Чудо од св. Јован Шангајски и Сан Франциски за време за отварањето на неговите нетлени мошти во 1993 год.
Во Септември, 1993 год., живеевме во
Монтерес, Калифорнија. Докторот, на
нашиот двегодишен син му постави
диагноза: мембранозна нефропатија1.
Тоа е неправилна функција на бубрезите
и како резлутат од тоа болниот умира од
недостаток на исхранување на телото.
Анализата од мокрачата покажа значително
истекување на протеините. Докторите
рекоа дека ова беше ексремно редот
случај: обично оваа врста на болест се
појавува не порано од четиригодишна
возраст. Фала Му на Бога, брзо направија
правилна диагноза и третманот почна
веднаш.
Телото на детето се уште не возвраќаше
на третманот. Показателите на протеинските
истекувања се зголемуваа повеќе. Дозата
за малиот му ја зголемија како за
возрасен, а потоа и повеќе – но се беше
без резлутат.
Кон крајот на Септември, матушка2
Лариса слушна за отварањето на гробот
на Владика Јован, како и за подготовката
за неговата канонизација. Таа му се јави
на архиепископ Антониј (Медведев), нашиот
епархиски архиереј и духовен отец.
Владиката ни даде заобиколен одговор.
Од она што слушнавме подоцна, владиката
се плашеше да не голем број на верници
се соберат на отварањето на моштите и
би можело да попречи на тој црковен
обред.
Во меѓувреме нас планираа да не испратат
во Станфорд – универзитет со медицинско
училиште, кои има светско – познат
департмант за неврологиски испитувања.
Знаците стануваа уште полоши и послем
неколку одења до Станфорд, на матушката
и беше кажано дека нема надеж за ова
дете да преживее и ги пратија дома. Колку
за успокојување на совеста, беше
препорачано да се продолжи курсот со
третманот со големи дози на лекарства.
Единствена надеж која остана беше
Божјата помош и застапништвото на
Неговите светии.
Матушката му се јавуваше на архиепископ
Антониј неколку пати, но добиваше нејасни
одговори. Потоа, во втората половина на
Октомври, 1993 год., дојдоа такви луѓе кои
само тие ги потврдувале гласините за
отварањето на моштите: Архиепископ Лавр
(подоцна Митрополит на Руската Задгранична
Црква), член на комисијата за подготовка
за канонизација и прославување на
светителот; јеромонах Петер (Лукијанов,
денес епископ Кливленски); и други.
Во недела, 10ти Октомври, мојата матушка
дозна дека архиепископ Антониј, заедно
со другите високи гости имаа вечера кај
отец Стефан Павленко и таа со смелост
(дерзновение) му звонеше. За време на
разговорот, матушката му објасни на
владиката дека нејзиното прашање во
врска со отварањето на моштите не беше
напразно, туку навистина сакаше да го
положи детето на моштите на светителот
со надежна состојба за здравјето на
нашиот син. Повторно одговорот на
владиката беше двосмислен и во тој
момент не забележавме никаков охрабрувачки
тон. Но ние продолживме да се молиме за
чудо.
Следниот ден околу четири часот попладне,
архиепископ Антониј ми се јави: “Донеси
го детето веднаш.” Возевме до Сан
Франциско. Кога стигнавме, не сместија
во домот на диакон Алексеј Котар (денес
протоиереј) и ни рекоа да чекаме – да
чекаме долго.
Околу два часот наутро дојде отец
Алексеј радосен и ни рече дека владиката
бара да го донесеме нашиот син. Со
треперење, влегов во усипалницата. Не
очекуваа. Атмосферата беше торжествена.
Во нов дрвен ковчег лежеа моштите на
Владика Јован! Протодиакон Николај
Поршников провозгласи ектенија за
здравје на младенецот Всеволод и владика
Антониј побара да се допре детето до
нетлените раце на светителот. По ова,
додека се пееше општиот светителски
тропар, ковчегот беше спуштен во
саркофагот иако настанот со канонизацијата
се уште не беше одржан.
Во вторник, 12ти Октомври, кога на детето
направивме дневна анализа на мокрачата
, бевме изненадени – само Му заблагодаривме
на Господа Бога и на неговиот угодник,
гледајќи за прв пат индикатор на
намалување на истекувањето на протеините.
Докторите препишаа намалување на дозата
на лекови и за неколку недели, тие паднаа
на нула.
Докторите беа задоволни со резлутатите
од третманот. Но ние знаеме дека
дејствително, во реалноста, се случи
чудо по молитвите на Божјиот светител
Јован.
Денес3,
нашиот син е здрав и во Мај оваа година
заврши универзитет. Слава на Бога за
се! Светителу отче Јоване, моли го Бога
за нас!
Протоиереј Јарослав Беликов
татко на излеченото дете Јарослав
1Мембранозната нефропатија е болест во
која малите крвни садови во бубрезите
(гломерулите) кои го филтрираат отпадот
од крвта, стануваат воспалени и здебелени.
Како резултат на тоа, протеините
излегуваат надвор од оштетените крвни
садови во урината. За многумина, губењето
на овие протеини, на крајот предизвикува
некои знаци и симптоми познати како
нефротски синдром.
2Попадија.
3Во
годината 2014та.
No comments:
Post a Comment