Август, 2015
Детроит
завршено во Кармел Калифорнија
(Сум каков што сум)
Неколку пати дадов од себе обиди да ја разберам психологијата на заробените умови, но што и ако пробам кога не вреди. Од ова нема зијан. Таквите се како пешаци кои стравуваат да ја поминат улицата и чекаат некој друг тоа да го стори пред нив. Вистините се зборовите кои ми ги рекоа еднаш: “Луѓето се лажливи дете. Имај се на мукает”! Додека не си го изгорам прстот, нема да научам. Не сакам некој друг да го трпи бремето на мојата комплицирана работа, а ниту пак јас сакам нечијата. Доволно е што си ги носиме своите слабости, зар уште ќе копаме во гредата на другиот? Ние смртните, со една логизма во себе, знаеме да сочиниме цела приказна а кога еднаш ќе се состави, истата како река течи помеѓу другите.
Животот до сега ми покажа една работа која не престанува да ранува: на оној кој пораснал во дом, многумина од луѓето ќе го гледаат како таков, домец кој се пробива низ животот и со тоа дека е домец, и ќе го сожалуваат луѓето. Значи нема човек на кого што нема да му залепиме етикета. Такви сме. Ако си премногу сладок, ќе те изедат, но и ако премногу горчиш, ќе те изџвакаат и ќе те плукнат. Има уште една работа која ненормално иритира овде, во Америкава, од своите. Колку повеќе луѓето ти помагаат, толку повеќе ќе те уценуваат. Ќе ти дадат некој долар и низ нос ќе ти го вадат. А не дај Боже да те видат дека малку повеќе се релаксираш…
А за озборувањата пак, да не изустам. Во јавниот живот нема приватност. Секоја грешка ти е изброена од луѓето. Не е важно колку добрини чиниш во очите нивни ама грешките уште на билборд што не почнале да ги запишуваат за секој кој ќе помине, да ги прочита. За момент ова ме наврати на распетието Христово, кога злобниците напишаа на табличка “Цар јудејски,” за секој да чита и да го измејува, а заборавија дека до пред некој ден Он мртви воскреснуваше. Јасно е каде лежи проблемот. Јас овде нема да го одгатнувам.
Мизерно некој друг да ти го ниже животот и деновите, а ти да не можеш да учествуваш во тоа, ниту пак да кажеш дали работите се по наш всус. Нам, домците, така ни прават зашто секоја подадена рака (речиси секоја) бара возврат или повеќе контрола. Со други зборови, “ќе играш како што ќе ти свирам.” Веќе многу време таам едно желание кое што никогаш го немам обелоденето овде, ама денес тоа ќе го сторам. Ако еден ден Бог ми даде повеќе земни блага од потребното, никогаш нема да се осмелам на луѓето на кои ќе им подадам, да ги терам да играат по мое. Не сакам да го правам на другите она кое мене ми го правеа. Сите ние, на свој начин, се продираме низ животот. Јас видов дека најдобриот успех е кога го имаме Бога пред себе а тоа значи, кога сме искрени и не ги туркаме другите околу нас за ние да се издигнеме. Значи, едно е да се бориме за своите права, за она кое не следува и сл., а друго е да рушиме се пред себе. Мене тој начин на успех ме плаши. Го имам видено во светот и околу мене, и не сакам да го пробам. Јас тоа никогаш нема да го сторам, а и совеста не ми дозволува. Да чува Господ од вакво нешто! Љубовта е силна како смрт. За световниот човек ова ќе звучи чудно, но за мене, тоа е начин на кој што јас персонално се пробивам низ брановите во светот. Некогаш се големи, ама фала Му на Бога не се доведов до ситуација да потонам. Нели Неговата - Христовата - Својата бескрајна љубов знае како да ја издвои сладоста од горчината! Знае и затоа јас како патоказ ја имам неа и оние со кои пораснав во домот. Додека се уште живеев таму, во нашиот стан имавме направено и залепено на ѕидот во големи букви: “ние сме среќно семејство!” Своите не беа покрај нас, но ние, кое што бевме во групата, научивме да се сплотуваме, да делиме еден на друг. Понекогаш бевме себични, но на крајот пак лебот и ресаните ги јадевме заедно. Кога ние, таквите, на светот “домците,” ќе запознаеме нова личност во нашиот живот, не можеме да го сокриеме фактот каде сме живееле. Едноставно, сме кои што сме и тоа е реалноста. Проблемот се појавува кога по некоја случајност ќе се случи да им згазнеме на жичките на таквите и почнуваат да креираат своја приказна за нас. Дека сум горд - сум. Центар на внимание - да и таков знам да бидам. Јас сум оној каков штом и тоа не треба другите да ми го берат галјето. Животот во Црквата ме научи да бидам искрен и отворен со сите. Да, таков сум и таков сакам да останам. Јас за тоа нема да се сменам и покрај тоа колку ме повредуваат.
Речено е кога ќе свртиш нов лист...НИКОГАШ...не заборавај го прочитаното. Токму така. Во животот Бог ми прати и ми даде премногу пријатели, духовни мајка, браќа и сестри по дух. Тоа ме направи да бидам уште по екстравертен и близок со луѓето. Навистина сакам да сум со луѓе. Да Му служам на Бога и да им помагам на луѓето е она кое ме исполнува. Среќен сум зашто ги имам овие две работи во животот. Се трудам да Му благодарам на Бога за секоја работа која ми се случува. Ние луѓето често сме неблагодарни. Се нешто ни недостига и само бараме, наместо да се учиме да се задоволуваме на ситните нешта. Често се предаваме на заборавот. Некој ќе рече: “проблемот е во тоа што ние немаме поглед кон нашиот живот. Ако нешто е добро, значи дека сме имале среќа.” Вака ќе рече некој кој се потпира на случајности, а не на вера и надеж. Бога треба да го имаме пред себе, во секое време, на секое место.
Кога ќе слушнам некој како воздивнува со зборовите “животот е тежок,” секогаш сум во искушение да прашам: во споредба со што? Знаеш ли колку само пати, пловејќи низ житејското море, сме стигнувале до прагот на вратата? Таму пишува “дојдете кај Мене обременети и изморени, и Јас ќе Ве успокојам.” Не стигнавме да ја отвориме вратата заради нашата човечка глупост, гордост, славољубие... Заради тоа, сами си го чиниме животот да ни е затворен од сета слобода која што ни е дадена. Депресивни сме? Зошто? Еднаш си реков дека никогаш во животот нема да дозволам да бидам во депресија. Да, сум имал многу тешки периоди кои што сакале да ме доведат до таму, но не се предавав. За мене е мизерно да си дозволам да бидам во депресија. Понекогаш не ги разбирам луѓето кога ќе ми кажат дека биле депресивни. Депресивни зашто не знаат што сакаат во животот? Депресивни зашто очајно во тој момент им треба девојка и сл.? Не си го чини животот да ти постане стоење пред затворени врати. Јас сум тој кој кој што треба да каже “доста е,” чекори напред. Ние сме тие кои што треба да го земеме моментот и да го направиме совршен. Воодушевувај се на орелот кој лета. Гледај ја неговата слобода и учи, - често се потсетувам. Треба сите да учиме.
Да се умре и да се живее со Христа – ова е мојата крајна животна цел. Катадневно грешам и го гневам Бога, но го молам никогаш да не се оддалечам од Него. Често кога се молам, барам од Него да во иднина што и да се случи со мене, дали ќе бидам богат или сиромав, на власт и сл., да никогаш не се одделам од крилото на Црквата, од Бога, а и да не ги заборавам своите ближни. Ова е мојата исконска желба. Спасението доаѓа по ова зашто кога ќе го имаме Бога тогаш имаме сè. Сите ние чекориме по патот на болката до Голгота. Знаеш и ти дека ништо во животот нема лесно, но во љубовта сè се поднесува, нели? Колку само жеднувам да го живеам Евагелието во живо ама... секогаш давам празни ветувања и оп, секој пат ќе паднам и ќе стигнам по пустината на болката. Многупати наликувам на верник по форма и го барам предвреме она што ќе дојде во свое време зашто сум измамен од својата горделива ревност. Не сакам да бидам таков и се борам против тоа. Но... знаеш, ако пак животот беше без искушенија, тогаш ништо немаше да научиме. Овде, во САД, американаците велат вака: what doesn't kill you, make you stroger.” Јас, цитирајќи ги зборовите на големиот црквоградител Павле, ќе речам да Му благодариме на Бога за Неговиот неискажлив дар. Ние луѓето не восприимаме дека сè што живее, со самата своја природа Го објавува Христа Бога Логосот. Колку пати сум мислел по светски, толку сум згрешил, верувај ми.
Не сум пророк, но во животот сум бил и знам многу луѓе и тоа ме направи да уште повеќе продирам во нив и да дојдам лесно да заклучот дали се лажливи или не. Јас, каде и да одам, и да не сакам, морам да запознаам нови пријатели. Едноставно, тоа е дел од мене. Нашиот народ за ова рекол: “да е со век и со к'смет и да среќава добри луѓе.”
Кога моите раце не можат да ги прегрнат луѓето кои се блиску до моето срце, секогаш ги прегрнувам со моите молитви за нив! Навистина ''Му благодарам на Бога што ме удостои со љубов да љубам и да бидам сакан''. И јас "да зборувам на сите човечки јазици, штом љубов немам ќе бидам кимвал што звечи". Кор. 13, 1. За мене нема поголема радост од тоа, да сите браќа бидат едно во Христа и да останат со вистината. Времето е кратко за да мразам, а долго за да љубам! Пишувам за љубовта, но можеби јас се уште не знам да љубам. Можеби грешам зашто јас не знам да љубам, затоа се молам на Бога со зборовите: “ направи да бидеме едно семејство, што живее со едно срце, со една љубов, како еден човек, по предвечната Твоја промисла за првородениот Адам. И уште: “никогаш да не заборавиме дека братот наш е нашиот живот!” Јас, можеби, не знам доволно да љубам, но срцето копнее за да љуби. На светот му треба многу љубов. Само кога љубиме, тогаш ќе ја разбереме големината и важноста на ближниот и тогаш ќе ги разбереме Христовите зборови за љубовта кон ближниот. За светот денес му омиле духовното, а го засака гревот. Денес, во ова наше време, сè се прави, само вистински не се љуби.
II
За својата иднина, му говорам на Бога вака: Пред Тебе се сите мои желби и воздишката не е сокриена од Тебе.. Сакам да бидам пријател со големото “водно огледало” зашто “тоа море е пространо и широко”, со тишината, со жуборот на водата, со тивкиот ветар зашто овие се пријатели кои до крај остануваат со нас. Овие пријатели зборуваат за тоа колку сè премудро создал Бог и зборуваат колку природата е послушна на Својот Создател. Јас, да зборувам многу за животот, не можам многу затоа што се уште сум дете кое почнува со каша и со малку леб, но затоа пак го пишувам она кое го чувствувам. Јас го чувствувам животот онака како што го опишав до сега. Секако, ова е само дел. Да, животот е книга во која што можеш колку што сакаш да пишуваш. Чувствувам дека и во иднина, ќе го слушам својот внатрешен глас и ќе пишувам онака како што чувствувам. Посакувам “воздухот рајски да го вдишам и да се впуштам од земјата кон небото, во допир со трансцедентното.
Оно највозљубениот, нашито Христос ни вели:
Ме викате љубов, а не ме љубите.
Ме викате вечен, а Ме убивате постојано.
Ме викате Спасител, а не барате помош.
Ме викате Благ, а се мразите.
Ме викате Многумилистив, а не делите милостиња.
Ме викате Господ, а далеку сум од вашите срца.
Често заборавам на Него. Заборавам на Христа кој заради мене го прими трнливиот венец. Ветувањето не е доволно послушание зашто кога и да ветам дека нема да бидам соучесник на гревот, повторно паѓам. Ах, колку посакувам да не го жалостам Христа со своите гревови! Колку само копнеам да избегам од фараонот и да стигнам до Синајското царство каде што живее царско свештенство и свет народ! Ако јас сум еден од избраниот народ, тогаш пофалбата дека сум православен христијанин и следбеник Христос, морам истата веднаш да ја изгорам и да му кажам на своето срце а повеќе на умот дека на Бог не му требаат пофални жртви, ами срце скрушено. За таквите срца Бог посилает благодат и тоа срце нема да биде уничтожено. Можеби јас одамна требаше работите да ги поднесувам смирено, но ете, и јас се уште им робувам на своите слабости. Срцето мое сака да љуби.
-Ти само да си одиш по вистинскиот пат, како и сите ние, и за се тоа ќе дојде да биде за слава на Бога. Секогаш кога мислам на тебе, мислам на она низ кое си поминал и гледам како Бог постојано те чувал, - ми напиша една сестра во Христа. Јас пак и одговорив дека жалоста дава рожба на радоста, зашто кога горчливи солзи излегуваат од топло срце, болката ќе се издржи.
Колку е убаво што сум, колку е чудесно што сум...
Колку е убаво што сум, колку е чудесно што сум...
мојот вереник и јас имавме кавга и тој ми рече дека тој веќе не е заинтересиран за врската и сакаше да се распаднеме и нашиот брак се приближува, тоа беше затоа што му реков дека се сменил и повеќе не го прави она што обично сака да шетам рака под рака во парковите, да повикуваш да ме гледаш и сè друго што ја прави нашата врска слатка. Го молев да ми прости, но тој беше глув на моите повици, па дури и се пресели надвор од куќата, ме натера да барам помош од различни извори. Ја прелистував мрежата кога го видов сведочењето на една дама која рече дека магија рициново наречена д-р Ајаиј и помогнала во нејзините брачни проблеми затоа што ја барала плодот на матката и можела да зачна со помош на магија рициново наречен д-р Ајаји, сега таа и нејзиниот сопруг живеат заедно среќно. Јас контактирав со магија рициново и напишав на WhatsApp и му го објаснив моето издание, тој ми кажа некои работи што треба да направам и што на изненадување мојот вереник Johnон ми се јави и побара прошка и рече дека тој никогаш не знае што се случува со него , се благодарам на д-р Ајаиј, сега сум оженет и го очекувам моето прво дете. Ако имате проблем во врска со кој ви е потребна помош, контактирајте го д-р Ајаји денес за брзо поправање, во прво време мислев дека е фалсификувана сè додека не пробав и таа работеше за мене и знам дека ќе работи и за вас. Може да стигнете до магијата на магијата преку е-пошта: drajayi1990@gmail.com или Whatsapp: +2347084887094
ReplyDelete