Wednesday, May 6, 2015

Македонштина

Со многу љубов и болка за
својот народ!



Жедни за пролевање крв

     По што друго би биле познати ние македонците, ако не по тоа што се јадеме еден со друг, предаваме, наштетуваме и што уште не. Библиска земја? Ма бегај бе. Ни "Б" немаме.
Со сите овие протести сега разбирам зошто рекле за нас македонците "да умре комшијата за да му ја земам козата." Ова денес вака се имплементира: "да го срушат премиерот и владата за да му ја земат канцеларијата и фотелјата."
     Протести, насилство, револт, немир и општа омраза – белег на цивилизацијата денес. 
     Ајде тоа што се случува се случува, но она што е уште пострашно и онака сакаат од надвор да не разделат, а додека тоа го сторат, ние самите меѓу себе ќе се разделиме. Ете зошто нема мир на Балканот, нема во Македонија. А за православни христијани? Кои православни христијани сме? Му велиме на Бога "чекај, Ти не се мешај, ние ќе се справиме со сето ова." Е ајде, Тој ве остава ама не знам до каде ќе стигнете. Очигледен е сенсот дека почнувате да роптате против Бога. Кога веќе против Него почнавте, почнувате и против државата, фукнционери и знаете што? На крај ќе почнете да роптате против себе и самите ќе се уништите. Е ова го сака ѓаволот и на тоа работи цело време. Знаете зошто падна тој од рајот? ЗАТОА ШТО ПРОТЕСТИРАШЕ. Значи, едно од најголемите негови мрежи против родот човечки е протестирањето. Им влева на луѓето помисли од типот ништо не чини, сè е труло и ги поттикнува на ревност за да протестираат и да се бунтуваат за "слобода." Гледам и македонците станале следбеници на Макијавели – целта ги оправдува средтсвата. Браво, и тоа влезе на нашата земја и се оплодува.
     Никаде и во ништо не тече мед и млеко. Секаде на власт има лоши и добри. Мартин беше убиен. Да го оставие судот на Бога. Ако оној кој што го убил нема совест, нуту пак покајание, тогаш Бог ќе му суди. Ние треба да се молиме за покој на душата на Мартин. Јас на секоја литургија, од денот кога беше убиен, се молам за неговата душа. Како поинаку ќе му се помогне - со протестирање? И што ќе се постигне со тоа? Да чува Господ, уште некој може да загине во тие толпи. Вака на Мартин не му се помага, туку се злоупотребува неговото убиство за лични интереси. Во еден момент додека гледав фотографии како маса на македонци протестираат пред влада или низ улици, си реков: е камо оваа маса од младина да одеше и да отидеше на литургија. Кога сите овие би се молеле за душата на Мартин, тој не знам колку многу би благодарел на Бога и ќе го моли Него за оние кои што се молат за неговата душа. 
     Ајде ставете ги на власт оние кои не веруваат во Бога и уште толку ќе ја докрајчат државата. Да, и сега не е се сјајно но што се постигнува со вакви јадосни протести? Го храните Западот и му отварате врати за да влезе и уште поголем неред да направи и да раздели.
Не си ја знаеме вистинската вредност на моментот, на нештата, случувањата. Сакаме со глава да рушиме ѕид? Ајде, па каде и да е, ќе се срушиме и самите како индивидуи.

     Кај беше бре комшијата кој што умре? Ајде да одиме да му ја земеме козата и ќе биде наша!!!




No comments:

Post a Comment