Јуни 24, 2014
Сан Францисцко,
записи
записи
Денови во Сан Франциско, запис 3
Денес
ќе пишувам за нешто необично од кое бев
изненаден, но потполно радосен.
Но
прво, малку ќе изустам за дружбата со
пријателите кои неодамна ги запознав.
Девон, еден од нив, денес го славеше
својот роденден. Многу е дружељубив и
знае да биде вистински другар со сите
наоколу. Често го задевав нарекуваји
го “американец.” Неговиот возврат беше
насмевка. Можеби малку претерав, но тој
тоа не го восприимаше буквално. Еднаш
му реков дека понекогаш сакам да ги
нарекувам луѓето по името на нивната
земја. Една од причините е заради тоа
што овде, во Сан Франциско, запознав
многу пријатели од разни сфери на светот
и тешко ми е да ги запаметам нивните
имиња. Едноставно не можам. Ми треба
многу време, така да полесно ми е кога
им се обраќам (понекогаш) по нивната
земја.
Главната
причина за која денес се договоривме
да се сретнеме, беше за да волонтираме
во грчката црква Благовештение. Во оваа
црква, еднаш во месецот готват супа и
прават сендвичи за бедните каде што
истите доаѓаат и се наситуваат.
Да
нагласам и друга работа: во Сан Францисцко
има премногу бедни на кои засолниште
им се улиците. Да, живеат на улица.
Едноставно, насекаде ги гледаш. Една од
главните причини заради големиот број
на бедни во овој град е заради тоа што
овој град има умерена клима: не е многу
ладно, ниту пак екстремно топло и е
совршено место за нив за да преживеат.
Не мора да му ја мислат каде ќе ја поминат
зимата. Често, многумина од нив ги гледам
распостелени на разни места на плажа и
си го “тераат” животот.
Жално
е да се набљудува состојбата на таквите,
но верувам штом до сега преживеале, и
понатаму ќе успеат. Само тие најдобро
го знаат уличниот живот, без кров над
глава. Кога размислувам на ова, изустувам:
барем нивен е целиот град.
Ме
ранува да го гледам нивниот секојдневен
живот. Не можам секогаш да им помогнам,
па затоа кога ќе поминам покрај нив ја
наведнувам главата надолу. Поинаку не
знам да постапам. Последниот јануари,
кога бев во Сан Францисцко со Борислав
и со Илија, во автобус сретнавме еден
бездомник. Борислав без проблем почна
разговор со него. На крај видовме дека
истиот бездомник е доста образован.
Знаеше за Балканот, за Македонија, но
за жал ја изгубил работата и завршил на
улица.
Сега
каде што живеам, зад Катедралниот храм
каде што се моштите на Св. Јован, на
аголот речиси секој ден доаѓа еден
бездомник со едно мало куферче и една
гитара. По својата анализа, видов дека
некако му се “заарни” тоа место, па
често навраќа. Ќе си седне на скалите и
ќе дремне некои време. Кога ќе поминам
покрај него, срцето ми се кине кога го
гледам. Често ми доаѓа помисла да го
земам дома, да се искапи, да го нахранам
и да си оди, но не можам зашто овој
апартман не е мој. Доколку дознае за тоа
сопственикот на домот, со куфери ќе ме
избрка, па потоа не знам каде ќе си го
барам чарето. Кога се враќам од продавница,
поминувам покрај него и ако не друго,
барем ќе му дадам една банана. Неколку
пати го прашав дали е гладен, на што
очекував да ми даде потврден одговор,
па му правев сендвич.
Сега да се вратам назад со
настаните во црквата. Пред неколку дена
Девин ми кажа за ова волонтирање на што
му реков дека со сигурност ќе одам. Кога
стигнавме таму, во шест попладне, храната
беше речиси готова. Остана уште супата.
Од нашата група која често се дружиме,
бевме: Девин, двете сестри, од државата
Јордан, Георгиа и Рамаан и Наталија.
Отец Нико ни даде флаери, односно листови
каде што пишува за овој бесплатен оброк
за да ги разделиме на бедните. Ова
најмногу ме импресионира!
Никогаш
досега не сум одел низ улици да канам
бедни на вечера. Што се случи беше
следното: Одевме по улиците сите петмина
и штом здогледавме беден прво го
прашувавме: “дали си гладен”. На втор:
“во црквата Благовештение има бесплатна
вечера”, на трет: “сакаш ли да јадеш
супа и сендвич?” Ги прашувавме и им
врачувавме до еден лист каде што можеа
да прочитаат и како да дојдат до црквата.
Во
себе чувствував малку несигурност кога
разговаравме со некои од нив. Не се
плашев од тоа што им пристапувавме на
бедните и им нудевме вечера, туку никогаш
не сум учествувал во вакво нешто досега.
Просто, им пристапувавме на бедните и
ги прашувавме дали сакаат да јадат. А и
не беше едноставно зашто не знаеш на
каква личност ќе налеташ: една млада
девојка седеше на скали, покриена со
пролетен јордан, друг седнат покрај
еден ѕид со еден голем куфер до него,
трет чекори по улицата и го гледаш дека
кутриот живее каде ќе намири. На едно
место каде што отидовме, наликуваше на
мало маало со бездомници. Имаше шатори,
неподносливо мирисаше на урина, алишта
се киснеа во еден леген...гледката ме
ужасна! Додека чекоревме, во еден момент
сите молчевме, обидувајќу се да сфатиме
каде сме и што гледаме. Потоа им реков
на останатите: “јас не можам овде да
останам. Миризбата ме убива.” Во исто
време помислив на подвигот со кој кога
им помагаме на бедните, не бираме кај
кого одиме. Треба да бидеме спремни на
секакви ситуации и да се соочиме со
секаков вид на луѓе. Во тоа е вистинската
љубов на еден православен христијанин!
Исто
така, имавме една интересна ситуација
со еден човек. Очигледно, истиот беше
во загрозена состојба. Кога го прашавме
дали е гладен и му го дадовме флаерот,
тој не праша: “Христијани сте?” Му
одговоривме потврдно. Понатаму тој рече
има четири негови пријатели и не праша
дали ќе може и нив да им каже. Овде немаше
двоумење помеѓу нас. Секој беше
добредојден. Кутриот, не праша: “а може
да го земам и моето куче? И тоа е гладно.”
Што да му одговоревме? Му рековме за тоа
ќе видиме кога ќе дојде во црква. Истиот
беше радосен и пред да се разделиме од
него, ни рече: “This day is a Christian day!” - “Овој
ден е Христијански ден!”
Многу
Му благодарам на Бог за оваа можност,
да одиме сите петмина низ улиците и да
им нудиме на бедните вечера. Исто така
Му благодарам и за тоа што ме учи да не
се одвратувам од миризбата на тие бедни
зашто и тие се човечко битие, само што
заради некои причини завршиле на улица.
Навистина
животот треба екстремно многу да го
цениме. Да не заборавиме да Му благодариме
на Бога прво за тоа што денес ни го даде
лебот насушен да го јадеме и за тоа што
имаме кров над глава, додека многумина
немаат. Оттука треба да почнеме: да се
учиме да благодариме за ситните нешта
кои ги имаме, па понатаму Бог уште повеќе
ќе ни даде.
За
некои животот знае да биде суров. Таков
е за бедните кои ги видов денес. Тие се
таму не затоа што Бог ги мрази или пак
не му се мили. Не, во никој случај. Уверен
сум дека повеќето од нив ќе го грабнат
спасението, но што ќе биде со нас?
Ние,
кои поминуваме покрај нив без да ги
погледнеме, помогнеме, покажеме сомилост,
ќе го добиеме ли спасението?
Ние,
кои сме обземени од овој свет и конфортот
во него, ќе научеме ли како да го љубиме
Бога и нашите бедни соседи?
Ние,
кои постанавме самољубиви и премногу
индивидуални, каков вид на живот не
очекува напред?
Тоа
е живот кој ги живееме во свој свет, со
свои идеи и мислиме дека можеме се да
чинине со свои сили. Еднаш, едно битие
ми рече: “ Ако сакаш награда, оди кај
бедните и бездомниците и ќе ја најдеш.”
Овде, во Сан Францисцко ги гледам многу
и ќе барам пат како да им се приближам
и помогнам затоа што имам желание да
учам како да бидам човек со сочувство
и со љубов!
Слава
на Бога за сè!
П.С. Супата навистина беше супер вкусна! :)
Niz ulicite na cela USA ima bezdomnici, i jas na pocetokot bev sokirana, no potoa nauciv mnogu za niv, i na nekoj nacin prosto im se voshituvam na del od niv. Nekoi se navistina zrtvi na opstestvoto, na ovoj ili onoj nacin. Nekoi se bezdomnici kako vistinski bezdomnici, zatoa sto ostanale bez rabota, i sl, pa morale na ulica, blagodarenie na nesocijalnoto opstestvo na USA. Nekoi skitaat oti ne sakaat da rabotat, a mnogumina od niv, zaminale zatoa sto go otfrlaat opstestvoto kako nametnat nacin na funkcioniranje. Na poslednite im se voshituvam.
ReplyDeleteImase slucaj sto bezdomnicka koga po smrtta nejzina na mestoto kade sto ziveela vo kartonskata kukja pod nekoj most bea najdeni okolu 200000$ sitni pari. Znaci nea parite ne i znacele nisto, taa ne se borela vo zivotot kako sto rece ti za nekoj komfort, ziveela vo smrad i necistotija, talkala po ulicite partalava zaradi nejzin sopstven izbor...taa ne bila del i go otfrlila opstestvoto po svoj sopstven izbor, a ne bila ni Pravoslavna... takvi se povekjeto bezdomnici vo USA. Koga bi bile tie lugje Pravoslavni i pod duhovno vodstvo na nekoj Starec, koga ne bi bile del od ovoj svet otfrlajki go svetot poradi prelesta, a ne poradi nekoi sopstveni idei, bidejki i toa mozno e da e prelest, togas tie bi bile Jurodivi... Zatoa Jurodivi niz vekovite ima samo 20tina, a sutraci kolku da sakas...
Koga gi gledav bezdomnicite niz ulicite se prasuvav sebesi dali jas bi mozela da ziveam taka, no od Pravoslavna gledna tocka: da go otfrlam tovarot na opstestvoto i da ziveam slobodno kako ptica, cel imot da mi bidat tie podvitkani najloncinja sto bezdomnicite gi molknat so sebe... ili tolku me ima porobeno ovoj svet, ili tolkav rob sum na gordosta...
Jas smetam deka sepak megju niv ima mnogu hrabri lugje.
Isto smetam deka nepravoslavnite na mnogu navrati ziveat popravoslavno od nas pravoslavnite, zboram za sekojdnevniot zivot, ne za Crkovniot zivot i Verata voopsto. No isto treba da se zeme vo predvid deka gjavolot poveke ne napagja nas Pravoslavnite, otkolku niv. Zatoa sto niv veke gi ima, tie ne se spasuvaat preku Isus Hristos, tuku preku delata... a nie se nadevame na milosta Bozja, i Nemu mu sluzime kako del od Crkvata Hristova...
Hristos pomegju nas