Август 23, 2015, Детроит,
завршено во Кармел, Калифорнија,
Јануари 19, 2016
Колку што на животната селидба и нема крај, толку и помислите не запираат. Кога еднаш ќе се изгорам на некое искушение, ќе си речам: “сега веќе ја знам оваа стапица, и кога лукавиот повторно ќе ја постави, ќе ја прескокнам.” Ах, колку посакував да беше така, ама не е. Повторно паѓам во истата, во време кога најмалку очекувам. Но што да се чини, мора да се стане и да се продолжи. Еден школки семинарист, а сега веќе јеромонах, ми го кажа следново: “кога некои луѓе го запрашале свети Јован Златоуст што значи да се биде христијанин, тој им одговорил дека тоа е како некој кога оди по пат, ќе падне, и повторно ќе стане.” Паѓаме, а така јуначки да му се спротиставиме на лукавиот… Но како и да е, моето раносано тело ќе продолжи да паѓа зашто подложено е на младоста а таа пак, таа си ја носи својата бура на времето.
Каде ќе ме однесе животот? Кој ќе бидам јас и дали ќе чекорам по истиот пат? По истиот веројатно не, но барем во тој правец. Често кога се молам, барам од Севишниот да во иднината, која што е непозната за мене, каде и да бидам, што и да бидам, никогаш да не го заборавам Оној кој не ме заборави мене кога ми беше најтешко и кога бев под облакот на искушенијата. Никогаш, да не даде Бог! Одамна го земав крстот на животот, но сега кога барем малку имам сенс на расуждение, гледам дека штотуку стигнав до почетокот. И така ова се повторува. Знам дека јас не сум оној кој ќе го промени светот зашто промената започнува од себе, од внатре. До сега немав научено дека оној кој што ме кара, тој и ме љуби, а јас пак си го терам своето. Еден црноризец кој што го виде патот на мојата изгубеност, реши да ме врати назад. Ете уште една промисла на Милостивиот. Тој знае што е најдобро за мене и кога е време за промени. На почетокот како мало младенче се лутев и во помислите го осудував. Осудував кого? Оној кого ме учи да бидам совесен, одговорен, послушен…? Некаде го прочитав следното за помислите: “Не му ги кажувај на умот намерите кои ги тлееш зашто неговата лукавост ќе те изеде.” Јас до сега немав никого зад себе кој што за одредени нешта ќе ми кажува “не.” На некој начин имав полна автономија. Од сега работите се сменија. Време и за ваква дипсиплина и не само тоа, туку сега разбирам колку е важно потчинувањето, односно послушанието. Тоа се гледа кај малечките: кога нивните родители ќе им кажат за нешто “не,” и тоа е амин за нив. И за нас возрасните треба да биде така зашто само на тој начин ќе се научиме како да се бориме против гревот. А тој од каде доаѓа? Зар не од нашата слободна волја. Апсолутно. Се плашам да помислам кога светот би бил без дисциплина и безредие. Ова ме носи да размислувам за воплотувањето на Синот Божји. Кога Тој, како Бог беше послушен до крсна смрт на Отецот, зар јас ќе чинам во својот живот што сакам? Всушност, еден отец ми рече дека ова е една од најголемите итроштини на лукавиот против нас а од која и самиот тој отпадна од Бог. Тој посака да има полна слобода, падна и сега нам, слабите, не охрабрува со такви помисли, да го чиниме она кое го посакуваме. За ова, денес сведочи светот и безаконијата во него.
За некој друг немам право да зборувам, но за себе ќе речам дека учам од своите грешки. Во великата и славна катедрална црква, света Софија во Константинопол, биле врежани зборовите: “Изми ги гревовите свои а не само лицето.” Кој и да влезел во таа црква, го читал овој натпис. Знам дека како што паѓав до денес, така ќе продолжам да паѓам и понатаму, но сполај Му на Бога што се уште сум способен сам да станам, а не мора да чекам некој да ме крене. Кога би дошол до тој степен, тогаш… раносан ќе издивнам.
Време е да почнам да го гледам изворот, а не реката, почетокот, а не исходот!
II
Црноризецот од кој што научив “не”
Секој ден е можност за мене да се променам, да видам каде паднав вчера за денес тоа да не го сторам повторно. Изборот за дали ќе чекорам напред зависи од мене. Промената не се кине од дрво, ниту пак се бере. Таа започнува од умот со “време е!” Промена, ново утро, иднина полна со неизвесности.
Ах Боже мој, од каде сега да започнам со мислите и настаните кои се случуваа до денес? Уште не научив дека Некој ме гледа. Дали одозгора, зад мене, пред мене или во мене, сепак Тој Некој е тука. Пуста човечка заслепеност! Нема да ги благословувам своите слабости, своите падови. Не знам само кога ќе научам да ги благословувам оние кои се строги кон мене. Паѓам да истите стапици пак и пак.
Денес ќе пишува за новиот татко кој што Бог ми го даде. Да, татко црноризец со крст на градите. Отец Пахомиј ме полеваше со строгост за да види од мене промена. Не знам дали тој ја види или некој друг, но за овие четири месеци, јас ја видов. Главното послушание преку летото ми беше да плевам треба во градината. Очекуваше да биде совршено и лесно мана ќе ми најдеше. На моменти толку многу ми се смачуваше од прекорувањата, што цел филм од помисли си составувам во умот против него колку е лош и само барав начин како да си заминам.
Неговата строгост ме научи да не бидам себичен и да мислам само на себе си; Христос е центарот во нашиот живот; доколку сакам да бидам од полза за Црквата, треба со пот на челото да работам и да бидам мудар во своите постапки.
Ах, колку Му благодарам на Бога што ми го испрати овој црноризец во својот живот! Чувствувам дека за овие четири мецеси поминати во манасторот пораснав и си дојдов на себе да видам кој бев, кој сум и кој треба да бидам. Видов како Божјата промисла работи во сите нас. Кога ние ќе отвориме пат и по своја волја ќе побараме помош од Бога да ни помага, тогаш Светиот Дух снисходи во нас и ни праќа луѓе или пак не става во ситуации во кои прво ќе согледаме колку ме слаби, тврдоглави, непослушни, и ќе не научи како да станеме подобри. Често во животот треба да поминеме низ оган за да се очистиме, да го одвоиме златото за вистински во Христа да засветлиме.
Ако некогаш некој го чита ова, а ми се чини дека ќе чита, морам да истакнам не сакам да бидам погрешно разбран дека го величам отец Пахомиј. Го величам Бога кој што ми ги прати овој монах во својот живот. Отец Пахомиј по карактер знае да биде taugh и често не бира зборови кога ти говори, но до после неколкуте месеци поминати во манатирот, видов дека има прилина за тоа. Во срцето знаев дека тој ме љуби како свое чедо зашто како што пишува Соломон, “ Кој да жали прачката, го мрази сина си.” Во неговата строгост кон мене имаше многу љубов, но јас неразумниот и гордиот, веднаш се гневев во себе. Кога ќе ме искараше, толку го кревав носот, што постојано го осудував во своите помисли. Го мислев дека е најлош монах кој што се сака да е по негово. Кога ќе направев некоја грешка, ме караше а јас се гневев. Ах, каква неразумност таев во себе; каква заслепеност! Пак ќе изустам: милостивиот Бог, Кој што знае уште колку треба да растам, ме прати на место и кај монах кој што ќе ме научи да бидам нешто во животот. Јас во овој монах видов таков дух кој што просто не можеш да го мразиш. Колку е да се налутам на нешто со кое ќе ме пресече, за брзо време ќе омекнам. Доволно е само да разговараш со него, и срцето само по себе се отвара пред него. Гледав во се да бидам искрен кон него. Нека ми прости Бог за она за кое не сум бил. Се случувало и тоа.
Еден ден ми го кажа ова: “When you learn how to joyfully go one step further than you were asked...to accept “no” without being moody… to be sincerely grateful for kindness people show you – great or small… and realize that everything does not relive around you as the center of life and beauty… you will become something great for the church. The world will open its doors to you and you will succeed in everything.” Во друга прилика, за работа ќе ми речеше: “ you must work hard or you will be of no use to the church everywhere.” Ако денес или утре некој ми рече дека во САД немало духовници, во голема лага е. Само оној кој што не сум овде и слушал коментари од страна, може тоа да го зборува.
Виновен ќе се чувствувам ако не речам дека колку што физички работев овие четири мецеси, ми се чини до сега никогаш немав толку работено. На почетоците ми беше тешко, но се навикнував. Патем, кога го гледам отецот како работи, по цел ден со мене плеви треба во градината си реков: “Тој архимандрит и игумен работи, зар јас ли ќе се жалам?” Навистина до сега никогаш немав видено игумен на манастир да работи. За мене тоа беше необично. Во врска со работата, отецот во една прилика ми рече: “Стојан, многу е важно особено за монасите, да се работи колку што се може повеќе. Со макотрпна работа на една личност или монах, помага во духовниот живот: кога си фокусиран на работа, немаш лукавиот не може толку да те напаѓа со помисли зашто мислиш на она кое го работиш. Згора на тоа, до крајот на денот толку ќе бидеш уморев што по вечерната и вечерните молитви ќе заспиеш од умореност и тоа те заштитува од страсни помисли. Не дека нема да имаме вооошто помисли и искушенија, но со физичката работа колку толку сме заштитени. И светите отци советуваат: работа, работа, работа.” Од отецот научив многу работи: прво совршеност. Секогаш, пред некое послушание, тој ќе би кажеше: “работи совесно, а не само колку да го завршиш. Мораш да научиш во се што чиниш да бидеш совесен.” Понатаму, никогаш не помислив дека еден ден ќе живеам во Америка и овде ќе научам да правам мозаик. По два мецеси од моето живеење таму, отецот одлучи да и направи личен апартман во една од манатирските куќи. Тоалетот ми беше од мозаик. Тој ми ги кажа стратегиите и понатаму јас го правев и многу други работи научив од него.
Научив многу, но време беше да заминам. Манастирскиот живот не беше за мене, како што си мислев. И тој самиот ми рече: “оди и живеј во светот. Млад си и треба да го вкусиш тој начин на живот, само биде многу внимателен. Кога јас бев млад, еден отец ми рече: некој воопшто да ја отвараш вратата на искушението да влезе. Кога еднаш ќе ја отвориш, цел живот ќе пробуваш да ја затвориш и пак нема да моѓеш тоа да го сториш. Држи ја затвопрена.” Овие слова ми ги наша на нашата разделна вечера во еден ресторан пред да дојдам во Калифорнија. До денес носам во себе зашто вистина е: доколку се впуштам во телесните и светските задоволства, години ќе ми требаат за да се отргнам.
На заминување, ми го рече следното: “Cheer!!! Cross yourself and begin a new adventure… We miss you already. Have fun and be very responsible. Please be strong and stay away from the world temptations. Life is short. Enjoy it! You always have family in Harper Woods :) ”
На крајот ми испрати порака со текст од Рудјард Киплинг
If you can keep your head when all about you
Are losing theirs and blaming it on you,
If you can trust yourself when all men doubt you,
But make allowance for their doubting too;
If you can wait and not be tired by waiting,
Or being lied about, don’t deal in lies,
Or being hated, don’t give way to hating,
And yet don’t look too good, nor talk too wise:
If you can dream—and not make dreams your master;
If you can think—and not make thoughts your aim;
If you can meet with Triumph and Disaster
And treat those two impostors just the same;
If you can bear to hear the truth you’ve spoken
Twisted by knaves to make a trap for fools,
Or watch the things you gave your life to, broken,
And stoop and build ’em up with worn-out tools:
If you can make one heap of all your winnings
And risk it on one turn of pitch-and-toss,
And lose, and start again at your beginnings
And never breathe a word about your loss;
If you can force your heart and nerve and sinew
To serve your turn long after they are gone,
And so hold on when there is nothing in you
Except the Will which says to them: ‘Hold on!’
If you can talk with crowds and keep your virtue,
Or walk with Kings—nor lose the common touch,
If neither foes nor loving friends can hurt you,
If all men count with you, but none too much;
If you can fill the unforgiving minute
With sixty seconds’ worth of distance run,
Yours is the Earth and everything that’s in it,
And—which is more—you’ll be a Man, my son!
и ми рече: “This is an important poem that my father read to me when I finished school!”
Разделбите знаат да болат. Јас навистина постанав твој син, возљубен отче! Од преполнето срце ми говори устата…
No comments:
Post a Comment