Чудесното исцелување на Клавдија
Василевна Коленко (Мотовилов)
во Шангај во 1948 год.
Пристигнавме во Шангај во Јануари, 1948
година. Патувањето до Шангај траеше
речиси цела година и по патот јас се
разболев. Ме носеа кај разни доктори
каде што ми диагнозираа настинка, ми
препишаа лекарства, но ништо не помагаше.
Мојата сестра работеше при докторот
Закорин, каде што и помагаше на неговата
стара мајка . Всушност таа му кажа на
докторот дека јас бев многу болна.
Тој, познат хирург, и одличен доктор,
реши да ја испита мојата болест.
Додека ме прегледуваше, го допираше
мојот стомак и јас чувствував болка на
сите страни. Ми постави диагноза –
воспаление на слепото црево и реши дека
веднаш е потребна операција. При анализата
се откри дека слепото црево експлодирало
и дека почна сеопшто воспаление на
утробата. Положбата беше опасна, јас
лежев во болница 15 дена и надеж за
оздравување немаше.
Во тоа време, мојата мајка Евдокија
Андреевна работеше во детскиот дом кај
архиепископот Јован, се грижеше за
децата: готвеше, переше и ги чинеше сите
необходни работи во домот. Кога таа
дозна дека јас умирам, горко плакала.
Владика Јован ја прашал зошто така многу
плаче. Мама му одговорила, - Клава умира.
Свети Јован, веднаш, преку целиот град,
тргнал во болницата – се наоѓаше далеку.
Тој секогаш одеше во сандали и боси
нозе. Јас лежев без сеќавање, сите цевки
ги беа извавиле од мене и докторот дал
распоред да се јават во погребалниот
дом за во случај на мојата смрт.
Колку време Владика одел кон болницата,
не знам, но патот беше долг. Болницата
беше од другата страна на градот. Всушност
јас речиси умрев. Владика почна да се
моли. Кога се разбудив, слушнав мрморење.
Ги отворив очите и видов некого како
силуета и потоа пак паднав во бесознание.
По некое време повторно ги отворив
очите и видов дека е Владика Јован, сепак
беше тешко за да разберам – во сон ли е
или јаве. Му реков на Владика дека умирам,
а тој ми одговори дека нема да умрам и
треба да се молам со него. Свети Јован
ми читаше молитви, а јас повторував по
него. Потоа ме исповеда, причести, ме
благослови и замина.
Утрото, дојде доктор Закорин – тој
мислел дека мене веќе ме однеле во
капела. Кога ме виде, ми измери температура
и беше во големо недоумение, т.е. како
таа била сосема здрава. Тој ги прашал
медицинските сестри што ми давале, а
тие му одговориле – ништо, туку во ноќта
кај мене дошол некој старичок.
Докторот ме праша кој бил кај мене и јас
му одговорив архиепископот Јован. Тогаш
доктор Закорин рече: “Ну, готово, ти ќе
оздравиш.” По три дена мене ме пуштија
од болница веќе здрава.
Чудесното исцелување на Текла Феодоровна
Задовска во 1966 год.
забележано од К.В. Мотовилова
Декември, 2009 год.)
Во 1966 год. доктор Мандрусов ја оперираше
Текла Теодоровна од кила, и почнале
компликации. Во тоа време таа имаше 82
години. Стомакот и беше потечен и сиот
медицински тим сметал дека нејзината
смрт наближува. Евкодија Андреевна
Коленко отишла во катедралната црква
и со солзи се молеше за баба Закодска.
Владика и пристапил кон облеаната во
солзи Евдокија, и ја прашал каков проблем
има. Дознавајќи дека Текла Теодоровна
умира во болница, тој веднаш поитал
таму. Владика долго се молеше покрај
нејзиниот кревет. Таа беше речиси во
бесознание и сите го очекуваа нејзиното
упокоение. Владика Јован продолжи да
се моли сосредоточено.
На крајот, Текна Теодоровна се разбуди.
Владика ја причести и замина. Кога доктор
Мандрусов дојде да ја посети, таа беше
при свест и во сосема добра состојба.
Тој беше вчудоневиден. Текла Теодоровна
му раскажа дека Владика Јован беше кај
неа и се помоли за неа. Во текот на неколку
дена баба Задовска ја пуштија од болница
и таа проживеа околу 8 години, а сам
Владика се упокои послем два дена од
посетата во болница, пред за замине за
Сиетл. Можно е ова да било едно од
последните чуда на Архиепископ Јован.
Кога баба Задовска дозна за упокоението на Владика, многу плачеше и говореше
што тој самиот бил болен и таа за тоа
воопшто не знаеше.
Чудесното исцелување на диаконот
На Велика Сабота (пред 35-38 год.), кога
јас кадев низ храмот, обратив внимание
на тоа што многу богомолци внимателно
гледаат во мене, вклучувајќи ги и нашите
деца. Јас забележав што моето десно око
солзи, а од устата ми излегува плунка.
По богослужението, се погледнав во
огледало и видов дека десниот дел на
лицето, од окото до под брадата е
парализиран.
Во Светлата недела во таа година, во
Њујорк заседаваше Архиерејскиот Синод
на кој беше и архиепископ Јован
(Максимович). Отидов во Синодот и тропнав.
Светителот ја отвори вратата и ме покани
да влезам внатре. Јас дојдов за да земам
благослов и му раскажав што се случи со
мене. Владика рече дека ќе се моли и
свртувајќи се кон иконите се молеше. По
ова, тој неколку пати го помазуваше
моето лице со елеј и рече: “ Ќе помине,
но не веднаш.”
По неколку дена јас почувствував движење
на парализованиот дел од лицето, и потоа,
како што претскажа Св. Јован, се помина.
Велик е Господ во Своите светии.
Архидиакон Евгениј Бурбело,
26 Јули, 2009 год.
Исцелување на телото и душата
Мојата сопруга – многу болна жена. Таа
беше неверничка и во црква не одеше.
Една ноќ си дојдов дома од работа, а
сопругата лежи, се гуши, не може да земе
воздух... се жали што не спиела цела ноќ.
Јас сакав да повикам брза помош, но она
ме молеше тоа да не го правам, плашејќи
се да не ја хоспитализираат – имавме
финансиски проблеми. Ја посоветував да
ја положи иконата на Св. Јован на гради
и да му прочита тропар, а јас заминав.
По три часа се вратив дома и на најдов
сопругата спиејќи. Спиеше цел ден, а
вечерта се разбуди со добро здравје и
се чувствуваше добро. Тоа чудо ја поттурна
да поверува во Христа и во Неговиот
светител – Владика Јован. Сега, таа со
мене се моли, оди во црква и се причестува.
Г. Теодоренко
No comments:
Post a Comment