнува од основањето на тројца монаси на овој манастир: Атанасиј, Николај и Антониј. Во спомен на оваа икона, секој понеделник навечер и секој вторник се пее канон на Пресвета Богородица.
И друг настан е поврзан со оваа икона: Еднаш, еден од монасите имал тешкотии околу разбирањето на значењето на стихот " Илјада години се како еден вчерашен ден", и бил исполнет со тага заради тоа што немало никој кој можел да му го објасни овој стих. Се случило во тоа време поранешниот патријарх Константинополски Кирил и Киприан да престојуваат во манастирот и илјадници монаси од сите манастири на Света Гора се собрале за да добијат благослов. На манастирскиот празник, Благовештение на Пресвета Богородица, во моментот кога патријархот Кирил тргнал да се поклони на светите мошти, по давањето благослов на монасите, монахот слушнал глас од иконата Вимаритиса, објаснувајќи му го точното значење на стихот, на што истото кај монахот предизвика благодарност од солзи кон Пресветата Дева за ова чудесно решавање на тешкотијата која ја имал во себе.
Секоја година, на денот на свети Илија, наутро, пред започнувањето на литургијата, се зема оваа Света Икона и се прави литија околу целиот Ватопедски манастир, и монасите заедно со верниците ја носат Иконата.
Оваа икона е фреска од 14 век која порано се наоѓала во притворот, пред параклисот на свети Никола, и била преместена до иконостасот во параклисот со исто име. Во далечното време имало обичај на монасите да ја целиваат иконата како што излегувале надвор од централниот дел од храмот и клучевите од манастирските порти му ги давале на игуменот.
Традицијата вели дека еден ден, во Византиско време, како што игуменот му ги давал клучевите на манастирскиот портар, слушнал глас со зборовите: " Не ја отварај манастирската врата денес, но оди горе на ѕидовите и избркај ги пиратите". Истиот глас ги повторил двапати овие зборови. Игуменот, вртејќи го својот поглед кон иконата, тој видел како Малото Свето Дете (Христос) ја става Својата рака над устата на Богородица, велејќи: " Немој да гледаш Мајко над ова грешно стадо; остави да поминат под мечот на пиратите заради тоа што прегрешенијата им се намножија." Но благословената Дева, тргајќи ја раката на Христа, ја заврте малку својата глава, и ги повтори истите зборови. Монасите веднаш побрзаа на ѕидовите и видоа дека пиратите навистина го опкружиле манастирот и чекале да се отворат портите за да ограбат. Чудесната интервенција на Богородица го спаси манастирот. Од тогаш натаму, монасите постојано внимаваат секогаш да гори кандило пред иконата. Исто така, се служи литургија секој петок и се пее Молебен канон пред иконата секој ден. Порано било обичај за потстрижување на монасите да биде во тој параклис.
Исто така, оваа икона е поврзана со животот на свети Неофит, кој бил "придружник" во овој параклис. Еднаш, тој бил испратен од манастирот да служи во метохот во Евија. Таму, тој тешко се разболел и ја молел Пресветата Дева да му дозволи да би можел да се упокои дома, во својот манастир. Тој веднаш слушнал глас кој му рекол: " Неофите, оди во манстирот и за една година ќе бидеш подготвен." Неофит и заблагодарил на Мајката Божја за продолжувањето на неговиот живот и му кажал на неговиот придружник да се подготви за нивно враќање во манастирот. Една година подоцна, тој се причестил со Светите Дарови и како што се искачувал по скалите, Неофит повторно слушна глас од Мајката Божја, овој пат пред параклисот на иконата Парамитиа, велејќи: "Неофите, овој пат твоето заминување дојде". Одејќи кон својата ќелија, тој се разболел и барајќи и добивајќи прошка од сите браќа, го испуштил својот дух.
Оваа икона е фреска од 14 век и се наоѓа во нартексот од параклисот свети Димитриј. Традицијата со оваа икона е поврзана со еден ѓакон кој бил чувар на храмот и некако имал навика да стигнува доцна за јадење во трпезаријата, заради послушанието кое го имал. Еден ден, кога тој го прашал монахот кој што бил главен на трпезаријата за храна, бил одбиен. Монахот чувар се вратил назад во црквата, полн со гнев и индигнација, и и рекол на иконата: "Колку долго ќе треба да одам да ти служам со напорна работа, додека тебе не ти е грижа ниту што треба да јадам?", и со тоа, тој извадил нож и замавнал во лицето на Пресветата Дева, од каде што почнало да тече крв, додека пак тој ослепел и паднал долу како луд. Тој бил во таква состојба три години, секојдневно пребивајќи кај преградата спротивно на иконата, каде што плачел и ја молел Мајката Божја да му прости. По три години, Пресветата Дева му се јавила на игуменот и му кажала дека Таа му прости на несовесниот монах и ќе му го врати здравјето, но таа рака, со која го направи тоа осквернување, ќе биде осудена на Второто Доаѓање на Господа. Кога монахот се упокоил и времето дошло да го отворат гробот, според обичаите на Света Гора, кога го отвориле гробот за да ги соберат неговите коски, се видело дека целото тело било распаднато, но неговата десна рака останала непроменета, според зборовите на Богородица и била сосема црна. Денес, раката на чуварот е сочувана во храмот, но во многу трошна состојба, одкако руски поклоници ја земале, мислејќи дека тоа се свети мошти.
И оваа икона е насликана на ѕид, во централниот дел на храмот каде што се чита Полуноќница. Вака е наречена заради гласот од чија што фреска бил слушнат (antiphonise - одговори назад). Традицијата со оваа икона е: еднаш манастирот бил посетен од царицата Плацида, ќерката на Теодосиј Велики. Додека таа се приближувала до централниот дел од храмот, со намера да влезе од малата врата, таа слушнала глас кој доаѓал од иконата: " Стој каде што си и не оди подалеку. Како се осмелуваш, жена, да дојдеш на ова место?" Царицата ја обзеде страв, замолила простување од Мајката Божја и веднаш заминала од Света Гора. Како спомен од ова чудо, таа платила за градењето параклис на свети Димитриј.
Елеовритиса (Маслоточива или Елеоточива)
Оваа икона е од 14 век и се наоѓа во манастирската зграда за масло. Во петок, по Пасха се зима од таму и се носи во централниот дел на храмот заради празникот на оваа икона. Традицијата ни го кажува следното чудо: во свое време, кога имало недостаток на маслиново масло во манастирот, свети Генадиј, кој што бил одговорен во манастирот за снабдување на масло, почнал да штеди со тоа што давал масло само за потребата во црква. Готвачот, се пожалил на игуменот, кој наредил на Генадиј да дава масло на браќата, ставајќи ја довербата на промислата на Пресвета Богородица. Еден ден, блажениот Генадиј отишол во зградата со масло и го видел тенкот полн со масло до самиот врв кој достигнал до вратата. Од тогаш, од иконата се чувствува мирис на благоухание.
Оваа икона е насликана одозгора на манастирската надворешна порта. Во 1822, група од турски војници пристигнале во манастирот и еден од нив, гледајќи ја иконата, пукнал во неа од што куршумот направил дупка во десната рака на Пресветата Дева. Како резлутат од тоа што го направил, војникот веднаш се помрднал од умот и се обесил на едно маслиново дрво пред манастирот. Останатите турци се исплашиле од оваа божествена заслужена казна и веднаш заминале од манастирот. Уште повеќе, кога му кажале на командирот на оваа група на војници за ова што се случило, чиј што војник му бил внук, наредил обесениот негов внук да биде оставен непогребан како злосторник.
Оваа чудотворна икона датира од 17 век и стои од левата страна во храмот на источниот дел. Според сведоштвата на старците од манастирот, прво покажување дека оваа дарувана благодатна икона е поврзана со следниот настан: еден ден некое младо момче влегло во црквата за да се поклони на иконата. Ненадејно лицето на Пресветата Дева заблескало и некоја невидлива сила го натерала момчето да легне на земја. Кога тој се вратил кај отците, со солзи во очите се исповеда и им кажал дека живеел живот далеку од Бога и дека бил замешан со магии. Чудесната интервенција на Богородица го резултирала младото момче, менувајќи го начинот на живот, станувајќи нов човек посветен на Бога.
Исто така оваа икона има и благодат од Бога за исцелување на рак. Голем број на болни од рак се исцелиле со Молебен канон пред иконата на Нашата Царица Панданаса.
Дополнение од преведувачот: Оваа икона, старците од еден скит во Галата му ја дале да старец Јосиф Ватопедски. Од толку многу што била убава иконата, старецот на нарекол Всецарица и така останала да се нарекува до наше време.
Виматариса ( Олтарница)
Парамитиа (Утишителна)
Есвагмени (Заклана)
Антифонитриа (Онаа Која предупредува)
Елеовритиса (Маслоточива или Елеоточива)
Пироволитиса (Прострелана)
Панданаса (Всецарица)
Панданаса (Всецарица)
No comments:
Post a Comment