Sunday, May 22, 2016

ЃАВОЛОТ ЌЕ БИДЕ ПОБЕДЕН, И ОВДЕ ЌЕ ИМА ХРАМ БОЖЈИ!

Јули 30, 2014
Сан Франциско


( Сите права се задржани од преведувачот и авторот.


 Без негова дозвола не смее да се копира или објавува на друго место овој текст! )



Сеќавања на Лариса Красовский со свети Јован Шангајски и Сан Франциски




Пред да почнам да пишувам за искуството на Лариса Красовски со свети Јован Шангајски и Сан Франциски, имам еден настан кој што се случи пред неколку години, поврзан со неа. Еден од нејзините синови, отец Роман е монах во Џорданвил. Кога бев студент, втора година во семинаријата , имав послушание да работам во манастирската канцеларија во Светотроитскиот манастир, т.е.одговарав на телефонските повици. Отец Роман беше во истата канцеларија, од спротивната страна. Неговата мајка, Лариса Красовски, неколку пати во годината му испраќаше колачи која таа ги правеше. Канцеларија беше прилично голема и имаше уште една екстра просторија, каде што се подготвуваа книги и се испраќаа. Во исто време, таму стоеше мала мини-машина за кафе и колачите стоеја таму. Еден ден кога истите му стигнаа по пошта на отец Роман, тој ги отвори и ме понуди, патем ми кажа дека неговата мајка ги направи. Понатаму го прашував повеќе за него и неговото семејство и дознав дека неговото семејство многу добро го познаваа свети Јован, а отец Роман бил пет години, но неговите браќа се постари од него, па меморијата за овој светител им е јасна и жива. Додека работев, еден ден влезе игуменот во канцеларијата, со пакувалната просторија, ја отвори кутијата со колачи и се послужи со неколку, нагласувајќи ми колку се вкусни и дека мајка му на о. Роман често му праќа. Ова не беше крајот. Понатаму и неколкумина влегуваа и си послужуваа. Очигледно, колачите не беа сокриени, па сите беа добредојдени да се нагостат. Јас, во тоа време, не можев да им оддолеам на слатките. Здогледав ли благо, наликував како никогаш до тогаш да не сум видел. Но што можев да сторам, лесно му се препуштав на тоа искушение. Отец Роман ме понуди неколку пати, но тоа не беше доволно за мене. Посакував уште. Отец Роман, обично, беше во канцеларија до три, понекогаш четири попладне и заминуваше во својата ќелија. Јас тие моменти ги чекав, да замине, за да отидам и да се послужам со тие колачи. Факт беше дека беа супер вкусни. До толку ги сакав, што неколку пати навечер во десет ќе дојдев во канцеларија, зашто имав клуч, и ќе се послужев со неколку. Еден ден, му реков на отец Роман: “Отец, сакав да и напишам на вашата мајка за да и се заблагодарам за вкусните колачи. Може да ја добијам нејзината адреса?” Со драга волја ми ја даде и тоа го сторив. За Лариса Красовски знаев само преку отец Роман, но се решив да и напишам писмо каде што и заблагодарив за колачите. По неколку дена, отец Роман ме извести дека неговата мајка го добила писмото и била трогната од истото.
Две години подоцна, отец Роман беше назначен од Руската Задгранична Црква за старешина на мисионерската дејност во Ерусалим каде што има женски руски манастир света Елизавета. Минатата година, кога дојде да го посети Џорданвил, ми рече: “Кога бев дома кај мајка ми, го видов и прочитав твоето писмо” и се насмеа.
Отец Роман, пред да замине на мисија во Ерусалим, јас бев тој кој што му помагаше да ги спакува сите свои работи и пренесе во Бостон. Всушност, сета доверба, со сите лично работи, алишта, книги и сл.ми ја предаде мене. Тој имаше толку многу работи, што ми беа потребни денови за да го спакувам. Додека ги пакував неговите работи во кутии, видов неколку работи од св. Јован: неколку фотографии од неговото семејство со св. Јован во нивниот дом во Сан Францисцко, признанија и дипломи од училиште со светијовановиот потпис и еден виолетова мантија која му припаѓаше на св. Јован. Тоа послушание, со пакувањето, беше макотрпно, но како резултат, Бог ми дозволи да видам неколку работи од св. Јован.
По две години, од сите овие случувања, св. Јован отвори пат да ја запознаам Лариса Красовски лично и ми се даде можност да зборувам со неа и да ги слушнам нејзините спомени со св. Јован и како таа го памети. Патем, пред разговорот, ја прашав, доколку прави, дали ќе може да добијам неколку од нејзините вкусни колачи.  И го раскажав настанот со колачите и и реков како речиси секој ден се прикрадував во канцеларија. Таа слатко се изнасмеа и во исто време и беше мило да го слушне тоа. Интересно беше тоа што, таа ми рече дека пред два дена направила од нив, и сега со ова што и спомнав ќе ми даде цела кутија од нив.
Лариса Красовски потекнува од Сибир, Русија. Родена е во 1928 година во Харбин, во Кина. Нејзиниот дедо и баба доаѓаат овде заради комунизмот и прогонот кој што Советскиот Сојуз го чинел, со нивните деца па така таа била родена во оваа земја. Во раните триесети години од минатиот век, нејзинито семејство се преселуваат во Шангај. Кога таа имала седум години, била испратена да учествува, односно да учи во Франциско школо, каде што имало многу руски деца кои се образувале во оваа институција. Според нејзините зборови, таа беше израсната од својата баба и дедо зашто таму живееше со нив, додека нејзината мајка работела и не живеела со нив. Понатаму, нејзиниот дедо одлучил да ја запише во гимназијата на Лига Руских Женшин.1


Лариса Красовски:
Моите родители се разведоа кога јас имав две години, така да јас бев одгледана од моите баба и дедо, родителите на мојата мајка. За жал не го завршив руското училиште зашто мојата тетка сакаше да ме премести во британско школо кое успеа да се одржи до 1942. Потоа кога Втората светска војна започна, сите луѓе од Британија мораа да одат во јапонски кампови. Во тоа време, Кина беше под окупација на Јапонија, како и Шангај.
Прво, Владика Јован го запознав кога учев во руското школо, во Лиго-Руски Женшин, во Шангај. Тој ќе присуствува на сите испити по предметот “Закон Божји”. Секогаш ќе биде таму. Истото продолжи да го прави и овде, во Сан Франциско за време на испитите. Дури тој одеше и во школото во Бурлингејм2 за испити. За тоа можеш повеќе да го прашаш мојот син. Владика, просто ги љубеше децата. Тој беше многу строг и полн со љубов. Владимир3 може да ти каже како понекогаш ќе ги тапнеше со патерицата по глава. Во нашето школо имавме црква и покровители на таа црква беа Вера, Надеж и Љубов, со нејзината мајка Софија. Имавме наш женски хор и некои од девојчињата помагаа во храмот за време на службите4. Таму беше и отец Атанасиј, основачот на руското школо. Ах, беден отец Атанасиј! Тој беше толку смирен и добар, што знаеш, кога ќе начекаш некој толку добар, го искористуваш тоа, така да за време на часовите кога предаваше ние зборувавме, се глупиравме и што уште се не чиневме за да немаме часеви.
И така на таа литургија, јас како девет годишна со мојата другарка Нина Попова требаше да го облекуваме владика во архиерејските одежди. Значи, за да биде јасно, ние како девојчиња стихари не носевме, туку имавме специјална пурпурна училишна униформа. И така требаше да го облекуваме владика Јован. Тој, значи, стои на средина на храмот, а ние почнуваме да го облекуваме. Отец Атанасиј никогаш не не учел како се мести великиот омофор и доста беше комплицирано. Веќе пењето на хорот заврши, сè запре. Владика Јован стои и молчи, ни збор не изустува. И ние те на оваа страна, те на другата5, страничните копчиња се како ѕвона и само тропаа -бум, бум. За сето тоа време, во ушите ми одекнуваше тоа “бум” и се обидував да го извршув својот дел тивко. Не знаевме како да го наместиме великиот омофор, а Владика Јован немаше да ни помогне. Стоеше и не сакаше да ни помогне. Оставаше на нас, да види дали ќе се снајдеме самите. Затоа само стоеше и молчеше, без збор. Веќе сè запре во храмот, а Владика Јован стоеше и молчеше. И ние две се обидувавме да смислиме како да го наместиме великиот омофор. На крајот успеавме правилно да го наместиме. Но знаеш, интересната работа беше кога јас бев во Џорданвил, додека таму беше владика Лавр, пред да стане Митрополит, еден од прислушниците се испогуби и не знаеше како да му го намести великиот омофор. Тоа беше прв пат после педесет години да видам како некој друг не знае како да го намести великиот омофор. После ова, му раскажав на владика Лавр: 'владика, ова е прв пат да видам како еден од прислужниците не можеше да го намести омофорот. Сега се чувствувам подобро дека не бев јас единствената која не знаеше6'.
На крајот, ние некако се најдовме и го наместивме, инаку, Владика до утре до стоел и би не чекал да му го наместиме великиот омофор, не знам, но верувам тоа би се случило. Но знаеш, во храмот настана тишина и туку само слушаш звук на ѕвончиња: 'бум, бум'. Буквално звучеа како некои камбани. Како и да е, тоа беше моето искуство со великиот омофор со Владика.
Понатаму, пред да се омажам, мојот сопруг Вадим отиде кај Владика. Владика него многу го љубеше. Тогаш Владика беше во Хонг Конг и Вадим често патуваше на разни места заради работата, па отиде кај него за да земе благослов за брак. Владика го прашал: 'Со која девојка ќе се жениш?' Тој му одговорил: 'Со Лариса Красовски'. Тогаш Владика му одговорил: ' о, Љаља!' Владика ме викаше 'Љаља.' Тој веднаш благословил. Ние бевме венчани во камп на Тубабао. Јас бев евакуирана на Тубабао7. Мојот сопруг не живееше таму. Тој работеше за една британско-американска компанија и постојано патуваше. Го преместија во Тајван. Во тоа време Тајван беше именуван 'Формоза' додека беше под јапонска окупација. Од таму, тој дојде на Тубабао за да се венчаме. Јас живеев на Тубабао неколку месеци, половина година. Таму пристигнав во март, а заминав во септември. Венчавката беше во осум наутро и во истиот ден заминавме за Манила8, зашто имаше само еден авион на линија на пладне. Мојот сопруг и јас живеевме во Манила околку шест месеци и потоа заминавме во Тајланд зашто Вадим беше определен од компанијата да работи таму. Тој беше директор на компанијата во Тајланд9. Таму немаше православни цркви така да мојот сопруг му напиша писмо на Владика Јован. Мислам дека тогаш тој беше во Брисел. Вадим му напиша писмо со прашање што да прави за крштевањето на нашиот син Владимир. И ова е нешто кои јас не го знаев: било кој православен христијанин може да крштева. Тогаш јас тоа не го знаев а и бев млада. Значи Владика Јован му одговори како да се затвори носот и устата10 и пред да се потопи еднаш: 'во името на отецот, Амин. И Синот, Амин. И Светиот Дух, Амин.' И така направивме за да го крстиме Владимир. Јас дома имав и света вода и малку од неа ставив во купелот. Можеби не било потребно, но тоа го сторив. Писмото му го дадов на Вова и денес тој го има, со ракописот Владиков. А понатаму, ни напиша кога ќе одиме на место каде што ќе има православен храм, тогаш да го однесеме Владимир да биде Миропомазан. И така сторивме.
Следниот контакт со Владика Јован беше во Сан Франциско. Кога прв пат дојдовме во Сан Франциско, го земавме Владимир за го види Владика Јован. Денес, Вовка не се сеќава на тоа. Тој беше четири или пет години. Го однесовме кај Владика, во домот св. Тихон каде што тој живееше и се наоѓаше детскиот дом, на петнаесета авенија на улицата Болбоа. И Владика Јован го зема со него во олтар. Јас и мојот сопруг стоевме во храмот околу половина час и чекавме. Не знаеме што правеше, како зборуваше и што зборуваше. Ние само чекавме и чекавме. За тие триесет минути, тој го помина со Владимир во олтар.
Понатаму, додека очекував да се роди Миша11, отидов во канцеларијата на Владика, односно во неговата ќелија, не се сеќавам за што точно. Веќе се познаваше дека бев бремена и Владика ми рече: 'ако е машко, како ќе го наречеш?'. 'Как ти ево називјош?' - владика ме праша. Јас му одговорив: 'Миша.' А тој ми вели: 'И јас, исто така, бев Миша,' и јас тоа не го знае до тогаш. Световното име на Владика Јован беше Михаил. И ми вели: 'и јас бев Миша.' Тоа беше таков топол и мил разговор... Јас тогаш не знаев дали е машко или женско. Никогаш не знаев какво ќе биде. Во тоа време некои луѓе беа љубопитни да дознаат какво ќе им биде детето, но ние одлучивме да дознаеме на денот кога ќе се роди. Тоа беше во св. Тихон. Таму, на едно место му беше и ќелија и канцеларија на Владика. Седеше на столот и ме праша: 'а ако е машко, како ќе го наречеш?' Јас му реков: 'Владика, ќе го наречам Миша.' Тогаш за прв пат дознав дека световното име му беше Михаил. Тој настан беше таков топол... и се роди Миша.
Кога Алек беше дванаесет години, се разболе и имаше навистина многу висока температура и беше многу болен. Владика Јован беше на Исток, во Њујорк. Му телефониравме и го прашавме Владика да се помоли за Алек зашто бевме загрижени за неговото здравје. И Алек се подобри. На следниот ден температурата се намали и за брзо време оздраве. Да, така се случи!
Понатаму...а да, еве на што се сеќавам: Во Шангај, кога јас веќе заминав од Лига, се уште одев на служби во катедралниот храм. И на Пасха, кога Владика Јован возгласуваше (објавувал) 'Христос Воскресе,' одеше низ храмот полн со радост. Со кадилницата во едната рака, му се раздувуваше на сите страни, темјанот се маглосуваше на секаде, а тој само возгласуваше 'Христос Воскресе!' И знаеш што? Таа негова пасхална радост те доведе до чувство како ти прв пат во животот да ја слушаш таа новост. Очите така радосно му блескаа како да беше на облаци и само извикуваше 'Христос Воскресе.' Значи овој пасхален поздрав кој тој го разгласуваше не беше обичен. Неговите 'Христос Воскресе' звучеа посебно кога го слушаш. Тоа беше нешто кое ме погоди и денес, тоа им го кажав на неколку свештеници овде [That's the feeling he projected it].
Кога веќе бевме овде, во Сан Франциско, ние одевме на служби во Бурлингејм зашто мојот супруг беше претседател на управата и пееше во црковониот хор и немавме можност да одиме во Катедралниот храм. Моравме да бидеме таму и да се грижиме за храмот. Но ова последното на Пасха во Шангај така му се врежа во глава...'Христос Воскресе', и оди на сите страна, полн со радост и со кадилницата во рака која се раздувуваше со искри на сите страни. Тој извикуваше од душа и неговите пасхални слова ти го плекуваа срцето. Тоа беше нешто кои се чуствуваше.
Овде, во САД, мојот сопруг се занимаваше со скаути (извидници) . Работеше со децата од седум до осумнаесет-деветнаесет годишна возраст. И го сретнуваме Владика на улица, на булеварот Гери. Јас бев некаде во моите доцни дваесет години. И тој му вели на мојот сопруг: 'Никогаш не се откажувајте од работата со скаути.' Зашто мојот сопруг работеше со млади луѓе во таа организација. Причината заради која Владика го рече тоа беше младите луѓе се запознаваат, се вљубуваат и стапуваат во брак. Кога сето ова го слушнав, си помислив во себе: 'Владика говори за вљубување?' Јас стојам и си велам: 'Владика Јован говори за бракови?' Не можев да им поверувам на своите уши дека Владика тоа го зборува. Но, знаеш, Владика е во право. Тогаш младите имаа можност да се запознаат еден со друг. Православни, се вљубуваат и еве: со Вова брак од учеството во оваа организација, во Алек, исто така, отец Александар13 -брак. Таму ги запознаа нивните сопруги. И вистина е кога Владика рече така: 'никогаш не се откажувајте од работата со скаути.' Овде младите за запознаваат, вљубуваат и стапуваат во брак. Како што растев, воспримав зошто тоа го рече Владика. Затоа што е важно да се има заедница на православна двојка, за да се зачува православниот дух во едно семејство. Тој размислуваше на тоа: луѓето да се сретнуваат, вљубуваат и да стапуваат во брак.
Владика Јован, исто така, беше прозорлив. Знаеш, дека додека се градеше катедралниот храм, овде на булеварот Гери, имаше луѓе кои беа против оние кои сакаа да се изгради храмот. Во време траење од две години сета градба застана и не продолжуваше. Стигнаа до челичните греди на храмот кои требаше да ја држат главната купола и се запре зашто имаше група која беше против. Истите тие гласаа против постарите управители дури донесоа два полни автобуси со луѓе од Лос Анѓелес за и тие да гласаат. Тоа беше стравотно време. И јас требаше да бидам на еден од состаноците каде што Владика Јован беше таму. И како што владика Јован заминуваше, некако и јас се најдов таму, на вратата. Почнав да плачам и солзите почнаа да паѓаат по образите. Тогаш Владика ми рече: 'Љаља, не плачи! Се ќе биде како што е потребно.14'. Ова беше време наназад, пред тој да оди на суд. Тој ми рече: ' не плачи, Љаља.' Тој ме смири.
И друга работа, кога тој служеше во катедралниот храм кој што се уште не беше изграден, беа направиле мини дрвен под. Понекогаш Владика не можеш убаво да го разбереш кога ќе зборува, но овој пат страшно јасно рече: 'ЃАВОЛОТ ЌЕ БИДЕ ПОБЕДЕН, И ОВДЕ ЌЕ ИМА ХРАМ БОЖЈИ!15' Ова го слушнав со своите уши: 'ѓаволот ќе биде победен, и овде ќе има храм Божји16' Ова беше за време кога таа револуција се одвиваше овде, за храмот. Значи, овде на улица, направија под и Владика таму служеше. Храмот се уште не беше изграден. Во тоа време, дали ќе се доградеше храмот беше неизвесно, но Владика во проповедта ги изусти овие слова. Многу жалам што тогаш немав никаков запис за да го снимам тоа. Јас стоев околу 5 фита17 од Владика Јован кога го рече тоа. Дури и покрај тоа што понекогаш беше тешко да го разбереш, овој пат тие зборови беа многу јасни: 'и ѓаволот ќе биде победен'... со своите уши.”



Понатаму, во Шангај Владика Јован одеше по улица, а јас бев на другата страна и кога го видов преминав на неговата страна за да го поздравам.
Му велам: “Здравствујте Владика” ('здраво Владика), а тој ми говори:
-'што рече?'
Јас му одговарам: 'па здраво.'
Тој ми вели: 'Христос Воскресе! Никакво здраво. Четириесет дена Христос Воскресе.' Убаво ме 'пееше19' за да ме научи на ова. И до ден – денес четириесет дена сите ги поздравувам со ' Христос Воскресе!'
Исто така на Пасха одеше по затвори. За ова не знам многу детали, но знам на Пасха тој одеше по затворите и ги посетуваше русите [се мисли на православните] кои беа таму. Овде, во Сан Франциско и околу, сите во болниците го знаеја и што треба да подготват, пред тој да дојде. Ќе направеа список имиња на болни и кога ќе дојдеше Владика, ќе му го дадеа и тој одеше од соба во соба и ги посетуваше. Еднаш, јас го возев до болница и во автобмобилот тој ми вели: 'знаеш – ми вели-, во болница бев кај една еврејка, – не знаеше дека е еврејка – но јас со неа позборував, се помолив и и дадов просфора.' Зашто душата е душа човечка. Господ Бог на сите ќе ни суди.”
Свети Јован не правеше разлика во тоа, или пак да оди да посетува само православни. Тој никогаш на никој не му откажувал.
Кога беа сите тие проблеми околку градењето на катедралниот храм, често Владика Јован му телефонираше на мојот супруг околу еден во ноќта. Доколку во еден наутро телефонот ѕвонеше, тоа беше Владика Јован. Тој му даваше документи или информации на мојот сопруг за тој да ги предаде на Синодот. Владика имаше целосна доверба во мојот сопруг и му доверуваше многу работи. Јас до денес не знам за што зборуваа.
Кога дознавме дека Владика Јован се упокои никој не очекуваше. Една недела пред тоа, тој беше во Бурлингејм и мислам дека имаше дипломирање. Тоа беше такво дипломирање, кога децата ќе завршав основно и ќе одат во средно или од средно на факлутет. Тогаш таму свештенослужител беше отец Николај и ние го прашавме: 'отец Николај, ќе го однесете ли Владика назад во св. Тихон?' Тој ни рече 'не,' па така мојот сопруг и јас го однесовме дома. Тоа беше точно една недела пред да се упокои. На патот до домот св. Тихон каде што Владика живееше, секако, застананвме во болницата 'Св. Марија'. Како вообичаено тој отиде да ги посети болните и потоа го однесовме дома. Тоа беше последен пат кога со видовме.
Потоа, ва време на дваесет и четири часа телото требаше да биде пренесено од Сиетл во Сан Франциско. Таков беше законот. Следниот ден, сите отидовме да го пречекаме на аеродром. Тој никогаш не беше балсамиран21. Имаше околу сто автомобили кои го следеа телото од аеродром. Застанавме во погребално на неколку минути и потоа продолживме до катедралниот храм. Телото на Владика беше во храмот пет дена. Ковчегот беше отворен и дваесет и четири часа гореа свеќи. Вратите на храмот беа отворени цела вечер. Свеќите гореа покрај нетленото тело, а Вода [нејзиниот најстар син, Владимир] тогаш беше на кампување на планина. Не знаевме како да му соопштиме зашто знаеме дека едноставно тој ќе биде скршен од болка. Но како и да е, моравме да му кажеме. Тогаш тој беше тинејџер22. Мислам дека мојот сопруг му се јави и му кажа. Вова се врати дома и еден ден пред погребот, тој остана во црква цела вечер. Неколкумина од прислужниците поминаа цела вечер во црква. Спиеја во делот каде што пее хорот. И Вовка ми рече: 'знаеш мама, ги извадивме нашите крстови и рацете на Владика Јован му беа толку меки (топли), што ги положивме во рацете на Владика Јован.' За ова, прашај го повеќе него. Тој ќе ти раскаже.
И зошто телото му стоеше во црква пет дена затоа што Митрополит Филарет не леташе. Тој стравуваше да лета и дојде или во воз или со кола, точно не се сеќавам. Затоа погребот го одложија. Неговото тело воопшто не замириса и покрај тоа што свеќите гореа дваесет и четири часа околку ковчегот на Владика. Немаше никаков непријатен мирис. Понатаму, прашај го Вовка за отцарањето на ковчегот во 1993, пред да биде прославен23 за светител зашто тој беше дел од оние кои го отворија. “
Дури и на погребот отиде долу, во усипалницата зашто тој беше прислужник. Никој од нас од отидовме, а и не можевме на почетокот од толку многу луѓе а и таа просторија е многу мала. Едноставно, немаше место за сиот клир, а не пак за нас. На погребот на Владика Јован, Соборот (храмот) беше полн со луѓе. Опелото почна во шест попладне, а го погребаа долу во усипалницата по полноќ, послем дванаесет. Дури после погребението, имаше поминки25.”


Морам да ти кажам дека кога сето ова ми го говориш за св. Јован, посакувам тој да беше овде и да го прегрнев како свој татко.
Лариса: Тој веднаш би те потапнал со својата патерица по глава - се насмевнува. по башке би ступил. Тоа е неговата љубов.
Владика секогаш им се радуваше на децата. Кога ќе имаа вечеринка, тој ќе дојдеше долу и извесно време ќе ги гледаше, па ќе си заминеше. Тоа беше уште од Шангај кога ние ќе имавме вечеринка, тој ќе дојдеше, ќе не гледаше и подоцна ќе си заминеше.
Знаеш, зошто сите мои деца се во црквата, мислам дека е заради Владика. Владика така ги постави уште додека беа мали. И гледај што се случи со Миша, со отец Роман: од никој и ништо во манастир монах до главен на мисијата во Ерусалим. Зар не е тоа чудо? Знам дека до денес Владика се грижи за моите деца!
Пред еден месец вечерта до два паднав од скали со главата надолу. Јас мислев дека одев во бањата, а до неа се скалите. Беше темно, во средината на ноќта и како да стапнав во воздухот. 'пум,' со главата надолу. Носот ми беше со крф и бев десет дена во болница: три дена на интезивно, а останантите како и секој во болница. Ништо немав скршено. Тоа е Владика Јован. Беше чудо како ништо немав скршено и верувам дека тој ме чуваше.
Владика беше сериозен, строг. Очекуваше во црква да има дисциплина и ред.


До тука ги објавуваме материјалте, спомените на Лариса Красовски со свети Јован, кои што сметаме се за јавноста и се од духовна полна за сите нас и за слава на Бога. Истото се одржа во Сан Франциско.


Friday, May 20, 2016

The truth... what was it?



Father, why are you sad? - the monk asked his elder. 
"My child: people have forgotten how to see the truth. I have shown you a white garment with a stain on it and I asked you: "what do you see?"
- You all answered "A dirty stain."None of you said "a white garment.



Thursday, May 19, 2016

Вистина…што беше тоа?

Отец, зошто си тажен? - го прашал еден монах својот старец.

„Луѓето заборавија како да ја гледаат вистината. Три пати ви покажав бела наметка со флека на неа и ве запрашав, ‘Што гледате?’ ‘Нечиста флека’, рече секој од вас.

А никој не одговори – бела наметка.



Преземено








Thursday, May 12, 2016

Седумте чудотворни икони на Пресвета Богородица во Ватопед, Света Гора




Виматариса ( Олтарница)





Оваа икона е на synthronon (на горно место, зад престолот) од престолот и традицијата со оваа икона е следна:
Во 10 век за време на наездата на Арабите кои дошле да го нападнат манастирот Ватопед, монахот и јероѓакон Сава, кој бил sacristan (vimataris), успеал да ја сокрие иконата во ѕидовите на светилиштето (во олтарот) со Константиновиот крст и запалил кандило. Манастирот бил ограбен од Арабите, а монахот Сава бил одведен во ропство на Крит каде што бил 70 години. По 70 години, кога добил слобода, се вратил во манастирот. Младите монаси, кои ништо не знаеле за тоа скриено духовно богатство, го отвориле местото каде што било сокриено и ја нашле иконата со крстот во исправена форма на водата и кандилото горело.
Оваа икона, исто така, е наречена Ктиториса (од зборот ктитор) и потекнува од основањето на тројца монаси на овој манастир: Атанасиј, Николај и Антониј. Во спомен на оваа икона, секој понеделник навечер и секој вторник се пее канон на Пресвета Богородица.
И друг настан е поврзан со оваа икона: Еднаш, еден од монасите имал тешкотии околу разбирањето на значењето на стихот " Илјада години се како еден вчерашен ден", и бил исполнет со тага заради тоа што немало никој кој можел да му го објасни овој стих. Се случило во тоа време поранешниот патријарх Константинополски Кирил и Киприан да престојуваат во манастирот и илјадници монаси од сите манастири на Света Гора се собрале за да добијат благослов. На манастирскиот празник, Благовештение на Пресвета Богородица, во моментот кога патријархот Кирил тргнал да се поклони на светите мошти, по давањето благослов на монасите, монахот слушнал глас од иконата Вимаритиса, објаснувајќи му го точното значење на стихот, на што истото кај монахот предизвика благодарност од солзи кон Пресветата Дева за ова чудесно решавање на тешкотијата која ја имал во себе.



Секоја година, на денот на свети Илија, наутро, пред започнувањето на литургијата, се зема оваа Света Икона и се прави литија околу целиот Ватопедски манастир, и монасите заедно со верниците ја носат Иконата.





Парамитиа (Онаа Која Утешува)





Оваа икона е фреска од 14 век која порано се наоѓала во притворот, пред параклисот на свети Никола, и била преместена до иконостасот во параклисот со исто име. Во далечното време имало обичај на монасите да ја целиваат иконата како што излегувале надвор од централниот дел од храмот и клучевите од манастирските порти му ги давале на игуменот.
Традицијата вели дека еден ден, во Византиско време, како што игуменот му ги давал клучевите на манастирскиот портар, слушнал глас со зборовите: " Не ја отварај манастирската врата денес, но оди горе на ѕидовите и избркај ги пиратите". Истиот глас ги повторил двапати овие зборови. Игуменот, вртејќи го својот поглед кон иконата, тој видел како Малото Свето Дете (Христос) ја става Својата рака над устата на Богородица, велејќи: " Немој да гледаш Мајко над ова грешно стадо; остави да поминат под мечот на пиратите заради тоа што прегрешенијата им се намножија." Но благословената Дева, тргајќи ја раката на Христа, ја заврте малку својата глава, и ги повтори истите зборови. Монасите веднаш побрзаа на ѕидовите и видоа дека пиратите навистина го опкружиле манастирот и чекале да се отворат портите за да ограбат. Чудесната интервенција на Богородица го спаси манастирот. Од тогаш натаму, монасите постојано внимаваат секогаш да гори кандило пред иконата. Исто така, се служи литургија секој петок и се пее Молебен канон пред иконата секој ден. Порано било обичај за потстрижување на монасите да биде во тој параклис.
Исто така, оваа икона е поврзана со животот на свети Неофит, кој бил "придружник" во овој параклис. Еднаш, тој бил испратен од манастирот да служи во метохот во Евија. Таму, тој тешко се разболел и ја молел Пресветата Дева да му дозволи да би можел да се упокои дома, во својот манастир. Тој веднаш слушнал глас кој му рекол: " Неофите, оди во манстирот и за една година ќе бидеш подготвен." Неофит и заблагодарил на Мајката Божја за продолжувањето на неговиот живот и му кажал на неговиот придружник да се подготви за нивно враќање во манастирот. Една година подоцна, тој се причестил со Светите Дарови и како што се искачувал по скалите, Неофит повторно слушна глас од Мајката Божја, овој пат пред параклисот на иконата Парамитиа, велејќи: "Неофите, овој пат твоето заминување дојде". Одејќи кон својата ќелија, тој се разболел и барајќи и добивајќи прошка од сите браќа, го испуштил својот дух.



Есвагмени (Заклада)



Оваа икона е фреска од 14 век и се наоѓа во нартексот од параклисот свети Димитриј. Традицијата со оваа икона е поврзана со еден ѓакон кој бил чувар на храмот и некако имал навика да стигнува доцна за јадење во трпезаријата, заради послушанието кое го имал. Еден ден, кога тој го прашал монахот кој што бил главен на трпезаријата за храна, бил одбиен. Монахот чувар се вратил назад во црквата, полн со гнев и индигнација, и и рекол на иконата: "Колку долго ќе треба да одам да ти служам со напорна работа, додека тебе не ти е грижа ниту што треба да јадам?", и со тоа, тој извадил нож и замавнал во лицето на Пресветата Дева, од каде што почнало да тече крв, додека пак тој ослепел и паднал долу како луд. Тој бил во таква состојба три години, секојдневно пребивајќи кај преградата спротивно на иконата, каде што плачел и ја молел Мајката Божја да му прости. По три години, Пресветата Дева му се јавила на игуменот и му кажала дека Таа му прости на несовесниот монах и ќе му го врати здравјето, но таа рака, со која го направи тоа осквернување, ќе биде осудена на Второто Доаѓање на Господа. Кога монахот се упокоил и времето дошло да го отворат гробот, според обичаите на Света Гора, кога го отвориле гробот за да ги соберат неговите коски, се видело дека целото тело било распаднато, но неговата десна рака останала непроменета, според зборовите на Богородица и била сосема црна. Денес, раката на чуварот е сочувана во храмот, но во многу трошна состојба, одкако руски поклоници ја земале, мислејќи дека тоа се свети мошти.


Антифонитриа (Онаа Која предупредува)





И оваа икона е насликана на ѕид, во централниот дел на храмот каде што се чита Полуноќница. Вака е наречена заради гласот од чија што фреска бил слушнат (antiphonise - одговори назад). Традицијата со оваа икона е: еднаш манастирот бил посетен од царицата Плацида, ќерката на Теодосиј Велики. Додека таа се приближувала до централниот дел од храмот, со намера да влезе од малата врата, таа слушнала глас кој доаѓал од иконата: " Стој каде што си и не оди подалеку. Како се осмелуваш, жена, да дојдеш на ова место?" Царицата ја обзеде страв, замолила простување од Мајката Божја и веднаш заминала од Света Гора. Како спомен од ова чудо, таа платила за градењето параклис на свети Димитриј.






Елеовритиса (Маслоточива или Елеоточива)



Оваа икона е од 14 век и се наоѓа во манастирската зграда за масло. Во петок, по Пасха се зима од таму и се носи во централниот дел на храмот заради празникот на оваа икона. Традицијата ни го кажува следното чудо: во свое време, кога имало недостаток на маслиново масло во манастирот, свети Генадиј, кој што бил одговорен во манастирот за снабдување на масло, почнал да штеди со тоа што давал масло само за потребата во црква. Готвачот, се пожалил на игуменот, кој наредил на Генадиј да дава масло на браќата, ставајќи ја довербата на промислата на Пресвета Богородица. Еден ден, блажениот Генадиј отишол во зградата со масло и го видел тенкот полн со масло до самиот врв кој достигнал до вратата. Од тогаш, од иконата се чувствува мирис на благоухание.


Пироволитиса (Прострелана)





Оваа икона е насликана одозгора на манастирската надворешна порта. Во 1822, група од турски војници пристигнале во манастирот и еден од нив, гледајќи ја иконата, пукнал во неа од што куршумот направил дупка во десната рака на Пресветата Дева. Како резлутат од тоа што го направил, војникот веднаш се помрднал од умот и се обесил на едно маслиново дрво пред манастирот. Останатите турци се исплашиле од оваа божествена заслужена казна и веднаш заминале од манастирот. Уште повеќе, кога му кажале на командирот на оваа група на војници за ова што се случило, чиј што војник му бил внук, наредил обесениот негов внук да биде оставен непогребан како злосторник.



Панданаса (Всецарица)



Оваа чудотворна икона датира од 17 век и стои од левата страна во храмот на источниот дел. Според сведоштвата на старците од манастирот, прво покажување дека оваа дарувана благодатна икона е поврзана со следниот настан: еден ден некое младо момче влегло во црквата за да се поклони на иконата. Ненадејно лицето на Пресветата Дева заблескало и некоја невидлива сила го натерала момчето да легне на земја. Кога тој се вратил кај отците, со солзи во очите се исповеда и им кажал дека живеел живот далеку од Бога и дека бил замешан со магии. Чудесната интервенција на Богородица го резултирала младото момче, менувајќи го начинот на живот, станувајќи нов човек посветен на Бога.
Исто така оваа икона има и благодат од Бога за исцелување на рак. Голем број на болни од рак се исцелиле со Молебен канон пред иконата на Нашата Царица Панданаса.


Дополнение од преведувачот: Оваа икона, старците од еден скит во Галата му ја дале да старец Јосиф Ватопедски. Од толку многу што била убава иконата, старецот на нарекол Всецарица и така останала да се нарекува до наше време.


Виматариса   ( Олтарница)
Парамитиа  (Утишителна)
Есвагмени  (Заклана)  
Антифонитриа  (Онаа Која предупредува)  
Елеовритиса  (Маслоточива или Елеоточива)
Пироволитиса (Прострелана)  
Панданаса  (Всецарица)