Во Јули, 1519, Мартин Лутер, основачот на Реформациите кој што најпосле го создаде она кое денес го нарекуваме протестантски цркви, се втурна во дебата со познатиот римокатолички апологет Јохан Ек во Лаипциг.
Ек бил папист, што значи бил благонаклонет и се залагал за догмата на римокатоличката црква, за првенството на папата врз сета Црква, догма која што била непозната на Раната Црква и никогаш не била прифатена од Православната Црква. Исто така, и Мартин Лутер бил против оваа догма, но за сосема различни причини. Како млад римокатолички монах, Лутер ставил под знак прашање неколку важни точки од Римокатоличките догми, вклучително и оние за индулгенциите, чиштилиштето и секако, папското првенство. За жал, единствена догма на која Лутер не се спротиставил била (за нас Православните) најпогрешна од сите, т.н. Филиокве, или происходот на Светиот Дух од Отецот и Синот, (наспроти Православното исповедање за происходот на Светиот Дух од Отецот), а која што тој ја прифатил и дури ја вклучил во неговото исповедање на верата, како она во Исповеданието од Аугсбург.
Дебатата помеѓу Лутер и Ек била сосредочена на многу вакви теми, особено за папскиот примат. Кога Ек аргументирал дека полнотата на Христијанската Црква се наоѓа во Рим под власта на папата, Лутер направил нешто кое што денес ќе ги изненади Евангелистите [и сите протестaнтските групи] и Православните. Тој се повикал на Православната Црква, како пример на вистинско Христијанство која постои веќе со векови. Тој, навистина се држел и повикувал на Православната Црква како извор на вистината за да покаже дека римокатоличката црква се отклонила од принципите на Раната Црква. Дури и Протоерејот Јосија Тренхам, во својата последна книга “Камен и песок,” го цитирал Лутер, говорејќи: “Вистината лежи со Грците” (односно со Православните).
За жал, и покрај оние неколку учтиви и пристојни размени помеѓу Православната Црква и протестантските реформатори во подоцнежните децении, истите не биле спремни да се одречат од бројните иновации во верата кои што биле воведени во времето на реформацијата. Она кое е уште повеќе трагично е фактот дека самите реформи дале право на протестантите да ја толкуваат Библијата и верата на начин на кој што ним им одговара и со тоа отворија пат за безброј поделби меѓу протестантите. Заради ова, денес гледаме бескрајна листа на протестантски цркви како Лутеранската, Баптистичка и останатите во нашето општество. И покрај тоа што истите се појавиле во 16 век, реформациите кои што биле предводени од Мартин Лутер, безнадежно се поделени заради верата. Всушност, денес многу истакнати протестантски цркви (ќе) го сметаат Мартин Лутер за еретик или барем за погрешен водач затоа што тој се залагал за нешта како причестување со Телото и Крвта Христови, девственоста на Богородица и чистиот пример на светиите на Црквата. Повеќето современи протестанти никогаш не слушнале вакво учење на нивните собири.
Жалната иронија овде е дека Мартин Лутер се побунил против папскиот примат и всушност тој ја видел вистината на Светото Православние, но за жал, Лутер одлучил да ги направи сите папи [со други зборови, независни пастори и лидери] со тоа што истото тоа довело до уште поголема поделеност и конфузија.
За нас православните, едноставното прашање е доколку Мартин Лутер ја видел вистината на Светото Православие, би требало ли ние да бидеме под влијание на протестантизмот во работи како протестантски стил на музика и уметност? Или би требало ли да споделиме повеќе од вистината на Православнието со нашите жедни протестански браќа и сестри? Јас апсолутно верувам дека можно е уште еднаш да се има почитувачки дијалог со овие искрени добродушни луѓе кои што се жедни за вистината, но за да се направи тоа, ние, мораме да го разбереме нашиот идентитет како православни христијани, членови на Црквата која што го поседува преемството на Апостолската вера и полнотата на вистината.
Отец Мојсеј Саман
Преведено од англиски, АНДОВ
Без дозвола на преведувачот,
овој текст не смее да се копира и објавува
Дополнување и забелешки на преведувачот:
Интересна статија за Мартин Лутер, кој по неговите реформи се појави протестантизмот.
Ова ме потсети да размислувам на ситуацијата во Америка. Почнал некој да ја чита Библијата и мисли дека може да биде пастор а по некој месец еве ти го на бина. Неодамна додека летав за Сан Франциско, седев до еден млад дечко, протестант. Дискутиравме три часа. Истиот тој од што често одел на тие протестантски собири, нивните "старци" го направиле да биде еден од нивните ученици и сега секоја недела тој им ја толкува Библијата на членовите од неговата заедница. За Апостолско преемство? Подобро да не почнам да пишувам. Како и да е, оваа статија добро објаснува (не многу, но доволно за да се разбере) што е протестантизмот. Секако, јас немам ништо против оние кои се членови на тие нивни протестантски собири, но сите треба да знаеме од каде се корењата на Црквата Христова. Не може секој да се чини како што сака или да создава христијанска заедница како што би кажале тие, "Светиот Дух говори во нас." Ме ранува кога гледам што се случува во светот. Згора на тоа, младиот дечко за кој што погоре напишав, неговата христијанска заедница го плаќа "дебело" за да ја толкува Библијата и да дели флаери по куќите. Но што да се чини, нели многумина извикуваат "Господи, Господи," но...
Бог да не научи на љубов, за ние да се прибереме во ЕДНАТА, СВЕТА, СОБОРНА И АПОСТОЛСКА ЦРКВА. Амин!
No comments:
Post a Comment