Wednesday, March 20, 2019

Љубовта со која ме возљуби



Mарт 4ти
Поминува уште една година од земниот живот






Како секој од нас, и јас го одбрав мојот пат. Вербата во Бога и мирот душевен кој ми го дава, ме понесоа и предодредија да Му служам Нему и на народот. Но, неретко пред мене се исправаат прашања без одговор, одговори добиени со причина иако без прашање. Мојот животен пат ме носеше низ светот, со пријатели и непријатели, видов сиромашни среќни и богати несреќни луѓе. Видов многу, ама не и се.
Неретко размислувам и те прашувам Господи, што е животот? Сенка ли е, сон или реалност е? Во каков свет живеам и што живеам? Знам дека кога Те имам Тебе, имам се. И тоа многу ми значи, ама ми се чини тежненијата на душава не можам повеќе да ги носам. Дали е тоа од животното искуство низ годините или околината на која што сум изложен или нешто друго. Свесен сум дека од реалноста нема бегање и знам дека и до крајот на светот да отидам, таа ќе биде и таму, но во некоја друга форма и со некои други луѓе.
Неретко, барајќи ја смислата на животот, мислам дека со глава скршам ѕид, па затоа Тебе ти се молам патот во иднина да ми го отвораш, бидејќи јас веќе онемоштувам. Тежината на секојдневието ја чувствувам катадневно, а во ваков свет речиси е невозможно да се зачува чистотата на душата.
Не велам дека е за некој друг е невозможно, јас Тебе те молам да ми го вратиш чувството на праведност на светот и да ми помогнеш да го надминам чувството на недостаток на сила за секојдневна борба со опстанокот. Тебе ти се исповедам, до сега се трудев да ја задржам затворена врата, вратата на искушението, ама истата почна да се отвара. Научив дека на двајца господари во исто време не се служи. И тоа многу добро го знам. Ти си Господарот кому жеднеам да му служам.
Никогаш не сум сакал битија со две лица и посакувам никогаш да не дозволам јас да станам таков. Беззаконија сум имал, имам и знам дека ќе имам додека да издивнам. Ако не можам да ги победам, Ти покажи ми го патот како да се справувам, бидејќи има моменти кога мислам дека некои од нив сум ги надминал, но вистината е дека тогаш гледам колку сум обземен од нив.
Речено е: „страшно е да се падне во рацете на Живиот Бог.” Моето искуство пак, додава дека е уште пострашно да се падне под искушенијата на  безаконијата.
Кога опстанокот е во прашање, тие ја надвишиуваат главата и притискаат. Каде и кога е крајот на катадневната битка со животот? Каде и кога е крајот на катадневната битка со опстанокот? Битките ми се познати, не ми е познат крајот. Затоа, кога еден ден ќе ме нема, ова писание нека послужи како патоказ за другите за мојата борба и за мојата молба со која Те молам да ми испратиш сила за да издржам се што си предвидел за мојот животен пат.
Немоштен сум. Ти си Тој од кого зависи се, а јас сум оној кого преку Тебе се уште битисува. Се молам да не ме презреш во оној Страшен Ден кога ќе дојдем пред Тебе на крајната исповед.
Слаб сум, признавам. И најмногу се плашам од ветувањата  кои Ти ги исповедам дека нема да чинам дела презрени од Тебе, ама ете, опстанокот без живот, ме тера по старо. Пак се враќам во калта и се валкам во име на опстанокот. Каков ужас! Зар мојата слободна волја е послаба од делата презрени од Тебе? Во тоа не верувам зашто волјата може се да победи.
Многупати се прашувам, кога веќе многу одамна, од мали години Те возљубив и се трудев мојата волја да ја последува Твојата, зар сега да се откажам? Богољубието во мене не го дозволува тоа и, признавам, се плашам да не го следам патот Твој. Се плашам зашто во делата презрени од Тебе нема вечна наслада, нема вечно блаженство, а јас од овоземниот живот го барам спротивното. Ја барам Крепоста, Силата, и Утверждението.
Молбата моја искрена се однесува на тоа да не дозволиш материјалните грижи да ме разделат од Тебе. Каде ми е верата? Каде ми е љубовта кон Тебе? Каде сум јас?
На денешниот ден, кога со љубовта Твоја дојдов на овој свет, Те молам да ме поштедиш од практикување на дела презрено од Тебе, бидејќи има потреба од  љубовта Твоја, од онаа исконска Христова, која во мене не запира да се движи. Чудесно е тоа! Љубовта со која ме возљуби одамна и се уште ме возљубуваш, дури и додека сум во своите „битки“ за опстанок, нема да ме остава. Куртулиме од немоштијата, од борбата за опстанок, само не од љубовта Твоја.

1 comment:

  1. Ова сведоштво го споделувам со партнерите кои страдаат во нивните врски бидејќи постои трајно решение. Мојот сопруг ме остави мене и нашите две деца за друга жена три години. Се обидов да бидам силна само за моите деца, но не можев да ја контролирам болката што го мачеше моето срце. Бев повреден и збунет. Ми требаше помош, па истражував на интернет и наидов на една страница каде што видов дека д-р Елен, која работи на правопис, може да помогне да се вратат саканите. Ја контактирав и таа ми направи посебна молитва и магии. На мое изненадување, мојот сопруг повторно се врати дома по 2 дена. Така се обединивме и имаше многу љубов, радост и мир во семејството. Можете исто така да контактирате со д-р Елен, моќен магија за решенија
    1) Врати се дечко
    2) Повторно обединете маж или жена
    3) Ако имате кошмари
    4) Исцелување на ХИВ и рак
    5) Моќен магичен прстен
    6) Магија за среќа
    7) Раскинување на опсесијата
    8) Проблеми со породувањето и бременоста
    9) среќен лотарски број
    Контакт преку е-пошта: ellenspellcaster@gmail.com Можете исто така да го Whatsapp +2349074881619

    ReplyDelete