Јануари 26, 2015
Небесата ја објавуваат славата на Бога, а за делата на рацете Негови
известува сводот небески.
Псал.18.1
Горе, високо во облаците
И како секогаш, го грабам моментот за да размислам уште еднаш за создавањето на овој небесен свод. Неискажливото Божјо човекољубие го создаде ова воздушно и земно-небесно пространство за наша наслада. И не само тоа: истото беше осветено со присуството на Синот Божји. Се вознесе, нели? Себеси си говорам дека додека блажениот Христос се вознесуваше, сводот небесен се осветуваше.
Не, не сум во заблуда. Знам дека сводот еднаш беше осветен за време на создавањето на временото, кога во шестиот ден Творецот одмори и го даде Својот благослов. Сите знаеме за тоа зашто човечкото битие не само од себе се создаде, туку го носи подобието на Несоздадениот. Го направи помал од ангелите, но со слава и чест го овенчал. Еве едно големо таинство. Едно дело на Божјата волја.
Безграничното Божјо пространство е пријатно за мојата душа. Барам од Создателот преку овој мој лет-прелет по небото, да ја засили, да ја потврди уште повеќе верата во мене. Гледајќи од малото прозорче, се воодушевувам на белината, сивината, чистотата, многуте нијанси синило на сводот небески...
До болка гледката е убава! И друго нешто ме обзема зјапајќи во оваа убавина на која очите и срцето не можат да и одолеат. Колку ли е убаво во оние неописиви рајски населби? Оние Божји живеалишта кон кои сите верници – христијани се стремиме?
Човекот треба да се вдахнува од природната красота која Бог ја создаде, да не потпаѓа на човечката лакомост како што се лептите. Знам дека како луѓе сите имаме во зеницата место за да бараме повеќе, но не смее тој дел токлу на порасне за се заслепиме од материјалното.
Овде, во сводот сè е чудно. Повремено ќе ги видиш облачињата во безброј нијанси сино. Овде, во облаците, го посакувам Твоето присуство, како што жедниот пустиник ја посакува водата. А долу на земјата, назад во реалноста, каде сите работи течат брзо и сè е стрес.
Богородица и Мајката на Светлината...
No comments:
Post a Comment