Friday, January 22, 2016

Ах, Господи, колку ми недостига Владика!



Август 10, 2014
Сан Франциско



( Сите права се задржани од преведувачот и авторот.

 Без негова дозвола не смее да се копира или објавува на друго место овој текст! )



Владика беше наш татко, татко на сите деца во домот. Децата го сакаа многу.
Ах, Господи, колку ми недостига Владика!


Сеќавања на Тамара Захарик со свети Свети Шангајски и Сан Франциски






Тамара Захарих е навистина интересна личност. Можеби има повеќе од една година кога гледав едно видео каде што таа во романска црква ги споделуваше своите спомени за Владика со лаиците (кога говорам “Владика,” мислам на свети Јован Шангајски и Сан Франциски).  Истата ми остави силен впечаток. Немав можност да за запознаам кога одев во Сан Франциско на поклонение на св. Јован, зашто таа живее во Сан Хозе.
Оваа година, решив да дадам се од себе за да дојдам во контакт со неа и да грабнам трошки од нејзините спомени со милиот Владика Јован. Се договоривме да се најдеме во домот св. Тихон, и по божествената литургијата, планот беше да разговараме. На таа неделна литурија, литургисуваше преосвештениот епископ на Сиетл, Теодосиј. Литургиите во св. Тихон посебно ги доживувам. Друга е атмосферата. Друг е духот на нејзината убавината. Една и еединствена е литургија, но во различни храмови, истата ја доживувам на особен начин, познат само на Бога и за моето срце.  Навистина литургијата е една и овде нема што повеќе да се говори, но во секој храм духот е поинаков. Слава на Бога и за тоа!
Дојде и Тамара. Осумдесетгодишна жена, секогаш насмеана, позитивна. Во неа се гледаше и зрачеше љубов. Не знам зошто го сторив тоа, додека се поклонуваше и ги целиваше светите икони, секое нејзино движење го следев. Така чувствував во себе и така чинев. И пристапив и и се претставив. Таа ми рече ќе зборуваме по литургијата.
По Божествената Света Литургија, Тамара, нејзиниот сопруг и јас отидовме во ќелијата на Владика која се наоѓа на десет чекори од храмот.
Пред почетокот на нашиот разговор за Владика, само што влеговме во ќелијата, Тамара извика и ми рече: “Владика, да земеме благослов од Владика. О Владика, благослови!” Истата гледаше кон големиот портрет на Владика, чиниш во тело тој е овде, а нејзините очи и беа вперени кон него. Рацете свои ги поклопи една врз друга како за подготовка да земе благослов и ги испружи кон десната рака на Владика. Од овој настан бев многу трогнат и тешко е овде се да се опише. Оние кои го љубат Владика, ќе го разберат ова кое го зборувам. Морници ми поминаа низ телото. Во тој момент помислив во себе: “еве го резлутатот од неговите деца од домот. Владика им беше татко и мајка; учител, духовен отец, Владика, нивен заштитник пред Бога во и од овој свет...”
Имаше само еден стол и фотелја во Владиковата ќелија, па јас им реков дека ќе седнам на подот за нив да им ги отстапам местата. Тамара ми рече: “И јас ќе седнам на земја.” Положбата во која беше седната беше свртена кон портретот на Владика, кој е долг колку што бил висок свети Јован.
Така, седнати на подот во ќелијата на Владика, зборувавме долго1. Солзите од нејзиното остарено лице не можеа да се сокриат, а емоциите само растеа. До тогаш, немав сретнато таква личност како Тамара, која што зборуваше за Владика како тој со тело да беше таму и како настаните кои таа ми ги раскажуваше, како вчера да се случиле. Таа, во нејзините осумдесет години наликуваше како едно невино мало детенце кое се радува - не знам како поинаку да ја објаснам.
Да, Владика навистина беше со нас. Со телесните очи не го видовме, но неговото присуство се чувствуваше…
Тамара е сестра на Лидија, жената која во 2012та година ми даде Нов Завет со потпис на свети Јован. Многуминума кои го читаат овој текст, знаат за што зборувам, а некои од Вас ја имаат видено и поклонето на истата.






Тамара:
Јас живеев во домот св. Тихон. Имав мајка која беше русинка Софија и татко монголец. За време на револуцијата, многуминаа бегаа зашто комунустите уништуваа се и убиваа. Јас бев родена во Харбин. Тогаш само Кина ги отвори вратите на русите кои бегаа од комунистите. Моите родители се разболеа. Мајка ми беше ментално болна од сите тие притисоци. Доби мозочен удар и... уште го имам писмото од Владика. Мојата баба му напиша нему: “Владика Јован, ве молам примете ги моити внуки, Лидија и Тамара зашто мојата ќерка ментално не добра.” И одговорот во писмото на Владика беше: “примени се.” [accepted]. И од тогаш, живеевме таму седумнаесет години. Јас бев десет месеци, а мојата сестра Лидија беше постара. Имаше околу две години. Буквално пораснав со Владика.
Во Шангај, сите одевме во црква на литургија. Стоевме за време на службите и ако можевме, ќе се сокриевме и ќе седневме2. Најубав дел од литургијата ми беше кога Владика проповедаше и во проповедта кажуваше за животот на светителот кој што се празнува тој ден. Тој така убаво раскажуваше на светителите и јас уживав да го слушам. Дури и ќе заборавев дека сум гладна. О, сето тоа беше така прекрасно! Го сакав тоа и нема да го заборавам.
Машките имаа среќа [they were so lucky]. Кога некој имаше именден, тие прислужуваа во олтар со Владика. За нас девојчињата беше поинаку. Кога ние ќе го празнувавме својот именден, одевме горе кај Владика во ќелија. Не можеше да влезеш додека не ја кажеш молитвата3 и тој ќе кажеше “Амин.” Откако ќе влезевме кај него, ќе извадеше од џепот парички колку што имаше и ќе ти дадеше. Ние никогаш немавме пари и тоа за нас беше задоволство (гоштевање). Или пак доколку немаше парички, тогаш ќе гледаше низ полиците и ќе ни дадеше домашен џем. Понекогаш луѓето му даваа, но тој ги даваше на другите. Тоа за нас беше гоштевање, зашто вакво нешто немавме во домот. Домот беше сиромашен зашто имаше многу деца, па така Владика не гоштеваше кај него во ќелија.
Додека седевме кај него, ќе заѕвонеше телефонот и додека зборуваше ќе заспиеше зашто тој не спиеше, беше уморен и одговараше со затворени очи а ние бевме тивки за да не го разбудиме.
Ако некој имаше проблеми со семејството, личен проблем, а особено болните, секогаш помагаше и ќе отиде да ги види и да се моли.
Еднаш, кога спиев навечер, мислев дека некој дух доаѓа кај нас во соба и се плашевме. Така една вечер се преправав дека спијам и видов Владика влегува кај нас и  не благословеше. Од катедралната црква каде што живееше ќе дојдеше во домот навечер за да не види. Подоцна дознав дека Владика сакаше само да не поздрави, да праша како сме, дали сме болни, ако требаше да се моли за нас. Во седум, најдоцна до осум часот навечер светлата во собите беа изгасени, а Владика подоцна ќе дојдеше.
Владика не живееше во домот, но доаѓаше често да не посети. Некои од оние кои работеа му се лутеа зашто домот немаше средства, а тој ќе носеше уште деца. Наутро, за доручек имавме чај и леб. Еднаш веќе и тоа привршуваше и Владика отиде горе и од долу се слушаше “бум, бум.” Веројатно се молеше цела ноќ и утрото некој силно тропаше на вратата од домот. Дојде еден англичанец и ни донесе храна, житарници. Ние бевме така среќни што ќе јадеме. Оние кои работеа во домот, му говореа: “Владика, ве молиме не носете повеќе деца од улица.” Зашто еднаш Владика виде две деца на улица и ги праша: “ имате мајка и татко?” Тие му одговорија: “Не, немаме.” И тој ги праша: “Гладни сте?” Тие: “да, гладни сме.” И Владика и рече: “сакате да дојдете со мене?” И тие му одговорија “да.” И тој им даде кров над глава, им даде љубов и тие останаа во домот. Ги крстија и останаа да живеат во домот. Подоцна завршија школо и станаа самостојни луѓе.





Владика беше наш татко, татко на сите деца во домот. Децата го сакаа многу. Бевме многумина од нас. Еднаш, едни луѓе сакаа да ме посвојат мене, а не Лидија, но Владика не дозволи зашто не сакаше да не раздели со мојата сестра.
Фала Му а Бога, тој не научи како да го љубиме Бога и луѓето. Владика ни пренесе многу, не научи... Ох, Господи, колку ни негостига Владика!
О да, се случи еден настан со две братчиња во домот кога нивата мајка сакаше да ги земе назад. Комунистите почнаа да доаѓаат и во Шангај и Сталин прати бродови за русите да се вратат назад. Им ветуваше дека ќе имаат убав живот во Русија, им кажуваа на младите дека имаат убав спорт и тие ќе учествуваат таму. Знаеш, им кажуваа се за да се вратат назад. И многу деца се вратија назад. Некои деца од домот отидоа во Австралија. Мајката на тие две братчиња Борис и Алекс дојде во домот и кажа дека сака да ги земе децата назад во Русија. Но Владика дозна за ова и отиде каде што беа бродовите. Се качи на него, ги најде децата Борис и Александар и рече: “Вие сте мои.” Мајка им еднаш ги остави, а сега сакаше да ги земе назад. Владика ги фати за рака и ги врати назад. До денес, Борис и Алекандар велат: “ Ти благодариме Владика што не врати назад.” Инаку каков живот би имале со нивната мајка во Русија.
Подоцна, кога почна да доаѓа комунизмот во Шангај, Кина сакаше да ги исчисти сите нации кои не беа од таму и велеа: “Кина е за Кина.” И сите ние моравме да се пакуваме и да заминиме. Јас си ја земав иконата која мојата баба ми ја даде и она што можев и заминавме на Тубабао. Таму живеевме во шатори, имаше змии... За оброци требаше да чекаш во линија. Имаше голем глад. Беше тешко. Пет илјади руси беа таму. Првата работа која Владика ја организираше таму беше црквата. Владика доаѓаше да не посети таму. Се сеќавам колку само беа убави службите кога тој богослужеше.
Кога дојдов во Сан Франциско, имав седумнаесет години. Оние кои беа постари деца, ги учеа на некој занает или во школо за да се осамостојат и да заработуваат сами за да преживеат. Јас најдов една работа во библиотека и веднаш отидов кај Владика и му реков: “Владика, Владика, најдов работа во библиотека.” А тој рече: “хм, во библиотека?”
“Да, да, јас сакам книги.” А тој ми одговори: “Прашливо е таму.” Всушност јас имав алергија од такви работи и подоцна, кога порасна сфатив зошто Владика не ми дозволи да работам во библиотека. Прашината штети на белите дробови. И најдов друга работа.
За Божик, во св. Тихон, имавме претстава како се раѓа Христос и публиката гледаше. Подоцна добивавме подароци.


По прославувањето на Владика, мојата сестра Лидија зема масло од кандилото на моштите на Владика за да го намачка детето на една нејзина пријателка кое умираше. Надеж за него имаше. Лидија отиде кај него, се помоли на Владика, по помачка и детето оздраве.Подоцна кога и спомневме на Лидија за ова, таа ќе речеше: “Не јас, Владика го направи тоа.”
Еднаш кога сакав да фотографирам во неговата ќелија, не сакаше. Пробав неколку пати и и реков на Лидија да проба а таа ми рече: “Зема благослов од Владика?” Јас и реков “не”, и веднаш му реков “Владика, може да фотографирам?” И потоа работеше. Откако побарав дозвола од него, се проработе.


Секогаш ќе се сеќавам на Владика како служеше, неговата насмевка и кога благословеше како неговите раце беа меки. Неговата соба, во која гореше кандило и во ќелијата беше тивко, спокојно.. Неговиот кревет секогаш беше чист и недопрен. Сиот беше покриен со писма и листови.
Владика во вечерите долго се молеше и утрото ќе го најдевме приклонет и заспан на колена кон иконите.
Владика беше наш татко, татко на сите деца во домот. Децата го сакаа многу.
Ах, Господи, колку ни негостига Владика!


Имав ќерка Тања која имаше тумор и се упокои. Ја сонував заедно со Владика и беше среќна.


 



До тука ги објавуваме материјалте, спомените на Тамара со свети Јован, кои што сметаме се за јавноста и се од духовна полна за сите нас и за слава на Бога. Истото се одржа во Сан Франциско, во ќелијата на свети Јован.

1Таа ми раскажуваше многу нешта за животот во Шангај и за Владика. Се не запишав туку само она кое сметав дека е потребно да се објави.
2Се насмевнува.

3 По молитвите на Светите Отци наши, Господи Исусе Хросте, Боже нас, помилуј не!

Thursday, January 21, 2016

Чудесник!


Август, 2015
Детроит
завршено во Кармел Калифорнија



 (Сум каков што сум)




Неколку пати дадов од себе обиди да ја разберам психологијата на заробените умови, но што и ако пробам кога не вреди. Од ова нема зијан. Таквите се како пешаци кои стравуваат да ја поминат улицата и чекаат некој друг тоа да го стори пред нив. Вистините се зборовите кои ми ги рекоа еднаш: “Луѓето се лажливи дете. Имај се на мукает”! Додека не си го изгорам прстот, нема да научам. Не сакам некој друг да го трпи бремето на мојата комплицирана работа, а ниту пак јас сакам нечијата. Доволно е што си ги носиме своите слабости, зар уште ќе копаме во гредата на другиот? Ние смртните, со една логизма во себе, знаеме да сочиниме цела приказна а кога еднаш ќе се состави, истата како река течи помеѓу другите. 
Животот до сега ми покажа една работа која не престанува да ранува: на оној кој пораснал во дом, многумина од луѓето ќе го гледаат како таков, домец кој се пробива низ животот и со тоа дека е домец, и ќе го сожалуваат луѓето. Значи нема човек на кого што нема да му залепиме етикета. Такви сме. Ако си премногу сладок, ќе те изедат, но и ако премногу горчиш, ќе те изџвакаат и ќе те плукнат. Има уште една работа која ненормално иритира овде, во Америкава, од своите. Колку повеќе луѓето ти помагаат, толку повеќе ќе те уценуваат. Ќе ти дадат некој долар и низ нос ќе ти го вадат. А не дај Боже да те видат дека малку повеќе се релаксираш… 
 А за озборувањата пак, да не изустам. Во јавниот живот нема приватност. Секоја грешка ти е изброена од луѓето. Не е важно колку добрини чиниш во очите нивни ама грешките уште на билборд што не почнале да ги запишуваат за секој кој ќе помине, да ги прочита. За момент ова ме наврати на распетието Христово, кога злобниците напишаа на табличка “Цар јудејски,” за секој да чита и да го измејува, а заборавија дека до пред некој ден Он мртви воскреснуваше. Јасно е каде лежи проблемот. Јас овде нема да го одгатнувам.

Мизерно некој друг да ти го ниже животот и деновите, а ти да не можеш да учествуваш во тоа, ниту пак да кажеш дали работите се по наш всус. Нам, домците, така ни прават зашто секоја подадена рака (речиси секоја) бара возврат или повеќе контрола. Со други зборови, “ќе играш како што ќе ти свирам.” Веќе многу време таам едно желание кое што никогаш го немам обелоденето овде, ама денес тоа ќе го сторам. Ако еден ден Бог ми даде повеќе земни блага од потребното, никогаш нема да се осмелам на луѓето на кои ќе им подадам, да ги терам да играат по мое. Не сакам да го правам на другите она кое мене ми го правеа. Сите ние, на свој начин, се продираме низ животот. Јас видов дека најдобриот успех е кога го имаме Бога пред себе а тоа значи, кога сме искрени и не ги туркаме другите околу нас за ние да се издигнеме. Значи, едно е да се бориме за своите права, за она кое не следува и сл., а друго е да рушиме се пред себе. Мене тој начин на успех ме плаши. Го имам видено во светот и околу мене, и не сакам да го пробам. Јас тоа никогаш нема да го сторам, а и совеста не ми дозволува. Да чува Господ од вакво нешто!  Љубовта е силна како смрт. За световниот човек ова ќе звучи чудно, но за мене, тоа е начин на кој што јас персонално се пробивам низ брановите во светот. Некогаш се големи, ама фала Му на Бога не се доведов до ситуација да потонам. Нели Неговата - Христовата - Својата бескрајна љубов знае како да ја издвои сладоста од горчината! Знае и затоа јас како патоказ ја имам неа и оние со кои пораснав во домот. Додека се уште живеев таму, во нашиот стан имавме направено и залепено на ѕидот во големи букви: “ние сме среќно семејство!” Своите не беа покрај нас, но ние, кое што бевме во групата, научивме да се сплотуваме, да делиме еден на друг. Понекогаш бевме себични, но на крајот пак лебот и ресаните ги јадевме заедно. Кога ние, таквите, на светот “домците,” ќе запознаеме нова личност во нашиот живот, не можеме да го сокриеме фактот каде сме живееле. Едноставно, сме кои што сме и тоа е реалноста. Проблемот се појавува кога по некоја случајност ќе се случи да им згазнеме на жичките на таквите и почнуваат да креираат своја приказна за нас. Дека сум горд - сум. Центар на внимание - да и таков знам да бидам. Јас сум оној каков штом и тоа не треба другите да ми го берат галјето. Животот во Црквата ме научи да бидам искрен и отворен со сите. Да, таков сум и таков сакам да останам. Јас за тоа нема да се сменам и покрај тоа колку ме повредуваат. 
Речено е кога ќе свртиш нов лист...НИКОГАШ...не заборавај го прочитаното. Токму така. Во животот Бог ми прати и ми даде премногу пријатели, духовни мајка, браќа и сестри по дух. Тоа ме направи да бидам уште по екстравертен и близок со луѓето. Навистина сакам да сум со луѓе. Да Му служам на Бога и да им помагам на луѓето е она кое ме исполнува. Среќен сум зашто ги имам овие две работи во животот. Се трудам да Му благодарам на Бога за секоја работа која ми се случува. Ние луѓето често сме неблагодарни. Се нешто ни недостига и само бараме, наместо да се учиме да се задоволуваме на ситните нешта. Често се предаваме на заборавот. Некој ќе рече: “проблемот е во тоа што ние немаме поглед кон нашиот живот. Ако нешто е добро, значи дека сме имале среќа.” Вака ќе рече некој кој се потпира на случајности, а не на вера и надеж. Бога треба да го имаме пред себе, во секое време, на секое место.


Кога ќе слушнам некој како воздивнува со зборовите “животот е тежок,” секогаш сум во искушение да прашам: во споредба со што? Знаеш ли колку само пати, пловејќи низ житејското море, сме стигнувале до прагот на вратата? Таму пишува “дојдете кај Мене обременети и изморени, и Јас ќе Ве успокојам.” Не стигнавме да ја отвориме вратата заради нашата човечка глупост, гордост, славољубие... Заради тоа, сами си го чиниме животот да ни е затворен од сета слобода која што ни е дадена. Депресивни сме? Зошто? Еднаш си реков дека никогаш во животот нема да дозволам да бидам во депресија. Да, сум имал многу тешки периоди кои што сакале да ме доведат до таму, но не се предавав. За мене е мизерно да си дозволам да бидам во депресија. Понекогаш не ги разбирам луѓето кога ќе ми кажат дека биле депресивни. Депресивни зашто не знаат што сакаат во животот? Депресивни зашто очајно во тој момент им треба девојка и сл.? Не си го чини животот да ти постане стоење пред затворени врати. Јас сум тој кој кој што треба да каже “доста е,” чекори напред. Ние сме тие кои што треба да го земеме моментот и да го направиме совршен. Воодушевувај се на орелот кој лета. Гледај ја неговата слобода и учи, - често се потсетувам. Треба сите да учиме. 
Да се умре и да се живее со Христа – ова е мојата крајна животна цел. Катадневно грешам и го гневам Бога, но го молам никогаш да не се оддалечам од Него. Често кога се молам, барам од Него да во иднина што и да се случи со мене, дали ќе бидам богат или сиромав, на власт и сл., да никогаш не се одделам од крилото на Црквата, од Бога, а и да не ги заборавам своите ближни. Ова е мојата исконска желба. Спасението доаѓа по ова зашто кога ќе го имаме Бога тогаш имаме сè. Сите ние чекориме по патот на болката до Голгота. Знаеш и ти дека ништо во животот нема лесно, но во љубовта сè се поднесува, нели? Колку само жеднувам да го живеам Евагелието во живо ама... секогаш давам празни ветувања и оп, секој пат ќе паднам и ќе стигнам по пустината на болката. Многупати наликувам на верник по форма и го барам предвреме она што ќе дојде во свое време зашто сум измамен од својата горделива ревност. Не сакам да бидам таков и се борам против тоа. Но... знаеш, ако пак животот беше без искушенија, тогаш ништо немаше да научиме. Овде, во САД, американаците велат вака: what doesn't kill you, make you stroger.” Јас, цитирајќи  ги зборовите на големиот црквоградител Павле, ќе речам да Му благодариме на Бога за Неговиот неискажлив дар. Ние луѓето не восприимаме дека сè што живее, со самата своја природа Го објавува Христа Бога Логосот. Колку пати сум мислел по светски, толку сум згрешил, верувај ми. 

Не сум пророк, но во животот сум бил и знам многу луѓе и тоа ме направи да уште повеќе продирам во нив и да дојдам лесно да заклучот дали се лажливи или не. Јас, каде и да одам, и да не сакам, морам да запознаам нови пријатели. Едноставно, тоа е дел од мене. Нашиот народ за ова рекол: “да е со век и со к'смет и да среќава добри луѓе.” 
Кога моите раце не можат да ги прегрнат луѓето кои се блиску до моето срце, секогаш ги прегрнувам со моите молитви за нив! Навистина ''Му благодарам на Бога што ме удостои со љубов да љубам и да бидам сакан''. И јас "да зборувам на сите човечки јазици, штом љубов немам ќе бидам кимвал што звечи". Кор. 13, 1. За мене нема поголема радост од тоа, да сите браќа бидат едно во Христа и да останат со вистината. Времето е кратко за да мразам, а долго за да љубам! Пишувам за љубовта, но можеби јас се уште не знам да љубам. Можеби грешам зашто јас не знам да љубам, затоа се молам на Бога со зборовите: “ направи да бидеме едно семејство, што живее со едно срце, со една љубов, како еден човек, по предвечната Твоја промисла за првородениот Адам. И уште: “никогаш да не заборавиме дека братот наш е нашиот живот!” Јас, можеби, не знам доволно да љубам, но срцето копнее за да љуби. На светот му треба многу љубов. Само кога љубиме, тогаш ќе ја разбереме големината и важноста на ближниот и тогаш ќе ги разбереме Христовите зборови за љубовта кон ближниот. За светот денес му омиле духовното, а го засака гревот. Денес, во ова наше време, сè се прави, само вистински не се љуби.

II
 За својата иднина, му говорам на Бога вака: Пред Тебе се сите мои желби и воздишката не е сокриена од Тебе.. Сакам да бидам пријател со големото “водно огледало” зашто “тоа море е пространо и широко”, со тишината, со жуборот на водата, со тивкиот ветар зашто овие се пријатели кои до крај остануваат со нас. Овие пријатели зборуваат за тоа колку сè премудро создал Бог и зборуваат колку природата е послушна на Својот Создател. Јас, да зборувам многу за животот, не можам многу затоа што се уште сум дете кое почнува со каша и со малку леб, но  затоа пак го пишувам она кое го чувствувам. Јас го чувствувам животот онака како што го опишав до сега. Секако, ова е само дел. Да, животот е книга во која што можеш колку што сакаш да пишуваш. Чувствувам дека и во иднина, ќе го слушам својот внатрешен глас и ќе пишувам онака како што чувствувам. Посакувам “воздухот рајски да го вдишам и да се впуштам од земјата кон небото, во допир со трансцедентното.
Оно највозљубениот, нашито Христос ни вели: 
Ме викате љубов, а не ме љубите.
Ме викате вечен, а Ме убивате постојано.
Ме викате Спасител, а не барате помош.
Ме викате Благ, а се мразите.
Ме викате Многумилистив, а не делите милостиња.
Ме викате Господ, а далеку сум од вашите срца.
Често заборавам на Него. Заборавам на Христа кој заради мене го прими трнливиот венец. Ветувањето не е доволно послушание зашто кога и да ветам дека нема да бидам соучесник на гревот, повторно паѓам. Ах, колку посакувам да не го жалостам Христа со своите гревови! Колку само копнеам да избегам од фараонот и да стигнам до Синајското царство каде што живее царско свештенство и свет народ! Ако јас сум еден од избраниот народ, тогаш пофалбата дека сум православен христијанин и следбеник Христос, морам истата веднаш да ја изгорам и да му кажам на своето срце а повеќе на умот дека на Бог не му требаат пофални жртви, ами срце скрушено. За таквите срца Бог посилает благодат и тоа срце нема да биде уничтожено. Можеби јас одамна требаше работите да ги поднесувам смирено, но ете, и јас се уште им робувам на своите слабости. Срцето мое сака да љуби.
-Ти само да си одиш по вистинскиот пат, како и сите ние, и за се тоа ќе дојде да биде за слава на Бога. Секогаш кога мислам на тебе, мислам на она низ кое си поминал и гледам како Бог постојано те чувал, -  ми напиша една сестра во Христа. Јас пак и одговорив дека жалоста дава рожба на радоста, зашто кога горчливи солзи излегуваат од топло срце, болката ќе се издржи.
Колку е убаво што сум, колку е чудесно што сум...

Напишав многу, и затоа сакам да кажам дека јас ја преземам одговорноста за тоа што го напишав, но не и за тоа како ти ќе бидам разбран.


Tuesday, January 19, 2016

Верник


(преземен поучен настан) 

Беше прекрасен октомвриски ден на 1890 г. Во едно купе на брзиот воз Лион - Париз седеа двајца души: еден белобрад старец на околу 65 години и еден 25 годишен млад човек. Меѓу двајцата започна разговор. Младиот човек Гастон Леру раскажа дека завршил природни науки и сега патува за Париз на специјализација во инстиутот на познатиот професор Луи Пастер. Кога го слушна тоа, очите на старецот светнаа и тој рече на младиот човек: „Се радувам за вас учељубив господине. Науката која сте ја избрале за ваша струка, е повеќе од интересна. Таа ќе ви достави многу случаи да се уверите во чудната премудрост на Создателот. Вие сигурно сте религиозен човек, нели?” Непријатно изненаден, младиот човек си помислил дека соговорникот му е некој неписмен човек од старата генерација и со присмив одговорил: „Религиозен? Не! Мислам дека науката си ја врши работата и без Бога. Јас кој завршив високо образование, никогаш досега сум немал потреба од религија”.

Старецот не очекуваше таков одговор, но додаде спокојно: „О, за себе си вие сте прав. И не се малку интелектуалците како вас, кои го мислат истото. Но науката, драги господине, науката, чистата, вистинската наука ...” „Жалам - го прекина нељубезно младиот човек - но не се согласувам со вас. Како што изгледа , зборите за наука која веќе не постои, којашто веќе одамна си ја испеала песната. Денешната наука е друга. Денеска ние буквално летаме напред, без да имаме никаква потреба од Бог или слични предрасуди”.

И како што запали цигара, самозадоволен се потпре на седиштето. Старецот разбра дека е безполезно да разговара со овој млад учен, воздивна, си изади од чантата Библија, ја отвори, се помоли и се задлабочи во читање... Времето леташе. Младиот човек испуши доста цигари, а старецот прочита доста страници од Светата Книга. Скоро возот запре на станицата во Париз. Додека младиот човек се занимаваше околу своите куферите, старецот му ја подаде визитната картичка и љубезно му рече: „ Кога ќе сте веќе во Институтот, драги господине, јавете ми се. И покрај разликата во нашите гледишта, можеби ќе ви бидам со нешто полезен”. И исчезна среде гужвата. Младиот човек фрли еден несериозен поглед на визитната картичка и со многу големо изненадување прочита: Професор Луи Пастер. Дури тогаш тој се потсети, дека тоа лице навистина му беше познато. Изнервиран од непочитувачкото држење кон својот иден професор, тој беше и силно потресен од фактот дека овој светски познат учен, вистински лидер во науката, беше длабок верник во Бога...”